христина марковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristina-markovska/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 12:44:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png христина марковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristina-markovska/ 32 32 Хуманитарна изложба со дела на средношколци во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/zivot/humanitarna-izlozhba-so-dela-na-srednoshkoltsi-vo-gostivar/ Tue, 30 Apr 2024 16:00:37 +0000 https://republika.mk/?p=772708

Под наслов „Цут Арт“, во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар е отворена изложба на уметнички дела, со хуманитарен карактер. Настанот го организира тим на Црвениот Крст Гостивар во склоп на ПХВ Програмата (промоција на хумани вредности), во соработка со техничкото училиште.

Собраните средства од продажба на делата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Изложбата е од хуманитарен карактер, како и сите останати настани кои ги организираме. Средствата одат за подобрување на нашето општество или се доделуваат на социјално загрозени семејства. Дел од средствата од хуманитарните настани кои ги организираме, се наменети за реновирање на стадион каде младите ќе можат да го поминат своето слободно време, а дел одат за помош на социјално загрозени семејства“, истакна Јована Дабеска од Црвениот крст.

Во изложбата со свои дела, учествуваа учениците: Светлана Петреска, Софија Јованоска, Мина Страшеска, Ајлин Џафери, Едила Равмани, Деспина Василеска, Николина Алексоска, Тамара Србиноска, Атије Пини, Елеонора Манасијеска и Матеа Трпеска, под менторство на професорката Христина Марковска.

Ликовната изложба насловена како „Цут Арт“ претставува сликарски проект реализиран од страна на десетина млади автори чија уметничка визуелна интерпретација проникнува пред сѐ од хуманоста. Авторите во еден процес на наративно спонтано обединување создаваат дела обединети преку идејнотематската концепција со која се претставуваат, а тоа е пејсажот“, вели менторката, Марковска.

Главната цел на ПХВ програмата е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.

The post Хуманитарна изложба со дела на средношколци во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Под наслов „Цут Арт“, во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар е отворена изложба на уметнички дела, со хуманитарен карактер. Настанот го организира тим на Црвениот Крст Гостивар во склоп на ПХВ Програмата (промоција на хумани вредности), во соработка со техничкото училиште. Собраните средства од продажба на делата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Изложбата е од хуманитарен карактер, како и сите останати настани кои ги организираме. Средствата одат за подобрување на нашето општество или се доделуваат на социјално загрозени семејства. Дел од средствата од хуманитарните настани кои ги организираме, се наменети за реновирање на стадион каде младите ќе можат да го поминат своето слободно време, а дел одат за помош на социјално загрозени семејства“, истакна Јована Дабеска од Црвениот крст.
Во изложбата со свои дела, учествуваа учениците: Светлана Петреска, Софија Јованоска, Мина Страшеска, Ајлин Џафери, Едила Равмани, Деспина Василеска, Николина Алексоска, Тамара Србиноска, Атије Пини, Елеонора Манасијеска и Матеа Трпеска, под менторство на професорката Христина Марковска.
Ликовната изложба насловена како „Цут Арт“ претставува сликарски проект реализиран од страна на десетина млади автори чија уметничка визуелна интерпретација проникнува пред сѐ од хуманоста. Авторите во еден процес на наративно спонтано обединување создаваат дела обединети преку идејнотематската концепција со која се претставуваат, а тоа е пејсажот“, вели менторката, Марковска.
Главната цел на ПХВ програмата е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.

The post Хуманитарна изложба со дела на средношколци во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Уметничко дело во кое доминираат дуализмите како процес на уметничко градење на една целост https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/umetnichko-delo-vo-koe-dominiraat-dualizmite-kako-protses-na-umetnichko-gradene-na-edna-tselost/ Thu, 23 Nov 2023 08:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=715267

Домот на култарата АСНОМ во Гостивар, од 24 ноември ќе биде домаќин на самостојната изложба на уметницата Христина Марковска насловена „Страв од НЕпознатото“. Во својата изложба, Марковска ќе се претстави со инсталација во простор и видеопроекција.

Историчарката на уметност, Маја Чанкулоска, во својата стручна критика за изложбата вели дека во најновиот проект на Христина Марковска, насловен „Страв од непознатото“, симболизмот може да се издвои како круцијален елемент, без оглед дали е директен - преку реално претставени референтни модели, или, пак, асоцијативен, минимизиран и суптилно редуциран.

На почеток, анализирајќи го терминот страв, може да се повикаме на општоприфатените дефинирачки одредници како едно од основните чувства кај човекот, активатор на модусот на преживување и истиот може да биде ирационален или рационален. Со самото проширување на „заканата“ на која се однесува стравот, односно негово дефинирање како реакција во однос на непознатото, тој се рационализира во смисла на сопственото надминување и стимул за перцепирање и делумно или целосно надминување на несаканите метаболитички или психолошки функции кај човекот и е, на извесен начин, соочување со двојната природа на нештата, коментира Чанкулоска.

https://republika.mk/vesti/kultura/strav-od-nepoznatoto-izlozhba-na-hristina-markovska/

Таа додава дека самиот проект е замислен како интегрално уметничко дело во кое доминираат дуализмите како процес на уметничко градење на една целост.

Во конкретниот пример, целината на контрасти го симболизира човековото созревање преку совладување на сите дуализми. Онтолошки земено, процесот на надминување на ограничувањето на стравот од непознатото кај една индивидуа е претставена преку сета асоцијативност на апстрактните геометриски форми, бои, материјал, структура (претставени преку 45 панели), симболизирајќи го односот или борбата на сите контрадикторности, лични анксиозности и општествени борби во реалноста на неизвесното секојдневие на современиот свет кој, пак, технички се базира врз конфронтацијата или прифаќањето на дуализмите (1-0).

 

Од друга страна, пак, психолошки земено, стравовите од најраната возраст не постојат, тие се стекнуваат и создаваат преку реално влијание врз личноста, претставена преку чистата детска фигура во сета нејзина фигурална конкретност, надополнета со реди мејд елемент (светилка). Следствено на ваквата позиционираност на елементите, и контрадикторно на самиот наслов, овој сегмент во делото на Христина Марковска не е продолжение на протагорината философија во која „човекот е мерило на се“, туку е архетип на Диогеновата потрага по човекот, носејќи ја со/во себе сета симболика на боженствената светлина („пламен на светот“ кој го симболизира Божјото присуство) во секој од нас, како и крајно хуманистичката порака за личниот стремеж кон вистината, добрината, разумот, напредокот..., вели Чанкулоска.

The post Уметничко дело во кое доминираат дуализмите како процес на уметничко градење на една целост appeared first on Република.

]]>

Домот на култарата АСНОМ во Гостивар, од 24 ноември ќе биде домаќин на самостојната изложба на уметницата Христина Марковска насловена „Страв од НЕпознатото“. Во својата изложба, Марковска ќе се претстави со инсталација во простор и видеопроекција. Историчарката на уметност, Маја Чанкулоска, во својата стручна критика за изложбата вели дека во најновиот проект на Христина Марковска, насловен „Страв од непознатото“, симболизмот може да се издвои како круцијален елемент, без оглед дали е директен - преку реално претставени референтни модели, или, пак, асоцијативен, минимизиран и суптилно редуциран.
На почеток, анализирајќи го терминот страв, може да се повикаме на општоприфатените дефинирачки одредници како едно од основните чувства кај човекот, активатор на модусот на преживување и истиот може да биде ирационален или рационален. Со самото проширување на „заканата“ на која се однесува стравот, односно негово дефинирање како реакција во однос на непознатото, тој се рационализира во смисла на сопственото надминување и стимул за перцепирање и делумно или целосно надминување на несаканите метаболитички или психолошки функции кај човекот и е, на извесен начин, соочување со двојната природа на нештата, коментира Чанкулоска.
https://republika.mk/vesti/kultura/strav-od-nepoznatoto-izlozhba-na-hristina-markovska/ Таа додава дека самиот проект е замислен како интегрално уметничко дело во кое доминираат дуализмите како процес на уметничко градење на една целост.
Во конкретниот пример, целината на контрасти го симболизира човековото созревање преку совладување на сите дуализми. Онтолошки земено, процесот на надминување на ограничувањето на стравот од непознатото кај една индивидуа е претставена преку сета асоцијативност на апстрактните геометриски форми, бои, материјал, структура (претставени преку 45 панели), симболизирајќи го односот или борбата на сите контрадикторности, лични анксиозности и општествени борби во реалноста на неизвесното секојдневие на современиот свет кој, пак, технички се базира врз конфронтацијата или прифаќањето на дуализмите (1-0).   Од друга страна, пак, психолошки земено, стравовите од најраната возраст не постојат, тие се стекнуваат и создаваат преку реално влијание врз личноста, претставена преку чистата детска фигура во сета нејзина фигурална конкретност, надополнета со реди мејд елемент (светилка). Следствено на ваквата позиционираност на елементите, и контрадикторно на самиот наслов, овој сегмент во делото на Христина Марковска не е продолжение на протагорината философија во која „човекот е мерило на се“, туку е архетип на Диогеновата потрага по човекот, носејќи ја со/во себе сета симболика на боженствената светлина („пламен на светот“ кој го симболизира Божјото присуство) во секој од нас, како и крајно хуманистичката порака за личниот стремеж кон вистината, добрината, разумот, напредокот..., вели Чанкулоска.

The post Уметничко дело во кое доминираат дуализмите како процес на уметничко градење на една целост appeared first on Република.

]]>
„Страв од непознатото“ – изложба на Христина Марковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/strav-od-nepoznatoto-izlozhba-na-hristina-markovska/ Mon, 13 Nov 2023 21:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=701243

На 24 ноември во Домот на културата АСНОМ во Гостивар ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Христина Марковска.

Поимно писмо на Готлоб Фреге го истражувал сознавањето на определената научна вистина која минува низ неколку стадиуми на извесност, надополнувајки се сегментарно преку истите формирајкји соодветен исказ... во овој случај тоа е уметничкото дело. Во суштина и самото потекло на уметничкото дело е поврзано со најсовршениот метод на докажување на уметничката креација, која не е наполно зависна и во тесна врска со психолошкиот модус (логичкиот начин), но во себе содржи и математичка формулација и помош на логичките дедукциии поткрепена од законите на мислата трансцедентира во една автохтона уникатна творевина.

 

Релјефната поставка на еден од објектите реферира на преодноста, односно канализирање на мисловниот пат до финалниот производ, а тоа е тродимензионалниот објект во вајарството - од цртеж кон форма... во математиката: планиметрија - стереометрија „клетка - ткиво, органон“, односно начинот на градење на конструтивноста и градењето на мисловниот процес преку кој се доаѓа до реализирање на уметничкото дело. И, колку уметникот, како творец, минува низ и се соочува со низа несоодветности, а без активноста на сетилата е невозможен било каков ментален развој, преку кој се интерпретира стравот како емотивна реакција на уметниковата духовна природа во истразувањето и создавањето на сосем нова и единствена автентична ликовна материја, пишува авторката во најавата за изложбата.

The post „Страв од непознатото“ – изложба на Христина Марковска appeared first on Република.

]]>

На 24 ноември во Домот на културата АСНОМ во Гостивар ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Христина Марковска.
Поимно писмо на Готлоб Фреге го истражувал сознавањето на определената научна вистина која минува низ неколку стадиуми на извесност, надополнувајки се сегментарно преку истите формирајкји соодветен исказ... во овој случај тоа е уметничкото дело. Во суштина и самото потекло на уметничкото дело е поврзано со најсовршениот метод на докажување на уметничката креација, која не е наполно зависна и во тесна врска со психолошкиот модус (логичкиот начин), но во себе содржи и математичка формулација и помош на логичките дедукциии поткрепена од законите на мислата трансцедентира во една автохтона уникатна творевина.   Релјефната поставка на еден од објектите реферира на преодноста, односно канализирање на мисловниот пат до финалниот производ, а тоа е тродимензионалниот објект во вајарството - од цртеж кон форма... во математиката: планиметрија - стереометрија „клетка - ткиво, органон“, односно начинот на градење на конструтивноста и градењето на мисловниот процес преку кој се доаѓа до реализирање на уметничкото дело. И, колку уметникот, како творец, минува низ и се соочува со низа несоодветности, а без активноста на сетилата е невозможен било каков ментален развој, преку кој се интерпретира стравот како емотивна реакција на уметниковата духовна природа во истразувањето и создавањето на сосем нова и единствена автентична ликовна материја, пишува авторката во најавата за изложбата.

The post „Страв од непознатото“ – изложба на Христина Марковска appeared first on Република.

]]>