христијан пендиков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristijan-pendikov/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 08:47:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png христијан пендиков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristijan-pendikov/ 32 32 Пендиков е по уметноста: „Обесправениот“ Бугарин во театарот во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pendikov-e-po-umetnosta-obespraveniot-bugarin-vo-teatarot-vo-sofija/ Mon, 11 Nov 2024 09:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=836256

Христијан Пендиков кој предизвика тензии меѓу Бугарија и Македонија е забележан во татарот во Софија во толпата која негодуваше за претставата на Џон Малкович во која Бугарите се претставени како примитивци.

https://republika.mk/vesti/balkan/prviot-univerzitet-vo-bolona-go-osnovale-bugari/

Тој е забележан како ѕирка од ќошот додека Ангел Џамбаски се пресметува со неистомислениците.

The post Пендиков е по уметноста: „Обесправениот“ Бугарин во театарот во Софија appeared first on Република.

]]>

Христијан Пендиков кој предизвика тензии меѓу Бугарија и Македонија е забележан во татарот во Софија во толпата која негодуваше за претставата на Џон Малкович во која Бугарите се претставени како примитивци. https://republika.mk/vesti/balkan/prviot-univerzitet-vo-bolona-go-osnovale-bugari/ Тој е забележан како ѕирка од ќошот додека Ангел Џамбаски се пресметува со неистомислениците.    

The post Пендиков е по уметноста: „Обесправениот“ Бугарин во театарот во Софија appeared first on Република.

]]>
Пендиков не бил тепан поради национална омраза, рекоа адвокатите на обвинетите на денешното судење https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pendikov-ne-bil-tepan-poradi-natsionalna-omraza-rekoa-advokatite-na-obvinetite-na-deneshnoto-sudene/ Thu, 31 Oct 2024 18:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=832901

Во охридскиот основен суд, денеска од почеток започна постапката против Илија Спасески и Борче Ангелоски, кои беа обвинети за тепањето на Христијан Пендиков кој се чувствува за Бугарин, а по случајот доби и државјанство на Бугарија.

Пендиков не присуствуваше во судницата, но обвинетите одбија вина за овој случај, и преку нивните адвокати се изјаснија дека не го тепале поради национална омраза.

Сведокот Гоце Спасески, татко на првообвинетиот рече дека не постои национална омраза. Спасески рече дека за време на потонувањето на бродот Илинден, тој лично учествувал во спасителната акција и добил Орден и од Бугарија, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Судот треба дополнително да одлучи дали ЦД со изјава на Педников за бугарска ТВ ќе биде прифатено како доказ. Споре одбраната тој доказ е потребен за утврдување на правната вистина и да докаже дека оштетениот немал повреди, затоа што присуствувал на интервјуто.

Адвокатот на Пендиков пак се противи изјавата на Пендиков да биде доказ, оти снимката не била релевантна.

The post Пендиков не бил тепан поради национална омраза, рекоа адвокатите на обвинетите на денешното судење appeared first on Република.

]]>

Во охридскиот основен суд, денеска од почеток започна постапката против Илија Спасески и Борче Ангелоски, кои беа обвинети за тепањето на Христијан Пендиков кој се чувствува за Бугарин, а по случајот доби и државјанство на Бугарија. Пендиков не присуствуваше во судницата, но обвинетите одбија вина за овој случај, и преку нивните адвокати се изјаснија дека не го тепале поради национална омраза. Сведокот Гоце Спасески, татко на првообвинетиот рече дека не постои национална омраза. Спасески рече дека за време на потонувањето на бродот Илинден, тој лично учествувал во спасителната акција и добил Орден и од Бугарија, пренесува САКАМДАКАЖАМ. Судот треба дополнително да одлучи дали ЦД со изјава на Педников за бугарска ТВ ќе биде прифатено како доказ. Споре одбраната тој доказ е потребен за утврдување на правната вистина и да докаже дека оштетениот немал повреди, затоа што присуствувал на интервјуто. Адвокатот на Пендиков пак се противи изјавата на Пендиков да биде доказ, оти снимката не била релевантна.

The post Пендиков не бил тепан поради национална омраза, рекоа адвокатите на обвинетите на денешното судење appeared first on Република.

]]>
Пендиков не кажа дали претходно се знаел со човекот што го претепа, адвокатот не му дозволи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pendikov-ne-kazha-dali-prethodno-se-znael-so-chovekot-shto-go-pretepa-advokatot-ne-mu-dozvoli/ Wed, 12 Jul 2023 09:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=660350

Судењето за тепачката во која беше повреден Христијан Пендиков во Охрид, кој неодамна стана бугарски државјанин се одложи поради отсуство на обвинетиот кој со документација од доктор докажа дека е болен. По завршување на постапката Пендиков даваше изјави за новинарите пред судот.

На прашањето од новинарите дали се точни информациите дека тој од претходно се знаел со обвинетиот кој во јавуари годинава го претепа пред ноќен клуб во Охрид, Пендиков сакаше да одговори, но неговиот адвокат Стефан Камишевски ги прекина и не дозволи Пендиков ништо да каже.

Јас ќе одговарам на тоа прашање, се извинувам, изреагира адвокатот.

Новинарите побараа да дозволи прашањето да го одговори самиот Пендиков, но адвокатот рече: Јас не можам да ви дозволам бидејќи таквите факти се факти кои треба да се утврдат во една законски уредена судска постапка.

На инсистирањето на новинарите Пендиков да одговори дали се знае со обвинетиот Илија Спасески, и дека причина за тепачката всушност нешто друго, а не е неговото чувство дека е Бугарин, адвокатот повторно не дозволи.

Јас ќе ви одговарам. Може ли да ми дозволите да одговорам? Дали се знае или не се знае на таа околност, Пендиков даде одговор во Обвинителството и ќе даде одговор пред судот во постапката, кога ќе биде сослушан во својство на оштетен, рече адвокатот.

Тој потоа не дозволи други прашања за неговиот клиент со објаснување дека пендиков мора да замине за Софија.

Пендиков мора да се врати назад денес во Софија, бидејќи се уште му трае лекувањето и повредите не му се заздравени. Ви благодарам, рече адвокатот и ги прекина изјавите.

Претходно Пендиков пред медиумите се пожали дека добива закани заради неговата бугарска самосвест, но рече дека престојува нормално во Македонија.

The post Пендиков не кажа дали претходно се знаел со човекот што го претепа, адвокатот не му дозволи appeared first on Република.

]]>

Судењето за тепачката во која беше повреден Христијан Пендиков во Охрид, кој неодамна стана бугарски државјанин се одложи поради отсуство на обвинетиот кој со документација од доктор докажа дека е болен. По завршување на постапката Пендиков даваше изјави за новинарите пред судот. На прашањето од новинарите дали се точни информациите дека тој од претходно се знаел со обвинетиот кој во јавуари годинава го претепа пред ноќен клуб во Охрид, Пендиков сакаше да одговори, но неговиот адвокат Стефан Камишевски ги прекина и не дозволи Пендиков ништо да каже.
Јас ќе одговарам на тоа прашање, се извинувам, изреагира адвокатот.
Новинарите побараа да дозволи прашањето да го одговори самиот Пендиков, но адвокатот рече: Јас не можам да ви дозволам бидејќи таквите факти се факти кои треба да се утврдат во една законски уредена судска постапка. На инсистирањето на новинарите Пендиков да одговори дали се знае со обвинетиот Илија Спасески, и дека причина за тепачката всушност нешто друго, а не е неговото чувство дека е Бугарин, адвокатот повторно не дозволи.
Јас ќе ви одговарам. Може ли да ми дозволите да одговорам? Дали се знае или не се знае на таа околност, Пендиков даде одговор во Обвинителството и ќе даде одговор пред судот во постапката, кога ќе биде сослушан во својство на оштетен, рече адвокатот.
Тој потоа не дозволи други прашања за неговиот клиент со објаснување дека пендиков мора да замине за Софија. Пендиков мора да се врати назад денес во Софија, бидејќи се уште му трае лекувањето и повредите не му се заздравени. Ви благодарам, рече адвокатот и ги прекина изјавите. Претходно Пендиков пред медиумите се пожали дека добива закани заради неговата бугарска самосвест, но рече дека престојува нормално во Македонија.

The post Пендиков не кажа дали претходно се знаел со човекот што го претепа, адвокатот не му дозволи appeared first on Република.

]]>
Пендиков самоуверено седна наспроти напаѓачот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pendikov-samouvereno-sedna-nasproti-napagachot/ Wed, 31 May 2023 08:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=646365

Денеска во Охрид продолжи судењето на бугарскиот граѓанин Христијан Пендиков.Тој во судницата седна наспроти  обвинетиот Илија Спасевски.

На рочиштето обвинетиот побара одлагање и откако судот не дозовли тој и адвокатите си заминаа по што не беше можно процесот да продолжи.

Забележително е што на првото појавување во јавноста Пендиков е видно здебелен и самоуверен по поддршката која ја добие од властите во Бугарија.

The post Пендиков самоуверено седна наспроти напаѓачот appeared first on Република.

]]>

Денеска во Охрид продолжи судењето на бугарскиот граѓанин Христијан Пендиков.Тој во судницата седна наспроти  обвинетиот Илија Спасевски. На рочиштето обвинетиот побара одлагање и откако судот не дозовли тој и адвокатите си заминаа по што не беше можно процесот да продолжи. Забележително е што на првото појавување во јавноста Пендиков е видно здебелен и самоуверен по поддршката која ја добие од властите во Бугарија.  

The post Пендиков самоуверено седна наспроти напаѓачот appeared first on Република.

]]>
Пендиков: Нас, Бугарите, нè направија како црн ѓавол во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendikov-nas-bugarite-ne-napravija-kako-tsrn-gavol-vo-makedonija/ Fri, 12 May 2023 12:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=640177

Најистакнатите македонски Бугари, кои добиваат најмногу закани, немаат бугарско државјанство, но доставиле документи пред многу години, вака изјавил во интервју за „БНТ“ секретарот на сега затворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков. Тој пред два дена доби бугарско државјанство, а како што вели во интервјуто и понатаму добива закани, кои се зголемиле по официјалното добивање на документите.

Пендиков порачал дека на македонските Бугари им е потребна помош.

Сакаме да имаме еднакви права како и другите кои живеат во Македонија. Бугарите прво беа малтретирани од државните институции, како што е полицијата. Потоа, нивните фотографии беа споделувани во различни онлајн групи каде што ги нарекуваа предавници и повикуваа на насилство, рекол тој и додал: „Нè направија како црн ѓавол во Македонија“.

Пендиков истакнал дека Бугарија е таква каква што ја очекувале: „Блиска земја која секогаш ни помагала. Не знам зошто, ако ја зборуваме вистината, некои луѓе се навредени од ова“.

Тој изјавил дека „бугарското државјанство му дава да се чувствува спокоен како Бугарин до крајот на животот“.

Во интервјуто обелоденил дека ќе се врати во Македонија на крајот на месецот на следното судско рочиште за нападот врз него.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.

The post Пендиков: Нас, Бугарите, нè направија како црн ѓавол во Македонија appeared first on Република.

]]>

Најистакнатите македонски Бугари, кои добиваат најмногу закани, немаат бугарско државјанство, но доставиле документи пред многу години, вака изјавил во интервју за „БНТ“ секретарот на сега затворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков. Тој пред два дена доби бугарско државјанство, а како што вели во интервјуто и понатаму добива закани, кои се зголемиле по официјалното добивање на документите. Пендиков порачал дека на македонските Бугари им е потребна помош. Сакаме да имаме еднакви права како и другите кои живеат во Македонија. Бугарите прво беа малтретирани од државните институции, како што е полицијата. Потоа, нивните фотографии беа споделувани во различни онлајн групи каде што ги нарекуваа предавници и повикуваа на насилство, рекол тој и додал: „Нè направија како црн ѓавол во Македонија“. Пендиков истакнал дека Бугарија е таква каква што ја очекувале: „Блиска земја која секогаш ни помагала. Не знам зошто, ако ја зборуваме вистината, некои луѓе се навредени од ова“. Тој изјавил дека „бугарското државјанство му дава да се чувствува спокоен како Бугарин до крајот на животот“. Во интервјуто обелоденил дека ќе се врати во Македонија на крајот на месецот на следното судско рочиште за нападот врз него. Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.  

The post Пендиков: Нас, Бугарите, нè направија како црн ѓавол во Македонија appeared first on Република.

]]>
На најсвечен можен начин: Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-najsvechen-mozhen-nachin-pendikov-utre-ke-dobie-bugarsko-drzhavjanstvo/ Tue, 09 May 2023 20:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=639022

Утре на свечена церемонија во Бугарија ќе му биде врачено бугарско државјанство на Христијан Пендиков.

Документите ќе му ги врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.

Според најавата, церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија, која важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одликувања.

Како што информираат од кабинетот на Јотова, церемонијата ќе се одржи во 14.30 часот.

Пендиков беше нападнат во Охрид. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети” во Охрид.

The post На најсвечен можен начин: Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство appeared first on Република.

]]>

Утре на свечена церемонија во Бугарија ќе му биде врачено бугарско државјанство на Христијан Пендиков. Документите ќе му ги врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло. Според најавата, церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија, која важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одликувања. Како што информираат од кабинетот на Јотова, церемонијата ќе се одржи во 14.30 часот. Пендиков беше нападнат во Охрид. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети” во Охрид.

The post На најсвечен можен начин: Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство appeared first on Република.

]]>
„Не вреди за Бугарин да се вика полиција“ му рекол напаѓачот на Пендиков https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-vredi-za-bugarin-da-se-vika-politsija-mu-rekol-napagachot-na-pendikov/ Thu, 06 Apr 2023 13:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=628029

„Го поддржувам обвинението и обезбедените докази.Обвинителството може да докаже дека обвинетиот Илија Спасески во ресторан вечерта на 19 Јануари 2023 година го натепал Пендиков, објавија бугарските медиуми.

Тој се приближи до масата на Пендиков и му рекол: „Зарем не ти е срам.
да се дефинираш како Бугарин“.

Откако повредениот Пендиков му рекол да се смири,обвинетиот се преселил на друга маса“.

Откако случаен минувач им викнал да застанат, обвинетиот Илија Спасески одговори: „Не
вреди за Бугарин да се повика полиција“, а двајцата напаѓачи продолжиле да го тепаат Пендиков, додаде обвинителот.

The post „Не вреди за Бугарин да се вика полиција“ му рекол напаѓачот на Пендиков appeared first on Република.

]]>

„Го поддржувам обвинението и обезбедените докази.Обвинителството може да докаже дека обвинетиот Илија Спасески во ресторан вечерта на 19 Јануари 2023 година го натепал Пендиков, објавија бугарските медиуми.
Тој се приближи до масата на Пендиков и му рекол: „Зарем не ти е срам. да се дефинираш како Бугарин“.
Откако повредениот Пендиков му рекол да се смири,обвинетиот се преселил на друга маса“. Откако случаен минувач им викнал да застанат, обвинетиот Илија Спасески одговори: „Не вреди за Бугарин да се повика полиција“, а двајцата напаѓачи продолжиле да го тепаат Пендиков, додаде обвинителот.  

The post „Не вреди за Бугарин да се вика полиција“ му рекол напаѓачот на Пендиков appeared first on Република.

]]>
Објавена снимка од нападот на Пендиков https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-snimka-od-napadot-na-pendikov/ Wed, 05 Apr 2023 12:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=627542

Со презентација на материјални и писмени докази денеска заврши првото рочиште од главната расправа во процесот што пред Основиот суд во Охрид се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

Претходно претставник на Обвинителството го прочита обвинителниот акт, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот Спасески се произнесе невин.

Обвинителството меѓу материјалните докази презентираше и видео на кое се гледа како три лица го тепаат Пендиков.

На прикажаната снимка се гледа едно машко лице кое личи на обвинетиот Илија Спасески и застанува пред едно лице кое личи на оштетениот Христијан Пендиков. Лицето кое личи на Спасески замавнува со десната рака во висина на лицето. Истото лице му задава уште еден удар во пределот на грбот кај вратот, рече обвинителката.

https://youtu.be/k8UvFhSH1CI

Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија Цобоски, пред Судот по однос обвинителниот акт даде кусо образложение во кое изјави дека одбраната не спори дека оштетениот критичната вечер бил повреден, но оти во доказната постапка ќе успее да го убеди Судот дека нема материјални докази што неспорно утврдуваат дека провообвинетиот е извршител на делото, како и оти во делото нема докази за зборови од омраза како што сака тоа да го наметне Обвинителството.

Има различни податоци меѓу она што се тврди во обвинителниот предлог, во она што е наведено во записникот за примање пријава, она што се наведува во исказот на оштетениот даден за бугарска телевизија. Сепак тоа е работа на доказната постапка, за што повеќе ќе се каже во текот на изведувањето на доказите на одбраната, изјави Цобоски по завршувањето на денешното рочиште.

Цобоски нагласи дека останува задачата на оној што тврди дека обвинетиот е виновен тоа мора неспорно да го докаже.

Ги гледавте снимките и кога обвинителот вели дека мисли дека обвинетиот е тој што го врши делото. Не треба некој да мисли кој е кој, туку се потребни докази од кои неспорно може да се утврди вина. Мислење на обвинител дали некој е тој или не, не е доволно за некој да се огласи виновен, истакна тој.

Во текот на самото денешно рочиште застапникот на одбраната уште инсистираше на тоа дека оштетениот не е Бугарин односно дека нема бугарско државјанство, туку дека се работи на македонски државјанин.

Застапникот на оштетениот Пендиков, адвокатот Стефан Камишевски, пред Судот образложи дека неговиот клиент не пристуствуваше на денешното судско рочиште од здравствени причини. Тој рече дека Христијан Пендиков ќе се појави секако пред Судот откако ќе му заврши лекувањето, како и дека сега е во подобра здравствена состојба.

За самата постапка рече дека е во насока да се утврди што се случило во критичниот настан.

Според видео-записот може да се види дека две лица тепаат едно лице. Впрочем, постапката е и за тоа, да се утврди вистината, што се случило во критичниот настан. Кои лица го претепале кое лице, рече Камишевски без да потврди дали оштетениот ќе се појави на следното рочиште.

Судијата Бојан Мартиноски кој го води процесот наредното рочиште го закажа за 31 мај, кога ќе бидат повикани да сведочат вешти лица од областа на медицината и информатички технологии, како и тројца сведоци.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро во Охрид.

Оштетената страна во процесот предјави парично оштетно побарување, согласно тежината на повредите на оштетениот во кривичното дело.

The post Објавена снимка од нападот на Пендиков appeared first on Република.

]]>

Со презентација на материјални и писмени докази денеска заврши првото рочиште од главната расправа во процесот што пред Основиот суд во Охрид се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид. Претходно претставник на Обвинителството го прочита обвинителниот акт, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот Спасески се произнесе невин. Обвинителството меѓу материјалните докази презентираше и видео на кое се гледа како три лица го тепаат Пендиков.
На прикажаната снимка се гледа едно машко лице кое личи на обвинетиот Илија Спасески и застанува пред едно лице кое личи на оштетениот Христијан Пендиков. Лицето кое личи на Спасески замавнува со десната рака во висина на лицето. Истото лице му задава уште еден удар во пределот на грбот кај вратот, рече обвинителката.
https://youtu.be/k8UvFhSH1CI Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија Цобоски, пред Судот по однос обвинителниот акт даде кусо образложение во кое изјави дека одбраната не спори дека оштетениот критичната вечер бил повреден, но оти во доказната постапка ќе успее да го убеди Судот дека нема материјални докази што неспорно утврдуваат дека провообвинетиот е извршител на делото, како и оти во делото нема докази за зборови од омраза како што сака тоа да го наметне Обвинителството.
Има различни податоци меѓу она што се тврди во обвинителниот предлог, во она што е наведено во записникот за примање пријава, она што се наведува во исказот на оштетениот даден за бугарска телевизија. Сепак тоа е работа на доказната постапка, за што повеќе ќе се каже во текот на изведувањето на доказите на одбраната, изјави Цобоски по завршувањето на денешното рочиште.
Цобоски нагласи дека останува задачата на оној што тврди дека обвинетиот е виновен тоа мора неспорно да го докаже.
Ги гледавте снимките и кога обвинителот вели дека мисли дека обвинетиот е тој што го врши делото. Не треба некој да мисли кој е кој, туку се потребни докази од кои неспорно може да се утврди вина. Мислење на обвинител дали некој е тој или не, не е доволно за некој да се огласи виновен, истакна тој.
Во текот на самото денешно рочиште застапникот на одбраната уште инсистираше на тоа дека оштетениот не е Бугарин односно дека нема бугарско државјанство, туку дека се работи на македонски државјанин. Застапникот на оштетениот Пендиков, адвокатот Стефан Камишевски, пред Судот образложи дека неговиот клиент не пристуствуваше на денешното судско рочиште од здравствени причини. Тој рече дека Христијан Пендиков ќе се појави секако пред Судот откако ќе му заврши лекувањето, како и дека сега е во подобра здравствена состојба. За самата постапка рече дека е во насока да се утврди што се случило во критичниот настан.
Според видео-записот може да се види дека две лица тепаат едно лице. Впрочем, постапката е и за тоа, да се утврди вистината, што се случило во критичниот настан. Кои лица го претепале кое лице, рече Камишевски без да потврди дали оштетениот ќе се појави на следното рочиште.
Судијата Бојан Мартиноски кој го води процесот наредното рочиште го закажа за 31 мај, кога ќе бидат повикани да сведочат вешти лица од областа на медицината и информатички технологии, како и тројца сведоци. Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро во Охрид. Оштетената страна во процесот предјави парично оштетно побарување, согласно тежината на повредите на оштетениот во кривичното дело.

The post Објавена снимка од нападот на Пендиков appeared first on Република.

]]>
Пендиков нема да се појави на судењето против неговите напаѓачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pendikov-nema-da-se-pojavi-na-sudeneto-protiv-negovite-napagachi/ Wed, 05 Apr 2023 07:26:03 +0000 https://republika.mk/?p=627371

 Пред Судскиот совет во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото повторено рочиште од процесот што се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

Судијата Бојан Мартиноски кој го води процесот, на 28 февруари го прифати барањето на одбраната за одложување од причина што, како што беше посочено од застапниците на обвинетиот, не им биле доставени доказите обезбедени во предистражната постапка.

Стефан Камишевски, адвокатот на Христијан Пендиков, тогаш истакна дека оштетениот ќе се појави пред Судот во мигот кога ќе заврши со лекувањето,

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид.

Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија, а не е познато дали тој ќе се појави на денешното рочиште.

Одбраната на Спасески се произнесе дека за нив не е неопходно присуство на Пендиков во Судот.

The post Пендиков нема да се појави на судењето против неговите напаѓачи appeared first on Република.

Ние постапивме соодветно, Бугарија намерно го исполитизира случајот Пендиков, вели Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nie-postapivme-soodvetno-bugarija-namerno-go-ispolitizira-sluchajot-pendikov-veli-spasovski/ Mon, 06 Mar 2023 10:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=616374

Во однос на случајот Пендиков, работата на полицијата може да се цени низ истрагата. Ако ни беа нормални односите со Бугарија немаше да се исполитизира случајот. Веднаш беа приведени две лица по инцидентот, по третото лице се трагаше, а сега е пронајдено. Ние постапуваме без оглед на верската и национална припадност на граѓаните. Тоа што некој го злоупотребува ова за политички цели тоа е друго прашање, вели вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Истрагата ги утврдува сите работи. Оваа физичка пресметка е како и секоја друга што се случила. И е расчистена во однос на сторителите кои ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Се надвор од ова е во рамките на дневнополитичките игри, вели Спасовски.

Тој додава дека од бугарска страна ова е искористено за кревање на тензиите што е сосема непотребно затоа што државните органи во Македонија постапија соодветно.

Нашите безбедносни служби прават проценки за безбедноста на граѓаните и државата. Тоа не може да го прави никој однадвор, вели Спасовски во однос на проблемот што го кренаа бугарски националисти на граничниот премин по повод чествувањето на роденденот на Гоце Делчев.

Спасовски додава дека е сосема јасно од јавно изречените најави дека имаше обид да се направат инциденти.

The post Ние постапивме соодветно, Бугарија намерно го исполитизира случајот Пендиков, вели Спасовски appeared first on Република.

Пендиков не се појави на рочиштето, одложено е за еден месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pendikov-ne-se-pojavi-na-rochishteto-odlozheno-e-za-eden-mesets/ Tue, 28 Feb 2023 10:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=614141

Основниот суд во Охрид денеска одлучи да го одложи првото рочишта за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетите за одложување, затоа што во судот не беше пристигнат оштетениот, односно Пендиков.

„Не знаеме кога ќе може да присуствува Пендиков поради медицински причини, се зависи од рочиштето“, одговориле обвинителите во предметот.
Судот следното рочиште го закажа за 5 април.

Од охридското обвинителство изјавија дека се обидуваат да стапат во контакт со Пендиков, кој сега живее во Бугарија под заштита на таа земја.

За нападот обвинет е Илија Спасески кој беше уапсен неколку дена по нападот врз Пендиков. На 22 февруари беше пуштен од притвор, а истиот ден беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. На битолчанецот судот му го одзеде пасошот.

Според обвинителството, делото е извршено од омраза поради национална и етничката припадност.

На 19 јануари, осомничениот битолчанец, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле, се вели во соопштениото од Обвинителството.

Како што посочуваат во соопштението, во тек е собирање докази за проверка на наводите изнесени во поднесената кривична пријава против осомничениот, за што, во својство на сведок, неопходно е да учествува и Пендиков.

The post Пендиков не се појави на рочиштето, одложено е за еден месец appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Охрид денеска одлучи да го одложи првото рочишта за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетите за одложување, затоа што во судот не беше пристигнат оштетениот, односно Пендиков. „Не знаеме кога ќе може да присуствува Пендиков поради медицински причини, се зависи од рочиштето“, одговориле обвинителите во предметот. Судот следното рочиште го закажа за 5 април. Од охридското обвинителство изјавија дека се обидуваат да стапат во контакт со Пендиков, кој сега живее во Бугарија под заштита на таа земја. За нападот обвинет е Илија Спасески кој беше уапсен неколку дена по нападот врз Пендиков. На 22 февруари беше пуштен од притвор, а истиот ден беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. На битолчанецот судот му го одзеде пасошот. Според обвинителството, делото е извршено од омраза поради национална и етничката припадност. На 19 јануари, осомничениот битолчанец, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле, се вели во соопштениото од Обвинителството. Како што посочуваат во соопштението, во тек е собирање докази за проверка на наводите изнесени во поднесената кривична пријава против осомничениот, за што, во својство на сведок, неопходно е да учествува и Пендиков.

The post Пендиков не се појави на рочиштето, одложено е за еден месец appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето за нападот врз Пендиков https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochnuva-sudeneto-za-napadot-vrz-pendikov/ Tue, 28 Feb 2023 08:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=614023

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

The post Почнува судењето за нападот врз Пендиков appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола. Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

The post Почнува судењето за нападот врз Пендиков appeared first on Република.

]]>
Пендиков може да одговара кривично за навредите кон Македонија и Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/pendikov-mozhe-da-odgovara-krivichno-za-navredite-kon-makedonija-i-makedontsite/ Mon, 27 Feb 2023 14:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=613820

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков може да одговара кривично за навредите кои ги кажа на сметка на Македонија и Македонците, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а пренесе „Њуз.бг“.

Вицепремиерот Маричиќ смета дека Пендиков не бил нападнат затоа што се чувствувал како Бугарин.

Не е вистина, според мене, дека го нападнале затоа што се изјаснил како Бугарин. Ние не оправдуваме насилство врз никого. За обвинувањата и навредите кон Македонија може да се бара и кривична одговорност - кажа Маричиќ.

The post Пендиков може да одговара кривично за навредите кон Македонија и Македонците appeared first on Република.

]]>

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков може да одговара кривично за навредите кои ги кажа на сметка на Македонија и Македонците, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а пренесе „Њуз.бг“. Вицепремиерот Маричиќ смета дека Пендиков не бил нападнат затоа што се чувствувал како Бугарин.
Не е вистина, според мене, дека го нападнале затоа што се изјаснил како Бугарин. Ние не оправдуваме насилство врз никого. За обвинувањата и навредите кон Македонија може да се бара и кривична одговорност - кажа Маричиќ.

The post Пендиков може да одговара кривично за навредите кон Македонија и Македонците appeared first on Република.

]]>
Обвинителството планира распит на Пендиков, од Бугарија ќе ја бара неговата адреса https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-planira-raspit-na-pendikov-od-bugarija-ke-ja-bara-negovata-adresa/ Thu, 23 Feb 2023 09:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=612242

Обвинителството во Охрид бара распит на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков како сведок околу нападот врз него и за таа цел ЈО ќе бара од Бугарија информација за сегашната адреса на живеење на Пендиков.

Пендиков беше претепан на 19 јануари во Охрид, а Обвинителството објави дека претепувањето било извршено од омраза. Македонскиот државјанин со бугарски владин авион беше префрлен на лекување во Софија, а по излегувањето од болница доби сместување и заштита. Според информациите од Бугарија, тој на крајот на декември поднел барање за бугарски пасош, но засега сѐ уште е само македонски граѓанин.

Вчера беше приведен и вториот напаѓач на Пендиков. Охридското обвинителство побара од судот да му биде одземена патната исправа за да не може да ја напушти Македонија.

На 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле, соопштија од ЈО-Охрид

The post Обвинителството планира распит на Пендиков, од Бугарија ќе ја бара неговата адреса appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Охрид бара распит на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков како сведок околу нападот врз него и за таа цел ЈО ќе бара од Бугарија информација за сегашната адреса на живеење на Пендиков. Пендиков беше претепан на 19 јануари во Охрид, а Обвинителството објави дека претепувањето било извршено од омраза. Македонскиот државјанин со бугарски владин авион беше префрлен на лекување во Софија, а по излегувањето од болница доби сместување и заштита. Според информациите од Бугарија, тој на крајот на декември поднел барање за бугарски пасош, но засега сѐ уште е само македонски граѓанин. Вчера беше приведен и вториот напаѓач на Пендиков. Охридското обвинителство побара од судот да му биде одземена патната исправа за да не може да ја напушти Македонија. На 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле, соопштија од ЈО-Охрид

The post Обвинителството планира распит на Пендиков, од Бугарија ќе ја бара неговата адреса appeared first on Република.

]]>
Oбвинителството ја бара бугарската адреса на Пендиков, треба да има распит https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-ja-bara-bugarskata-adresa-na-pendikov-treba-da-ima-raspit/ Thu, 23 Feb 2023 09:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=612243

Обвинителството во Охрид побара распит на претепаниот Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид. За таа цел, обвинителството во Република Македонија ќе побара од Бугарија информации за моменталната адреса на Пендиков, јавува бугарска Нова.

Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари. Според обвинителството, делото е извршено од омраза. Вчера беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти Македонија.

Првиот напаѓач на Пендиков, Илија Спасески, од вчера повеќе не е во притвор. Судското рочиште за него е закажано за 28 февруари.

The post Oбвинителството ја бара бугарската адреса на Пендиков, треба да има распит appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Охрид побара распит на претепаниот Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид. За таа цел, обвинителството во Република Македонија ќе побара од Бугарија информации за моменталната адреса на Пендиков, јавува бугарска Нова. Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари. Според обвинителството, делото е извршено од омраза. Вчера беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти Македонија. Првиот напаѓач на Пендиков, Илија Спасески, од вчера повеќе не е во притвор. Судското рочиште за него е закажано за 28 февруари.

The post Oбвинителството ја бара бугарската адреса на Пендиков, треба да има распит appeared first on Република.

]]>
Приведен битолчанец, осомничен како еден од напаѓачите на Христијан Пендиков https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-bitolchanets-osomnichen-kako-eden-od-napagachite-na-hristijan-pendikov/ Wed, 22 Feb 2023 12:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=611930

Полицијата во Охрид вчера попладнето го привела 23-годишниот битолчанец Б.А., кој е вториот осомничен напаѓач врз Кристијан Пендиков од Охрид.

Портпаролот на СВР - Охрид, Стефан Димоски, потврди дека вчера во 17 часот полициски службенци го лишиле од слобода Б.А., лице барано со централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Според Димоски, Б.А. е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.

The post Приведен битолчанец, осомничен како еден од напаѓачите на Христијан Пендиков appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Охрид вчера попладнето го привела 23-годишниот битолчанец Б.А., кој е вториот осомничен напаѓач врз Кристијан Пендиков од Охрид. Портпаролот на СВР - Охрид, Стефан Димоски, потврди дека вчера во 17 часот полициски службенци го лишиле од слобода Б.А., лице барано со централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Според Димоски, Б.А. е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.

The post Приведен битолчанец, осомничен како еден од напаѓачите на Христијан Пендиков appeared first on Република.

]]>
Напаѓачот на Пендиков на слобода, одземен му е пасошот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/napagachot-na-pendikov-na-sloboda-odzemen-mu-e-pasoshot/ Tue, 21 Feb 2023 17:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=611619

Илија Спасески, кој го нападна 21-годишниот Христијан Пендиков, веќе е на слобода, јави репортерот на БГНЕС.

Судот ја преиначи мерката „притвор“ по истекот на рокот од 30 дена.

Во моментов Спасески е дома, но со одземен пасош.

Спасески е професионален натпреварувач во џиу-џицу. Член е на карате клубот „Кун-су-то“ од Охрид. Спасески учествувал на професионални натпревари и од нив освоил бројни награди.

The post Напаѓачот на Пендиков на слобода, одземен му е пасошот appeared first on Република.

]]>

Илија Спасески, кој го нападна 21-годишниот Христијан Пендиков, веќе е на слобода, јави репортерот на БГНЕС. Судот ја преиначи мерката „притвор“ по истекот на рокот од 30 дена. Во моментов Спасески е дома, но со одземен пасош. Спасески е професионален натпреварувач во џиу-џицу. Член е на карате клубот „Кун-су-то“ од Охрид. Спасески учествувал на професионални натпревари и од нив освоил бројни награди.  

The post Напаѓачот на Пендиков на слобода, одземен му е пасошот appeared first on Република.

]]>
Закажано судењето на обвинетиот за нападот врз Пендиков на 28 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zakazhano-sudeneto-na-obvinetiot-za-napadot-vrz-pendikov-na-28-fevruari/ Sun, 19 Feb 2023 18:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=610773

Во Основниот суд во Охрид за 28 февруари е закажано судско рочиште за случајот со нападот врз Христијан Пендиков, македонски Бугарин. Случајот ќе го води судијата Бојан Мартиноски, објави Телма.

Напаѓачот против кого е поднесено обвинението за нападот врз Пендиков, односно за крвично дело напад од омраза со тешки повреди е единствениот од тројцата кој е пронајден и идентификуван, а обвинителството нема официјална потврда дека другиот напаѓач кој е во бегство имал бугарско државјанство како и првообвинетиот.

Минатата недела обвинетиот на сослушувањето во ОЈО се бранел со молчење, но за стореното дело кое му се става на товар постојат снимки од надзорни камери и изјави на сведоци. Останува само прашањето дали нападот може да се квалификува дека е од омраза поради национална или етничка припадност.

Пендиков пак остана во Софија по итното префрлање таму на лекување со бугарски владин авион, ден по нападот, односно на 20 јануари, каде доби стан и обезбедување, а наскоро и бугарско државјанство и стипендија за студирање во бугарската престолнина.

Поради претепувањето на Пендиков дојде до тензии во македонско – бугарските политички односи, ново заладување и низа меѓусебни обвинувања за позадината на овој настан кој е само еден во низата од почетокот на оваа година.

The post Закажано судењето на обвинетиот за нападот врз Пендиков на 28 февруари appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Охрид за 28 февруари е закажано судско рочиште за случајот со нападот врз Христијан Пендиков, македонски Бугарин. Случајот ќе го води судијата Бојан Мартиноски, објави Телма. Напаѓачот против кого е поднесено обвинението за нападот врз Пендиков, односно за крвично дело напад од омраза со тешки повреди е единствениот од тројцата кој е пронајден и идентификуван, а обвинителството нема официјална потврда дека другиот напаѓач кој е во бегство имал бугарско државјанство како и првообвинетиот. Минатата недела обвинетиот на сослушувањето во ОЈО се бранел со молчење, но за стореното дело кое му се става на товар постојат снимки од надзорни камери и изјави на сведоци. Останува само прашањето дали нападот може да се квалификува дека е од омраза поради национална или етничка припадност. Пендиков пак остана во Софија по итното префрлање таму на лекување со бугарски владин авион, ден по нападот, односно на 20 јануари, каде доби стан и обезбедување, а наскоро и бугарско државјанство и стипендија за студирање во бугарската престолнина. Поради претепувањето на Пендиков дојде до тензии во македонско – бугарските политички односи, ново заладување и низа меѓусебни обвинувања за позадината на овој настан кој е само еден во низата од почетокот на оваа година.

The post Закажано судењето на обвинетиот за нападот врз Пендиков на 28 февруари appeared first on Република.

]]>
Американците го испратиле Османи кај Пендиков, а не Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/amerikantsite-go-ispratile-osmani-kaj-pendikov-a-ne-kovachevski/ Fri, 17 Feb 2023 11:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=610118

Порнашениот заменик-министер од Демократскиот сојуз Зоран Димитровски во радиоинтервју објаснува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи не бил испратен во Софија да го посети претепаниот Христијан Пендиков по наредба на премиерот туку дека Османи го сторил тоа „во дговоро со Американците“.

Во тој момент една од присутните го праша премиерот, добро зошто во тој случај го испраќате Бујар Османи во болница во Софија, да го види повредениот, да се извинува и така натаму. Премиерот тогаш ни одговори, не го испративме ние, ми се јави синоќа Бујар Османи и ми рече јас ќе одам во Софија, утре, и го прашал зошто одиш во Софија, па Османи му рекол ќе одам два дена на скијање во Боровец и ќе одам утре во Софија, да го видам Пендиков. Зошто ќе одиш да го видиш Пендиков? Настанот е малку контроверзен, го земаа со авион и така натаму. И добро зошто ќе одиш да го видиш Пендиков, сеуште не е расчистен случајот, имаме полициска истрага во која гледаме дека случајот е за дрога. Па Бујар Османи му рекол знаеш јас се слушнав со Американците, рекоа дека можеби е добро да го посетам заради тензиите да се намалат меѓу двете страни, кажа Димитровски.

Тој го коментира гестот на Османи како добар дипломатски потег, но нагласува дека ништо не го оправдува Османи да даде изјава во која што ќе каже дека му верува на семејството дека Пендиков е тепан заради тоа што е Бугарин без да каже и дека претходно дека имал кривична пријава за наркодилерство.

The post Американците го испратиле Османи кај Пендиков, а не Ковачевски appeared first on Република.

Димитровски од ДС: МВР веднаш знаеше дека Пендиков е претепан за 500 евра наркодолг, а не оти е Бугарин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrovski-od-ds-mvr-vednash-znaeshe-deka-pendikov-e-pretepan-za-500-evra-narkodolg-a-ne-oti-e-bugarin/ Fri, 17 Feb 2023 11:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=610115

Зоран Димитровски од Демократски сојуз ги потврди шпекулациите дека зад претепувањето на Пендиков стојат нарушени дилерско-доверителски односи. Димитровски ги пренесува зборовите на премиерот Ковачевски, кој бил информиран директно од МВР. Ковачевски на владините коалициски парнери им реков дека станува збор за тепачка за наркодилерство, за долг од 500 евра и кој што подолго време го барале и дека во таа тепачка имаме елементот на омраза.

Кога кажавме дека ЈО поднело за омраза и премиерот тогаш ни раскажа, дека кога се направила полициска истрага, министерот за внатрешни работи се јавил на министерот за внатрешни работи на Бугарија и му го кажа сето тоа и обвинителството ќе истражува понатаму дали има и други мотиви, рече Димитровски.

The post Димитровски од ДС: МВР веднаш знаеше дека Пендиков е претепан за 500 евра наркодолг, а не оти е Бугарин appeared first on Република.