христијани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristijani/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 15:27:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png христијани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristijani/ 32 32 Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-poveke-ne-mozhe-da-se-opishe-kako-hristijanska-zemja/ Wed, 30 Aug 2023 16:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=677351

Резултатите од најновото истражување на лондонскиот весник Тајмс покажуваат дека три четвртини од свештениците на Англиканска црква изјавиле дека Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја.

На прашањето дали мислат дека „Британија може или не може да се опише како христијанска земја“, само една четвртина (24,2 отсто) од свештениците одговориле дека Велика Британија денес може да се опише како христијанска земја.

Од друга страна, речиси две третини (64,2 отсто) оцениле дека Велика Британија може да се нарече христијанска земја, „но само историски, не моментално“, додека 9,2 проценти од испитаниците одговориле со „не“.

Според податоците од пописот во 2021 година покажуваат дека процентот на луѓе кои се идентификуваат како христијани во Англија и Велс првпат е под 50 односно 46,2 отсто, со истовремен пораст на „нерелигиозни“ лица, чиј процент изнесува 37,5.

Истражувањето исто така откри дека повеќето свештеници сакаат црквата да одобри истополови венчавки и да се откаже од своето противење на предбрачниот и геј сексот.

Повеќе од 53 отсто од анкетираните свештеници поддржуваат црковни венчавки за истополови парови.

The post Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја appeared first on Република.

]]>

Резултатите од најновото истражување на лондонскиот весник Тајмс покажуваат дека три четвртини од свештениците на Англиканска црква изјавиле дека Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја. На прашањето дали мислат дека „Британија може или не може да се опише како христијанска земја“, само една четвртина (24,2 отсто) од свештениците одговориле дека Велика Британија денес може да се опише како христијанска земја. Од друга страна, речиси две третини (64,2 отсто) оцениле дека Велика Британија може да се нарече христијанска земја, „но само историски, не моментално“, додека 9,2 проценти од испитаниците одговориле со „не“. Според податоците од пописот во 2021 година покажуваат дека процентот на луѓе кои се идентификуваат како христијани во Англија и Велс првпат е под 50 односно 46,2 отсто, со истовремен пораст на „нерелигиозни“ лица, чиј процент изнесува 37,5. Истражувањето исто така откри дека повеќето свештеници сакаат црквата да одобри истополови венчавки и да се откаже од своето противење на предбрачниот и геј сексот. Повеќе од 53 отсто од анкетираните свештеници поддржуваат црковни венчавки за истополови парови.

The post Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 360 милиони христијани биле прогонувани во 2022 од верски причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-360-milioni-hristijani-bile-progonuvani-vo-2022-od-verski-prichini/ Wed, 18 Jan 2023 14:29:02 +0000 https://republika.mk/?p=598408

Над 360 милиони христијани ширум светот биле „изложени на тежок прогон и дискриминација“ поради нивната вера во 2022 година, а Северна Кореја е најлоша земја за христијаните. Toа се посочува во извештајот што го објави невладината организација „Порт Овер“.

Tаа протестантска организација секоја година објавува „светски индекс“ на прогонот на христијаните, во кој ги регистрира сите напади врз нив – од „скриено секојдневно угнетување“ до „најекстремно насилство“.

Помеѓу 1 октомври 2021 година и 30 септември 2022 година „над 360 милиони“ католици, православци, протестанти, баптисти, евангелисти…од 76 земји биле „изложени на тежок прогон во светот, или секој седми христијанин“, изјави Патрик Виктор, шеф на францускиот огранок на „Порт-Овер“.

Истиот број е забележан и во 2022 година, меѓутоа за 30 години откако е забележано проширување на прогонот денес „има силни прогони во 76 земји, во споредба со 40-те наведени во првата листа на организацијата во 1993 година, посочи Гијом Генек, портпарол на здружението.

Во исто време „прогоните стануваат се поинтензивни во споменатите земји“, додаде тој.

Во 2022 година се убиени 5.621 христијани, а 5.898 година претходно. Организацијата, исто така, изброи 4.542 христијани кои се наоѓаат во притвор (од нив 1.750 во Индија) наспроти 4.277 во претходната година. Киднапирани се 5.259 христијани (вклучувајќи 4.726 во Нигерија), за разлика од 3.829 во 2021 година.

Вкупниот број уништени, затворени или нападнати цркви е 2.110 – значајно помалку од 5.110 во 2021 година. Според вкупната скала на прогон, Северна Кореја сега е на првото место во годишно рангирање, поместувајќи го Авганистан. Следна е Сомалија, а потоа следат Јемен, Еритреја, Либија, Нигерија, Пакистан, Иран, Авганистан и Судан.

The post Повеќе од 360 милиони христијани биле прогонувани во 2022 од верски причини appeared first on Република.

]]>

Над 360 милиони христијани ширум светот биле „изложени на тежок прогон и дискриминација“ поради нивната вера во 2022 година, а Северна Кореја е најлоша земја за христијаните. Toа се посочува во извештајот што го објави невладината организација „Порт Овер“. Tаа протестантска организација секоја година објавува „светски индекс“ на прогонот на христијаните, во кој ги регистрира сите напади врз нив – од „скриено секојдневно угнетување“ до „најекстремно насилство“.
Помеѓу 1 октомври 2021 година и 30 септември 2022 година „над 360 милиони“ католици, православци, протестанти, баптисти, евангелисти…од 76 земји биле „изложени на тежок прогон во светот, или секој седми христијанин“, изјави Патрик Виктор, шеф на францускиот огранок на „Порт-Овер“.
Истиот број е забележан и во 2022 година, меѓутоа за 30 години откако е забележано проширување на прогонот денес „има силни прогони во 76 земји, во споредба со 40-те наведени во првата листа на организацијата во 1993 година, посочи Гијом Генек, портпарол на здружението. Во исто време „прогоните стануваат се поинтензивни во споменатите земји“, додаде тој. Во 2022 година се убиени 5.621 христијани, а 5.898 година претходно. Организацијата, исто така, изброи 4.542 христијани кои се наоѓаат во притвор (од нив 1.750 во Индија) наспроти 4.277 во претходната година. Киднапирани се 5.259 христијани (вклучувајќи 4.726 во Нигерија), за разлика од 3.829 во 2021 година. Вкупниот број уништени, затворени или нападнати цркви е 2.110 – значајно помалку од 5.110 во 2021 година. Според вкупната скала на прогон, Северна Кореја сега е на првото место во годишно рангирање, поместувајќи го Авганистан. Следна е Сомалија, а потоа следат Јемен, Еритреја, Либија, Нигерија, Пакистан, Иран, Авганистан и Судан.

The post Повеќе од 360 милиони христијани биле прогонувани во 2022 од верски причини appeared first on Република.

]]>
Историски момент: Христијаните во Германија официјално станаа малцинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/istoriski-moment-hristijanite-vo-germanija-oficijalno-stanaa-malcinstvo/ Thu, 21 Apr 2022 16:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=491911

Римокатоличката и Евангелистичката црква во Германија губат сè поголемо влијание. Така, првпат во историјата христијаните станале малцинство во Германија, пренесуваат медиумите.

Кога ќе се соберат членовите на католичката и евангелистичката верска заедница, кои се двете најголеми христијански цркви во таа земја, се гледа дека нивниот број паднал под 50 отсто.

Ова е историски пресврт. По многу векови, за првпат во Германија веќе не е „нормално“ да се биде член на црковна заедница - објаснува социологот Карстен Фрерк.

Тој посочува дека веќе подолго време е забележлив трендот на намалување на бројот на припадниците на христијанските верски заедници. Во текот на изминатите шест години, овој тренд се забрзал.

Минатата година, христијаните, односно припадниците на Католичката и Евангелистичката црква сочинувале 51 отсто од населението, а за споредба, во 1990 година уделот на припадниците на тие верски заедници бил 72 отсто.

Германците од католичка вероисповед, пред сè, сè повеќе и вртат грб на својата црква, а поради бројните скандали се повлекуваат од таа верска заедница.

Се поголем е и бројот на Германци кои не сакаат да се изјаснат за својата вера, а во исто време бројот на муслимани постојано се зголемува, како преку работната имиграција, така и поради големиот мигрантски бран во последните години.

The post Историски момент: Христијаните во Германија официјално станаа малцинство appeared first on Република.

]]>

Римокатоличката и Евангелистичката црква во Германија губат сè поголемо влијание. Така, првпат во историјата христијаните станале малцинство во Германија, пренесуваат медиумите. Кога ќе се соберат членовите на католичката и евангелистичката верска заедница, кои се двете најголеми христијански цркви во таа земја, се гледа дека нивниот број паднал под 50 отсто.
Ова е историски пресврт. По многу векови, за првпат во Германија веќе не е „нормално“ да се биде член на црковна заедница - објаснува социологот Карстен Фрерк.
Тој посочува дека веќе подолго време е забележлив трендот на намалување на бројот на припадниците на христијанските верски заедници. Во текот на изминатите шест години, овој тренд се забрзал. Минатата година, христијаните, односно припадниците на Католичката и Евангелистичката црква сочинувале 51 отсто од населението, а за споредба, во 1990 година уделот на припадниците на тие верски заедници бил 72 отсто. Германците од католичка вероисповед, пред сè, сè повеќе и вртат грб на својата црква, а поради бројните скандали се повлекуваат од таа верска заедница. Се поголем е и бројот на Германци кои не сакаат да се изјаснат за својата вера, а во исто време бројот на муслимани постојано се зголемува, како преку работната имиграција, така и поради големиот мигрантски бран во последните години.

The post Историски момент: Христијаните во Германија официјално станаа малцинство appeared first on Република.

]]>
Ние не сме криви што луѓето не знаат која вера се, вели Симовски за графата „христијани“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nie-ne-sme-krivi-shto-lugjeto-ne-znaat-koja-vera-se-veli-simovski-za-grafata-hristijani/ Thu, 31 Mar 2022 14:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=481449

Попишувачот не смееше да влијае врз одговорите што ги даваа граѓаните, па ако луѓето кажале дека се христијани по религиска припадност, тогаш попишувачот е должен да ги внесе во графата „христијани“. А ако луѓето потенцирале дека се православни христијани или дека се католици христијани, тогаш нивниот одговор ќе отишол во графата „православни“ или „католици“.

Ова за „Плусинфо“ го објаснува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако во јавноста се крена прашина поради тоа што во табелата за религиска припадност постои посебна графа „христијани“, иако постојат и графите „православни“, „католици“, „протестанти“, „адвентисти“…

https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-pomalku-od-50-od-naselenieto-se-izjasnile-kako-pravoslavni-hristijani/

Симовски инсистира дека вината не е во попишувачите или во ДЗС, а топката ја префрла кон граѓаните за кои вели дека самите тие, случајно или намерно, не потенцирале во која група припаѓаат.

Многу луѓе не размислувале дека треба точно да ја потенцираат религиската припадност. Па така, ако некој е православен христијанин, тој на попишувачот му кажува дека е христијанин, без да потенцира дека е православен. А попишувачот е должен да го внесе одговорот онака како што му бил кажан. Попишувачот не смее да влегува во дебата со граѓаните и да им објаснува, односно да ги наведува каков одговор да дадат на одредено прашање. Оти, ако попишувачите се вмешале во одговорите, тоа значи дека тие влијаеле врз одговорите. А влијаењето подлежи на кривична одговорност, објаснува Симовски.

Повеќе на Плусинфо

The post Ние не сме криви што луѓето не знаат која вера се, вели Симовски за графата „христијани“ appeared first on Република.

]]>

Попишувачот не смееше да влијае врз одговорите што ги даваа граѓаните, па ако луѓето кажале дека се христијани по религиска припадност, тогаш попишувачот е должен да ги внесе во графата „христијани“. А ако луѓето потенцирале дека се православни христијани или дека се католици христијани, тогаш нивниот одговор ќе отишол во графата „православни“ или „католици“. Ова за „Плусинфо“ го објаснува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако во јавноста се крена прашина поради тоа што во табелата за религиска припадност постои посебна графа „христијани“, иако постојат и графите „православни“, „католици“, „протестанти“, „адвентисти“… https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-pomalku-od-50-od-naselenieto-se-izjasnile-kako-pravoslavni-hristijani/ Симовски инсистира дека вината не е во попишувачите или во ДЗС, а топката ја префрла кон граѓаните за кои вели дека самите тие, случајно или намерно, не потенцирале во која група припаѓаат.
Многу луѓе не размислувале дека треба точно да ја потенцираат религиската припадност. Па така, ако некој е православен христијанин, тој на попишувачот му кажува дека е христијанин, без да потенцира дека е православен. А попишувачот е должен да го внесе одговорот онака како што му бил кажан. Попишувачот не смее да влегува во дебата со граѓаните и да им објаснува, односно да ги наведува каков одговор да дадат на одредено прашање. Оти, ако попишувачите се вмешале во одговорите, тоа значи дека тие влијаеле врз одговорите. А влијаењето подлежи на кривична одговорност, објаснува Симовски.
Повеќе на Плусинфо

The post Ние не сме криви што луѓето не знаат која вера се, вели Симовски за графата „христијани“ appeared first on Република.

]]>
Апасиев: А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови „христијани“ со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-a-mpc-kje-bekne-li-za-20-te-podvidovi-hristijani-so-cel-pravoslavnite-da-gi-spushtat-veshtachki-pod-eden-milion/ Thu, 31 Mar 2022 12:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=481402

Лидерот на Левица Димитар Апасиев и денеска реагира за резултатите од пописот, овојпат за општата категорија „христијани“ во која се попишани 242.579 граѓани или 13,21% процент од резидентното население.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-pomalku-od-50-od-naselenieto-se-izjasnile-kako-pravoslavni-hristijani/

А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови „христијани“, со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? Или, со зградуријата кај „Холидеј Ин" им го затнаа устичето. Дедо Стефане, се слушаме?, реагира Апасиев.

The post Апасиев: А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови „христијани“ со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Левица Димитар Апасиев и денеска реагира за резултатите од пописот, овојпат за општата категорија „христијани“ во која се попишани 242.579 граѓани или 13,21% процент од резидентното население. https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-pomalku-od-50-od-naselenieto-se-izjasnile-kako-pravoslavni-hristijani/
А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови „христијани“, со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? Или, со зградуријата кај „Холидеј Ин" им го затнаа устичето. Дедо Стефане, се слушаме?, реагира Апасиев.

The post Апасиев: А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови „христијани“ со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? appeared first on Република.

]]>
Зошто помалку од 50% од населението се изјасниле како православни христијани? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-pomalku-od-50-od-naselenieto-se-izjasnile-kako-pravoslavni-hristijani/ Wed, 30 Mar 2022 20:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=481122

Како дошло до тоа 242.579 граѓани или 13,21% процент од попишаното резидентно население се изјасниле само како Христијани, без притоа да ја изјаснат својата религиска група (православни, католици, протестанти итн.). Ова е едно од прашањата кои се најнејасни во врска со податоците од пописот објавени денеска од Државниот завод за статистика.

Оваа графа е трета по големина во изјаснувањето за религиската припадност, а голема е бројката од 132.260 луѓе или 7,2% кои влегуваат во административно попишаните и за нив нема податок каква е нивната припадност.

[caption id="attachment_481124" align="aligncenter" width="582"] (Извор: Државен завод за статистика, попис 2021)[/caption]

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека причината за ова е што пописот не бил добро подготвен. Во изјава за „Сител“ тој потсетува дека попишувачи се бараа во последнот рок, и немаше време вистински да се подготват.

Ние имаме во иста категорија, тоа е религиска припадност вметнато повеќе методолошки неконзистентни податоци. Значи, вие или прашувате религија, а тоа е Христијанство, Ислам, Будизам, Агностици итн. Или прашувате поконкретно, кадешто прашаувате освен за религија, всушност религиската деноминација. Бидејќи во секоја религија, особено во поголемите религии имате деноминации. Тоа е подгрупа во самата во самата религиозна група, објаснува Божиновски.

Александар Кржаловски, пак, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на „Сител“ рече дека ќе треба да се провери самиот анкетен лист за да се види каде всушност е направена грешка.

Не ми е јасно ова со „Христијани“. Не ми се верува дека таква грешка се провлекла во самиот формулар. Можно е да самите граѓани рекле дека се Христијани без да кажат дали се Православни, Протестанти или нешто трето, туку само рекле дека се Христијани. Малку е чудно и голема е бројката за таков пропуст да се направи. Може требало да се напише кај сите Православни Христијани, Христијани Протестанти и слично, па на граѓаните да им е јасно што се прашува, вели Кржаловски.

Најмалата религиска група во Македонија се Реформисти со само 50 припадници. 16 луѓе не се изјасниле за религиската припадност, а 76 се вметнати под графата „непознато“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/popis-budisti-i-jehovini-svedoci-ima-povekje-od-ateisti/

The post Зошто помалку од 50% од населението се изјасниле како православни христијани? appeared first on Република.

]]>

Како дошло до тоа 242.579 граѓани или 13,21% процент од попишаното резидентно население се изјасниле само како Христијани, без притоа да ја изјаснат својата религиска група (православни, католици, протестанти итн.). Ова е едно од прашањата кои се најнејасни во врска со податоците од пописот објавени денеска од Државниот завод за статистика. Оваа графа е трета по големина во изјаснувањето за религиската припадност, а голема е бројката од 132.260 луѓе или 7,2% кои влегуваат во административно попишаните и за нив нема податок каква е нивната припадност. [caption id="attachment_481124" align="aligncenter" width="582"] (Извор: Државен завод за статистика, попис 2021)[/caption] Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека причината за ова е што пописот не бил добро подготвен. Во изјава за „Сител“ тој потсетува дека попишувачи се бараа во последнот рок, и немаше време вистински да се подготват.
Ние имаме во иста категорија, тоа е религиска припадност вметнато повеќе методолошки неконзистентни податоци. Значи, вие или прашувате религија, а тоа е Христијанство, Ислам, Будизам, Агностици итн. Или прашувате поконкретно, кадешто прашаувате освен за религија, всушност религиската деноминација. Бидејќи во секоја религија, особено во поголемите религии имате деноминации. Тоа е подгрупа во самата во самата религиозна група, објаснува Божиновски.
Александар Кржаловски, пак, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на „Сител“ рече дека ќе треба да се провери самиот анкетен лист за да се види каде всушност е направена грешка.
Не ми е јасно ова со „Христијани“. Не ми се верува дека таква грешка се провлекла во самиот формулар. Можно е да самите граѓани рекле дека се Христијани без да кажат дали се Православни, Протестанти или нешто трето, туку само рекле дека се Христијани. Малку е чудно и голема е бројката за таков пропуст да се направи. Може требало да се напише кај сите Православни Христијани, Христијани Протестанти и слично, па на граѓаните да им е јасно што се прашува, вели Кржаловски.
Најмалата религиска група во Македонија се Реформисти со само 50 припадници. 16 луѓе не се изјасниле за религиската припадност, а 76 се вметнати под графата „непознато“. https://republika.mk/vesti/makedonija/popis-budisti-i-jehovini-svedoci-ima-povekje-od-ateisti/

The post Зошто помалку од 50% од населението се изјасниле како православни христијани? appeared first on Република.

]]>