христијан мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristijan-mickoski/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 15:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png христијан мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristijan-mickoski/ 32 32 Мицкоски: Ќе се бориме да има правда во судскиот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-se-borime-da-ima-pravda-vo-sudskiot-sistem/ Sat, 30 Nov 2024 15:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=843463

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе се борат за да има правда во судскиот систем.

Господинот Љупчо Коцевски доби шанса и плеќа како никој негов претходник. Еве веќе петти-шести месец, иако ние имаме комотно мнозинство ако сакаме да го разрешиме од таа позиција. Ние не сме како што тоа го правеше СДСМ во 2017 година кога по секоја цена го разреши државниот јавен обвинител и на тој начин политички процеси да покрене против тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ние одлучивме да бидеме над ситуацијата, да размислуваме надвор од политичката матрица и да дадеме шанса. Што добивме? Добивме стотици истраги и процеси и обвинители кои кога треба да стават потпис на налог за увид, за претрес, за лишување од слобода или добиваат наеднаш грозница, покачена температура, грчеви во стомак, дијареја и анксиозност или се трудат на било кој начин да го опструираат процесот. И навистина, трпението на граѓаните им е при крај, но и нашето, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот вели дека граѓаните и забележуваат на Владата за тоа што не се спроведува правдата. Вели дека тоа некогаш е со право.

- Проекти, пензии, плати, сето тоа е супер реформи, но овие што крадат уште се шетаат слободни, уживаат во скапи возила, ги гледаме на егзотични дестинации и ништо не направивте и со право ни ја кажуваат таа критика. Граѓаните треба да знаат дека во случајот сме немоќни бидејќи помеѓу нас и правдата има две институции а тоа се обвинители и судиите. Овој обвинител го избра претходното мнозинство во парламентот на СДСМ и ДУИ. Овие обвинители кои се негови потчинети се исто така избрани од тефтерчињата на две локации. И кога ќе имате една таква ситуација, тогаш единственото нешто што ви преостанува е да се борите и ќе се бориме. Досега покажавме дека во тие борби победуваме. И оваа борба ќе ја добиеме. А правдата ќе дојде, рече Мицкоски при неговата посета во во Општина Јегуновце.

Во врска со изјавата на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски дека станува збор за само еден изолиран случај на обвинител кој поради вирус не можел да ги исполнува работните обврски, премиерот истакна дека тој што се огрешил треба да одговара пред законот.

Не треба да сме многу вешти во истрагите. Само треба да се прошетаме на неколку десетици локации и се ќе ви стане јасно како луѓе од голтари станаа милионери. На грбот на народот. Ако ништо повеќе, треба барем да им дадете фер шанса да докажат дека го стекнале тоа богатство на чесен начин. Тоа треба да се направи. Но, ние ниту тоа не можеме, бидејќи на првата станица ние сме блокирани како извршна власт. Ние не сме судска власт. Ние не сме обвинители. Не сакаме тоа да бидеме. Нема да правиме циркуси и естрада. Нема да влегуваме во домови на опозиционери со специјални полициски единици, пред очите на децата да понижуваме и омаложуваме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме демохристијанска партија и така ќе се однесуваме, рече Мицкоски.

Нагласува дека тој што се огрешил пред законот, мора да го добие заслуженото без разлика од каде доаѓа и кој е.

 Сега на што ќе личам јас кога сум велел дека и родена сестра да ми ако се огрешила пред законот ќе одговара, а од друга страна шести месец супер си работиме, ама нема правда. Зошто нема? Затоа што овие имаат дијареја, анксиозност, покачена температура и наеднаш грчеви во цревата, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе се бориме да има правда во судскиот систем appeared first on Република.

]]>

Во Јегуновце се реализираат проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-jegunovtse-se-realiziraat-proekti-za-podobruvane-na-kvalitetot-na-zhivot-na-graganite/ Sat, 30 Nov 2024 15:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=843458

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Јегуновце.

Тој го посети Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj, а вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на општината. Во Раотинце е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда, а средства во висина од еден милион денари исто така од буџетот на општината. Во населеното место Јегуновце се врши комплетна реконструкција на локални улици и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри нивно асфалтирање. Средствата во висина од 37.000.000 денари се обезбедени од Министерство за транспорт иод буџетот на Општина Јегуновце.

Мицкоски беше и во Вратница каде се врши реадаптација на постоечки објект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија.

Во изјава за медиумите за време на посетата Мицкоски кажа дека бил во посета на овие локации за да види како се реализираат проектите коишто треба да го подобрат квалитетот на животот на луѓето коишто живеат во општината.

Како Влада ќе продолжиме и во иднина да подржуваме, да реалоцираме средства за проекти кои што ќе имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на жителите на целата територија на Македонија. И она кое што го зборувавме целиот овој период веќе зафаќа корени и почнува на дело да се применува, рече Мицкоски.

Според премиерот, за овие близу шест месеци како што се на власт носечките ветувања се реализирани: повисоки пензии, повисоки плати во образованието, за здравствените работници, реалокација на средствата итн. итн.

Ќе продолжиме и понатаму така да функционираме. Сите оние кои што мислат дека со интриги, со подметнувања, со раздор, со поделби ќе можат повторно да се вратат на политичката сцена, се лажат. Единството помеѓу оваа Влада и граѓаните е толку силно што природно ќе ги отфрли таквите сили кои што сакаат да не враќаат назад на оние темни сеништа во минатото. Јас можам само да им порачам да продолжат да тонат во своето политичко мочуриште, а ние како Влада заедно со граѓаните ќе се бориме за нашата единствена и заедничка татковина, Македонија, рече Мицкоски.

За време на посетата тој беше придружуван од градоначалникот на општината, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од овој крај, како и други граѓани.

The post Во Јегуновце се реализираат проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Јегуновце. Тој го посети Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj, а вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на општината. Во Раотинце е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда, а средства во висина од еден милион денари исто така од буџетот на општината. Во населеното место Јегуновце се врши комплетна реконструкција на локални улици и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри нивно асфалтирање. Средствата во висина од 37.000.000 денари се обезбедени од Министерство за транспорт иод буџетот на Општина Јегуновце. Мицкоски беше и во Вратница каде се врши реадаптација на постоечки објект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија. Во изјава за медиумите за време на посетата Мицкоски кажа дека бил во посета на овие локации за да види како се реализираат проектите коишто треба да го подобрат квалитетот на животот на луѓето коишто живеат во општината.
Како Влада ќе продолжиме и во иднина да подржуваме, да реалоцираме средства за проекти кои што ќе имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на жителите на целата територија на Македонија. И она кое што го зборувавме целиот овој период веќе зафаќа корени и почнува на дело да се применува, рече Мицкоски.
Според премиерот, за овие близу шест месеци како што се на власт носечките ветувања се реализирани: повисоки пензии, повисоки плати во образованието, за здравствените работници, реалокација на средствата итн. итн.
Ќе продолжиме и понатаму така да функционираме. Сите оние кои што мислат дека со интриги, со подметнувања, со раздор, со поделби ќе можат повторно да се вратат на политичката сцена, се лажат. Единството помеѓу оваа Влада и граѓаните е толку силно што природно ќе ги отфрли таквите сили кои што сакаат да не враќаат назад на оние темни сеништа во минатото. Јас можам само да им порачам да продолжат да тонат во своето политичко мочуриште, а ние како Влада заедно со граѓаните ќе се бориме за нашата единствена и заедничка татковина, Македонија, рече Мицкоски.
За време на посетата тој беше придружуван од градоначалникот на општината, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од овој крај, како и други граѓани.

The post Во Јегуновце се реализираат проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-graganite-da-ne-nasednuvaat-na-provokatsii-upatuvam-poraka-za-edinstvo-i-smirenost/ Sat, 30 Nov 2024 14:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=843449

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска испрати порака до граѓаните за единство и смиреност, да не паѓаат на провокации нагласувајќи дека доста беа поделби. Тој кажа дека случувањата поврзани со знамињата нема да влијаат туку дополнително ќе ја зајакнат врската во Владата и со граѓаните.

Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје реагираа многу трезвено на тоа без да се ескалира тоа, без да настанат инциденти, а сите оние сторители на кривично дело согласно членот 319 од Кривичниот законик веднаш беа лишени од слобода, извадени пред јавен обвинител и од сега па натаму е веќе судски процес на кој ние како Влада не можеме да влијаеме. Но, исто така предупредувам дека тој член 319 од Кривичниот законик се однесува не само за државното знаме, туку и за знамиња на други држави. Затоа повикувам на смиреност, да не бидеме жртви на провокација, рече Мицкоски кој беше во посета на неколку населени места во Тетовско.

Мораме да бидеме зрели и свесни, додаде тој, дека вакви работи ќе се случуваат затоа што, како што кажа „овие луѓе се исплашени за милионите кои ги спечалија на грбот на обичниот народ и сега знаат дека доаѓа време за правда, правдата е бавна но таа доаѓа“.

Мојата порака до граѓаните без разлика од етничката припадност и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Роми, и Бошњаци, сите... е да не наседнуваме на овие луѓе, да не наседнуваме бидејќи тие за неколку месеци од денеска ќе бидат и фактички минато на политичката сцена, ќе бидат поразени на локалните избори и со тоа трајно ќе заминат од политичката сцена. Затоа да не наседнуваат на таков тип на провокации. За жал ќе има таков тип на провокации, но ги молам од мое име од името на Владата да ги отфлат како туѓо тело, рече Мицкоски.

Според него, последните настани со знамињата не само што нема да влијае, туку дополнително ја зајакнува врската во рамките на Владата, но и на Владата со граѓаните.

Знам дека постои една изолирана политичка група која изминативе пет, сега веќе шести месец тешко се навикнува после повеќе од две децении во власта да биде во опозиција, но она кое што нив ги вознемирува е фактот дека можеби правдата е спора, но полека се доближува до нив. Тие се свесни што правеа овие две децении и бидејќи знаат што правеа, стануваат уплашени и единствената алатка која што им останува на располагање е токму кое што вие го споменавте, раздорот, обидот за прадизвикување меѓуетнички тензии, итн. Тоа нема да го дозволиме, потенцира Мицкоски.

Премиерот кажа дека е во интензивна комуникација со нашите стратешки партнери, со членовите на Владата, со други групи и со граѓани.

Еве денеска сум во Јегуновце, продолжуваме понатаму и во Тетово, и во Теарце денеска. Сакам да испратам порака на единство, доста беше поделби, сега кога имаме и суфицит во Буџетот, кога конечно се реализираат проекти, кога носиме странски инвеститори, кога се прават реформи, кога се зголемуваат пензии, плати итн, кога после многу квартали и години и тргнува на македонската економија. Јас сум свесен дека овие сеништа од минатото ќе сакаат да не вратат во минатото, нема да дозволиме. Отпорни сме на тоа, имаме стратегија и ќе се спротиставиме на тоа, затоа повикувам на смиреност, на единство, рече Мицкоски.

Ова, нагласи тој, е наша заедничка татковина, тука сме се родиле, тука сме се радувале, сме тагувале, и најверојатно најголемиот дел од нас и тука ќе го заврши нашиот живот.

Затоа треба заеднички да се бориме за една модерна, просперитетна Македонија, рече Мицкоски.

Потсети дека предупредувал на вакви сценарија уште од пред неколку месеци и рече дека нема да биде ова последниот обид.

Ќе има и други обиди за ексалација, за меѓуетнички тензии итн, дури и ова што се случуваше пред неколку дена од наша страна беше превенирано и антиципирано и беа предупредени сите релевантни фактори и нашите стратешки партнери, рече Мицкоски.

За барањето на ДУИ за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и рекациите на опозицијата рече дека работа е на опозицијата да поднесува интерпелација, но оти не гледа логика во тоа нивно барање.

Јас апсолутно не гледам логика во тоа нивно барање бидејќи еден дел од опозицијата вели не постапувале, друг дел вика премногу жестоко постапувале. Навистина пораките од коалициската опозиција ДУИ- Левица- СДСМ се малце збунувачки. Понекогаш и се чудам кој ги пишува тие пораки. Да не некој им сместува ваков тип на пораки, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност appeared first on Република.

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-vo-poseta-na-opshtina-jegunovtse-ke-prezentira-nekolku-realizirani-proekti/ Sat, 30 Nov 2024 09:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=843337

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Јегуновце, при што ќе ги посети повеќе населени места во кои се реализирани проекти.

Како што информираат од Владата, тој ќе го посети населеното место Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj. Вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на Општина Јегуновце, како и населеното место Раотинце каде што е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда. Средства за овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Јегуновце, во висина од 1.000.000 денари.

Премиерот Мицкоски ќе го посети и населеното место Јегуновце каде се врши комплетна реконструкција на локални улици во село Јегуновце и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри и асфалтирање на истите улици во должина од 3000 метри, со средства во висина од 37.000.000 денари обезбедени од Министерство за транспорт и буџетот на Општина Јегуновце.

Предвидена е и посета на населеното место Вратница каде се врши реадаптација на постоечки обект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија.

The post Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Јегуновце, при што ќе ги посети повеќе населени места во кои се реализирани проекти. Како што информираат од Владата, тој ќе го посети населеното место Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj. Вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на Општина Јегуновце, како и населеното место Раотинце каде што е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда. Средства за овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Јегуновце, во висина од 1.000.000 денари. Премиерот Мицкоски ќе го посети и населеното место Јегуновце каде се врши комплетна реконструкција на локални улици во село Јегуновце и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри и асфалтирање на истите улици во должина од 3000 метри, со средства во висина од 37.000.000 денари обезбедени од Министерство за транспорт и буџетот на Општина Јегуновце. Предвидена е и посета на населеното место Вратница каде се врши реадаптација на постоечки обект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија.

The post Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Осуда за сквернавењето на македонското знаме, ќе одговориме најжестоко на секој обид за дестабилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-osuda-za-skvernaveneto-na-makedonskoto-zname-ke-odgovorime-najzhestoko-na-sekoj-obid-za-destabilizatsija/ Fri, 29 Nov 2024 11:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=843097

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска зборуваше за вчерашниот инцидент каде што во главниот град се сквернавеше македонското знаме, на денот на прослава на албанското знаме.

Најостро го осудувам, сепак претставува чин на агресија, нешто за кое предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип за обиди за ескалација за креирање на етнички тензии има, и ќе има. Ако мислите дека е изолиран случај, не е. Бидејќи како правдата полека се доближува до криминалците, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и едниствениот начин да го одбранат криминалот е вака. Честитам на навременета реакција на МВР, бирото за јавната безбедност, СВР Скопје, припадниците на МВР кои не дозволија ескалирање, и реагираа во насока на приведување на лица кои го свекрнавеа дражвното знаме. Ќе бидат денеска изведени пред судија, тие ќе бидат обвинети според членот 319 каде што затворската казна е од 1 до 3 години затворска казна - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Осуда за сквернавењето на македонското знаме, ќе одговориме најжестоко на секој обид за дестабилизација appeared first on Република.

Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет, не знам кој глас треба да допре до ЈО за да постапи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobivam-dokumenti-od-svirkachi-za-falsifikuvani-zapisnitsi-vo-sudskiot-sovet-ne-znam-koj-glas-treba-da-dopre-do-jo-za-da-postapi/ Thu, 28 Nov 2024 18:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=842895

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница рече дека има неколку стотици случаи од Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција кои се наоѓаат во Обвинителството за постапување и дека по нив не се постапува.

Одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека таму има луѓе кои не ги интересира правдата, туку дека тие се заробеници на некого.

Континуирано добивам информации за тоа што се случува во Судскиот совет. Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсифкувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи. Но, затоа веднаш допре гласот за ТОЕФЛ на Бојан Христовски. Кога СДСМ излезе од говорницата, истиот момент тој глас допре кај Гаврил Бубевски. Веднаш таа фреквенција стигнува до него и тој беше спремен веднаш, но кога треба да се постапува, тогаш треба медицински третман за симптомите со кои излегува во јавноста и ги опструира акциите на истражните органи, рече Мицкоски.

Додаде дека е потребно да се преземе акција и дека ќе биде преземена без разлика колку политички куршуми ќе прими

The post Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет, не знам кој глас треба да допре до ЈО за да постапи appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница рече дека има неколку стотици случаи од Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција кои се наоѓаат во Обвинителството за постапување и дека по нив не се постапува. Одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека таму има луѓе кои не ги интересира правдата, туку дека тие се заробеници на некого.
Континуирано добивам информации за тоа што се случува во Судскиот совет. Таму има еден клан од двајца, еден од тројца, една е сама, добивам документи од свиркачи за фалсифкувани записници со различни дати, различни печати, без потписи. И ако тоа не е основа за јавниот обвинител да влезе и да провери, не знам кој глас треба да допре до Обвинителството за да постапи. Но, затоа веднаш допре гласот за ТОЕФЛ на Бојан Христовски. Кога СДСМ излезе од говорницата, истиот момент тој глас допре кај Гаврил Бубевски. Веднаш таа фреквенција стигнува до него и тој беше спремен веднаш, но кога треба да се постапува, тогаш треба медицински третман за симптомите со кои излегува во јавноста и ги опструира акциите на истражните органи, рече Мицкоски.
Додаде дека е потребно да се преземе акција и дека ќе биде преземена без разлика колку политички куршуми ќе прими

The post Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет, не знам кој глас треба да допре до ЈО за да постапи appeared first on Република.

]]>
Мицкоски до Битиќи: Заврши времето кога некои инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-do-bitiki-zavrshi-vremeto-koga-nekoi-investitori-imale-privilegii-poradi-interes-na-odredeni-politichki-moknitsi/ Thu, 28 Nov 2024 17:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=842888

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не го споделуваат истото искуство и не го имаат истото чувство што го имате вие“, му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање.

„Ако ние сме ги менувале позициите согласно потребите ниту Акуо Енерџи, ниту Митилинеос сончевиот парк во Пехчево, ниту белгиската инвестиција не се најдоа во парламент. А не се најдоа во Парламент и нема да се најдат во Парламент под тие услови кои вие ги прифативте поради многу причини. А тие причини овие сите инвестиции ги разликува од оваа инвестиција за која што јас зборував Алказар“, изјави тој.

Премиерот Мицкоски објасни детално зошто Алказар инвестира во државата и објасни дека за истата таа компанија нема поволности, како и дека не е согласност Законот за стратешки инвестиции, туку самата компанија настапува на слободниот пазар.

„За инвестицијата Алказар, господине Фатмир Битиќи не е потребно да има владина седница, затоа што нема поволности и не е согласност Законот за стратешки инвестиции, затоа што самата компанија настапува на слободниот пазар со производот кој што ќе го произведе откако ќе биде готов овој ветерен парк. Не нудиме загарантиран откуп со загарантирана цена за период од 15, 20 или 25 години, не нудиме даночни ослободувања и слично. Не нудиме земја гратис, туку урбанизација и се разбира купување на таа земја согласно процедурите и применливото право, приклучок согласност правилата на МЕПСО без повластени тарифи, без повластени договори, без тајни и скриени агенди итн. Со други зборови разликата помеѓу оваа инвестиција за која јас зборам од половина милијарда долари и овие за кои вие зборувате е црно бела, бидејќи кај оваа нема никакви привилегии а кај овие другите инвестиции вие дававте се“, додаде премиерот Мицкоски.

„Еве ќе почнам од првата. Акуо Енерџи точно станува збор за реномирана француска компанија и беа кај мене. И разговаравме и кога бевме во опозиција и разговаравме и кога сум претседател на Владата. Им ги кажав трите суштински забелешки. Еве ќе ви ги кажам и вас, не можам да се сложам опфат на сончева централа да биде земјоделско земјиште да биде од прва, втора или трета категорија. Затоа што мислам и убеден сум дека таквото земјоделско земјиште треба да се обработува, да носи производи и од тие производи да се хранат македонските граѓани. И затоа им предложив во опфатот да си обезбедат земја која што ќе биде четврта и повисока категорија, затоа што таквата земја нашите земјоделци не ја користат или многу малку ја користат“, нагласи Мицкоски.

„Второ, не можеме во четири очи. Туку тоа мора да биде јавна и транспарентна постапка која што ќе ја прави општината. Не можеме преку четири очи преку законот за стратешки инвестиции. Трето, имајќи во предвид дека соларните централи се трудово неизнтензивни објекти, не вработуваат луѓе, можеби неколкумина кои се грижат за безбедноста и целиот мониторинг на производство на телефон, толкава инсталирана моќност може да направи технички импликации на системот. И ги поставив прашањата кои ќе ве балансира, затоа што во еден момент вие ќе имате 400 мега вати кои нема да ви требаат, прашањето беше кој ќе ве балансира, им понудив да си инсталираат батерии. Се прави законот преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство и им го понудив како опција тоа. И конечно на крај, не можеме ние да им понудиме како опција 55 евра мегават час само на нив, а на останатите кои што денеска произведуваат електрична енергија од сончеви панели и ја продаваат на слободниот пазар да не им го понудиме истото тоа. Што се тие по привилегирани од останатите“, дециден е Мицкоски.

„Прво Митилинеос дури и кога беше донесен стратешкиот договор овде беше со измината банкарска гаранција. Второ тие услови кои вие им ги понудивте, јас ви гарантирам дека најмалку 10 македонски бизнисмени утре ќе инвестираат. Зошто да го дадеме тоа на Митилинеос, ајде нека го инвестира ЕСМ или некој македонски бизнисмен, рече тој и посочи дека истото важи за сите инвестиции“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски порача доколку другите инвеститори сакаат да инвестираат под условите како Алказар, слободно да дојдат утре да потпишат договор, укажувајќи дека времето „како до сега“ каде одредени инвеститори имале привилегии затоа што некој политички моќник имал интерес заврши.

„Не може ние да даваме привилегии, ако на еден дадеме ќе мора на сите да дадеме. Не може на едни да дадеме затоа што некој политички моќник имал интерес, а на другите да не даваме. Тие времиња „како до сега“ завршија. Сакам да бидам најдиректен, разликата е огромна, под истите услови кои што инвестира Алказар, сите овие нека дојдат утре ќе ги потпишеме договорите“, порача Мицкоски.

The post Мицкоски до Битиќи: Заврши времето кога некои инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници appeared first on Република.

]]>

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не го споделуваат истото искуство и не го имаат истото чувство што го имате вие“, му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање.
„Ако ние сме ги менувале позициите согласно потребите ниту Акуо Енерџи, ниту Митилинеос сончевиот парк во Пехчево, ниту белгиската инвестиција не се најдоа во парламент. А не се најдоа во Парламент и нема да се најдат во Парламент под тие услови кои вие ги прифативте поради многу причини. А тие причини овие сите инвестиции ги разликува од оваа инвестиција за која што јас зборував Алказар“, изјави тој. Премиерот Мицкоски објасни детално зошто Алказар инвестира во државата и објасни дека за истата таа компанија нема поволности, како и дека не е согласност Законот за стратешки инвестиции, туку самата компанија настапува на слободниот пазар.
„За инвестицијата Алказар, господине Фатмир Битиќи не е потребно да има владина седница, затоа што нема поволности и не е согласност Законот за стратешки инвестиции, затоа што самата компанија настапува на слободниот пазар со производот кој што ќе го произведе откако ќе биде готов овој ветерен парк. Не нудиме загарантиран откуп со загарантирана цена за период од 15, 20 или 25 години, не нудиме даночни ослободувања и слично. Не нудиме земја гратис, туку урбанизација и се разбира купување на таа земја согласно процедурите и применливото право, приклучок согласност правилата на МЕПСО без повластени тарифи, без повластени договори, без тајни и скриени агенди итн. Со други зборови разликата помеѓу оваа инвестиција за која јас зборам од половина милијарда долари и овие за кои вие зборувате е црно бела, бидејќи кај оваа нема никакви привилегии а кај овие другите инвестиции вие дававте се“, додаде премиерот Мицкоски.
„Еве ќе почнам од првата. Акуо Енерџи точно станува збор за реномирана француска компанија и беа кај мене. И разговаравме и кога бевме во опозиција и разговаравме и кога сум претседател на Владата. Им ги кажав трите суштински забелешки. Еве ќе ви ги кажам и вас, не можам да се сложам опфат на сончева централа да биде земјоделско земјиште да биде од прва, втора или трета категорија. Затоа што мислам и убеден сум дека таквото земјоделско земјиште треба да се обработува, да носи производи и од тие производи да се хранат македонските граѓани. И затоа им предложив во опфатот да си обезбедат земја која што ќе биде четврта и повисока категорија, затоа што таквата земја нашите земјоделци не ја користат или многу малку ја користат“, нагласи Мицкоски.
„Второ, не можеме во четири очи. Туку тоа мора да биде јавна и транспарентна постапка која што ќе ја прави општината. Не можеме преку четири очи преку законот за стратешки инвестиции. Трето, имајќи во предвид дека соларните централи се трудово неизнтензивни објекти, не вработуваат луѓе, можеби неколкумина кои се грижат за безбедноста и целиот мониторинг на производство на телефон, толкава инсталирана моќност може да направи технички импликации на системот. И ги поставив прашањата кои ќе ве балансира, затоа што во еден момент вие ќе имате 400 мега вати кои нема да ви требаат, прашањето беше кој ќе ве балансира, им понудив да си инсталираат батерии. Се прави законот преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство и им го понудив како опција тоа. И конечно на крај, не можеме ние да им понудиме како опција 55 евра мегават час само на нив, а на останатите кои што денеска произведуваат електрична енергија од сончеви панели и ја продаваат на слободниот пазар да не им го понудиме истото тоа. Што се тие по привилегирани од останатите“, дециден е Мицкоски.
„Прво Митилинеос дури и кога беше донесен стратешкиот договор овде беше со измината банкарска гаранција. Второ тие услови кои вие им ги понудивте, јас ви гарантирам дека најмалку 10 македонски бизнисмени утре ќе инвестираат. Зошто да го дадеме тоа на Митилинеос, ајде нека го инвестира ЕСМ или некој македонски бизнисмен, рече тој и посочи дека истото важи за сите инвестиции“, вели премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски порача доколку другите инвеститори сакаат да инвестираат под условите како Алказар, слободно да дојдат утре да потпишат договор, укажувајќи дека времето „како до сега“ каде одредени инвеститори имале привилегии затоа што некој политички моќник имал интерес заврши.
„Не може ние да даваме привилегии, ако на еден дадеме ќе мора на сите да дадеме. Не може на едни да дадеме затоа што некој политички моќник имал интерес, а на другите да не даваме. Тие времиња „како до сега“ завршија. Сакам да бидам најдиректен, разликата е огромна, под истите услови кои што инвестира Алказар, сите овие нека дојдат утре ќе ги потпишеме договорите“, порача Мицкоски.

The post Мицкоски до Битиќи: Заврши времето кога некои инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници appeared first on Република.

]]>
Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ratite-za-novite-avtobusi-ke-se-otplakaat-od-2028-godina-najavuva-premierot-mitskoski-2/ Thu, 28 Nov 2024 16:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=842871

Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот се до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање од пратеничката Сања Лукаревска до каде е набавката за електрични автобуси.

Мицкоски на седницата за пратенички прашања посочи дека парите за набавка нема да се видат во новиот буџет, туку, како што рече, тие ќе бидат во предвидени во полугодишните рати за февруари-март 2028 година.

– Затоа што условот е грејс период и заради анализата на пазарот. За тогаш е планирана првата од осумте полугодишни рати, која ќе доспее дури тогаш. Тогаш ќе се набавуваат 100 до 120 електрични автобуси, со 50 полначи. Поголемиот дел ќе бидат за Скопје, а останатите за градовите во кои има организиран јавен превоз, одговори Мицкоски.

The post Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот се до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање од пратеничката Сања Лукаревска до каде е набавката за електрични автобуси. Мицкоски на седницата за пратенички прашања посочи дека парите за набавка нема да се видат во новиот буџет, туку, како што рече, тие ќе бидат во предвидени во полугодишните рати за февруари-март 2028 година. – Затоа што условот е грејс период и заради анализата на пазарот. За тогаш е планирана првата од осумте полугодишни рати, која ќе доспее дури тогаш. Тогаш ќе се набавуваат 100 до 120 електрични автобуси, со 50 полначи. Поголемиот дел ќе бидат за Скопје, а останатите за градовите во кои има организиран јавен превоз, одговори Мицкоски.

The post Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-gi-vratime-i-web-of-science-i-scopus-kako-referentni-bazi-na-nauchni-spisanija/ Thu, 28 Nov 2024 16:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=842867

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат временски период да ги отстранат недостатоците, а доколку не го направат тоа ќе бидат санкционирани, воедно потенцираше дека реформите во високото образование ќе се случат и ќе напредуваме како држава.

„Инспектори од државниот просветен инспекторат ќе има на сите универзитети и сите ќе добијат разумен рок доколку не ги исполнуваат условите да ги отстранат, а доколку тоа не се случи ќе бидат санкционирани согласно закон како што е предвидено. Треба и ќе има реформи во високото образование тоа да бидете сигурни и дека ќе напредуваме на скалите и дека ќе имаме нов закон за високото образование“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека за брзо ќе се вратат и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија од кои ќе се напредува и многу скоро ќе биде бесплатно за сите универзитети, да може сите работници на универзитетите бесплатно да го користат сите тие списанија од овие две научни бази.

Во однос на прашањето од пратеникот Димитар Апасиев за образованието на директорот на АНБ, премиерот Мицкоски посочи дека документите за универзитетот кои пратеникот не се целосни, а инспекција на тој универзитет ќе има како и за сите останати.

„Можеби ги доставил некој документите до господинот Апасиев, но не му се тие целосни. Би сакал да дадам неколку аргументи, уверение за положени испити од прв циклус издадено на 27.12.2022 година, го имате ли тоа од истиот универзитет кој го цитирате? Тоа е дека студентот Бојан Христовски се стекнал со 180 кредити и истите овие предмети се препишани на уверението една година подоцна 14 август 2023 година, вкупно 39 заклучно со дипломскиот труд. Првичното уверение има 31 испит од 27.12.2022 тоа се 180 кредити и за една година се положени уште 8 предмети за стекнати 240 кредити“, изјави премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат временски период да ги отстранат недостатоците, а доколку не го направат тоа ќе бидат санкционирани, воедно потенцираше дека реформите во високото образование ќе се случат и ќе напредуваме како држава.
„Инспектори од државниот просветен инспекторат ќе има на сите универзитети и сите ќе добијат разумен рок доколку не ги исполнуваат условите да ги отстранат, а доколку тоа не се случи ќе бидат санкционирани согласно закон како што е предвидено. Треба и ќе има реформи во високото образование тоа да бидете сигурни и дека ќе напредуваме на скалите и дека ќе имаме нов закон за високото образование“, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски посочи дека за брзо ќе се вратат и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија од кои ќе се напредува и многу скоро ќе биде бесплатно за сите универзитети, да може сите работници на универзитетите бесплатно да го користат сите тие списанија од овие две научни бази. Во однос на прашањето од пратеникот Димитар Апасиев за образованието на директорот на АНБ, премиерот Мицкоски посочи дека документите за универзитетот кои пратеникот не се целосни, а инспекција на тој универзитет ќе има како и за сите останати.
„Можеби ги доставил некој документите до господинот Апасиев, но не му се тие целосни. Би сакал да дадам неколку аргументи, уверение за положени испити од прв циклус издадено на 27.12.2022 година, го имате ли тоа од истиот универзитет кој го цитирате? Тоа е дека студентот Бојан Христовски се стекнал со 180 кредити и истите овие предмети се препишани на уверението една година подоцна 14 август 2023 година, вкупно 39 заклучно со дипломскиот труд. Првичното уверение има 31 испит од 27.12.2022 тоа се 180 кредити и за една година се положени уште 8 предмети за стекнати 240 кредити“, изјави премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Граѓаните се греат со сѐ и сешто бидејќи никој не им донел алтернатива https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-graganite-se-great-so-s-i-seshto-bidejki-nikoj-ne-im-donel-alternativa/ Thu, 28 Nov 2024 15:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=842862

Врз основа на сите анализи, 60 проценти од ПМ 2,5 и ПМ 10 честички доаѓаат од начинот на затоплување и согорување на фосилни горива. Не се виновни граѓаните, таков е стандардот. Луѓето горат сѐ и сешто за да може да се стоплат во своите домови бидејќи алтернатива никој не им донел, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи ѝ на пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ која праша зошто е намален буџетот за мерки против аерозагадувањето и каде е најавената милијарда и планот за чист воздух.

-Не е точно дека парите во буџетот се намалени… Да ви кажам за ПМ 2,5 и ПМ 10 честичките околу Неготино и да ви спомнам за акцизите и за даноците поврзани со мазутот? Нема да спомнам за да не речете дека бегам од темата… Нема да спомнам ни за состојбата во која ја оставивте Национални шуми итн… Мој личен приоритет е да испроектираме неколку когенеративни централи. Немаме пари и ќе бараме партнер за заедно да инвестираме за една во Скопје, која ќе го опфати потегот од Драчево, Лисиче и тој дел којшто недостасува, потегот од фабриката ОХИС и надолу, бидејќи има цевка за гас таму, и втората е за западниот дел од градот – Ѓорче Петров, Волково, за да го опфатиме тој дел на градот којшто нема затоплување и каде што се користи тоа што се користи, истакна Мицкоски.

Како што рече, за пет месеци е физички невозможно да се направат крупни промени и ако претходната власт ја оставила државата во „одлична кондиција, со направен проект и локација, спроведен тендер со изведувач“, оваа влада ќе требало само да ја спроведе изградбата на когенеративни централи кои чинат по околу 250 до 300 милиони евра.

-Ниту локација, ниту проект, ниту пари, ништо. Сѐ уште зборуваме за исти проекти кои сме ги зборувале на времето, рече Мицкоски.

Посочи дека во план е на најмалку четири локации, евентуално на пет, низ Македонија да бидат изградени когенеративни термоцентрали централи кои истовремено и ќе затоплуваат преку топловодно греење и ќе произведуваат електрична енергија.

И да имало оставено пари за да се гради првата во Скопје и уште утре, рече, да се почне со изградба, тендерот најрано би бил распишан во првата половина на 2026 зашто дотогаш треба да се сменат плански документации.

-Затоа не ги гледате средствата во овој буџет. Но ако ги видите Функции на држава, таму има средства доколку постојат инцидентни состојби и ваков тип на активности кои се со цел да им помогнат на граѓаните, лесно можеме со прераспределба на владина седница да ги завршиме, рече Мицкоски.

Соопшти дека „во моментот“ добил информација дека пет милиони евра за „Дрисла“ се одблокирани од ЕУ кои „биле заглавени“ во времето на претходната власт.

Тече тендер за изградба на депонија во Свети Николе финансирана од ЕУ што, како што рече, ќе го реши проблемот од Берово до Куманово и е отпочнат процес за депонија во Новаци кој треба да го реши проблемот со отпадот од Дебар до Битола.

– За пет месеци успеавме сето тоа до овој степен да го донесеме, се надевам дека за 15 ќе биде повеќе, додаде Мицкоски на собраниската седница за поставување пратенички прашања.

The post Мицкоски: Граѓаните се греат со сѐ и сешто бидејќи никој не им донел алтернатива appeared first on Република.

]]>

Врз основа на сите анализи, 60 проценти од ПМ 2,5 и ПМ 10 честички доаѓаат од начинот на затоплување и согорување на фосилни горива. Не се виновни граѓаните, таков е стандардот. Луѓето горат сѐ и сешто за да може да се стоплат во своите домови бидејќи алтернатива никој не им донел, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи ѝ на пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ која праша зошто е намален буџетот за мерки против аерозагадувањето и каде е најавената милијарда и планот за чист воздух.
-Не е точно дека парите во буџетот се намалени… Да ви кажам за ПМ 2,5 и ПМ 10 честичките околу Неготино и да ви спомнам за акцизите и за даноците поврзани со мазутот? Нема да спомнам за да не речете дека бегам од темата… Нема да спомнам ни за состојбата во која ја оставивте Национални шуми итн… Мој личен приоритет е да испроектираме неколку когенеративни централи. Немаме пари и ќе бараме партнер за заедно да инвестираме за една во Скопје, која ќе го опфати потегот од Драчево, Лисиче и тој дел којшто недостасува, потегот од фабриката ОХИС и надолу, бидејќи има цевка за гас таму, и втората е за западниот дел од градот – Ѓорче Петров, Волково, за да го опфатиме тој дел на градот којшто нема затоплување и каде што се користи тоа што се користи, истакна Мицкоски.
Како што рече, за пет месеци е физички невозможно да се направат крупни промени и ако претходната власт ја оставила државата во „одлична кондиција, со направен проект и локација, спроведен тендер со изведувач“, оваа влада ќе требало само да ја спроведе изградбата на когенеративни централи кои чинат по околу 250 до 300 милиони евра.
-Ниту локација, ниту проект, ниту пари, ништо. Сѐ уште зборуваме за исти проекти кои сме ги зборувале на времето, рече Мицкоски.
Посочи дека во план е на најмалку четири локации, евентуално на пет, низ Македонија да бидат изградени когенеративни термоцентрали централи кои истовремено и ќе затоплуваат преку топловодно греење и ќе произведуваат електрична енергија. И да имало оставено пари за да се гради првата во Скопје и уште утре, рече, да се почне со изградба, тендерот најрано би бил распишан во првата половина на 2026 зашто дотогаш треба да се сменат плански документации.
-Затоа не ги гледате средствата во овој буџет. Но ако ги видите Функции на држава, таму има средства доколку постојат инцидентни состојби и ваков тип на активности кои се со цел да им помогнат на граѓаните, лесно можеме со прераспределба на владина седница да ги завршиме, рече Мицкоски.
Соопшти дека „во моментот“ добил информација дека пет милиони евра за „Дрисла“ се одблокирани од ЕУ кои „биле заглавени“ во времето на претходната власт. Тече тендер за изградба на депонија во Свети Николе финансирана од ЕУ што, како што рече, ќе го реши проблемот од Берово до Куманово и е отпочнат процес за депонија во Новаци кој треба да го реши проблемот со отпадот од Дебар до Битола.
– За пет месеци успеавме сето тоа до овој степен да го донесеме, се надевам дека за 15 ќе биде повеќе, додаде Мицкоски на собраниската седница за поставување пратенички прашања.

The post Мицкоски: Граѓаните се греат со сѐ и сешто бидејќи никој не им донел алтернатива appeared first on Република.

]]>
Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ratite-za-novite-avtobusi-ke-se-otplakaat-od-2028-godina-najavuva-premierot-mitskoski/ Thu, 28 Nov 2024 14:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=842854

Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот се до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање од пратеничката Сања Лукаревска до каде е набавката за електрични автобуси.

Мицкоски на седницата за пратенички прашања посочи дека парите за набавка нема да се видат во новиот буџет, туку, како што рече, тие ќе бидат во предвидени во полугодишните рати за февруари-март 2028 година.

Затоа што условот е грејс период и заради анализата на пазарот. За тогаш е планирана првата од осумте полугодишни рати, која ќе доспее дури тогаш. Тогаш ќе се набавуваат 100 до 120 електрични автобуси, со 50 полначи. Поголемиот дел ќе бидат за Скопје, а останатите за градовите во кои има организиран јавен превоз, одговори Мицкоски.

The post Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот се до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање од пратеничката Сања Лукаревска до каде е набавката за електрични автобуси. Мицкоски на седницата за пратенички прашања посочи дека парите за набавка нема да се видат во новиот буџет, туку, како што рече, тие ќе бидат во предвидени во полугодишните рати за февруари-март 2028 година.
Затоа што условот е грејс период и заради анализата на пазарот. За тогаш е планирана првата од осумте полугодишни рати, која ќе доспее дури тогаш. Тогаш ќе се набавуваат 100 до 120 електрични автобуси, со 50 полначи. Поголемиот дел ќе бидат за Скопје, а останатите за градовите во кои има организиран јавен превоз, одговори Мицкоски.

The post Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Планот за чист воздух на СДСМ бил најден под метар прашина: Мицкоски најави дека приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/planot-za-chist-vozduh-na-sdsm-bil-najden-pod-metar-prashina-mitskoski-najavi-deka-prioritet-ke-bidat-kogenerativnite-termotsentrali/ Thu, 28 Nov 2024 14:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=842830

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека минатата власт не оставила ниту проекти, ниту пари за изградба на когенеративни централи, додека планот за чист воздух за кој зборуваат од 2018 бил заборавен со метар прашина на него, самите СДСМ не можеле да го најдат, а воедно не е точно дека парите во буџетот се намалени за заштита животната средина, поголеми се од тоа што биле.

Каква е реалноста, што оставивте ниту локација, ниту проект, ниту пари, ништо. Сè уште зборуваме за истите проекти кои на времето сме ги зборувале. Врз основа на сите анализи 60% од овие ПМ 10 и ПМ 2,5 честички доаѓаат поради начинот на затоплување и согорување од фосилно гориво, не се виновни граѓаните таков е стандардот, алтернатива никој не им донел - изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеничката Сања Лукаревска.

Мицкоски посочи когенеративните централи ќе бидат приоритет, дека се работи на 4 до 5 вакви локации за да бидат изградени когенеративни термоцентрали што ќе значат и затоплување преку топловодно греење и производство на електрична енергија во оние периоди од годината кога тоа ќе дојде, но бидејќи минатата власт не остави ништо, за да се испроектира сето тоа, тендерот би започнал во 2026 година.

Во Скопје првата да ја изградиме под услов да не бараме приватен партнер бидејќи не сте оставиле ништо, тендерот најрано ќе се распише 2026 година, до тогаш треба да се сменат планови. Има локации каде има плански документации каде се предвидени такви парцели, тие се три што постојат, две во Скопје и една во Куманово, утре да почнеме за да го испроектираме сето тоа треба најмалку година и половина. Затоа не ги гледате средствата во овој буџет, но ако видите во функции на држава ќе видите дека постојат за ваков тип на активности со прераспределба да го завршиме - рече Мицкоски.

Во однос на депониите премиерот Мицкоски потенцираше дека во моментот се одглавени 5 милиони евра за Дрисла од ЕУ заглавени од време на СДСМ.

Во моментот тече тендерот за депонија во Свети Николе финансирана од ЕУ. За години од денеска ќе речат дека е добро затоа што тоа ќе го реши проблемот од Берово и Куманово, отпочнат е процесот за депонија во Новаци и тоа ќе го реши проблемот од Дебар до Битола и Новаци. Недостасува само обиколницата околу Ресен која ќе ја решиме за да не поминуваат камионите во градот, особено не кога има берба на јаболка - изјави Мицкоски.

Одговарајќи на прашањето за новите автобуси во Скопје, премиерот Мицкоски нагласи дека парите ги нема во овој буџет затоа што истите сега ќе се купат, а отплатата ќе почне во 2028 година.

Нема да ги видите парите во овој буџет за новите автобуси затоа што ќе бидат купени, а обврските ќе почнат да доспеваат февруари-март 2028 година, во тој буџет во 2028 ќе ги видите, затоа што условот за да влеземе во овој процес е да има најмалку 3 години грејс период и отприлика 100 до 120 автобуси можеме да си дозволиме и тие нема да завршат само во Скопје, туку и во другите градови каде има организиран јавен превоз, најголемиот дел ќе се во Скопје, ние сме влада на цела држава. Ако биде сè како што треба до крај на оваа година очекувам тендерот да биде објавен, сè ќе биде врз основа на законите - изјави премиерот Мицкоски.

The post Планот за чист воздух на СДСМ бил најден под метар прашина: Мицкоски најави дека приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали appeared first on Република.

Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sostojbata-vo-budhetot-koja-shto-ja-nasledivme-beshe-alarmantna-jo-da-go-istrazhi-raboteneto-vo-rek-bitola-dolgot-e-5-milijardi-denari-2/ Thu, 28 Nov 2024 13:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=842789

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека состојбата која што ја наследил била алармантна, укажувајќи дека оваа Влада е единствената Влада која во процес на формирање беше нападната од опозицијата, но и од одредени здруженија и синдикални организации.

Состојбата не беше тешка, туку алармантна. И можеби оваа Влада е единствената Влада уште во процесот на формирање беше нападната од страна на денешната опозиција, но истовремено нападната и од одредени здруженија на граѓани, синдикални организации дека е против работничките права, зголемување на платите - вели тој.

Мицкоски потенцираше дека дупката во Буџетот била огромна, посочувајќи дека само за редовна исплата на пензиите недостасувале 5 милијарди денари, но не било заборавено да се исплатат аванс на проект од речиси 300 милиони евра за проект кој што не бил започнат.

Дупката беше толку голема, злоупотребите беа такви и континуирано излегуваа на површина акумулирани долгови што тоа не загрижи и велевме сега што правиме и како ќе ја завршиме годината, имајќи во предвид дека за редовните исплати недостасуваа средства. Недисциплина, демотивирање во администрацијата, моралот беше на ниско ниво, се уште во институциите распослани кадри од претходната власт на СДСМ и ДУИ.

Само за редовна исплата на пензии, недостасуваа 5 милијарди денари во Буџетот. Точно 5 милијарди денари во Буџетот. Но, не било заборавено да бидат исплатени авансите за проектите кои што никогаш не тргнале. Еве на пример не бил заборавен да се исплати речиси 300 милиони евра за еден клучен проект, кој што требаше оваа Влада да дојде, да ги откочи сите проекти, и да може денеска тој проект да се движи и тоа се гледа на лице место. Тоа е проектот кој што ќе ги поврзува во иднина Гостивар со селото Букојчани и Прилеп со Битола - истакна тој.

Еве јас го повикувам јавниот обвинител да влезе и да види кој е подизведувач на делницата од Гостивар до Букојчани и дали тој подизведувач е сопственик на позната куќа која што цела Македонија ја знае во едно рурално место од Западна Македонија, во близина на Тетово. И дали на тој подизведувач му е одземена лиценцата поради тоа што му се урна мостот бидејќи тој „случајно“ бил подизведувач и на еден друг проект на пругата кој што е дел од коридорот 8. Му се урна мостот, истакна премиерот и го повика повторно јавниот обвинител да го истражи целиот случај доколку е подготвен.

Премиерот Мицкоски додаде дека со ребаланс на Буџетот, Владата обезбедила и 1 милијарда денари за к15 на вработените во администрацијата.

Понатаму, бидејќи сме за работничките права 1 милијарда денари недостасуваа за К15. Не ја предвиделе во Буџетот, со ребалансот ние и тие ги обезбедивме, 1 милијарда денари сега во декември ќе се исплати на вработените повеќе од 83 илјади во јавната администрација, додаде Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ закочила половина милијарда евра пари обезбедени од ЕИБ за комунални проекти во општините, бидејќи поголем број од градоначалниците биле од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека сегашниот министер за животна средина Меџити го откочил овој процес бидејќи тие пари се за проекти за граѓаните.

Оваа Влада обезбеди речиси 500 милиони евра инвестиции во сите општини во цела Македонија без разлика дали градоначалникот е од ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, независен, ВРЕДИ значи не се бираше. А знаете што правела претходната Влада, бидејќи јас очекував за тоа да се збори кога станува збор за Министерството за животна средина, 50 милиони евра земени пари, одобрени пари од Европска инвестициска банка за проекти за комунална инфраструктура, водоводи и канализации стоеле затоа што градоначалниците најголем дел биле од опозицијата во тоа време. Е дојде сега овој министер Изет Меџити го одглави процесот без разлика што ќе има корисници од различни политички партии, тоа е за граѓаните. Пола милијарда евра за граѓаните. Кога зборувавме за овој инвестициски бран, тогаш сите велеа дека ќе има партиска чистка, ние што велевме еве и тие кои што немаат подготвено проектна документација дадовме дополнителен рок до 15 ноември доставија и ќе добијат. Тука ќе има проекти и во Липково, и во Желино и во Тетово, Штип, Струмица, и во Струга, и во Делчево и во Пробиштип, и во Врапчиште и во Боговиње. Но, за жал се уште поедини политичари живеат во времето од пред 100 години, наместо да гледаме напред за 100 години - изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека Јавниот обвинител треба да го истражи и работењето во РЕК Битола, бидејќи како што рече таму долгот е 5 милијарди денари.

Немаше предвидено за плати во неколку јавни претпријатија и во институции. Но, бидејќи го спомнавте РЕК Битола 5 милијарди денари е долгот. И еве повторно го повикувам Јавниот обвинител ако не е анксиозен, со повисока температура, со грчеви во стомакот и цревата да влезат во компанијата и да истражат како инстант компании, јас ќе им ги дадам адресите од рурални места во Западна Македонија преку ноќ стануваат милионери, еве јас ќе им ги дадам адресите, име и презиме од сопствениците на тие компании.

The post Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека состојбата која што ја наследил била алармантна, укажувајќи дека оваа Влада е единствената Влада која во процес на формирање беше нападната од опозицијата, но и од одредени здруженија и синдикални организации.
Состојбата не беше тешка, туку алармантна. И можеби оваа Влада е единствената Влада уште во процесот на формирање беше нападната од страна на денешната опозиција, но истовремено нападната и од одредени здруженија на граѓани, синдикални организации дека е против работничките права, зголемување на платите - вели тој.
Мицкоски потенцираше дека дупката во Буџетот била огромна, посочувајќи дека само за редовна исплата на пензиите недостасувале 5 милијарди денари, но не било заборавено да се исплатат аванс на проект од речиси 300 милиони евра за проект кој што не бил започнат. Дупката беше толку голема, злоупотребите беа такви и континуирано излегуваа на површина акумулирани долгови што тоа не загрижи и велевме сега што правиме и како ќе ја завршиме годината, имајќи во предвид дека за редовните исплати недостасуваа средства. Недисциплина, демотивирање во администрацијата, моралот беше на ниско ниво, се уште во институциите распослани кадри од претходната власт на СДСМ и ДУИ.
Само за редовна исплата на пензии, недостасуваа 5 милијарди денари во Буџетот. Точно 5 милијарди денари во Буџетот. Но, не било заборавено да бидат исплатени авансите за проектите кои што никогаш не тргнале. Еве на пример не бил заборавен да се исплати речиси 300 милиони евра за еден клучен проект, кој што требаше оваа Влада да дојде, да ги откочи сите проекти, и да може денеска тој проект да се движи и тоа се гледа на лице место. Тоа е проектот кој што ќе ги поврзува во иднина Гостивар со селото Букојчани и Прилеп со Битола - истакна тој.
Еве јас го повикувам јавниот обвинител да влезе и да види кој е подизведувач на делницата од Гостивар до Букојчани и дали тој подизведувач е сопственик на позната куќа која што цела Македонија ја знае во едно рурално место од Западна Македонија, во близина на Тетово. И дали на тој подизведувач му е одземена лиценцата поради тоа што му се урна мостот бидејќи тој „случајно“ бил подизведувач и на еден друг проект на пругата кој што е дел од коридорот 8. Му се урна мостот, истакна премиерот и го повика повторно јавниот обвинител да го истражи целиот случај доколку е подготвен. Премиерот Мицкоски додаде дека со ребаланс на Буџетот, Владата обезбедила и 1 милијарда денари за к15 на вработените во администрацијата. Понатаму, бидејќи сме за работничките права 1 милијарда денари недостасуваа за К15. Не ја предвиделе во Буџетот, со ребалансот ние и тие ги обезбедивме, 1 милијарда денари сега во декември ќе се исплати на вработените повеќе од 83 илјади во јавната администрација, додаде Мицкоски. Премиерот Мицкоски нагласи дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ закочила половина милијарда евра пари обезбедени од ЕИБ за комунални проекти во општините, бидејќи поголем број од градоначалниците биле од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека сегашниот министер за животна средина Меџити го откочил овој процес бидејќи тие пари се за проекти за граѓаните.
Оваа Влада обезбеди речиси 500 милиони евра инвестиции во сите општини во цела Македонија без разлика дали градоначалникот е од ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, независен, ВРЕДИ значи не се бираше. А знаете што правела претходната Влада, бидејќи јас очекував за тоа да се збори кога станува збор за Министерството за животна средина, 50 милиони евра земени пари, одобрени пари од Европска инвестициска банка за проекти за комунална инфраструктура, водоводи и канализации стоеле затоа што градоначалниците најголем дел биле од опозицијата во тоа време. Е дојде сега овој министер Изет Меџити го одглави процесот без разлика што ќе има корисници од различни политички партии, тоа е за граѓаните. Пола милијарда евра за граѓаните. Кога зборувавме за овој инвестициски бран, тогаш сите велеа дека ќе има партиска чистка, ние што велевме еве и тие кои што немаат подготвено проектна документација дадовме дополнителен рок до 15 ноември доставија и ќе добијат. Тука ќе има проекти и во Липково, и во Желино и во Тетово, Штип, Струмица, и во Струга, и во Делчево и во Пробиштип, и во Врапчиште и во Боговиње. Но, за жал се уште поедини политичари живеат во времето од пред 100 години, наместо да гледаме напред за 100 години - изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека Јавниот обвинител треба да го истражи и работењето во РЕК Битола, бидејќи како што рече таму долгот е 5 милијарди денари. Немаше предвидено за плати во неколку јавни претпријатија и во институции. Но, бидејќи го спомнавте РЕК Битола 5 милијарди денари е долгот. И еве повторно го повикувам Јавниот обвинител ако не е анксиозен, со повисока температура, со грчеви во стомакот и цревата да влезат во компанијата и да истражат како инстант компании, јас ќе им ги дадам адресите од рурални места во Западна Македонија преку ноќ стануваат милионери, еве јас ќе им ги дадам адресите, име и презиме од сопствениците на тие компании.

The post Мицкоски: Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола долгот е 5 милијарди денари appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nemame-platforma-protiv-albantsite-tuku-platforma-protiv-partiskite-profiteri-i-kriminaltsi/ Thu, 28 Nov 2024 12:27:34 +0000 https://republika.mk/?p=842762

ДУИ ја менува реториката во милитантна со цел да се создадат етнички тензии кога ја губи власта и затоа што нејзини членови треба да одговараат за криминал, смета премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката од ДУИ Арбана Пашоли која обвини дека Владата спроведува „платформа против Албанците“.

Како што рече, „ова не е платформа против Албанците, ова е платформа против партиските профитери и криминалци“, без разлика на нивната етничка припадност, доколку се осомничени за сторен криминал.

Мицкоски и порача на Пашоли да им пренесе на нејзините сопартијци кои, рече, требало да седат покрај неа, „дека најголем дел од нив и ним блиските се поврзани со основани сомнежи за злоупотреба и сторен криминал којшто го направиле во изминатите повеќе од 20 години активно учествувајќи во власта“.

Жалам што поради тоа што со употреба на европско знаменце, преку политички мускули донесовте измени во Кривичниот законик, па најголем дел од тие луѓе, на кои сега им се обраќам преку вас, нема да може да одговараат. Затоа вие и ги донесовте тие измени на Кривичниот законик за тие луѓе да ги заштитите да не одговараат. Сега се кријат зад превезот на создавање етничка фрикција. Ние тоа нема да го дозволиме бидејќи сме одговорна влада која се грижи за сите граѓани на целата територија на Македонија - истакна Мицкоски.

И предложи на пратеничката да праша некој од Извршниот комитет на ДУИ зошто дел од нивните роднини, за кои веќе има поднесено кривични пријави, не се во земјава и се избегани, и како „се купуваат трговски центри од голобради момчиња“ во центарот на Скопје, исто како и „деловни објекти од стотици квадратни метри од роднини на високи функционери на ДУИ“ кои, рече, и со помош на алхемија не можеле ни приближно да стекнат такво богатство. Ја покани пратеничката да прошетаат за да ги видат „хациендите во кои живеат луѓе кои се дел од структурите на ДУИ, ним блиски и нивни роднини“, и нивната имотна состојба да ја споредат со она што го поседувале пред 20 години.

Наеднаш кога не сме на власт, кога не можеме да играме фудбалчиња по канцеларии и не можеме да ги злоупотребуваме и користиме ресурсите кои ги плаќаат граѓаните, кога не можеме да живееме на товар на буџетот, тогаш веќе преминуваме на реторика која е милитантна и има цел да создаде фрикција, етнички тензии, бидејќи сте немоќни на друг начин да привлечете луѓе кои ќе ви се приклучат. Зашто Албанците се многу паметни во нашата Македонија и тие знаат што правевте изминатите 20 години и ги гледаат белите дворци што се изградија преку ноќ - рече Мицкоски со порака до ДУИ да се реорганизира, реструктурира и да направат нова платформа.

За обвинувањето од пратеничката Пашоли дека со иницијативата за преразгледување на Законот за употреба на јазиците во Уставниот суд се оспорува албанскиот јазик, премиерот одговори дека тие се судиите предложени токму од нејзината партија и дека се „истите обвинители и судии“ кои од разни причини и оправдувања не потпишуваат налог за претрес или приведување на осомничени за криминал.

Истите тие се денес во Уставниот суд кои вие ги гласавте и вие ги предлагавте. Не јас, не ВМРО-ДПМНЕ, вие заедно со вашите коалициски партнери од СДСМ и останатите политички партии кои го формираа тоа мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ беше против. Ваму сте моќни - овие преку ноќ да добијат анксиозност, дијареја и повишена температура и да не можат да потпишат налог за претрес, приведување за осомничени за сторен криминал и сега сакате да кажете дека ние, од владината коалиција, можеме нешто да направиме. Не, тезата ви е погрешна - рече Мицкоски.

Пратеничката Пашоли реплицираше дека е разочарана од одговорот на премиерот и смета дека ја злоупотребил собраниската говорница зашто само две минути посветил да одговори на нејзиното прашање кое, рече, е многу важно за Албанците.

Не кажавте јасно и гласно дека не сте против употребата на албанскиот јазик... Ако со дела, а не со зборови, ќе ги уцените правата на Албанците, тогаш ќе ја ставите во опасност иднината на Македонија, рече пратеничката на ДУИ.

The post Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци appeared first on Република.

]]>

ДУИ ја менува реториката во милитантна со цел да се создадат етнички тензии кога ја губи власта и затоа што нејзини членови треба да одговараат за криминал, смета премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката од ДУИ Арбана Пашоли која обвини дека Владата спроведува „платформа против Албанците“. Како што рече, „ова не е платформа против Албанците, ова е платформа против партиските профитери и криминалци“, без разлика на нивната етничка припадност, доколку се осомничени за сторен криминал. Мицкоски и порача на Пашоли да им пренесе на нејзините сопартијци кои, рече, требало да седат покрај неа, „дека најголем дел од нив и ним блиските се поврзани со основани сомнежи за злоупотреба и сторен криминал којшто го направиле во изминатите повеќе од 20 години активно учествувајќи во власта“.
Жалам што поради тоа што со употреба на европско знаменце, преку политички мускули донесовте измени во Кривичниот законик, па најголем дел од тие луѓе, на кои сега им се обраќам преку вас, нема да може да одговараат. Затоа вие и ги донесовте тие измени на Кривичниот законик за тие луѓе да ги заштитите да не одговараат. Сега се кријат зад превезот на создавање етничка фрикција. Ние тоа нема да го дозволиме бидејќи сме одговорна влада која се грижи за сите граѓани на целата територија на Македонија - истакна Мицкоски.
И предложи на пратеничката да праша некој од Извршниот комитет на ДУИ зошто дел од нивните роднини, за кои веќе има поднесено кривични пријави, не се во земјава и се избегани, и како „се купуваат трговски центри од голобради момчиња“ во центарот на Скопје, исто како и „деловни објекти од стотици квадратни метри од роднини на високи функционери на ДУИ“ кои, рече, и со помош на алхемија не можеле ни приближно да стекнат такво богатство. Ја покани пратеничката да прошетаат за да ги видат „хациендите во кои живеат луѓе кои се дел од структурите на ДУИ, ним блиски и нивни роднини“, и нивната имотна состојба да ја споредат со она што го поседувале пред 20 години.
Наеднаш кога не сме на власт, кога не можеме да играме фудбалчиња по канцеларии и не можеме да ги злоупотребуваме и користиме ресурсите кои ги плаќаат граѓаните, кога не можеме да живееме на товар на буџетот, тогаш веќе преминуваме на реторика која е милитантна и има цел да создаде фрикција, етнички тензии, бидејќи сте немоќни на друг начин да привлечете луѓе кои ќе ви се приклучат. Зашто Албанците се многу паметни во нашата Македонија и тие знаат што правевте изминатите 20 години и ги гледаат белите дворци што се изградија преку ноќ - рече Мицкоски со порака до ДУИ да се реорганизира, реструктурира и да направат нова платформа.
За обвинувањето од пратеничката Пашоли дека со иницијативата за преразгледување на Законот за употреба на јазиците во Уставниот суд се оспорува албанскиот јазик, премиерот одговори дека тие се судиите предложени токму од нејзината партија и дека се „истите обвинители и судии“ кои од разни причини и оправдувања не потпишуваат налог за претрес или приведување на осомничени за криминал.
Истите тие се денес во Уставниот суд кои вие ги гласавте и вие ги предлагавте. Не јас, не ВМРО-ДПМНЕ, вие заедно со вашите коалициски партнери од СДСМ и останатите политички партии кои го формираа тоа мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ беше против. Ваму сте моќни - овие преку ноќ да добијат анксиозност, дијареја и повишена температура и да не можат да потпишат налог за претрес, приведување за осомничени за сторен криминал и сега сакате да кажете дека ние, од владината коалиција, можеме нешто да направиме. Не, тезата ви е погрешна - рече Мицкоски.
Пратеничката Пашоли реплицираше дека е разочарана од одговорот на премиерот и смета дека ја злоупотребил собраниската говорница зашто само две минути посветил да одговори на нејзиното прашање кое, рече, е многу важно за Албанците. Не кажавте јасно и гласно дека не сте против употребата на албанскиот јазик... Ако со дела, а не со зборови, ќе ги уцените правата на Албанците, тогаш ќе ја ставите во опасност иднината на Македонија, рече пратеничката на ДУИ.

The post Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-mnogu-skoro-od-denes-od-ovaa-govornitsa-ke-slushate-shto-se-e-praveno-so-bezbednosnite-sluzhbi-i-ke-se-sramite/ Thu, 28 Nov 2024 11:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=842720

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се правело со безбедносните служби, а СДСМ ќе се срамат и ќе треба да се извинат.

Ве носат во длабоко тие кои ви ги даваат прашањата многу скоро од денеска ќе се срамат, јавноста ќе знае. Се сеќавате на оној проект „вистината за Македонија“, ќе ја видите невистината на тие што правеле околу прислушкувањето и ќе се срамите и ќе излезете да се извините, затоа што во услови на фашистички режими не се следеле и прислушкувале луѓе кои водат опозициски партии. Убеден сум дека дел од последното раководство на СДСМ не знаеле, но дел го правеле за злоупотреба и лична агенда, но тоа што се случувало ќе ве згрози, какви мерки се преземале, физичко следење и употреба на недозволени методи. Затоа се плашите вие - рече премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Митко Трајчулевски.

Премиерот Мицкоски посочи дека ја следи дебатата на остатоците на удбашки и болшевистички структури кои до ден денеска за жал се присутни во кодошките безбедносни структури и посочи дека затоа се плашат од спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Во однос на именувањата на кадри по институции, премиерот Мицкоски потсети дека пред да биде променет законот во Собрание, со кој двете второстепени комисии за управна постапка и инспекциски надзор позицијата претседател на таа комисија беше претседателка на општинската организација на СДСМ во Велес.

Дали требаше да ја оставиме, Даница Чадиева, тоа е професионалната администрација која вие ја замислувате, така нема да работиме. Во Агенцијата за електронски комуникации член беше претседател на општинската организација на СДСМ во Карпош, дали требаше да го оставиме без никакви квалификации и стручност? Ако мислите дека тоа е професионален однос не се согласувам и грешите. Сите овие институции резултираа со отприлика помалку 50 функционерски места. Сите овие институции кои ги споменувате ги бира Собранието, најголем дел од нив. Да потсетам во 2018 година како беа бирани членовите во Регулаторна комисија за енергетика, на најбрутален начин со закани најпрвин во канцеларијата каде што работам јас, а потоа и во Собранието. Претседател на Регулаторна е Марко Бислимоски предлог на СДСМ, јавен обвинител е Коцевски вие го биравте - додаде премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека токму затоа денеска обвинителите кога треба да се справуваме со криминалот и корупцијата од минатото се или со повишена температура или имаат дијареја или имаат несоница и патат од анксиозност и не ги потпишуваат налозите.

Тоа се ваши кадри и ако тоа според вас е професионализација, начинот на кој треба да работиме, не се согласувам. Ние ги менуваме работите, да видат граѓаните дека можело и поинаку и објаснив и зошто Шекеринска ја поддржавме и лобиравме за да биде претставена Македонија со свој заменик генерален секретар во НАТО, земете пример. Поставувате прашање кое нема логика, особено во институција којашто до вечера ваш претседател на општинска организација ја обавуваше. Јас не слушнав дека вие го оспоривте Орце Симов со неговата стручност, ни овде, ниту во една од стопанските комори каде е потпретседател. Човекот е универзитетски професор, доктор по информациски технологии, а исто и Ангелка дипломирала надвор од Македонија, стручна е, не кажавте дека не ги исполнуваат условите. Поддржете еднаш нешто што е нормално и различно - истакна премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите! appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се правело со безбедносните служби, а СДСМ ќе се срамат и ќе треба да се извинат.
Ве носат во длабоко тие кои ви ги даваат прашањата многу скоро од денеска ќе се срамат, јавноста ќе знае. Се сеќавате на оној проект „вистината за Македонија“, ќе ја видите невистината на тие што правеле околу прислушкувањето и ќе се срамите и ќе излезете да се извините, затоа што во услови на фашистички режими не се следеле и прислушкувале луѓе кои водат опозициски партии. Убеден сум дека дел од последното раководство на СДСМ не знаеле, но дел го правеле за злоупотреба и лична агенда, но тоа што се случувало ќе ве згрози, какви мерки се преземале, физичко следење и употреба на недозволени методи. Затоа се плашите вие - рече премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Митко Трајчулевски.
Премиерот Мицкоски посочи дека ја следи дебатата на остатоците на удбашки и болшевистички структури кои до ден денеска за жал се присутни во кодошките безбедносни структури и посочи дека затоа се плашат од спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Во однос на именувањата на кадри по институции, премиерот Мицкоски потсети дека пред да биде променет законот во Собрание, со кој двете второстепени комисии за управна постапка и инспекциски надзор позицијата претседател на таа комисија беше претседателка на општинската организација на СДСМ во Велес.
Дали требаше да ја оставиме, Даница Чадиева, тоа е професионалната администрација која вие ја замислувате, така нема да работиме. Во Агенцијата за електронски комуникации член беше претседател на општинската организација на СДСМ во Карпош, дали требаше да го оставиме без никакви квалификации и стручност? Ако мислите дека тоа е професионален однос не се согласувам и грешите. Сите овие институции резултираа со отприлика помалку 50 функционерски места. Сите овие институции кои ги споменувате ги бира Собранието, најголем дел од нив. Да потсетам во 2018 година како беа бирани членовите во Регулаторна комисија за енергетика, на најбрутален начин со закани најпрвин во канцеларијата каде што работам јас, а потоа и во Собранието. Претседател на Регулаторна е Марко Бислимоски предлог на СДСМ, јавен обвинител е Коцевски вие го биравте - додаде премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски посочи дека токму затоа денеска обвинителите кога треба да се справуваме со криминалот и корупцијата од минатото се или со повишена температура или имаат дијареја или имаат несоница и патат од анксиозност и не ги потпишуваат налозите.
Тоа се ваши кадри и ако тоа според вас е професионализација, начинот на кој треба да работиме, не се согласувам. Ние ги менуваме работите, да видат граѓаните дека можело и поинаку и објаснив и зошто Шекеринска ја поддржавме и лобиравме за да биде претставена Македонија со свој заменик генерален секретар во НАТО, земете пример. Поставувате прашање кое нема логика, особено во институција којашто до вечера ваш претседател на општинска организација ја обавуваше. Јас не слушнав дека вие го оспоривте Орце Симов со неговата стручност, ни овде, ниту во една од стопанските комори каде е потпретседател. Човекот е универзитетски професор, доктор по информациски технологии, а исто и Ангелка дипломирала надвор од Македонија, стручна е, не кажавте дека не ги исполнуваат условите. Поддржете еднаш нешто што е нормално и различно - истакна премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите! appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Ќе влеземе во робусна акција, aко треба со корумпираните судии и обвинители ќе се справиме на поинаков начин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-vlezeme-vo-robusna-aktsija-ako-treba-so-korumpiranite-sudii-i-obviniteli-ke-se-spravime-na-poinakov-nachin/ Thu, 28 Nov 2024 11:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=842699

Граѓаните велат добро е, работите, ама никако да се справите со криминалот и со корупцијата. И ги разбирам. Сè додека тие луѓе се присутни во судството и во обинителството ние, за жал,  не можеме да одиме чекор напред во борбата со криминалот корупцијата и со сенките од минатото кои се дел од тоа политичко мочуриште кое го зароби судството и обвинителството, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за коментар во врска со тоа што претседателката на Судскиот совет Весна дамева планира да си го продолжи мандатот за уште шест месеци.

Според него тие на тој начин секогаш наоѓаат начин да ја оптруираат работата на органите на прогонот.

- Јас сум жестоко разочаран, од ова што се случува денеска, но верувајте нема уште долго, ќе влеземе во робусна акција и ако ако треба со тие корупирани судии и обвинители ќе се справиме на поинаков начин, рече Мицкоски

The post Mицкоски: Ќе влеземе во робусна акција, aко треба со корумпираните судии и обвинители ќе се справиме на поинаков начин appeared first on Република.

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски и најавува „робусна акција“ за справување со корумпираните обвинители и судии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekogash-koga-treba-pravdata-da-ja-implementirame-nekoj-dobiva-dijareja-temperatura-ili-anksioznost-veli-mitskoski-i-najavuva-robusna-aktsija-za-spravuvane-so-korumpiranite-obviniteli-i-sudii/ Wed, 27 Nov 2024 14:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=842414

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“.

До Обвинителството, Мицкоски рече дека имаат доставено повеќе од стотици случаи каде има основа за кривични дела, но дека тие секогаш тие наоѓаат начин да ја опструираат акцијата.

Секоја седница на Влада читаме ревизорски извештаи и на секоја седница на Влада директно јас го прашувам ревизорот дали има основ за кривични дела и дали е тоа доставено до обвинителството и на секоја седница на Влада го добивам истиот одговор – да, доставено е, што значи дека имаме повеќе од стотици случаи доставено до обвинителството. Дали вие сте слушнале освен тоа кога на некој обвинител кога треба да потпише налог за приведување, или претрес итн. му се слошило, добил дијареја, со гушење, зголемена температура или добила итн. Секогаш тие наоѓаат некаков начин да ја опструираат акцијата на органите на прогонот. Јас сум жестоко разочаран од ова што се случува денеска, но верувајте нема да биде уште долго, туку ќе влеземе во една робусна акција и ако треба со тие корумпирани обвинители и судии ќе се справиме и на поинаков начин - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на КОСТАЛ Македонија.

Тоа, нагласи Мицкоски, го кажувам долго време и, како што посочи, затоа има разбирање „за граѓаните зошто велат добро е, работите, но никако да се справите со криминалот и корупцијата“.

Се додека тие луѓе се присутни и во обвинителството и во судството за жал ние не може да можеме да одиме чекор напред во борбата со криминалот и корупцијата и сенките од минатото коишто се дел од политичко мочуриште кое што го зароби обвинителството и судството - изјави Мицкоски.

Прашан што се презема за да се намали иселувањето Мицкоски, рече дека „се што треба ќе направиме и правиме да ги вратиме луѓето, кои што заминаа, дома“ и оти затоа е потребна правда.

На нив им треба надеж, а мислам дека полека, но сигурно надежта се враќа, со исклучок на една работа. Тука признавам и жалам зошто е така, затоа што секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите. Секогаш кога треба правдата да ја испорачаат органите на редот и тука ќе влеземе робусно во периодот што следи, нема повеќе трпение, заврши трпението - рече Мицкоски.

The post Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски и најавува „робусна акција“ за справување со корумпираните обвинители и судии appeared first on Република.

]]>

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“. До Обвинителството, Мицкоски рече дека имаат доставено повеќе од стотици случаи каде има основа за кривични дела, но дека тие секогаш тие наоѓаат начин да ја опструираат акцијата.
Секоја седница на Влада читаме ревизорски извештаи и на секоја седница на Влада директно јас го прашувам ревизорот дали има основ за кривични дела и дали е тоа доставено до обвинителството и на секоја седница на Влада го добивам истиот одговор – да, доставено е, што значи дека имаме повеќе од стотици случаи доставено до обвинителството. Дали вие сте слушнале освен тоа кога на некој обвинител кога треба да потпише налог за приведување, или претрес итн. му се слошило, добил дијареја, со гушење, зголемена температура или добила итн. Секогаш тие наоѓаат некаков начин да ја опструираат акцијата на органите на прогонот. Јас сум жестоко разочаран од ова што се случува денеска, но верувајте нема да биде уште долго, туку ќе влеземе во една робусна акција и ако треба со тие корумпирани обвинители и судии ќе се справиме и на поинаков начин - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на КОСТАЛ Македонија.
Тоа, нагласи Мицкоски, го кажувам долго време и, како што посочи, затоа има разбирање „за граѓаните зошто велат добро е, работите, но никако да се справите со криминалот и корупцијата“.
Се додека тие луѓе се присутни и во обвинителството и во судството за жал ние не може да можеме да одиме чекор напред во борбата со криминалот и корупцијата и сенките од минатото коишто се дел од политичко мочуриште кое што го зароби обвинителството и судството - изјави Мицкоски.
Прашан што се презема за да се намали иселувањето Мицкоски, рече дека „се што треба ќе направиме и правиме да ги вратиме луѓето, кои што заминаа, дома“ и оти затоа е потребна правда.
На нив им треба надеж, а мислам дека полека, но сигурно надежта се враќа, со исклучок на една работа. Тука признавам и жалам зошто е така, затоа што секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите. Секогаш кога треба правдата да ја испорачаат органите на редот и тука ќе влеземе робусно во периодот што следи, нема повеќе трпение, заврши трпението - рече Мицкоски.

The post Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски и најавува „робусна акција“ за справување со корумпираните обвинители и судии appeared first on Република.

]]>
Пет месеци нема скандал, нема повеќе Луј Витон ташни полни со пари, рече Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pet-mesetsi-nema-skandal-nema-poveke-luj-viton-tashni-polni-so-pari-reche-mitskoski/ Wed, 27 Nov 2024 14:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=842410

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за работата на Владата истакна дека овие пет месеци немале скандал.

Пет месеци од оваа Влада, нема ниту еден скандал. Нема повеќе Луј Витон ташни полни со пари, нема повеќе хотели во центарот на Скопје, нема повеќе злоупотреба со европски знаменца - рече Мицкоски.

The post Пет месеци нема скандал, нема повеќе Луј Витон ташни полни со пари, рече Мицкоски appeared first on Република.

Мицкоски: Речиси сите банки прифатија да ги кредитираат компаниите од унгарскиот заем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-rechisi-site-banki-prifatija-da-gi-kreditiraat-kompaniite-od-ungarskiot-zaem/ Wed, 27 Nov 2024 14:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=842404

Речиси сити банки прифатиле да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот заем, а со кои треба да се кредитираат македонските компании, информираше денеска од Охрид, премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека кредитите за компаниите ќе бидат до десет милиони евра и тоа за инвестиции. Минималното учество на инвеститорот е 20 проценти, од самиот проект.

Каматата ќе биде 1,95 проценти која што ќе ја добијат компаниите, нешто што претставува најниско во регионот и во Европа, до три години грејс период, до 15 години рок на отплата во зависност од барањата на кредитобарателот, има компании коишто сакаат помали рокови. Затоа го ставивме тоа да биде и флексибилно. Така што, сите оние коишто ќе инвестираат во основни средства за работа, во производни системи од обновлива енергија ќе користат итн., ќе бидат дел од овој проект - изјави Мицкоски.

Прашан како ги коментира изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче за издавањето на кредитите за стопанството, Мицкоски со одговор дека понекогаш се чуди на изјавите од опозицијата.

Имам чувство како некој намерно да го мести. Тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стигаат навистина позитивни вести, воодушевување итн., и благодарности, само од него успеавме да слушнеме критика. Немам што да коментирам - вели Мицкоски.

Тој упати и совет до опозицискиот лидер, Филипче што побргу расчисти во неговите советнички тимови и како што рече Мицкоски „толку подобро ќе биде и за државата, бидејќи ќе имаме навистина конструктивна опозиција“.

Затоа што ваков тип на пораки, сега ние мораме да ги коментираме, бидејќи станува збор сепак за најголема опозициска партија, но навистина се чудам. Во најмала смисла се чудам - изјави Мицкоски.

Прашан за коментар на средбата меѓу претседателката Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на СДСМ, Мицкоски вели дека ова треба да биде пракса, бидејќи и тој кога бил избран за лидер на ВМРО ДПМНЕ побарал средба со тогашниот претседателот Ѓорѓе Иванов и премиер Зоран Заев.

Јас жалам што изминатите пет месеци новоизбраниот претседател на СДСМ не побара средба со лидерството на државата. Но, добро го оценувам и позитивно го оценувам чекорот да побара средба со претседателот на државата, професорката Гордана Силјановска-Давкова. Така што, ова треба да биде една пракса во иднина - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Речиси сите банки прифатија да ги кредитираат компаниите од унгарскиот заем appeared first on Република.

Следете во живо: Премиерот Мицкоски денеска во Костал, трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sledete-vo-zhivo-premierot-mitskoski-deneska-vo-kostal-treta-investitsiska-faza-od-40-45-milioni-evra-i-250-vrabotuvana/ Wed, 27 Nov 2024 13:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=842129

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски  ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид.

Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија во Охрид е во износ од 45- 50 милиони евра и најмалку 250 нови работни места до 2028.

Со тоа, вкупната инвестиција на КОСТАЛ во Македонија ќе надмине 150 милиони евра со околу 1300 работни места. Веќе се реализирани дел од новите вработувања и е донесена дел од потребната опрема за производство.

Проектот е насочен кон вложување во најсофистицирана опрема во сегментот „енергетска електроника” за автомобилска електроника наменета за најновите модели на електрични и плуг-ин хибридни возила на групацијата „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за Мерцедес.

КОСТАЛ во 2023 беше 9ти најголем извозник од Македонија. Компанијата работи веќе 8 години на македонскиот пазар и бележи континуиран развој и раст. Клиентите на КОСТАЛ Македонија се „Фолксваген“ Групација (Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат), Мерцедес, БМВ, Јагуар, Ланд Ровер.

https://www.youtube.com/watch?v=Gts6Q4nmSX0

The post Следете во живо: Премиерот Мицкоски денеска во Костал, трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски  ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија во Охрид е во износ од 45- 50 милиони евра и најмалку 250 нови работни места до 2028. Со тоа, вкупната инвестиција на КОСТАЛ во Македонија ќе надмине 150 милиони евра со околу 1300 работни места. Веќе се реализирани дел од новите вработувања и е донесена дел од потребната опрема за производство. Проектот е насочен кон вложување во најсофистицирана опрема во сегментот „енергетска електроника” за автомобилска електроника наменета за најновите модели на електрични и плуг-ин хибридни возила на групацијата „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за Мерцедес. КОСТАЛ во 2023 беше 9ти најголем извозник од Македонија. Компанијата работи веќе 8 години на македонскиот пазар и бележи континуиран развој и раст. Клиентите на КОСТАЛ Македонија се „Фолксваген“ Групација (Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат), Мерцедес, БМВ, Јагуар, Ланд Ровер. https://www.youtube.com/watch?v=Gts6Q4nmSX0