Хритијан мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hritijan-mitskoski/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 11:43:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хритијан мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hritijan-mitskoski/ 32 32 Mицкоски: ВМРО нераздвојно и непоколебливо му припаѓа на македонскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-nerazdvojno-i-nepokoleblivo-mu-pripaga-na-makedonskiot-narod/ Wed, 23 Oct 2024 11:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=830150

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски се обрати Свечена академија по повод 23 Октомври–Ден на Македонската Револуционерна Борба „Завет кој обврзува”, при што Македонската Револуционерна Организација ја започнала македонската национално ослободителната борба и го предводела населението во Македонија, без разлика на неговата вера и народност, во борбата против Отоманската империја. Круната на таа борба за слобода е Илинденското востание во 1903 година во Македонија.

Првите обиди за формирање на организација се датираат кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на 19 век, некаде околу 1889 година Пере Тошев му пишал писмо на Ѓорче Петров да формираат: „организација за ослободување“.

Во летото 1891 година во Битола, Дамјан Груев направил обид за формирање на една организација, имено тој го формирал Учителскиот сојуз со чисто револуционерни цели, но неговата дејност била попречена од Архимандритот Козма Пречистански.
Во 1892 година кај Иван Хаџи Николов созреала идејата дека само една организација може да го пресече патот на пропагандите.

Почнал да бара лица кој би можеле да му помогнат во оформувањето на таквата организација, и такви луѓе, во тој момент видел во Димитар Цонев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов и Христо Батанџиев. Оформувањето на организацијата било одложено, бидејќи биле малкумина, но идејата не ја напуштиле, раскажа Мицкоски.

Состанокот за формирање на организацијата се одржал во сабота навечер на 23.11.1893 година, во станот на Христо Батанџиев. На овој состанок присуствувале Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и секако домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско. На оваа средба била разгледана општата состојба во Македонија, и дошле до заклучок дека положбата на населението е неподнослива, за да се подобри потребна е една: Планомерна и сериозна акција и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има.

Со текот на времето Организацијата стана колевка на македонската борба. Сопатник на Македонија и нејзин нераскинлив дел.

Јас ги следам и оние дебати за тоа чие е ВМРО... но тоа нераздвојно и непоколебливо му припаѓа на македонскиот народ. Затоа што организацијата беше народот. И од народот произлегуваа и водачите, најбескавите луѓе и народни херои кои се дело се поклонуваа пред олтарот на борбата за слобода.

The post Mицкоски: ВМРО нераздвојно и непоколебливо му припаѓа на македонскиот народ appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски се обрати Свечена академија по повод 23 Октомври–Ден на Македонската Револуционерна Борба „Завет кој обврзува”, при што Македонската Револуционерна Организација ја започнала македонската национално ослободителната борба и го предводела населението во Македонија, без разлика на неговата вера и народност, во борбата против Отоманската империја. Круната на таа борба за слобода е Илинденското востание во 1903 година во Македонија.
Првите обиди за формирање на организација се датираат кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на 19 век, некаде околу 1889 година Пере Тошев му пишал писмо на Ѓорче Петров да формираат: „организација за ослободување“.
Во летото 1891 година во Битола, Дамјан Груев направил обид за формирање на една организација, имено тој го формирал Учителскиот сојуз со чисто револуционерни цели, но неговата дејност била попречена од Архимандритот Козма Пречистански. Во 1892 година кај Иван Хаџи Николов созреала идејата дека само една организација може да го пресече патот на пропагандите.
Почнал да бара лица кој би можеле да му помогнат во оформувањето на таквата организација, и такви луѓе, во тој момент видел во Димитар Цонев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов и Христо Батанџиев. Оформувањето на организацијата било одложено, бидејќи биле малкумина, но идејата не ја напуштиле, раскажа Мицкоски.
Состанокот за формирање на организацијата се одржал во сабота навечер на 23.11.1893 година, во станот на Христо Батанџиев. На овој состанок присуствувале Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и секако домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско. На оваа средба била разгледана општата состојба во Македонија, и дошле до заклучок дека положбата на населението е неподнослива, за да се подобри потребна е една: Планомерна и сериозна акција и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има. Со текот на времето Организацијата стана колевка на македонската борба. Сопатник на Македонија и нејзин нераскинлив дел.