Христина Зафировска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristina-zafirovska/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Aug 2022 07:37:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Христина Зафировска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristina-zafirovska/ 32 32 „Циклус 19“ – изложба на академската уметница Христина Зафировска во Македонскиот КИЦ во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ciklus-19-izlozba-na-akademskata-umetnica-hristina-zafirovska-vo-makedonskiot-kic-vo-istanbul/ Tue, 23 Aug 2022 07:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=543089

Во соработка со „КИЦ“ Македонскиот Културно Информативен Центар во Истанбул, Турција, и Министерството за култура кое ја поддржува изложбата, во галерискиот простор при културниот центар во Истанбул, се отвори изложбата насловена циклус „19” на академската уметница Христина Зафировска.

Преку својот најнов циклус од 19 дела авторката, на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себе го интерпретираат биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување. Изолацијата, сведувањето на комуникацијата на минимум и системските промени земаа крупни моменти од животот на луѓето, а посебно на младината вели кураторката на проектот Билјана Галоска.

Секојдневните информации поврзани со невидливиот противник допираат до нас, влијаејќи на нашето ментално здравје. Светот сеуште војува со пандемијата и се справува со последиците, а се поставува и прашањето, уште колку долго би траело ова?

Зафировска, до сега има реализирано четиринаесет независни проекти кои се претставени во Германија, Франција, Бугарија и повеќето градови во Македонија. Исто така, таа е дел од повеќе од 160 групни претставувања низ светот.

The post „Циклус 19“ – изложба на академската уметница Христина Зафировска во Македонскиот КИЦ во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Во соработка со „КИЦ“ Македонскиот Културно Информативен Центар во Истанбул, Турција, и Министерството за култура кое ја поддржува изложбата, во галерискиот простор при културниот центар во Истанбул, се отвори изложбата насловена циклус „19” на академската уметница Христина Зафировска. Преку својот најнов циклус од 19 дела авторката, на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себе го интерпретираат биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување. Изолацијата, сведувањето на комуникацијата на минимум и системските промени земаа крупни моменти од животот на луѓето, а посебно на младината вели кураторката на проектот Билјана Галоска. Секојдневните информации поврзани со невидливиот противник допираат до нас, влијаејќи на нашето ментално здравје. Светот сеуште војува со пандемијата и се справува со последиците, а се поставува и прашањето, уште колку долго би траело ова? Зафировска, до сега има реализирано четиринаесет независни проекти кои се претставени во Германија, Франција, Бугарија и повеќето градови во Македонија. Исто така, таа е дел од повеќе од 160 групни претставувања низ светот.

The post „Циклус 19“ – изложба на академската уметница Христина Зафировска во Македонскиот КИЦ во Истанбул appeared first on Република.

]]>