Христо Петрески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristo-petreski/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 11:35:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Христо Петрески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristo-petreski/ 32 32 Меѓународен фестивал КНИЖЕВЕН КРУГ 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/megunaroden-festival-knizheven-krug-2024/ Wed, 15 May 2024 16:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=778331

ПРОГРАМА на Меѓународниот фестивал КНИЖЕВЕН КРУГ 2024

Место на одржување: Скопје
Датум: 21-23.5.2024 година
Програмски содржини:
1. ПИСАТЕЛИ БЕЗ СТАНИЦИ
21.5.2024 (вторник)
Гимназија Никола Карев – Скопје
13,30 часот
- Хаику поезија (настап на повеќе автори)
- Соопштување на признанието “Хаикин” за најдобриот автор од Конкурсот за необјавена хаику збирка
2. КНИЖЕВЕН КРУГ
19 часот
- Претставување на гостите - писатели од странство и врачување на наградата “Книжевен круг”
- Настап на македонските писатели кои живеат и создаваат во странство и врачување на признанието “Македонски корени”
3. ЛИТЕРАТУРЕН КАРУСЕЛ - поле за културен натпревар
22.5.2024 година (среда)
Пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк
11 часот
- Група македонски автори читаат свои нови творби
- Се избира и наградува најдобрата прочитана творба со признанието “Гоцевата мисла”
4. Т(Р)АЈНОПИС
22.5.2024 година (среда)
Културен центар Феникс (кај Универзална сала)
19 часот
- Вечер на класична кинеска поезија (краток вовед и читање избрани песни)
- Творби, автографи, цртежи, слики
Писателите пишуваат свои нови оригинални творби и цртаат цртежи или сликаат свои нови слики и ги претставуваат јавно пред публиката

5. РАДОСТА НА ПИШУВАЊЕТО И ЧИТАЊЕТО

23.5.2024 година (четврток)

Дом на културата во Општина Кисела Вода

11 часот

- Претставување на автори и илустратори на книги за деца и млади

- Културно наследство (литературни и ликовни творби од ученици на тема Скопје)

The post Меѓународен фестивал КНИЖЕВЕН КРУГ 2024 appeared first on Република.

]]>

ПРОГРАМА на Меѓународниот фестивал КНИЖЕВЕН КРУГ 2024

Место на одржување: Скопје
Датум: 21-23.5.2024 година
Програмски содржини:
1. ПИСАТЕЛИ БЕЗ СТАНИЦИ
21.5.2024 (вторник)
Гимназија Никола Карев – Скопје
13,30 часот
- Хаику поезија (настап на повеќе автори)
- Соопштување на признанието “Хаикин” за најдобриот автор од Конкурсот за необјавена хаику збирка
2. КНИЖЕВЕН КРУГ
19 часот
- Претставување на гостите - писатели од странство и врачување на наградата “Книжевен круг”
- Настап на македонските писатели кои живеат и создаваат во странство и врачување на признанието “Македонски корени”
3. ЛИТЕРАТУРЕН КАРУСЕЛ - поле за културен натпревар
22.5.2024 година (среда)
Пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк
11 часот
- Група македонски автори читаат свои нови творби
- Се избира и наградува најдобрата прочитана творба со признанието “Гоцевата мисла”
4. Т(Р)АЈНОПИС
22.5.2024 година (среда)
Културен центар Феникс (кај Универзална сала)
19 часот
- Вечер на класична кинеска поезија (краток вовед и читање избрани песни)
- Творби, автографи, цртежи, слики
Писателите пишуваат свои нови оригинални творби и цртаат цртежи или сликаат свои нови слики и ги претставуваат јавно пред публиката

5. РАДОСТА НА ПИШУВАЊЕТО И ЧИТАЊЕТО

23.5.2024 година (четврток)

Дом на културата во Општина Кисела Вода

11 часот

- Претставување на автори и илустратори на книги за деца и млади

- Културно наследство (литературни и ликовни творби од ученици на тема Скопје)

The post Меѓународен фестивал КНИЖЕВЕН КРУГ 2024 appeared first on Република.

]]>
Петрески: Сега е најбитно да се избере ново раководство на ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petreski-sega-e-najbitno-da-se-izbere-novo-rakovodstvo-na-dpm/ Fri, 03 Nov 2023 22:03:14 +0000 https://republika.mk/?p=697972

Новиот Деловник за работа на Изборното собрание на ДПМ беше донесен во мај 2022 година и првпат беше воведена жрепката и јавното броење на гласовите, вели во своето писмено јавно обраќање Христо Петрески до членовите на ДПМ и до јавноста,

Тоа беше моја идеја како тогашен претседател на Собранието на ДПМ, а за што се залагаше и тогашната претседателка на ДПМ Соња Стојменска – Елзесер, но тоа го прифатија и одобрија и сите други членови на Претседателството на ДПМ. Значи, ниту јас сакав да бидам избран на недемократски начин, ниту Стојменска-Елзесер и сите други членови на Претседателството сакаа да има било каква дамка при изборниот процес. Така треба да биде и годинава, бидејќи минатата година Изборното собрание траеше малку подолго, но се одвиваше на најдемократски и најтранспарентен начин.

Исто така, минатата година јас како претседател на Собранието благовремено го доставив и беше објавен Дневниот ред за Изборното собрание и од неговото објавување поминаа предвидените 45 дена според Статутот. Така треба да биде и годинава за да бидат информирани сите членови на ДПМ и да има време да се поднесат и разгледаат сите кандидатури и добро да се подготви вонредното Изборно собрание.

Средства за патни трошоци на сметката на ДПМ има. Сите членови од внатрешноста на Републиката кои ќе присуствуваат на вонредното Изборно собрание ќе ги добијат тие средства на своите сметки веднаш по завршувањето на Собранието.

Лично и јас и техничките секретари во изминатиот период се трудевме да имаме точни  мејлови, телефонски броеви и адреси од членовите на ДПМ, но за жал до денес тој список не е конечен и дефинитивен, исто како и списокот на членови на ДПМ, каде имаше голем број починати членови, па дури и еден непримен а запишан член. Затоа, ги молам сите членови на ДПМ внимателно да го разгледаат списокот на членовите на ДПМ (објавен е на страницата www.dpm-pisateli.mk) и да укажат на сите пропусти во него. Списокот на членовите е најбитниот и за самиот изборен процес, зашто мора да гласаат најмалку третина членови според тој Список за Изборното собрание да биде легитимно.

Исто така, бидејќи не сум правник, а меѓу членовите на ДПМ има и правници, Ве молам да се изјасните кога точно треба да се одржи вонредното Изборно собрание, поради 45-те дена предвидени во Статутот од денот на закажувањето на Собранието и повикот за доставување кандидатури и нивно разгледување, за да биде изборниот процес законски валиден, легален, демократски и транспарентен.

Благодарам за сите добронамерни укажувања и залагања и јавно изјавувам дека во иднина треба да се донесе и нов Статут, каде јасно ќе се прецизира прашањето како да се постапува при евентуален случај на оставки во Претседателството, како што беше случај неодамна, мандатот на раководствата (кој порано беше две со можност за уште две години), а сега е четири години со можност за уште четири години, што е според мене предолг период.

Има и други нерешени дилеми и прашања, но сега е најбитно да се избере ново Раководство, кое тековно ќе ги разрешува тие и евентуално другите нови прашања.

Иако поднесов оставка, како се уште актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија, сакам да Ве замолам за повеќе трпение, почит и достоинство кон Друштвото и кон сите негови членови. Се согласувам со барањата и укажувањата на Ивица Челиковиќ, Венко Андоновски, Зоран Пејковски, Мишел Павловски и другите.

Вчера техничката секретарка Лидија Размоска Тримовска се откажа од своето работно место во ДПМ поради притисоци. Јас сум во секојдневен контакт со претседателката на Собранието Кристина Николовска и помагам колку што знам и можам и се надевам дека барем таа ќе издржи до вонредното Изборно собрание.

А, Живко Гроздановски очигледно ја отвори Пандорината кутија, па излегоа на видело и на површината бројни аномалии од минатото, кога се примале некои членови усмено, без запазување на процедурата и знаење на Претседателството, па во списокот на членовите имаше и такви кои воопшто не биле примени. Но, тоа е минато и не може и не треба да се прави ревизија на членството. До мене како прв човек на ДПМ стигнуваа повеќе барања и тоа од највидни членови на Друштвото да се направи ревизија на членството, но јас тоа категорички го одбивав, зашто сите членови се рамноправни и не прифаќам никакви поделби на писатели и неписатели, млади и стари, писатели со титули и без титули, од Скопје и внатрешноста и слично.

Во ДПМ има бројни проблеми, а најголемиот е што Друштвото се уште, по 76 години постоење, нема имотен лист за просториите кои ги користи. Јас лично ја започнав таа процедура и речиси стигнав до самиот крај, но поради оставките на членовите на Претседателството и самиот дадов оставка.

Апелирам да престанат јавните и заткулисни притисоци, закани и уцени, поради кои и самиот поднесов оставка, зашто не се работи под притисоци, закани и уцени.

Секојдневно ми се јавуваат бројни членови кои изјавуваат дека во вакви тензични услови немаат намера ни да присуствуваат ни да гласаат на претстојното вонредно Изборно собрание. Не смее да се дозволи понатамошен антагонизам, цепење и делење на членството, поради што некои членови и не се кандидираат за раководните функции. Ако вака се продолжи - не сакам да верувам во најлошото сценарио, а тоа е распаѓање на постоечкото Друштво и негово повторно конституирање. Во Статутот има предвидено и таква клаузула - поранешните претседатели да реагираат во таков случај и да не дозволат тоа да се случи.

А, сега апелирам за толеранција, разумност и смиреност за да се запазат сите законски рокови и процедури.

Со поздрав, почит и благодарност,

Христо Петрески, актуелен претседател на ДПМ во оставка

The post Петрески: Сега е најбитно да се избере ново раководство на ДПМ appeared first on Република.

]]>

Новиот Деловник за работа на Изборното собрание на ДПМ беше донесен во мај 2022 година и првпат беше воведена жрепката и јавното броење на гласовите, вели во своето писмено јавно обраќање Христо Петрески до членовите на ДПМ и до јавноста,
Тоа беше моја идеја како тогашен претседател на Собранието на ДПМ, а за што се залагаше и тогашната претседателка на ДПМ Соња Стојменска – Елзесер, но тоа го прифатија и одобрија и сите други членови на Претседателството на ДПМ. Значи, ниту јас сакав да бидам избран на недемократски начин, ниту Стојменска-Елзесер и сите други членови на Претседателството сакаа да има било каква дамка при изборниот процес. Така треба да биде и годинава, бидејќи минатата година Изборното собрание траеше малку подолго, но се одвиваше на најдемократски и најтранспарентен начин. Исто така, минатата година јас како претседател на Собранието благовремено го доставив и беше објавен Дневниот ред за Изборното собрание и од неговото објавување поминаа предвидените 45 дена според Статутот. Така треба да биде и годинава за да бидат информирани сите членови на ДПМ и да има време да се поднесат и разгледаат сите кандидатури и добро да се подготви вонредното Изборно собрание. Средства за патни трошоци на сметката на ДПМ има. Сите членови од внатрешноста на Републиката кои ќе присуствуваат на вонредното Изборно собрание ќе ги добијат тие средства на своите сметки веднаш по завршувањето на Собранието. Лично и јас и техничките секретари во изминатиот период се трудевме да имаме точни  мејлови, телефонски броеви и адреси од членовите на ДПМ, но за жал до денес тој список не е конечен и дефинитивен, исто како и списокот на членови на ДПМ, каде имаше голем број починати членови, па дури и еден непримен а запишан член. Затоа, ги молам сите членови на ДПМ внимателно да го разгледаат списокот на членовите на ДПМ (објавен е на страницата www.dpm-pisateli.mk) и да укажат на сите пропусти во него. Списокот на членовите е најбитниот и за самиот изборен процес, зашто мора да гласаат најмалку третина членови според тој Список за Изборното собрание да биде легитимно. Исто така, бидејќи не сум правник, а меѓу членовите на ДПМ има и правници, Ве молам да се изјасните кога точно треба да се одржи вонредното Изборно собрание, поради 45-те дена предвидени во Статутот од денот на закажувањето на Собранието и повикот за доставување кандидатури и нивно разгледување, за да биде изборниот процес законски валиден, легален, демократски и транспарентен. Благодарам за сите добронамерни укажувања и залагања и јавно изјавувам дека во иднина треба да се донесе и нов Статут, каде јасно ќе се прецизира прашањето како да се постапува при евентуален случај на оставки во Претседателството, како што беше случај неодамна, мандатот на раководствата (кој порано беше две со можност за уште две години), а сега е четири години со можност за уште четири години, што е според мене предолг период. Има и други нерешени дилеми и прашања, но сега е најбитно да се избере ново Раководство, кое тековно ќе ги разрешува тие и евентуално другите нови прашања. Иако поднесов оставка, како се уште актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија, сакам да Ве замолам за повеќе трпение, почит и достоинство кон Друштвото и кон сите негови членови. Се согласувам со барањата и укажувањата на Ивица Челиковиќ, Венко Андоновски, Зоран Пејковски, Мишел Павловски и другите. Вчера техничката секретарка Лидија Размоска Тримовска се откажа од своето работно место во ДПМ поради притисоци. Јас сум во секојдневен контакт со претседателката на Собранието Кристина Николовска и помагам колку што знам и можам и се надевам дека барем таа ќе издржи до вонредното Изборно собрание. А, Живко Гроздановски очигледно ја отвори Пандорината кутија, па излегоа на видело и на површината бројни аномалии од минатото, кога се примале некои членови усмено, без запазување на процедурата и знаење на Претседателството, па во списокот на членовите имаше и такви кои воопшто не биле примени. Но, тоа е минато и не може и не треба да се прави ревизија на членството. До мене како прв човек на ДПМ стигнуваа повеќе барања и тоа од највидни членови на Друштвото да се направи ревизија на членството, но јас тоа категорички го одбивав, зашто сите членови се рамноправни и не прифаќам никакви поделби на писатели и неписатели, млади и стари, писатели со титули и без титули, од Скопје и внатрешноста и слично. Во ДПМ има бројни проблеми, а најголемиот е што Друштвото се уште, по 76 години постоење, нема имотен лист за просториите кои ги користи. Јас лично ја започнав таа процедура и речиси стигнав до самиот крај, но поради оставките на членовите на Претседателството и самиот дадов оставка. Апелирам да престанат јавните и заткулисни притисоци, закани и уцени, поради кои и самиот поднесов оставка, зашто не се работи под притисоци, закани и уцени. Секојдневно ми се јавуваат бројни членови кои изјавуваат дека во вакви тензични услови немаат намера ни да присуствуваат ни да гласаат на претстојното вонредно Изборно собрание. Не смее да се дозволи понатамошен антагонизам, цепење и делење на членството, поради што некои членови и не се кандидираат за раководните функции. Ако вака се продолжи - не сакам да верувам во најлошото сценарио, а тоа е распаѓање на постоечкото Друштво и негово повторно конституирање. Во Статутот има предвидено и таква клаузула - поранешните претседатели да реагираат во таков случај и да не дозволат тоа да се случи. А, сега апелирам за толеранција, разумност и смиреност за да се запазат сите законски рокови и процедури. Со поздрав, почит и благодарност, Христо Петрески, актуелен претседател на ДПМ во оставка

The post Петрески: Сега е најбитно да се избере ново раководство на ДПМ appeared first on Република.

]]>
Петрески: Како претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petreski-kako-pretsedatel-na-dpm-bev-i-sum-pod-pritisok-za-prashana-koi-zadiraat-vo-natsionalniot-identitet-i-prashanata-za-makedonskiot-jazik/ Sun, 15 Oct 2023 08:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=691344

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Христо Петрески во писмено обрќање до јавноста тврди дека е под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме писмото на Петрески:

Почитувана македонска јавност и почитувани членови на Друштвото на писателите на Македонија,

Подолг период Друштвото на писателите на Македонија како столб на македонската самобитност и идентитет е стожер и борец за македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Со најновите организирани напади ДПМ се наоѓа пред притисоци, доведувајќи го во прашање и неговото постоење.

За жал, повеќето членови на ДПМ не знаат со што се соочува Друштвото во овие тешки моменти за Македонија и жалам што се доведени во заблуда од поединци.

Изјавувам дека како Претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик.

Писателите се вистинскиот браник на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура и затоа апелирам и ве молам на најубав начин да ги сочуваме заедно – во одбрана на ДПМ кое има 76 години традиција, или како што би рекол безвремениот Блаже Конески: ,,Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште, пишува Петрески во писмото до македонската јавност.

The post Петрески: Како претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Христо Петрески во писмено обрќање до јавноста тврди дека е под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме писмото на Петрески: Почитувана македонска јавност и почитувани членови на Друштвото на писателите на Македонија, Подолг период Друштвото на писателите на Македонија како столб на македонската самобитност и идентитет е стожер и борец за македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Со најновите организирани напади ДПМ се наоѓа пред притисоци, доведувајќи го во прашање и неговото постоење. За жал, повеќето членови на ДПМ не знаат со што се соочува Друштвото во овие тешки моменти за Македонија и жалам што се доведени во заблуда од поединци. Изјавувам дека како Претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик. Писателите се вистинскиот браник на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура и затоа апелирам и ве молам на најубав начин да ги сочуваме заедно – во одбрана на ДПМ кое има 76 години традиција, или како што би рекол безвремениот Блаже Конески: ,,Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште, пишува Петрески во писмото до македонската јавност.

The post Петрески: Како претседател на ДПМ бев и сум под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Претседателот на ДПМ Христо Петрески поднесе неотовиклива оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretsedatelot-na-dpm-hristo-petreski-podnese-neotovikliva-ostavka/ Mon, 09 Oct 2023 07:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=689390

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески поднесе неотовиклива оставка на функцијата.

Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи.
Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати, пишува Петрески во оставка.

Претходно, писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на ДПМ.

https://republika.mk/vesti/kultura/branko-tsvetkoski-podnese-neotpovikliva-ostavka-od-chlenstvoto-vo-pretsedatelstvoto-na-dpm/

The post Претседателот на ДПМ Христо Петрески поднесе неотовиклива оставка appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески поднесе неотовиклива оставка на функцијата.
Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи. Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати, пишува Петрески во оставка.
Претходно, писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на ДПМ. https://republika.mk/vesti/kultura/branko-tsvetkoski-podnese-neotpovikliva-ostavka-od-chlenstvoto-vo-pretsedatelstvoto-na-dpm/

The post Претседателот на ДПМ Христо Петрески поднесе неотовиклива оставка appeared first on Република.

]]>
Христо Петрески, претседател на ДПМ: Македонците имаат еден јазик, тој не бил, не е, и не може да биде дијалект на друг јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/hristo-petreski-pretsedatel-na-dpm-makedoncite-imaat-eden-jazik-toj-ne-bil-ne-e-i-ne-moze-da-bide-dijalekt-na-drug-jazik/ Fri, 11 Nov 2022 14:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=572823

Денеска не можеме никому да му кажеме како тој ќе се нарекува. Дали неговиот јазик е негов или туѓ – Вели претседателот на друштвото на писателите на Македонија, Христо Петрески, кој во спротивност на современите бугарски негирања на македонскиот јазик, предупредува дека Македонците имаат еден јазик, тој не бил, не е, и не може да биде дијалект на друг јазик.

Едноставно, ние знаеме кои сме и што сме. Ние зборуваме и пишуваме на македонски јазик и на никој друг јазик. Македонските писатели пишуваат на македонскиот јазик. Тоа е наш јазик. Мајчин, татков… Роден јазик. Мој јазик. И најмалку тој мој јазик, тој наш македонски јазик е нечиј дијалект. Македонскиот јазик има дијалекти. Ние никогаш ниту сме биле, ниту ќе бидеме нечиј дијалект. Значи имаме еден јазик. Тој е еден и единствен, тој е македонскиот јазик.“ – Изјави Петрески.

Писателот Петрески вели дека тие секогаш биле заговорници на литература без граници. Уметност, а не политика. Вели дека имале и ќе продолжат да имаат соработка и контакти, како со сите, така и со бугарските колеги писатели. Оти не личело на писателите да се борат за граници и препреки.

Македонските писатели и бугарските писатели мораме да соработуваме, нас не поврзува литературата, ние не смееме да се занимаваме со политика, инаку, ако ние почнеме да се занимаваме со политика, таа наша литература нема да има вредност. Веднаш да ви кажам. Таа ќе биде некоја нарачана литература, која што ќе биде со краток здив, со краток рок.“ – Истакна писателот Петрески.

Инаку, денеска писателите на Македонија се собраа да го одбележат 13ти Ноември, денот на градот Скопје. Се прочитаа песна, раскази, есеи и записи, сите посветени на Скопје. Оттаму потсетуваат дека македонската престолнина поминала низ тешки и разорни времиња, но како феникс, градот секогаш се обновувал. Тие посакаа градот да е вечен, а неговите граѓани секогаш среќни.

The post Христо Петрески, претседател на ДПМ: Македонците имаат еден јазик, тој не бил, не е, и не може да биде дијалект на друг јазик appeared first on Република.

]]>

Денеска не можеме никому да му кажеме како тој ќе се нарекува. Дали неговиот јазик е негов или туѓ – Вели претседателот на друштвото на писателите на Македонија, Христо Петрески, кој во спротивност на современите бугарски негирања на македонскиот јазик, предупредува дека Македонците имаат еден јазик, тој не бил, не е, и не може да биде дијалект на друг јазик.
Едноставно, ние знаеме кои сме и што сме. Ние зборуваме и пишуваме на македонски јазик и на никој друг јазик. Македонските писатели пишуваат на македонскиот јазик. Тоа е наш јазик. Мајчин, татков… Роден јазик. Мој јазик. И најмалку тој мој јазик, тој наш македонски јазик е нечиј дијалект. Македонскиот јазик има дијалекти. Ние никогаш ниту сме биле, ниту ќе бидеме нечиј дијалект. Значи имаме еден јазик. Тој е еден и единствен, тој е македонскиот јазик.“ – Изјави Петрески.
Писателот Петрески вели дека тие секогаш биле заговорници на литература без граници. Уметност, а не политика. Вели дека имале и ќе продолжат да имаат соработка и контакти, како со сите, така и со бугарските колеги писатели. Оти не личело на писателите да се борат за граници и препреки.
Македонските писатели и бугарските писатели мораме да соработуваме, нас не поврзува литературата, ние не смееме да се занимаваме со политика, инаку, ако ние почнеме да се занимаваме со политика, таа наша литература нема да има вредност. Веднаш да ви кажам. Таа ќе биде некоја нарачана литература, која што ќе биде со краток здив, со краток рок.“ – Истакна писателот Петрески.
Инаку, денеска писателите на Македонија се собраа да го одбележат 13ти Ноември, денот на градот Скопје. Се прочитаа песна, раскази, есеи и записи, сите посветени на Скопје. Оттаму потсетуваат дека македонската престолнина поминала низ тешки и разорни времиња, но како феникс, градот секогаш се обновувал. Тие посакаа градот да е вечен, а неговите граѓани секогаш среќни.

The post Христо Петрески, претседател на ДПМ: Македонците имаат еден јазик, тој не бил, не е, и не може да биде дијалект на друг јазик appeared first on Република.

]]>
Христо Петрески избран за претседател на Друштвото на писателите на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/hristo-petreski-izbran-za-pretsedatel-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/ Sat, 28 May 2022 15:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=508055

Писателот Христо Петрески е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На денешното Изборно собрание на ДПМ тој доби 56 гласови – осум повеќе од неговиот противкандидат  Живко Грозданоски и ќе ја води писателската асоцијација во наредните четири години.

Со 69 гласа, за претседател на Собранието на ДПМ е избрана Кристина Николовска, а за Претседателството на ДПМ се избрани: Весна Мојсова-Чепишевска, Васил Тоциновски, Зоран Анчевски, Јулијана Величковска,  Славчо Ковилоски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Александра Јуруковска и Марина Мијаковска.

Новоизбраниот претседател Христо Петрески ќе ја преземе функцијата од Соња Стојменска-Елзесер, која го раководеше ДПМ од 2018 до 2022 година.

Петрески (1957, Крушево) членува во ДПМ од 1985 година. Дипломирал на Економскиот факултет на УКИМ во Скопје. Основач е и директор на издавачката куќа „Феникс” и на Фондацијата „Македонија презент”.

Во својата изборна програма Петрески наведе дека ќе се залага редовно, еднаш во годината, да се примаат нови и млади членови во Друштвото на писателите, но со почитување на сите правила и критериуми за прием.

Покрај постојните годишни награди, тој предлага да се воведе и награда за драмски дела, која може да го носи името на Горан Стефановски. Предлага дисперзирање на книжевните настани со карвани од писатели низ земјава, промоции, литературни средби, трибини на актуелни теми  и активности за популаризација на книгата и читањето.

Петрески ќе се залага за меѓународна соработка со потпишување спогодби со сродни институции, пред сѐ од соседството. Во наредните четири години тој предлага ДПМ да објави шест антологии на современата македонска поезија,  проза, критика, есеј, драма и  творештво за деца и млади, а просториите на Друштвото да бидат реновирани и тоа да стане, како што вели, отворено привлечно и работно катче за секојдневни работни средби и разни пригодни настани.

Членовите на ДПМ, како што стои во неговата програма за кандидатура, ќе имаат членски книшки со кои ќе остваруваат право на попуст во театар, кино, железнички превоз, ресторани… На домашна адреса тие ќе го добиваат бесплатно списанието „Стожер” – единственото гласило на Друштвото на писателите, покрај тоа што ќе им биде достапно и електронски на веб-страницата на ДПМ.

The post Христо Петрески избран за претседател на Друштвото на писателите на Македонија appeared first on Република.

]]>

Писателот Христо Петрески е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На денешното Изборно собрание на ДПМ тој доби 56 гласови – осум повеќе од неговиот противкандидат  Живко Грозданоски и ќе ја води писателската асоцијација во наредните четири години. Со 69 гласа, за претседател на Собранието на ДПМ е избрана Кристина Николовска, а за Претседателството на ДПМ се избрани: Весна Мојсова-Чепишевска, Васил Тоциновски, Зоран Анчевски, Јулијана Величковска,  Славчо Ковилоски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Александра Јуруковска и Марина Мијаковска. Новоизбраниот претседател Христо Петрески ќе ја преземе функцијата од Соња Стојменска-Елзесер, која го раководеше ДПМ од 2018 до 2022 година. Петрески (1957, Крушево) членува во ДПМ од 1985 година. Дипломирал на Економскиот факултет на УКИМ во Скопје. Основач е и директор на издавачката куќа „Феникс” и на Фондацијата „Македонија презент”. Во својата изборна програма Петрески наведе дека ќе се залага редовно, еднаш во годината, да се примаат нови и млади членови во Друштвото на писателите, но со почитување на сите правила и критериуми за прием. Покрај постојните годишни награди, тој предлага да се воведе и награда за драмски дела, која може да го носи името на Горан Стефановски. Предлага дисперзирање на книжевните настани со карвани од писатели низ земјава, промоции, литературни средби, трибини на актуелни теми  и активности за популаризација на книгата и читањето. Петрески ќе се залага за меѓународна соработка со потпишување спогодби со сродни институции, пред сѐ од соседството. Во наредните четири години тој предлага ДПМ да објави шест антологии на современата македонска поезија,  проза, критика, есеј, драма и  творештво за деца и млади, а просториите на Друштвото да бидат реновирани и тоа да стане, како што вели, отворено привлечно и работно катче за секојдневни работни средби и разни пригодни настани. Членовите на ДПМ, како што стои во неговата програма за кандидатура, ќе имаат членски книшки со кои ќе остваруваат право на попуст во театар, кино, железнички превоз, ресторани… На домашна адреса тие ќе го добиваат бесплатно списанието „Стожер” – единственото гласило на Друштвото на писателите, покрај тоа што ќе им биде достапно и електронски на веб-страницата на ДПМ.

The post Христо Петрески избран за претседател на Друштвото на писателите на Македонија appeared first on Република.

]]>