хронична терапија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hronichna-terapija/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 08:07:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хронична терапија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hronichna-terapija/ 32 32 Матичните лекари за 7 дена препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-lekari-za-7-dena-prepishale-nad-5-400-retsepti-za-hronichna-terapija/ Wed, 30 Aug 2023 08:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=677202

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија.

Во рамки на новините во примарната здравствена заштита, МЗ овозможи терапијата која ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари. Станува збор за суштинска новина со која се унапредува процесот на обезбедување здравствени услуги за пациентите и за здравствените работници.

За таа цел е донесен нов правилник, со кој се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, кои сега наместо кај лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат кај својот матичен лекар во местото на живеење.

Во тек се подготовките и за воведување на новите лабораториски испитувања, со кои на матичните лекари ќе им овозможиме да ја зајакнат нивната улога и во дијагностичка насока.
Со оваа реформска мерка се зајакнува улогата и важноста на матичните лекари во здравствениот систем, а воедно се олеснува административниот товар и се намалува притисокот врз секундарното и терциерното здравство, а за тоа сведочат и бројот на пациенти и рецепти препишани кај матичен лекар за една недела.

The post Матичните лекари за 7 дена препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија. Во рамки на новините во примарната здравствена заштита, МЗ овозможи терапијата која ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари. Станува збор за суштинска новина со која се унапредува процесот на обезбедување здравствени услуги за пациентите и за здравствените работници. За таа цел е донесен нов правилник, со кој се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, кои сега наместо кај лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат кај својот матичен лекар во местото на живеење. Во тек се подготовките и за воведување на новите лабораториски испитувања, со кои на матичните лекари ќе им овозможиме да ја зајакнат нивната улога и во дијагностичка насока. Со оваа реформска мерка се зајакнува улогата и важноста на матичните лекари во здравствениот систем, а воедно се олеснува административниот товар и се намалува притисокот врз секундарното и терциерното здравство, а за тоа сведочат и бројот на пациенти и рецепти препишани кај матичен лекар за една недела.

The post Матичните лекари за 7 дена препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија appeared first on Република.

]]>
Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nad-iljada-retsepti-za-hronichna-terapija-za-eden-den-prepishale-matichnite-lekari-so-novata-reforma/ Fri, 25 Aug 2023 09:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=675684

Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа во примарната здравствена заштита, информираше денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Меџити денеска ја посети поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ). Во рамки на посетата, Меџити го посети и интерниот оддел на Поликлиниката каде најмногу се гледаат предностите од новата реформа.

Процесот на работа со пациентите на кои им се препишува хронична терапија воопшто не е сложен, јасните насоки напишани во клиничките патеки им ја олеснуваат работата на матичните лекари, така што имаме одличен старт на реформата. Во текот на вчерашниот ден, според податоците од Мој Термин, 506 пациенти добиле терапија за своето хронично заболување од матичен лекар. Биле препишани 1073 лекови.

Со новата реформска мерка пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, не мора да одат на Клиника за да им се продолжи или да им се препише хронична терапија, тоа може да го направат кај својот долгогодишен лекар.

 

The post Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа appeared first on Република.

]]>

Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа во примарната здравствена заштита, информираше денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Меџити денеска ја посети поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ). Во рамки на посетата, Меџити го посети и интерниот оддел на Поликлиниката каде најмногу се гледаат предностите од новата реформа. Процесот на работа со пациентите на кои им се препишува хронична терапија воопшто не е сложен, јасните насоки напишани во клиничките патеки им ја олеснуваат работата на матичните лекари, така што имаме одличен старт на реформата. Во текот на вчерашниот ден, според податоците од Мој Термин, 506 пациенти добиле терапија за своето хронично заболување од матичен лекар. Биле препишани 1073 лекови. Со новата реформска мерка пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, не мора да одат на Клиника за да им се продолжи или да им се препише хронична терапија, тоа може да го направат кај својот долгогодишен лекар.  

The post Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа appeared first on Република.

]]>