Христијан Бузалковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristijan-buzalkovski/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 11:17:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Христијан Бузалковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hristijan-buzalkovski/ 32 32 Христијан Бузалковски го доби бронзениот медал освоен во Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/hristijan-buzalkovski-go-dobi-bronzeniot-medal-osvoen-vo-evropskiot-shampionat-vo-brzinski-mototsiklizam/ Mon, 22 Jan 2024 11:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=735436

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски викендот го доби признанието за освоено трето место на престижниот Европски шампионат во брзински моторциклизам.

На „Prize Giving Ceremony“ во Верона, Италија, Бузалковски го доби бронзениот медал, прв за еден Македонец во ова натпреварување.

Огромна чест и задоволство е да се натпреваруваш на ваков шампионат, а уште поголема е кога ќе освоиш медал од истиот! Истовремено сум многу среќен и горд што заедно со мојот тим успеавме да испишеме историја во македонскиот мотоспорт и што вложениот труд испливува на површина. Овој бронзен медал нас е силна мотивација за идните планови и цели, изјави Бузалковски.

Со Prize Giving Ceremony се заокружи 2023 година во Европски шампионат.

The post Христијан Бузалковски го доби бронзениот медал освоен во Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам appeared first on Република.

]]>

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски викендот го доби признанието за освоено трето место на престижниот Европски шампионат во брзински моторциклизам. На „Prize Giving Ceremony“ во Верона, Италија, Бузалковски го доби бронзениот медал, прв за еден Македонец во ова натпреварување.
Огромна чест и задоволство е да се натпреваруваш на ваков шампионат, а уште поголема е кога ќе освоиш медал од истиот! Истовремено сум многу среќен и горд што заедно со мојот тим успеавме да испишеме историја во македонскиот мотоспорт и што вложениот труд испливува на површина. Овој бронзен медал нас е силна мотивација за идните планови и цели, изјави Бузалковски.
Со Prize Giving Ceremony се заокружи 2023 година во Европски шампионат.  

The post Христијан Бузалковски го доби бронзениот медал освоен во Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам appeared first on Република.

]]>
Христијан Бузалковски со нов мотор и класа погоре ќе ги брани боите на Македонија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/hristijan-buzalkovski-so-nov-motor-i-klasa-pogore-ke-gi-brani-boite-na-makedonija/ Fri, 28 Apr 2023 13:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=635050

Трикратниот БМУ шампион, Христијан Бузалковски, вчеравечер пред неговата публика го промовираше новиот мотор и ја најави новата сезона. Тој во новата сезона ќе се натпреварува во класата до 1000 кубни сантиметри, што за него и неговиот тим „71 Team“ ќе биде ново и поразлично искуство од досегашните натпреварувања.
Новиот мотор располага со 200 коњски сили и правен е по спецификацијата Superstock 1000, што значи дека има промена во електрониката, суспензијата, предната кочница и преносот. Бузалковски во новата сезона ќе биде дел од FIM Europe шампионатот во класата Superstock 1000, БМУ Европскиот шампионат и Алпе Адриа интернационалниот шампионат. Од мај до септември го очекуваат 24 трки, густ распоред и многу патувања низ земјите на Источна и Централна Европа.

Оваа сезона ќе настапиме во една класа погоре, до 1000 кубни сантиметри, ова ќе ни биде прва сезона во новата категорија, така да ќе има многу промени во моторот на кои ќе треба да се адаптираме. Потребно ќе ни биде време за адаптација на новитетите во моторот, но со големиот број на трки во сезоната верувам дека за кратко време ќе се адаптираме. Сакам да им се заблагодарам на Компанија Велкоски кои од моите почетоци се моја поддршка. Исто така сакам да се заблагодарам и на останатите спонзори, како и Агенцијата за млади и спорт и Мотоциклистичката федерација. Сакам да најавам дека во секоја трка ќе го дадам максимумот, заедно со мојот тим и ќе се потрудиме да се претставиме во што подобро светло, изјави Христијан Бузалковски.

Досега освоените титули на Бузалковски се во пониските класи од БМУ Европскиот шампионат. Првата ја освои во категоријата до 125 кубни сантиметри, додека следните две титули кои ги освои по ред се во класата до 600 кубни сантиметри.

Решително, храбро и со многу ентузијазам и во оваа нова 6та сезона, а и во годините што доаѓаат Христијан Бузалковски ќе ги брани боите на Македонија. Нашата земја заслужува да има шампион во брзински мотоциклизам кој ќе ја претставува на европските и светски патеки.

The post Христијан Бузалковски со нов мотор и класа погоре ќе ги брани боите на Македонија appeared first on Република.

]]>

Трикратниот БМУ шампион, Христијан Бузалковски, вчеравечер пред неговата публика го промовираше новиот мотор и ја најави новата сезона. Тој во новата сезона ќе се натпреварува во класата до 1000 кубни сантиметри, што за него и неговиот тим „71 Team“ ќе биде ново и поразлично искуство од досегашните натпреварувања. Новиот мотор располага со 200 коњски сили и правен е по спецификацијата Superstock 1000, што значи дека има промена во електрониката, суспензијата, предната кочница и преносот. Бузалковски во новата сезона ќе биде дел од FIM Europe шампионатот во класата Superstock 1000, БМУ Европскиот шампионат и Алпе Адриа интернационалниот шампионат. Од мај до септември го очекуваат 24 трки, густ распоред и многу патувања низ земјите на Источна и Централна Европа.
Оваа сезона ќе настапиме во една класа погоре, до 1000 кубни сантиметри, ова ќе ни биде прва сезона во новата категорија, така да ќе има многу промени во моторот на кои ќе треба да се адаптираме. Потребно ќе ни биде време за адаптација на новитетите во моторот, но со големиот број на трки во сезоната верувам дека за кратко време ќе се адаптираме. Сакам да им се заблагодарам на Компанија Велкоски кои од моите почетоци се моја поддршка. Исто така сакам да се заблагодарам и на останатите спонзори, како и Агенцијата за млади и спорт и Мотоциклистичката федерација. Сакам да најавам дека во секоја трка ќе го дадам максимумот, заедно со мојот тим и ќе се потрудиме да се претставиме во што подобро светло, изјави Христијан Бузалковски.
Досега освоените титули на Бузалковски се во пониските класи од БМУ Европскиот шампионат. Првата ја освои во категоријата до 125 кубни сантиметри, додека следните две титули кои ги освои по ред се во класата до 600 кубни сантиметри. Решително, храбро и со многу ентузијазам и во оваа нова 6та сезона, а и во годините што доаѓаат Христијан Бузалковски ќе ги брани боите на Македонија. Нашата земја заслужува да има шампион во брзински мотоциклизам кој ќе ја претставува на европските и светски патеки.

The post Христијан Бузалковски со нов мотор и класа погоре ќе ги брани боите на Македонија appeared first on Република.

]]>
Бузалковски ја одбрани титулата на БМУ Европски шампионат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/buzalkovski-ja-odbrani-titulata-na-bmu-evropski-shampionat/ Wed, 14 Dec 2022 10:39:13 +0000 https://republika.mk/?p=585499

Македонскиот претставник на БМУ Европскиот шампионат во класата F600, Христијан Бузалковски, ја одбрани титулата која ја освои минатата година. Како што беше најавено на почетокот на сезоната, целта уште од првата трка беше освојување на титулата. Христијан тоа го оствари на доминантен начин со освоени 10 први места од 12 трки.

Христијан Бузалковски на финалниот пласман заврши со 250 поени, пред Муамар Карајака од Турција кој заврши како втор со 180 поени, додека на трето место заврши Ангел Анев Траков од Бугарија со 176 поени.

Со освоената титула, Бузалковски стана единствениот македонец со 3 освоени титули на БМУ Eвропскиот шампионат, една во категоријата до 125 кубни сантиметри и две во класата до 600 кубни сантиметри.

Нашиот млад и успешен мотоциклист и покрај тешките предизвици во кариерата, не престанува да ја докажува својата супериорност во брзински мотоциклизам, па така за наредната сезона заедно со својот тим ,, 71 Team’’, се подготвуваат да направат уште еден чекор напред во неговата кариера. Оваа сезона нашиот најдобар моторциклист за последен пат се натпреваруваше во натпреварувачката класа до 600 кубни сантиметри. Следен чекор во неговата кариера ќе биде настап во повисоката класа до 1000 кубни сантиметри.

The post Бузалковски ја одбрани титулата на БМУ Европски шампионат appeared first on Република.

]]>

Македонскиот претставник на БМУ Европскиот шампионат во класата F600, Христијан Бузалковски, ја одбрани титулата која ја освои минатата година. Како што беше најавено на почетокот на сезоната, целта уште од првата трка беше освојување на титулата. Христијан тоа го оствари на доминантен начин со освоени 10 први места од 12 трки. Христијан Бузалковски на финалниот пласман заврши со 250 поени, пред Муамар Карајака од Турција кој заврши како втор со 180 поени, додека на трето место заврши Ангел Анев Траков од Бугарија со 176 поени. Со освоената титула, Бузалковски стана единствениот македонец со 3 освоени титули на БМУ Eвропскиот шампионат, една во категоријата до 125 кубни сантиметри и две во класата до 600 кубни сантиметри. Нашиот млад и успешен мотоциклист и покрај тешките предизвици во кариерата, не престанува да ја докажува својата супериорност во брзински мотоциклизам, па така за наредната сезона заедно со својот тим ,, 71 Team’’, се подготвуваат да направат уште еден чекор напред во неговата кариера. Оваа сезона нашиот најдобар моторциклист за последен пат се натпреваруваше во натпреварувачката класа до 600 кубни сантиметри. Следен чекор во неговата кариера ќе биде настап во повисоката класа до 1000 кубни сантиметри.

The post Бузалковски ја одбрани титулата на БМУ Европски шампионат appeared first on Република.

]]>
Браво за ова момче: Христијан Бузалковски со две победи БМУ Европскиот Шампионат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/bravo-za-ova-momche-hristijan-buzalkovski-so-dve-pobedi-bmu-evropskiot-shampionat/ Tue, 12 Apr 2022 17:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=487504

Изминатиот викенд на стазата крај Серес , Грција се одржаа првите две трки од БМУ Европскиот шампионат на кој настапи нашиот најтрофеен натпреварувач . Христијан Бузалковски со две победи во саботната и неделната трка го почна походот кон одбраната на титулата:

 Сезоната започна на најдобар начин, остваривме две победи во првите две трки и со тоа го започнавме походот кон одбраната на титулата! Можам да кажам дека сум задоволен од тоа како се одвиваше целиот викенд, моторот работеше перфектно и се беше како што треба! Огромна благодарност до моите спонзори агенцијата за млади и спорт и федерацијата! Продолжуваме со уште појака подготовка за наредната трка, која ќе се одржи за нешто помалку од еден месец.

The post Браво за ова момче: Христијан Бузалковски со две победи БМУ Европскиот Шампионат appeared first on Република.

Шампионот Бузалковски со нов дизајн ќе ја брани титулата на БМУ Европски шампионат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shampionot-buzalkovski-so-nov-dizajn-kje-ja-brani-titulata-na-bmu-evropski-shampionat/ Fri, 25 Mar 2022 14:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=478486

Повеќекратниот европски шампион, Христијан Бузалковски, подготвувајќи се за претстојната сезона, реши на поинаков начин да ги претстави моторите кои ќе ги вози на БМУ Европскиот шампионат.

Оваа сабота (26.03.2022), Бузалковски, со почеток од 11 часот, во Скопје Сити Мол на приземје, пред љубителите на мотоциклизмот ќе го претстави новиот дизајн од класата Ф600, со кој годинава ќе се натпреварува на БМУ Европскиот шампионат.

Нашиот млад и успешен мотоциклист и покрај тешките предизвици во кариерата, не престанува да ја докажува својата супериорност во брзински мотоциклизам, па така и оваа година заедно со својот тим ,, 71 Team”, се спремаат да ја одбранат титулата.

Освен промоцијата на новиот дизајн, Бузалковски ќе ја најави и престојната сезона на трки во рамките на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, во повисоката класа од 600 кубни сантиметри.

The post Шампионот Бузалковски со нов дизајн ќе ја брани титулата на БМУ Европски шампионат appeared first on Република.

]]>

Повеќекратниот европски шампион, Христијан Бузалковски, подготвувајќи се за претстојната сезона, реши на поинаков начин да ги претстави моторите кои ќе ги вози на БМУ Европскиот шампионат. Оваа сабота (26.03.2022), Бузалковски, со почеток од 11 часот, во Скопје Сити Мол на приземје, пред љубителите на мотоциклизмот ќе го претстави новиот дизајн од класата Ф600, со кој годинава ќе се натпреварува на БМУ Европскиот шампионат. Нашиот млад и успешен мотоциклист и покрај тешките предизвици во кариерата, не престанува да ја докажува својата супериорност во брзински мотоциклизам, па така и оваа година заедно со својот тим ,, 71 Team”, се спремаат да ја одбранат титулата. Освен промоцијата на новиот дизајн, Бузалковски ќе ја најави и престојната сезона на трки во рамките на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, во повисоката класа од 600 кубни сантиметри.  

The post Шампионот Бузалковски со нов дизајн ќе ја брани титулата на БМУ Европски шампионат appeared first on Република.

]]>