Хриистијан Мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hriistijan-mitskoski/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 18:25:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хриистијан Мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hriistijan-mitskoski/ 32 32 Мицкоски: Се подготвуваме за многу нови проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-podgotvuvame-za-mnogu-novi-proekti/ Fri, 04 Oct 2024 18:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=822857

Првите 100 дена од изборот на нашата Влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со наследени проблеми, но имаме и големи надежи, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој објави видео на својот Фејсбук профил, а испрати и порака до граѓаните.

Вашата поддршка, вашиот труд и вашите идеи се наша најголема сила. Заедно градиме држава за идните генерации. Овие 100 дена беа само почеток. Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени. Македонија станува повторно твоја. Благодарам што сте дел од оваа промена, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Се подготвуваме за многу нови проекти appeared first on Република.

]]>

Првите 100 дена од изборот на нашата Влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со наследени проблеми, но имаме и големи надежи, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој објави видео на својот Фејсбук профил, а испрати и порака до граѓаните.
Вашата поддршка, вашиот труд и вашите идеи се наша најголема сила. Заедно градиме држава за идните генерации. Овие 100 дена беа само почеток. Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени. Македонија станува повторно твоја. Благодарам што сте дел од оваа промена, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Се подготвуваме за многу нови проекти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-preglasuvaneto-vo-ie5-ochekuvame-obezbeduvane-dvotretinsko-mnozinstvo/ Sun, 19 May 2024 14:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=779849

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по прегласувањето во изборната единици 5 очекува обезбедување двотретинско мнозинство од 62 пратеника во Парламентот. Како што изјави денеска во своето обраќање во делчевското село Разловци, каде присуствуваше на одбележување на годишнината од Разловечкото востание, ова е историска можност за државата.

Фокусирајќи се на народот, имаме навистина би рекол една историска можност како никогаш досега, во овие повеќе од три децении. Се уште имаме малку да ја завршиме задачата, на 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на Македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника, рече Мицкоски.

Следната цел, како што рече, е две третини во Парламентот.

Мислам дека и тоа многу скоро, денеска веќе, кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме, со што ќе биде променет законот за организација на ресорите во самата Влада ќе добиеме нова структура на Влада, модерна Влада, влада којашто ќе одговара на потребите на граѓаните во Македонија, рече Мицкоски.

Потоа, како што додаде, ќе отпочне еден историски реформскиот процес кој што е досега невиден Македонија.

Во првите 100 дена очекуваме исклучително добри вести за сите граѓани, во смисла на подобрување на стандардот, една финансиска бомба би рекол. Ние нема да се занимаваме, со политички бомби, со ниски страсти, со напади, ние планираме да работиме за подобрување на стандардот на граѓаните, тоа е нашата цел и планираме да го заслужиме нашето место во историјата, додаде Мицкоски.

Во рамки на посетата на Разловци, Мицкоски положи цвеќе пред спомен-плочата на Поп Стојан, еден од организаторите на Разловечкото востание.

The post Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство appeared first on Република.

Мицкоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ планира огромни инвестиции во Свети Николе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-planira-ogromni-investitsii-vo-sveti-nikole/ Thu, 14 Sep 2023 14:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=681935

Jа користам оваа прилика на сите граѓани во општина Свети Николе да им го честитам овој ден, денот кога е извојувана победа и кога е ослободен градот Свети Николе од бугарскиот фашистички окупатор. Ден кој што многу значи во меморијата на светиниколчани и ден кој што навистина свечено се одбележува овдека, така беше и онаа свечена академија на која што имав можност да присуствувам, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во текот на денот заедно градоначалникот, со луѓето кои што се дел од општинската администрација, со пратеникот во Парламентот ќе посетиме неколку објекти кои што се завршени или се во тек на реализација. Проекти кои што се дел од програмата, а која што беше презентирана пред светиниколчани за време на изборите во 2021 година.

И навистина можам да кажам дека и покрај сите опструкции, покрај целиот оној притисок кој што Општина Свети Николе го почувствува од страна на Владата на ДУИ и СДСМ, или СДСМ и ДУИ, како ви е полесно.

Сепак заедно со дел од советниците, администрацијата, се разбира тука е и огромно залагањето и на пратеникот Ласовска во рамките на Парламентот да обезбеди амандман повеќе, да обезбеди средства повеќе кои што би инвестирале овдека во Свети Николе, и на тој начин да се реализираат што е можно повеќе за жителите на Свети Николе. Но, за жал имаме работа со Влада таква каква што имаме, која што ги казнува сопствените граѓани. Зошто? Затоа што на изборите во 2021 година не ја поддржале оваа криминална политичка гарнитура на ДУИ и СДСМ, туку гласале за Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и гласале за мнозинство во Советот, гласале за градоначалник овдека во Свети Николе.

The post Мицкоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ планира огромни инвестиции во Свети Николе appeared first on Република.

Мицкоски: Секогаш кога ДУИ се фатени во криминал велат дека тоа е поради етничката припадност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sekogash-koga-dui-se-fateni-vo-kriminal-velat-deka-toa-e-poradi-etnichkata-pripadnost/ Thu, 14 Sep 2023 12:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=681967

Неколку пати почнува таа изградба, ќе видиме како ќе се развива. Но, она што е важно да се каже е дека секогаш кога Демократската унија за интеграција е фатена во криминал или во процес за кој што постои основано сомневање за криминал, тие тогаш се обидуваат да ја спинуваат целата таа процесна активност и да велат дека тоа е поради етничката припадност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Свети Николе одговарајќи на новинарски прашања каде што беше прашан за коментар за изборот на компанијата донатор на ДУИ, „Еуровиа“ за главен подизведувач на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8 и дел од Коридорот 10Д на кој што денес почнаа градежните активности.

На коментарите на власта дека нападите на целокупната јавност за изборот на фирмата „Еуровиа“ дека се работи за напади по национална основа, Мицкоски рече дека криминалот нема боја ниту етничка припадност, и деак во конкретниот случај за кој постојат основани сомневања за сторен криминал се вклучени лица припадници на различни етникуми во Македонија.

Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе го истражи сето ова што се случува и за кои постојат основани сомневања за сторен криминал и ќе се погрижи за секој украден денар да се одговара пред лицето на правдата.

„Напротив, не само што тука нема етнички разлики, туку можам да кажам дека во овој криминал, за кој што постои основано сомневање дека е криминал, здружени се припадници од различни етникуми во Македонија, вклучително и луѓе кои што се дел од македонскиот народ, албанскиот и останатите етникуми во Македонија. Криминалот нема боја, нема етничка припадност и, повторно ви кажувам дека, сето ова кое што се случува ќе биде сериозно истражено од страна на следната влада на ВМРО-ДПМНЕ и еден фенинг, еден денар да е украден, верувајте ми на зборот дека, тој кој што тоа го сторил тоа ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Секогаш кога ДУИ се фатени во криминал велат дека тоа е поради етничката припадност appeared first on Република.

]]>

Неколку пати почнува таа изградба, ќе видиме како ќе се развива. Но, она што е важно да се каже е дека секогаш кога Демократската унија за интеграција е фатена во криминал или во процес за кој што постои основано сомневање за криминал, тие тогаш се обидуваат да ја спинуваат целата таа процесна активност и да велат дека тоа е поради етничката припадност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Свети Николе одговарајќи на новинарски прашања каде што беше прашан за коментар за изборот на компанијата донатор на ДУИ, „Еуровиа“ за главен подизведувач на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8 и дел од Коридорот 10Д на кој што денес почнаа градежните активности. На коментарите на власта дека нападите на целокупната јавност за изборот на фирмата „Еуровиа“ дека се работи за напади по национална основа, Мицкоски рече дека криминалот нема боја ниту етничка припадност, и деак во конкретниот случај за кој постојат основани сомневања за сторен криминал се вклучени лица припадници на различни етникуми во Македонија. Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе го истражи сето ова што се случува и за кои постојат основани сомневања за сторен криминал и ќе се погрижи за секој украден денар да се одговара пред лицето на правдата.
„Напротив, не само што тука нема етнички разлики, туку можам да кажам дека во овој криминал, за кој што постои основано сомневање дека е криминал, здружени се припадници од различни етникуми во Македонија, вклучително и луѓе кои што се дел од македонскиот народ, албанскиот и останатите етникуми во Македонија. Криминалот нема боја, нема етничка припадност и, повторно ви кажувам дека, сето ова кое што се случува ќе биде сериозно истражено од страна на следната влада на ВМРО-ДПМНЕ и еден фенинг, еден денар да е украден, верувајте ми на зборот дека, тој кој што тоа го сторил тоа ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Секогаш кога ДУИ се фатени во криминал велат дека тоа е поради етничката припадност appeared first on Република.

]]>
Мицкоски одговори зошто немал средба со Рот: Каде пишува дека мора да има средба? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-odgovori-zoshto-nemal-sredba-so-rot-kade-pishuva-deka-mora-da-ima-sredba/ Wed, 13 Sep 2023 14:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=681590

На новинарско прашање зошто вчера немал средба со германскиот пратеник Михаел Рот, кој беше во посета на земјава, Мицкоски вели дека тој бил тука на покана на невладина организација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nitu-sega-nitu-vo-idnina-nema-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/

-Каде пишува дека мора да има средба. Мојата информација е дека Михаел Рот беше дојден тука на покана на невладина организација која што одржуваше некаква конференција, и претпоставувам дека провладините медиуми ја искористија неговата посета да добијат изјава на една тема а тоа е уставните измени, бидејќи за било што друго да прашате е црно поцрно. И сега тие го кажуваат за поддршка на политиките на Владата, а се друго е катастрофа. Секој гостин којшто е добронамерен и кој побарал средба кај мене во зависност од мојот распоред ја добил или сме ја презакажале таа средба. Овој господин не побарал средба очигледно не чувствува потреба да се види, а и впрочем никаде не пишува дека треба да се гледаме со сите коишто доаѓаат во Македонија,

The post Мицкоски одговори зошто немал средба со Рот: Каде пишува дека мора да има средба? appeared first on Република.

]]>

На новинарско прашање зошто вчера немал средба со германскиот пратеник Михаел Рот, кој беше во посета на земјава, Мицкоски вели дека тој бил тука на покана на невладина организација. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nitu-sega-nitu-vo-idnina-nema-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/
-Каде пишува дека мора да има средба. Мојата информација е дека Михаел Рот беше дојден тука на покана на невладина организација која што одржуваше некаква конференција, и претпоставувам дека провладините медиуми ја искористија неговата посета да добијат изјава на една тема а тоа е уставните измени, бидејќи за било што друго да прашате е црно поцрно. И сега тие го кажуваат за поддршка на политиките на Владата, а се друго е катастрофа. Секој гостин којшто е добронамерен и кој побарал средба кај мене во зависност од мојот распоред ја добил или сме ја презакажале таа средба. Овој господин не побарал средба очигледно не чувствува потреба да се види, а и впрочем никаде не пишува дека треба да се гледаме со сите коишто доаѓаат во Македонија,

The post Мицкоски одговори зошто немал средба со Рот: Каде пишува дека мора да има средба? appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Се согласувам со изјавата на амбасадорката Агелер, затоа бараме избори за граѓаните да кажат која опција ја бираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-soglasuvam-so-izjavata-na-ambasadorkata-ageler-zatoa-barame-izbori-za-graganite-da-kazhat-koja-optsija-ja-biraat/ Wed, 23 Aug 2023 12:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=675022

Апсолутно се согласувам со изјавата на амбасадорка Агелер. И граѓаните се тие кои што се суверен на оваа држава и тие треба на избори кои што би се случиле час поскоро да излезат и да кажат, да за ЕУ, но и да го одберат решението како до тоа ДА во ЕУ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на амбасадорката Агелер која истакна дека граѓаните треба да испратат порака до лидерите декa се за ЕУ.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди свое решени, како и дека секој ден повеќе со СДСМ на власт значи ден изгубен за Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-kovachevski-i-sdsm-prezemaa-obvrski-nadvor-od-politichkiot-legitimitet-shto-go-nemaat/

ВМРО-ДПМНЕ има свое решение, го кажавме тоа јавно. СДСМ има свое решение претпоставувам и други политички партии ќе излезат на тие избори со свое решение. Граѓаните се тие кои што на тие избори ќе го дадат и ќе го кажат својот став. Секој ден повеќе значи ден изгубен повеќе за Македонија, кажа тој и додаде:

Јас го разбирам стравот од СДСМ, тие знаат дека доколку одиме на предвремени парламентарни избори ќе им се случи уште еден историски дебакл. Го разбирам и стравот на Стево Пендаровски кој се уште се надева дека ќе биде поддржан од коалицијата ДУИ и СДСМ за претседателски кандидат, па си вели ако има предвремени парламентарни избори, каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе освојат огромен број пратеници, па зошто да не и мнозинство, тогаш логично е дека и претседателскиот кандидат од таа коалиција ќе го декласира евентуалниот кандидат Стево Пендаровски, затоа и тој е уплашен и тој од петни жили против предвремени парламентарни избори. Но, кога и да се случат тие избори месеци се во прашање, нема бегање од одговорност.

Мицкоски нагласи дека за да народот каже која опција ја бира тогаш се потребни час побрзо предвремени избори.

Она кое што е моја порака е да ја сум за веднаш народот да им каже на политичарите која опција за бираат, дали опцијата која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ или опцијата која што ја нуди коалицијата од СДСМ. И да за тоа да се случи потребни се час поскоро да се случат предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Се согласувам со изјавата на амбасадорката Агелер, затоа бараме избори за граѓаните да кажат која опција ја бираат appeared first on Република.

]]>

Апсолутно се согласувам со изјавата на амбасадорка Агелер. И граѓаните се тие кои што се суверен на оваа држава и тие треба на избори кои што би се случиле час поскоро да излезат и да кажат, да за ЕУ, но и да го одберат решението како до тоа ДА во ЕУ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на амбасадорката Агелер која истакна дека граѓаните треба да испратат порака до лидерите декa се за ЕУ. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди свое решени, како и дека секој ден повеќе со СДСМ на власт значи ден изгубен за Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-kovachevski-i-sdsm-prezemaa-obvrski-nadvor-od-politichkiot-legitimitet-shto-go-nemaat/ ВМРО-ДПМНЕ има свое решение, го кажавме тоа јавно. СДСМ има свое решение претпоставувам и други политички партии ќе излезат на тие избори со свое решение. Граѓаните се тие кои што на тие избори ќе го дадат и ќе го кажат својот став. Секој ден повеќе значи ден изгубен повеќе за Македонија, кажа тој и додаде:
Јас го разбирам стравот од СДСМ, тие знаат дека доколку одиме на предвремени парламентарни избори ќе им се случи уште еден историски дебакл. Го разбирам и стравот на Стево Пендаровски кој се уште се надева дека ќе биде поддржан од коалицијата ДУИ и СДСМ за претседателски кандидат, па си вели ако има предвремени парламентарни избори, каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе освојат огромен број пратеници, па зошто да не и мнозинство, тогаш логично е дека и претседателскиот кандидат од таа коалиција ќе го декласира евентуалниот кандидат Стево Пендаровски, затоа и тој е уплашен и тој од петни жили против предвремени парламентарни избори. Но, кога и да се случат тие избори месеци се во прашање, нема бегање од одговорност.
Мицкоски нагласи дека за да народот каже која опција ја бира тогаш се потребни час побрзо предвремени избори.
Она кое што е моја порака е да ја сум за веднаш народот да им каже на политичарите која опција за бираат, дали опцијата која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ или опцијата која што ја нуди коалицијата од СДСМ. И да за тоа да се случи потребни се час поскоро да се случат предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Се согласувам со изјавата на амбасадорката Агелер, затоа бараме избори за граѓаните да кажат која опција ја бираат appeared first on Република.

]]>
Koвачевски му нуди на Мицкоски да биде прeмиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mu-nudi-na-mitskoski-da-bide-prmier/ Tue, 13 Jun 2023 11:57:10 +0000 https://republika.mk/?p=650854

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната Влада.

Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграциите, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, која потоа би го спровела процесот докрај, велат владини извори.

The post Koвачевски му нуди на Мицкоски да биде прeмиер appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната Влада. Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграциите, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, која потоа би го спровела процесот докрај, велат владини извори.

The post Koвачевски му нуди на Мицкоски да биде прeмиер appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Го распродаваат народот и за 32 години сменија име, знаме, Устав, прифатија понижувачки договор со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-rasprodavaat-narodot-i-za-32-godini-smenija-ime-zname-ustav-prifatija-ponizhuvachki-dogovor-so-bugarija/ Wed, 07 Jun 2023 06:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=648625

Упатувам апел за национално единство кое и треба на Македонија. Време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките ионтереси важни за сите граѓани, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната трибина на плоштадот во центарот на Прилеп што ја организираше партијата на тема „Современи политики за развој на земјоделството“, а во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Тој истакна дека Македонците 32 години постојано губат и таквото поразително чувство преминува во фрустрација, а таа е последица на корумпираните политички елити.

-Го распродаваат народот и за 32 години сменија име, знаме, Устав, прифатија понижувачки договор со Бугарија, многу откажувања, се проблематизираат најсилните темели на државата: јазикот историјата, сите важни атрибути кои нѐ издвојуваат како народ. Сето тоа создава чувство на неправда кое преминува во фрустрација затоа што ништо како народ не добивме. Нема друга држава како Македонија која дала најголема жртва на патот кон ЕУ. Време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките ионтереси важни за сите граѓани. Мораме да бидеме единствени со некорумпираниот дел од политичката сцена на Македонија.Тоа значи дека покажуваме свесност и одговорност за состојбите во кои се наоѓаме и одговорност спрема народот кој очекува лидерство од политичарите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, не постои, како што велат од владата или уставни измени или изолација, туку единствено мора да има зачувување на идентитетот и фер шанса за влез во Европската Унија. За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е измама кога Ковачевски вели интеграција, а мисли на уставни измени и прифаќање на бугарските диктати.

- Измама претставува тезата на Ковачевски – или интеграција под бугарски диктат или изолација. Ниту еден фактор во Македонија не посакува изолација во која, за жал, сме денеска, во која подлабоко нѐ втурна оваа власт. Она што е измама е фактот кога Ковачевски ќе каже интеграција, всушност мисли на уставни измени и прифаќање на бугарските диктати кои, оваа наша Македонија и народ ги отфрла како понижувачки. Ме разочарува сервилноста што ја покажуваат пред светот и тоа треба да ги порази како личности. Треба од светот да бараат да добиеме подобри услови и фер шанса. Како премиер, Ковачевски треба да побара од истата таа Унија Бугарија да примени барем неколку од над 10-тината правосилни пресуди од Судот за човекови права кои нотираат кршење на правата на Македонците во Бугарија. Не постои еверопски фронт за Македонија или проруска Македонија, туку постои само Македонија со иднина која сами ја градиме, со европска перспектива која сами мораме да ја оствариме. Не постои Македонија на ДУИ и СДСМ и Македонија на ВМРО-ДПМНЕ, туку постои само една Македонија. Ова е Македонија за сите, која е нашиот дом. Затоа ни е потребен пакт за широко национално единство, рече Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/mitskoski-povikuvam-na-natsionalno-edinstvo-so-nekorumpiraniot-del-od-politichkata-stsena/

Според него, голем проблем е што крупните одлуки беа носени без единство и целосна согласност од опозицијата и затоа процесите заглавувале, а повикувањето на единство не е амнестија од криминалот. Според Мицкоски, ДУИ треба да замине во опозиција.

-Власта покажа недостаток на капацитет за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за суштинските прашања. Токму пакот за национално единство на кој повикувам треба да обезбеди легитимитет на процесот за одбрана на државните ионтереси. Но, единството на кое повикуваме не начин амнестија на криминалот кој го направивме. ДУИ мора да оди во опозиција, затоа нѝ е потребно национално единство. ДУИ со „помалиот“ коалиционен партнер СДСМ е главниот виновник за корупцијата во судството и обвинителството, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На трибината во Прилеп, Цветан Трифуновски, претседателот на комисијата за земјоделство при ВМРО-ДПМНЕ посочи дека овие години земјоделците имаат огромни проблеми, а партијата до крај ќе го истерала скандалот на кој посочила за увоз на зеленчук од Албанија со пестициди и треба да  има оставки на министерот за земјоделство, како и на директорот на Агренцијата за храна и ветеринарство.

-Земјоделците се соочуваат со проблеми - доцнење на субвенциите, има пропусти во водоснабдувањето во целата земја, има злоупотреби во распределувањето на земјоделското земјиште, а најголемиот проблем се откупот и пласманот на земјоделските производи. ВМРО-ДПМНЕ има серозен план и визија за земјоделството што ќе значат рестартирање на македонското земјоделство. За безбедна храна ќе направиме зајакнување на фитосанитарниот систем, нов закон за тоа кој може да откупува земјоделски производи, со посебен акцент на исплатата на откупеното, изградба на нови откупни центри и секоја година да се донесуваат минималните производствени цени, ревизија на методфологијата за субвенционирање. Ќе има зголемени субвенции и олеснување на бирократските процедур, рече Трифуновски на трибината во Прилеп посветена на состојбите во земјоделството.

На трибината говореа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Димовски, Петар Ристески, Здравко Трајанов и Кире Михаилов. Пред прилепчани говореше и градоначалникот Борче Ристески за проектите на локалната самоуправа за подобрување на животот на граѓаните.

The post Мицкоски: Го распродаваат народот и за 32 години сменија име, знаме, Устав, прифатија понижувачки договор со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Упатувам апел за национално единство кое и треба на Македонија. Време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките ионтереси важни за сите граѓани, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната трибина на плоштадот во центарот на Прилеп што ја организираше партијата на тема „Современи политики за развој на земјоделството“, а во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Тој истакна дека Македонците 32 години постојано губат и таквото поразително чувство преминува во фрустрација, а таа е последица на корумпираните политички елити.
-Го распродаваат народот и за 32 години сменија име, знаме, Устав, прифатија понижувачки договор со Бугарија, многу откажувања, се проблематизираат најсилните темели на државата: јазикот историјата, сите важни атрибути кои нѐ издвојуваат како народ. Сето тоа создава чувство на неправда кое преминува во фрустрација затоа што ништо како народ не добивме. Нема друга држава како Македонија која дала најголема жртва на патот кон ЕУ. Време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките ионтереси важни за сите граѓани. Мораме да бидеме единствени со некорумпираниот дел од политичката сцена на Македонија.Тоа значи дека покажуваме свесност и одговорност за состојбите во кои се наоѓаме и одговорност спрема народот кој очекува лидерство од политичарите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, не постои, како што велат од владата или уставни измени или изолација, туку единствено мора да има зачувување на идентитетот и фер шанса за влез во Европската Унија. За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е измама кога Ковачевски вели интеграција, а мисли на уставни измени и прифаќање на бугарските диктати. - Измама претставува тезата на Ковачевски – или интеграција под бугарски диктат или изолација. Ниту еден фактор во Македонија не посакува изолација во која, за жал, сме денеска, во која подлабоко нѐ втурна оваа власт. Она што е измама е фактот кога Ковачевски ќе каже интеграција, всушност мисли на уставни измени и прифаќање на бугарските диктати кои, оваа наша Македонија и народ ги отфрла како понижувачки. Ме разочарува сервилноста што ја покажуваат пред светот и тоа треба да ги порази како личности. Треба од светот да бараат да добиеме подобри услови и фер шанса. Како премиер, Ковачевски треба да побара од истата таа Унија Бугарија да примени барем неколку од над 10-тината правосилни пресуди од Судот за човекови права кои нотираат кршење на правата на Македонците во Бугарија. Не постои еверопски фронт за Македонија или проруска Македонија, туку постои само Македонија со иднина која сами ја градиме, со европска перспектива која сами мораме да ја оствариме. Не постои Македонија на ДУИ и СДСМ и Македонија на ВМРО-ДПМНЕ, туку постои само една Македонија. Ова е Македонија за сите, која е нашиот дом. Затоа ни е потребен пакт за широко национално единство, рече Мицкоски. https://republika.mk/vesti/mitskoski-povikuvam-na-natsionalno-edinstvo-so-nekorumpiraniot-del-od-politichkata-stsena/ Според него, голем проблем е што крупните одлуки беа носени без единство и целосна согласност од опозицијата и затоа процесите заглавувале, а повикувањето на единство не е амнестија од криминалот. Според Мицкоски, ДУИ треба да замине во опозиција.
-Власта покажа недостаток на капацитет за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за суштинските прашања. Токму пакот за национално единство на кој повикувам треба да обезбеди легитимитет на процесот за одбрана на државните ионтереси. Но, единството на кое повикуваме не начин амнестија на криминалот кој го направивме. ДУИ мора да оди во опозиција, затоа нѝ е потребно национално единство. ДУИ со „помалиот“ коалиционен партнер СДСМ е главниот виновник за корупцијата во судството и обвинителството, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
На трибината во Прилеп, Цветан Трифуновски, претседателот на комисијата за земјоделство при ВМРО-ДПМНЕ посочи дека овие години земјоделците имаат огромни проблеми, а партијата до крај ќе го истерала скандалот на кој посочила за увоз на зеленчук од Албанија со пестициди и треба да  има оставки на министерот за земјоделство, како и на директорот на Агренцијата за храна и ветеринарство. -Земјоделците се соочуваат со проблеми - доцнење на субвенциите, има пропусти во водоснабдувањето во целата земја, има злоупотреби во распределувањето на земјоделското земјиште, а најголемиот проблем се откупот и пласманот на земјоделските производи. ВМРО-ДПМНЕ има серозен план и визија за земјоделството што ќе значат рестартирање на македонското земјоделство. За безбедна храна ќе направиме зајакнување на фитосанитарниот систем, нов закон за тоа кој може да откупува земјоделски производи, со посебен акцент на исплатата на откупеното, изградба на нови откупни центри и секоја година да се донесуваат минималните производствени цени, ревизија на методфологијата за субвенционирање. Ќе има зголемени субвенции и олеснување на бирократските процедур, рече Трифуновски на трибината во Прилеп посветена на состојбите во земјоделството. На трибината говореа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Димовски, Петар Ристески, Здравко Трајанов и Кире Михаилов. Пред прилепчани говореше и градоначалникот Борче Ристески за проектите на локалната самоуправа за подобрување на животот на граѓаните.

The post Мицкоски: Го распродаваат народот и за 32 години сменија име, знаме, Устав, прифатија понижувачки договор со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Обезбедив компанија за двојна пониска цена на гасот, но ЕСМ и Ковачевски избраа бугарска компанија со двојно поскапа цена од берзанската https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-obezbediv-kompanija-za-dvojna-poniska-tsena-na-gasot-no-esm-i-kovachevski-izbraa-bugarska-kompanija-so-dvojno-poskapa-tsena-od-berzanskata/ Fri, 17 Feb 2023 13:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=610249

Обезбедена беше компанијата, обезбедена беше и државата, но знаете кој не беше обезбеден, тој што чека провизии. Тука е проблемот. Ако беше обезбеден тој што чека провизии јас ви гарантирам дека таа зделка ќе имаше завршница и затоа се откажа и се договори друга со бугарска компанија која претпоставувам зошто дава двојно повисока цена од таа на берзите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за прозивките за набавка на гас од страна на Васко Ковачевски.

– Ја добив таа информација дека тој вели дека преку контактите кои јас ги обезбедив понудата која била доставена била понуда која не биле гарантирани количини. Јас не знам бидејќи не сум бил од тие преговори, но она што го знам е дека таа компанија која јас јка понудивкако една од контактите со која Васко Ковачевски и останатите владини функционери комуницираа, достави понуда со цена која што е пониска и од таа цена која денеска ја купува ЕСМ, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тогаш цената на берзите беше два пати повисока од таа која е денеска, дури и на моменти три пати, а цената која ја понуди таа компанија е пониска и од таа која денеска ја купува ЕСМ.

Исто така знам дека гаранција за испораката подразбира и банкарска гаранција од тоа што како аванс требаше да биде исплатено од страна на ЕСМ. Но бргу ќе дојде крајот и на оваа власт и на ова раководство на ЕСМ, а потоа следи одговорност, а граѓаните треба да ги знаат сите детали за уште една криминална набавка која се поврзува со ЕСМ и Васко Ковачевски, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Обезбедив компанија за двојна пониска цена на гасот, но ЕСМ и Ковачевски избраа бугарска компанија со двојно поскапа цена од берзанската appeared first on Република.

]]>

Обезбедена беше компанијата, обезбедена беше и државата, но знаете кој не беше обезбеден, тој што чека провизии. Тука е проблемот. Ако беше обезбеден тој што чека провизии јас ви гарантирам дека таа зделка ќе имаше завршница и затоа се откажа и се договори друга со бугарска компанија која претпоставувам зошто дава двојно повисока цена од таа на берзите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за прозивките за набавка на гас од страна на Васко Ковачевски. – Ја добив таа информација дека тој вели дека преку контактите кои јас ги обезбедив понудата која била доставена била понуда која не биле гарантирани количини. Јас не знам бидејќи не сум бил од тие преговори, но она што го знам е дека таа компанија која јас јка понудивкако една од контактите со која Васко Ковачевски и останатите владини функционери комуницираа, достави понуда со цена која што е пониска и од таа цена која денеска ја купува ЕСМ, истакна Мицкоски. Мицкоски нагласи дека тогаш цената на берзите беше два пати повисока од таа која е денеска, дури и на моменти три пати, а цената која ја понуди таа компанија е пониска и од таа која денеска ја купува ЕСМ. Исто така знам дека гаранција за испораката подразбира и банкарска гаранција од тоа што како аванс требаше да биде исплатено од страна на ЕСМ. Но бргу ќе дојде крајот и на оваа власт и на ова раководство на ЕСМ, а потоа следи одговорност, а граѓаните треба да ги знаат сите детали за уште една криминална набавка која се поврзува со ЕСМ и Васко Ковачевски, рече Мицкоски.  

The post Мицкоски: Обезбедив компанија за двојна пониска цена на гасот, но ЕСМ и Ковачевски избраа бугарска компанија со двојно поскапа цена од берзанската appeared first on Република.

]]>