храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrana/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 11:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrana/ 32 32 АХВ: Вонредни инспекциски контроли во Крива Паланка, уништени педесетина килограми небезбедна храна https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ahv-vonredni-inspektsiski-kontroli-vo-kriva-palanka-unishteni-pedesetina-kilogrami-nebezbedna-hrana/ Wed, 13 Nov 2024 11:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=837155

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка и притоа нештетно уништиле педесетина килограми небезбедна храна.

За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна ( подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи. За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло, информираат денеска од АХВ.

Парична казна и била изречена и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените.

Оа Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град.

The post АХВ: Вонредни инспекциски контроли во Крива Паланка, уништени педесетина килограми небезбедна храна appeared first on Република.

]]>

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка и притоа нештетно уништиле педесетина килограми небезбедна храна. За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна ( подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи. За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло, информираат денеска од АХВ. Парична казна и била изречена и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените. Оа Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град.

The post АХВ: Вонредни инспекциски контроли во Крива Паланка, уништени педесетина килограми небезбедна храна appeared first on Република.

]]>
ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fao-minatiot-mesets-e-zabelezhana-rekordno-visoka-tsena-na-prehranbenite-proizvodi-vo-svetot/ Fri, 08 Nov 2024 13:16:42 +0000 https://republika.mk/?p=835593

Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) денеска ја објави референтната вредност на светските цени на храната во октомври годинава, која достигна највисоко ниво во изминатите 18 месеци, поради наглото зголемување на цените на растителните масла.

ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбени производи, кои се тргуваат глобално. Врз основа на тоа утврдено е дека во индексот на храната во просек изнесуваше 127,4 поени, што е за два отсто повеќе од септември и 5,5 проценти повисок од октомври 2023 година.

Во соопштението на ФАО се наведува дека индексот на цената на растителните масла е зголемен за 7,3 отсто во октомври, достигнувајќи го двегодишниот максимум. Додека цената на житата минатиот месец забележа раст од 0,9 проценти, а промената е предизвикана од растот на извозните цени на пченицата и пченката.

На глобалната цена на пченицата, според ФАО, влијаеле неповолните временски услови кај главните извозници на северната хемисфера, повторното воведување на неофицијалниот минимален износ на цената во Русија, како и тензиите во регионот на Црно Море.

The post ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот appeared first on Република.

]]>

Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) денеска ја објави референтната вредност на светските цени на храната во октомври годинава, која достигна највисоко ниво во изминатите 18 месеци, поради наглото зголемување на цените на растителните масла. ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбени производи, кои се тргуваат глобално. Врз основа на тоа утврдено е дека во индексот на храната во просек изнесуваше 127,4 поени, што е за два отсто повеќе од септември и 5,5 проценти повисок од октомври 2023 година. Во соопштението на ФАО се наведува дека индексот на цената на растителните масла е зголемен за 7,3 отсто во октомври, достигнувајќи го двегодишниот максимум. Додека цената на житата минатиот месец забележа раст од 0,9 проценти, а промената е предизвикана од растот на извозните цени на пченицата и пченката. На глобалната цена на пченицата, според ФАО, влијаеле неповолните временски услови кај главните извозници на северната хемисфера, повторното воведување на неофицијалниот минимален износ на цената во Русија, како и тензиите во регионот на Црно Море.

The post ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот appeared first on Република.

]]>
Во Велес се јаде исправна храна, годинава инспекторите на АХВ не поднеле ниту една прекршочна или кривична пријава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-veles-se-jade-ispravna-hrana-godinava-inspektorite-na-ahv-ne-podnele-nitu-edna-prekrshochna-ili-krivichna-prijava/ Mon, 28 Oct 2024 17:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=831793

Ветеринарите и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) годинава спровеле вкупно 1015 контроли на територијата на Општина Велес. Од нив, 369 контроли биле спроведени кај оператори со храна од неживотинско потекло и 646 кај оператори со храна од животинско потекло.

Од вкупниот број спроведени контроли годинава во Општина Велес, 205 биле редовни, 44 контролни и 66 вонредни инспекциски контроли.

Како што информираат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство, од почетокот на годинава досега, во Велес ветеринарите и инспекторите за храна не изрекле мерки едукација, ниту поднеле прекршочни или кривични пријави против операторите со храна кои биле контролирани. Не е евидентирано ниту уништување на небезбедна храна.

Изречени се вкупно 31 инспекциска мерка односно издадени се решенија за отстранување на утврдените недоследности од помал обем со контролите, кои кај операторите со храна се однесувале на непоседување на санитарни книшки за вработените, незавршен курс по хигиена, нецелосно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса, неажурно водење на записи и сл.

The post Во Велес се јаде исправна храна, годинава инспекторите на АХВ не поднеле ниту една прекршочна или кривична пријава appeared first on Република.

]]>

Ветеринарите и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) годинава спровеле вкупно 1015 контроли на територијата на Општина Велес. Од нив, 369 контроли биле спроведени кај оператори со храна од неживотинско потекло и 646 кај оператори со храна од животинско потекло. Од вкупниот број спроведени контроли годинава во Општина Велес, 205 биле редовни, 44 контролни и 66 вонредни инспекциски контроли. Како што информираат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство, од почетокот на годинава досега, во Велес ветеринарите и инспекторите за храна не изрекле мерки едукација, ниту поднеле прекршочни или кривични пријави против операторите со храна кои биле контролирани. Не е евидентирано ниту уништување на небезбедна храна. Изречени се вкупно 31 инспекциска мерка односно издадени се решенија за отстранување на утврдените недоследности од помал обем со контролите, кои кај операторите со храна се однесувале на непоседување на санитарни книшки за вработените, незавршен курс по хигиена, нецелосно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса, неажурно водење на записи и сл.

The post Во Велес се јаде исправна храна, годинава инспекторите на АХВ не поднеле ниту една прекршочна или кривична пријава appeared first on Република.

]]>
Околу 100 килограми небезбедна храна запленета и уништена утрово на пазарот бувљак https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/okolu-100-kilogrami-nebezbedna-hrana-zapleneta-i-unishtena-utrovo-na-pazarot-buvlak/ Fri, 25 Oct 2024 12:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=830977

Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската населба Маџари.

Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи ) се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна.

Агенцијата апелира до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица може да бидат небезбедни.

The post Околу 100 килограми небезбедна храна запленета и уништена утрово на пазарот бувљак appeared first on Република.

]]>

Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската населба Маџари. Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи ) се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна. Агенцијата апелира до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица може да бидат небезбедни.

The post Околу 100 килограми небезбедна храна запленета и уништена утрово на пазарот бувљак appeared first on Република.

]]>
Киријакидес: Храната е премногу скапоцена за да заврши во канта за ѓубре https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kirijakides-hranata-e-premnogu-skapotsena-za-da-zavrshi-vo-kanta-za-gubre/ Sun, 29 Sep 2024 09:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=820685

Зачудувачки е што една третина од храната произведена на глобално ниво се губи или завршува како отпад, факт што има негативни влијанија не само врз безбедноста на храната, туку и врз нашите економии и општества, порача еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес по повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна - 29 септември.

Само во Европа годишно се фрлаат 59 милиони тони храна, во вредност од милијарди евра. Во меѓувреме, милиони Европејци не можат да си дозволат здрав оброк секој ден. Ова е неприфатливо губење ресурси, од вода и земја, па до енергија и работна сила, истакнува Киријакидес.

Таа посочува дека фрлањето на храна е исто така опасност и за животната средина, имајќи предвид дека секој тон отпад од прехранбени продукти придонесува за зголемување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, за забрзување на климатските промени и за исцрпување на природните ресурси на Планетата.

Затоа, наш морален и еколошки императив е да дејствуваме. Во Европската Унија сме посветени на преполовување на отпадот од храна по глава на жител во малопродажбата и потрошувачката до 2030 година, во согласност со нашето ветување во рамките на Целта за одржлив развој на Обединетите нации 12.3, која повикува на одговорна потрошувачка и производство ширум светот. За да го забрзаме нашиот напредок, поставивме збир на законски обврзувачки цели за намалување на отпадот низ синџирот на исхрана, од производството, па до домаќинствата. Тоа го очекуваат нашите граѓани од нас, додава Киријакидес во пораката.

Таа потенцира дека за постигнување на оваа цел е потребен колективен напор на сите сектори на општеството - владите, бизнисите и секој поединец, бидејќи борбата против фрлањето храна во голема мера зависи од нашите секојдневни избори и постапки.

Време е да го промениме начинот на кој купуваме и јадеме храна, да го преиспитаме нашиот систем на исхрана и да ги поттикнеме одржливите потрошувачки навики. Позитивните ефекти од ова ќе ги видиме и во нашите паричници со помалку пари потрошени на храна. Оваа недела што доаѓа, го повикувам секој европски граѓанин да размисли што можеме да направиме за да и помогнеме на Планетата, економијата и општеството. Храната значи живот. Премногу е скапоцена за да заврши во канта. Ајде да дејствуваме заедно сега, со цел оваа визија да ја направиме реалност и сите да бидеме дел од решението, додава Киријакидес во пораката повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна.

The post Киријакидес: Храната е премногу скапоцена за да заврши во канта за ѓубре appeared first on Република.

]]>

Зачудувачки е што една третина од храната произведена на глобално ниво се губи или завршува како отпад, факт што има негативни влијанија не само врз безбедноста на храната, туку и врз нашите економии и општества, порача еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес по повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна - 29 септември. Само во Европа годишно се фрлаат 59 милиони тони храна, во вредност од милијарди евра. Во меѓувреме, милиони Европејци не можат да си дозволат здрав оброк секој ден. Ова е неприфатливо губење ресурси, од вода и земја, па до енергија и работна сила, истакнува Киријакидес. Таа посочува дека фрлањето на храна е исто така опасност и за животната средина, имајќи предвид дека секој тон отпад од прехранбени продукти придонесува за зголемување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, за забрзување на климатските промени и за исцрпување на природните ресурси на Планетата. Затоа, наш морален и еколошки императив е да дејствуваме. Во Европската Унија сме посветени на преполовување на отпадот од храна по глава на жител во малопродажбата и потрошувачката до 2030 година, во согласност со нашето ветување во рамките на Целта за одржлив развој на Обединетите нации 12.3, која повикува на одговорна потрошувачка и производство ширум светот. За да го забрзаме нашиот напредок, поставивме збир на законски обврзувачки цели за намалување на отпадот низ синџирот на исхрана, од производството, па до домаќинствата. Тоа го очекуваат нашите граѓани од нас, додава Киријакидес во пораката. Таа потенцира дека за постигнување на оваа цел е потребен колективен напор на сите сектори на општеството - владите, бизнисите и секој поединец, бидејќи борбата против фрлањето храна во голема мера зависи од нашите секојдневни избори и постапки. Време е да го промениме начинот на кој купуваме и јадеме храна, да го преиспитаме нашиот систем на исхрана и да ги поттикнеме одржливите потрошувачки навики. Позитивните ефекти од ова ќе ги видиме и во нашите паричници со помалку пари потрошени на храна. Оваа недела што доаѓа, го повикувам секој европски граѓанин да размисли што можеме да направиме за да и помогнеме на Планетата, економијата и општеството. Храната значи живот. Премногу е скапоцена за да заврши во канта. Ајде да дејствуваме заедно сега, со цел оваа визија да ја направиме реалност и сите да бидеме дел од решението, додава Киријакидес во пораката повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна.

The post Киријакидес: Храната е премногу скапоцена за да заврши во канта за ѓубре appeared first on Република.

]]>
Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/devetgodishno-dete-od-gorgija-pulevski-pobaralo-lekarska-pomosh-na-detskata-klinika/ Fri, 27 Sep 2024 14:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=820350

Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, со стомачни тегоби побарало помош на Детската клиника во Скопје.

Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека детето било лесно дехидрирано и дека ќе се третира амбулантски.

Претходно, директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за медиумите рече дека од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми.

- Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк. Од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти, слични симптоми, изјави Филипчев.

Случајот е пријавен до надлежните институции и според директорот на училиштето извршен е вонреден инспекциски надзор.

The post Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника appeared first on Република.

]]>

Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, со стомачни тегоби побарало помош на Детската клиника во Скопје. Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека детето било лесно дехидрирано и дека ќе се третира амбулантски. Претходно, директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за медиумите рече дека од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми. - Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк. Од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти, слични симптоми, изјави Филипчев. Случајот е пријавен до надлежните институции и според директорот на училиштето извршен е вонреден инспекциски надзор.

The post Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника appeared first on Република.

]]>
Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-kichevo-ohrid-i-struga-unishtena-nebezbedna-hrana-kazneti-market-gostilnitsa-i-mesarnitsa/ Sun, 22 Sep 2024 15:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=818773

Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1,400 евра.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1,400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот.

Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, несоодветно означување на производите, продажба на храна со поминат рок и слично).

Во Струга казнета е и месарница со 500 евра во денарска противвредност поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло.

Во Охрид со 500 евра казнета е гостилница каде инспекциските служби на АХВ при спроведен вонреден надзор утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна.

Кај некои од операторите утврдени се незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од АХВ, непоседување на санитарни книшки за вработените и друго.

Покрај вонредните засилени контроли, постапувањето по поднесени претставки и предлози, инспекциските служби на АХВ ги спроведуваат редовните контроли согласно Годишниот план за вршење на инспекциски контроли, велат од АХВ.

Оттаму додаваат дека во првите шест месеци од годинава спроведени се 24. 335 инспекциски контроли при што изречени се 2 433 инспекциски мерки. Уништени се 37,6 тони и 13,654 литри небезбедна храна.

 

The post Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница appeared first on Република.

]]>

Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1,400 евра. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1,400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, несоодветно означување на производите, продажба на храна со поминат рок и слично). Во Струга казнета е и месарница со 500 евра во денарска противвредност поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло. Во Охрид со 500 евра казнета е гостилница каде инспекциските служби на АХВ при спроведен вонреден надзор утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна.
Кај некои од операторите утврдени се незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од АХВ, непоседување на санитарни книшки за вработените и друго.
Покрај вонредните засилени контроли, постапувањето по поднесени претставки и предлози, инспекциските служби на АХВ ги спроведуваат редовните контроли согласно Годишниот план за вршење на инспекциски контроли, велат од АХВ. Оттаму додаваат дека во првите шест месеци од годинава спроведени се 24. 335 инспекциски контроли при што изречени се 2 433 инспекциски мерки. Уништени се 37,6 тони и 13,654 литри небезбедна храна.  

The post Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница appeared first on Република.

]]>
За да нема избрзана и несоодветна одлука, намалувањето на цените на стенд бај https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-da-nema-izbrzana-i-nesoodvetna-odluka-namaluvaneto-na-tsenite-na-stend-baj/ Mon, 16 Sep 2024 10:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=816746

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека предлогот од Министерството за економија дали ќе се замрзнат цените или ќе се ограничат маржите на дел од прехранбените производи можеби нема да се најде на утрешната владина седница доколку е потребно време за усогласување на засегнатите страни.

Производителите, трговците и Владата ќе разговараат за да се најде најдобриот начин да им се помогне на граѓаните, но и да биде задоволна и другата страна во однос на намалувањето на цените на прехранбените продукти - рече Мицкоски.

Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на состанокот со АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение, Мицкоски рече дека утрово разговарал со министерот за економија кој треба да го организира состанокот.

Не мора да значи дека во текот на утрешниот ден на владина седница ќе биде предлогот, можеби една недела потоа, ако е потребно додека се усогласат ставовите. Не сакаме на сила ништо да правиме, стојам позади тоа што сум го кажал, но некогаш имате моменти кога гледате како поединци реагираат како монопол, дуопол и вие тогаш ќе мора да интервенирате офанзивно, ова како што ние го правиме. Онаму каде што навистина пазарната економија и пазарните практики ги диктираат цените, таму ние не интервенираме, но има услови кога ќе ги видите увозните цени и кога ќе видите како хируршки прецизно е поделен пазарот, тогаш не ви останува ништо друго освен да им помогнете на граѓаните, бидејќи не може некој непристојно да се богати на грбот на граѓаните. Во секој случај јас сум за тоа пазарната економија да ги диктира цените и да тоа го поддржувам и тука немам никаква дилема, но има за жал поединци кои ја злоупотребуваат оваа позиција и тука мораме ние како влада да интервенираме - рече Мицкоски.

Не мисли дека ваквата мерка е задоцнета.

Доволно време е пред есента, воопшто не е доцна. Не би рекол дека ќе паднат цените за 20 проценти. Производителите и трговците друго кажуваат и кога ќе ги видите соопштенијата што доаѓаат од коморите и од различните структури, тогаш ќе се доведеме до една збунувачка ситуација. Утрово разговарав со претседателот на Стопанската комора и конечно побарав од нив став. Нека ни кажат, бидејќи добиваме различни писма, што да направиме дали како Влада да останеме на ставот за примена на Законот за нефер трговски пракси или да го одложиме - изјави Мицкоски.

The post За да нема избрзана и несоодветна одлука, намалувањето на цените на стенд бај appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека предлогот од Министерството за економија дали ќе се замрзнат цените или ќе се ограничат маржите на дел од прехранбените производи можеби нема да се најде на утрешната владина седница доколку е потребно време за усогласување на засегнатите страни.
Производителите, трговците и Владата ќе разговараат за да се најде најдобриот начин да им се помогне на граѓаните, но и да биде задоволна и другата страна во однос на намалувањето на цените на прехранбените продукти - рече Мицкоски.
Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на состанокот со АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение, Мицкоски рече дека утрово разговарал со министерот за економија кој треба да го организира состанокот.
Не мора да значи дека во текот на утрешниот ден на владина седница ќе биде предлогот, можеби една недела потоа, ако е потребно додека се усогласат ставовите. Не сакаме на сила ништо да правиме, стојам позади тоа што сум го кажал, но некогаш имате моменти кога гледате како поединци реагираат како монопол, дуопол и вие тогаш ќе мора да интервенирате офанзивно, ова како што ние го правиме. Онаму каде што навистина пазарната економија и пазарните практики ги диктираат цените, таму ние не интервенираме, но има услови кога ќе ги видите увозните цени и кога ќе видите како хируршки прецизно е поделен пазарот, тогаш не ви останува ништо друго освен да им помогнете на граѓаните, бидејќи не може некој непристојно да се богати на грбот на граѓаните. Во секој случај јас сум за тоа пазарната економија да ги диктира цените и да тоа го поддржувам и тука немам никаква дилема, но има за жал поединци кои ја злоупотребуваат оваа позиција и тука мораме ние како влада да интервенираме - рече Мицкоски.
Не мисли дека ваквата мерка е задоцнета.
Доволно време е пред есента, воопшто не е доцна. Не би рекол дека ќе паднат цените за 20 проценти. Производителите и трговците друго кажуваат и кога ќе ги видите соопштенијата што доаѓаат од коморите и од различните структури, тогаш ќе се доведеме до една збунувачка ситуација. Утрово разговарав со претседателот на Стопанската комора и конечно побарав од нив став. Нека ни кажат, бидејќи добиваме различни писма, што да направиме дали како Влада да останеме на ставот за примена на Законот за нефер трговски пракси или да го одложиме - изјави Мицкоски.

The post За да нема избрзана и несоодветна одлука, намалувањето на цените на стенд бај appeared first on Република.

]]>
Животниот стандард каска зад цените, ДЗС регистрирал поскапување кај повеќе категории производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zhivotniot-standard-kaska-zad-tsenite-dzs-registriral-poskapuvane-kaj-poveke-kategorii-proizvodi/ Wed, 07 Aug 2024 19:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=804330

Трошоците за живот во јули на годишно ниво пораснале за три проценти, цените на мало пак за 3.9 отсто. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5 отсто. Луѓето се на ставот дека од месец во месец имаат се помалку пари, примањата исти, цените до небо.

Во последниот извештај од областа на цени Државниот завод за статистика регистрирал поскапување кај повеќето категории, додека пак намалување имало за облека, комуникации, храна и безалкохолни пијалоци. За мебел, покуќнина, одржување на домаќинствата и образование се на истото ниво од претходниот месец.

Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Поскапувањето на производите кои редовно се набавуваат придонесува во континуитат да се намалува куповната моќ, со што паѓа квалитетот на живот на граѓаните. Се купува тоа што е поевтино, овошјето и зеленчукот како прва асоцијација за здрава храна стана вистински луксуз, посетата на културни манифестации за многумина е научна фантастика, транспортот е се поскап, се купува најосновното и најнеопходното за преживување.

The post Животниот стандард каска зад цените, ДЗС регистрирал поскапување кај повеќе категории производи appeared first on Република.

]]>

Трошоците за живот во јули на годишно ниво пораснале за три проценти, цените на мало пак за 3.9 отсто. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5 отсто. Луѓето се на ставот дека од месец во месец имаат се помалку пари, примањата исти, цените до небо. Во последниот извештај од областа на цени Државниот завод за статистика регистрирал поскапување кај повеќето категории, додека пак намалување имало за облека, комуникации, храна и безалкохолни пијалоци. За мебел, покуќнина, одржување на домаќинствата и образование се на истото ниво од претходниот месец. Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %. Поскапувањето на производите кои редовно се набавуваат придонесува во континуитат да се намалува куповната моќ, со што паѓа квалитетот на живот на граѓаните. Се купува тоа што е поевтино, овошјето и зеленчукот како прва асоцијација за здрава храна стана вистински луксуз, посетата на културни манифестации за многумина е научна фантастика, транспортот е се поскап, се купува најосновното и најнеопходното за преживување.

The post Животниот стандард каска зад цените, ДЗС регистрирал поскапување кај повеќе категории производи appeared first on Република.

]]>
Пет јадења од кои повеќе се потите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-jadena-od-koi-poveke-se-potite/ Tue, 06 Aug 2024 16:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=803927

Ако забележите прекумерно потење, топлината можеби не е единствениот виновник. Некои намирници предизвикуваат и зголемено потење поради нивното термогено дејство (кога таквата храна се разградува во телото, дел од неа се ослободува како топлина). Подолу ќе дознаете која храна е најдобро да ја избегнувате во најжешките летни денови доколку не сакате повеќе да се потите.

1. Солена храна

Кога јадете храна богата со натриум, вашето тело е принудено да се ослободи од вишокот сол преку потта. Затоа солената храна е на врвот на листата на намирници кои треба да се избегнуваат на жештините. Ова вклучува солени грицки како што се чипс или стапчиња, многу конзервирана храна (особено конзервирана риба и зеленчук), сосови итн.

2. Преработена храна

На преработената храна обично и недостасуваат влакна и ензими потребни за правилно варење. Оваа храна содржи и големи количества масти, што го отежнува варењето. И секој пат кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Најчестата преработена храна која предизвикува потење е брзата храна, масните печива (како што се пити или кроасани) и замрзната преработена храна.

3. Пијалоци кои содржат кофеин

Кофеинот влијае на централниот нервен систем, ги зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок. После тоа, телото ги буди потните жлезди. Топлината на топлото кафе или чај исто така ја зголемува температурата на вашето тело, предизвикувајќи уште повеќе да се потите. Затоа е подобро да избегнувате пијалоци кои содржат многу кофеин на топло време. Ова вклучува кафе, чај (зелен и црн), енергетски пијалоци и многу видови газирани сокови.

4. Алкохолни пијалоци

Алкохолот исто така го зголемува пулсот и температурата на телото, што значи повеќе пот. Колку повеќе пиете, толку повеќе се потите (дури и ако се работи за коктел со мраз).

5. Слатки

Храната со висока содржина на шеќери и јаглени хидрати (што е речиси сите постоечки десерти) произведува значаен термички ефект бидејќи на телото му е доста тешко да ја разгради. Покрај тоа, слатката храна предизвикува остри скокови на шеќерот во крвта, што предизвикува и многу потење.

The post Пет јадења од кои повеќе се потите appeared first on Република.

]]>

Ако забележите прекумерно потење, топлината можеби не е единствениот виновник. Некои намирници предизвикуваат и зголемено потење поради нивното термогено дејство (кога таквата храна се разградува во телото, дел од неа се ослободува како топлина). Подолу ќе дознаете која храна е најдобро да ја избегнувате во најжешките летни денови доколку не сакате повеќе да се потите.

1. Солена храна

Кога јадете храна богата со натриум, вашето тело е принудено да се ослободи од вишокот сол преку потта. Затоа солената храна е на врвот на листата на намирници кои треба да се избегнуваат на жештините. Ова вклучува солени грицки како што се чипс или стапчиња, многу конзервирана храна (особено конзервирана риба и зеленчук), сосови итн.

2. Преработена храна

На преработената храна обично и недостасуваат влакна и ензими потребни за правилно варење. Оваа храна содржи и големи количества масти, што го отежнува варењето. И секој пат кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Најчестата преработена храна која предизвикува потење е брзата храна, масните печива (како што се пити или кроасани) и замрзната преработена храна.

3. Пијалоци кои содржат кофеин

Кофеинот влијае на централниот нервен систем, ги зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок. После тоа, телото ги буди потните жлезди. Топлината на топлото кафе или чај исто така ја зголемува температурата на вашето тело, предизвикувајќи уште повеќе да се потите. Затоа е подобро да избегнувате пијалоци кои содржат многу кофеин на топло време. Ова вклучува кафе, чај (зелен и црн), енергетски пијалоци и многу видови газирани сокови.

4. Алкохолни пијалоци

Алкохолот исто така го зголемува пулсот и температурата на телото, што значи повеќе пот. Колку повеќе пиете, толку повеќе се потите (дури и ако се работи за коктел со мраз).

5. Слатки

Храната со висока содржина на шеќери и јаглени хидрати (што е речиси сите постоечки десерти) произведува значаен термички ефект бидејќи на телото му е доста тешко да ја разгради. Покрај тоа, слатката храна предизвикува остри скокови на шеќерот во крвта, што предизвикува и многу потење.

The post Пет јадења од кои повеќе се потите appeared first on Република.

]]>
Кражбите на храна во маркетите стануваат сè почести откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/krazhbite-na-hrana-vo-marketite-stanuvaat-se-pochesti-otkako-tsenite-na-osnovnite-zhivotni-potrebi-drastichno-porasnaa/ Sat, 27 Jul 2024 13:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=800783

Вработените сведочат за зголемен број инциденти, особено откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа, пишува Денар.мк

Според нив, најмногу се крадат производи со висока вредност, но не се поштедени ни оние кои се дел од секојдневната потрошувачка како кашкавалот, путерот, сирењето, паштетите... Чоколадите исто така често завршуваат во џебовите на крадците.

Целиот текст овде.

The post Кражбите на храна во маркетите стануваат сè почести откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа appeared first on Република.

]]>

Вработените сведочат за зголемен број инциденти, особено откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа, пишува Денар.мк Според нив, најмногу се крадат производи со висока вредност, но не се поштедени ни оние кои се дел од секојдневната потрошувачка како кашкавалот, путерот, сирењето, паштетите... Чоколадите исто така често завршуваат во џебовите на крадците. Целиот текст овде.

The post Кражбите на храна во маркетите стануваат сè почести откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа appeared first on Република.

]]>
Вонредни инспекции низ туристичките места, затворени објекти и уништени 8,7 тони храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vonredni-inspektsii-niz-turistichkite-mesta-zatvoreni-objekti-i-unishteni-8-7-toni-hrana/ Mon, 22 Jul 2024 09:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=799144

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 16 до 19 јули спроведоа вонредни засилени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти, месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа со кои беа опфатени 112 објекти. При тоа беа изречени 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на осум им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.

Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната, соопшти АХВ.

Со контролите, се посочува во соопштението, беше утврдено неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство ,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат.

Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана беше и работа на објекти - оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што беа изречени мерки забрана за работа, а затекнатите производи беа забранети за промет и нештетно уништени. Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа, се наведува во соопштението.

Како што нагласуваат од АХВ, од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена.

Од АХВ најавуваат дека и во наредниов период ќе продолжат со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, како што велат, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.

The post Вонредни инспекции низ туристичките места, затворени објекти и уништени 8,7 тони храна appeared first on Република.

]]>

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 16 до 19 јули спроведоа вонредни засилени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти, месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа со кои беа опфатени 112 објекти. При тоа беа изречени 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на осум им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.
Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната, соопшти АХВ.
Со контролите, се посочува во соопштението, беше утврдено неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство ,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат.
Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана беше и работа на објекти - оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што беа изречени мерки забрана за работа, а затекнатите производи беа забранети за промет и нештетно уништени. Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа, се наведува во соопштението.
Како што нагласуваат од АХВ, од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена. Од АХВ најавуваат дека и во наредниов период ќе продолжат со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, како што велат, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.

The post Вонредни инспекции низ туристичките места, затворени објекти и уништени 8,7 тони храна appeared first on Република.

]]>
Девет лица побарале медицинска помош по труење со храна во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devet-litsa-pobarale-meditsinska-pomosh-po-truene-so-hrana-vo-gostivar/ Sun, 14 Jul 2024 08:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=796571

Вкупно девет лица биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи.

Дежурниот лекар во Одделението за МИА информираше дека синоќа во периодот од 22 часот до полноќ биле примени пациенти на помлада возраст кои претходно се јавиле во Брза помош.

– Сите се жалеа на повраќање, дијареја и изнемоштеност. По направените анализи на крвта и прегледите им беше дадена соодветна терапија и се пуштени на домашно лекување – изјави инфектологот Ратко Наумоски.

Според првичните информации, лицата се затруле од храна во еден угостителски објект. Епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје ги презела сите мерки. Земени се примероци за анализа, по што ќе се знаат причините кои довеле до влошување на здравствената состојба на пациентите и дали станува збор за бактериолошка инфекција.

МИА синоќа информираше дека најмалку шест лица со симптоми на труење побарале лекарска помош на Инфективното одделение во Гостивар.

The post Девет лица побарале медицинска помош по труење со храна во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Вкупно девет лица биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи. Дежурниот лекар во Одделението за МИА информираше дека синоќа во периодот од 22 часот до полноќ биле примени пациенти на помлада возраст кои претходно се јавиле во Брза помош.
– Сите се жалеа на повраќање, дијареја и изнемоштеност. По направените анализи на крвта и прегледите им беше дадена соодветна терапија и се пуштени на домашно лекување – изјави инфектологот Ратко Наумоски. Според првичните информации, лицата се затруле од храна во еден угостителски објект. Епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје ги презела сите мерки. Земени се примероци за анализа, по што ќе се знаат причините кои довеле до влошување на здравствената состојба на пациентите и дали станува збор за бактериолошка инфекција. МИА синоќа информираше дека најмалку шест лица со симптоми на труење побарале лекарска помош на Инфективното одделение во Гостивар.

The post Девет лица побарале медицинска помош по труење со храна во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Невролог ја открива најдобрата храна за здравјето на мозокот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nevrolog-ja-otkriva-najdobrata-hrana-za-zdravjeto-na-mozokot/ Tue, 09 Jul 2024 20:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=795106

Како што старееме, одржувањето на когнитивното здравје станува главен приоритет. Добрата вест е дека храната што ја јадеме може да има значително влијание врз способноста на нашиот мозок да функционира добро, па дури и да развива нови мозочни клетки.

Невронаучникот д-р Роберт Лав, кој е специјализиран за спречување Алцхајмерова болест преку научни истражувања и практични совети за исхрана, откри како храната што ја јадеме влијае на здравјето на мозокот.

Тој ја истакна важноста на одредени намирници кои се особено корисни за когнитивното здравје. Еве кои ги издвои и зошто.

Сардини

Сардините се преполни со хранливи материи неопходни за здравјето на мозокот. Сардините се здрава, масна риба богата со омега-3 масни киселини, вели д-р Лав. Јадењето здрави масти, како оние што се наоѓаат во сардината, му обезбедува на мозокот потребните материјали за поправка и раст на нови мозочни клетки.

Кисела зелка

Кисела зелка може да биде изненадување за многумина, но нуди значителни придобивки за здравјето на мозокот преку врската црево-мозок. Киселата зелка е одлична за вашиот мозок. Не мора да го стимулира растот на мозочните клетки, но придонесува за развој на добри бактерии во цревата, објаснува д-р Лав.

Вклучувањето на кисела зелка во вашата секојдневна исхрана може да помогне да се одржи здрав цревниот микробиом, кој пак ја поддржува когнитивната функција.

Харинга

Друга риба што д-р Лав силно ја препорачува е харингата. Харингата е една од здравите масни риби, мала е и има малку жива, истакнува тој. Слично на сардините, харингата е богата со здрави масти кои ги обезбедуваат клучните супстанции потребни за создавање на нови мозочни клетки. Исто така, покрај тоа што е богата со омега-3 масни киселини, харингата е вкусен и разновиден додаток на храна.

На крајот на краиштата, вклучувањето на оваа храна во вашата исхрана може значително да влијае на здравјето на мозокот и когнитивната функција, особено како што старееме. Храната што ја јадете е многу важна, заклучи д-р Лав.

The post Невролог ја открива најдобрата храна за здравјето на мозокот appeared first on Република.

]]>

Како што старееме, одржувањето на когнитивното здравје станува главен приоритет. Добрата вест е дека храната што ја јадеме може да има значително влијание врз способноста на нашиот мозок да функционира добро, па дури и да развива нови мозочни клетки. Невронаучникот д-р Роберт Лав, кој е специјализиран за спречување Алцхајмерова болест преку научни истражувања и практични совети за исхрана, откри како храната што ја јадеме влијае на здравјето на мозокот. Тој ја истакна важноста на одредени намирници кои се особено корисни за когнитивното здравје. Еве кои ги издвои и зошто. Сардини Сардините се преполни со хранливи материи неопходни за здравјето на мозокот. Сардините се здрава, масна риба богата со омега-3 масни киселини, вели д-р Лав. Јадењето здрави масти, како оние што се наоѓаат во сардината, му обезбедува на мозокот потребните материјали за поправка и раст на нови мозочни клетки. Кисела зелка Кисела зелка може да биде изненадување за многумина, но нуди значителни придобивки за здравјето на мозокот преку врската црево-мозок. Киселата зелка е одлична за вашиот мозок. Не мора да го стимулира растот на мозочните клетки, но придонесува за развој на добри бактерии во цревата, објаснува д-р Лав. Вклучувањето на кисела зелка во вашата секојдневна исхрана може да помогне да се одржи здрав цревниот микробиом, кој пак ја поддржува когнитивната функција. Харинга Друга риба што д-р Лав силно ја препорачува е харингата. Харингата е една од здравите масни риби, мала е и има малку жива, истакнува тој. Слично на сардините, харингата е богата со здрави масти кои ги обезбедуваат клучните супстанции потребни за создавање на нови мозочни клетки. Исто така, покрај тоа што е богата со омега-3 масни киселини, харингата е вкусен и разновиден додаток на храна. На крајот на краиштата, вклучувањето на оваа храна во вашата исхрана може значително да влијае на здравјето на мозокот и когнитивната функција, особено како што старееме. Храната што ја јадете е многу важна, заклучи д-р Лав.

The post Невролог ја открива најдобрата храна за здравјето на мозокот appeared first on Република.

]]>
АХВ: Ќе се уништува свинското месо од Грција чиј шверц беше спречен https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ahv-ke-se-unishtuva-svinskoto-meso-od-grtsija-chij-shverts-beshe-sprechen/ Tue, 09 Jul 2024 13:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=795006

Денес инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) наредија уништување на приближно два тона замрзнато свинско месо по потекло од Република Грција, чиј шверц беше спречен викендов од страна на мобилна екипа на Царинската управа. За запленетите количини, АХВ вчера беше официјално известена од Царинска управа, врз основа на што беше издадена и наредбата за нештетно уништување на небезбедното месо.

Агенцијата информира и дека до овој момент, преку Системот за брзо информирање за Европската унија, не е добиено известување за пласирана небезбедна серија хималајска сол од брендот „Котами“, која поради утврдено присуство на пластика во одредени серии се повлекува од пазарот во некои од земјите од регионот.

Како одговорна институција за безбедноста на храната ќе ја следиме состојбата и доколку има потреба, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки, наведува АХВ.

The post АХВ: Ќе се уништува свинското месо од Грција чиј шверц беше спречен appeared first on Република.

]]>

Денес инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) наредија уништување на приближно два тона замрзнато свинско месо по потекло од Република Грција, чиј шверц беше спречен викендов од страна на мобилна екипа на Царинската управа. За запленетите количини, АХВ вчера беше официјално известена од Царинска управа, врз основа на што беше издадена и наредбата за нештетно уништување на небезбедното месо. Агенцијата информира и дека до овој момент, преку Системот за брзо информирање за Европската унија, не е добиено известување за пласирана небезбедна серија хималајска сол од брендот „Котами“, која поради утврдено присуство на пластика во одредени серии се повлекува од пазарот во некои од земјите од регионот. Како одговорна институција за безбедноста на храната ќе ја следиме состојбата и доколку има потреба, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки, наведува АХВ.

The post АХВ: Ќе се уништува свинското месо од Грција чиј шверц беше спречен appeared first on Република.

]]>
Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски за Павловден во Градско https://arhiva3.republika.mk/zivot/petar-grasho-libero-bend-zhare-berber-i-spasen-siljanovski-za-pavlovden-vo-gradsko/ Mon, 08 Jul 2024 07:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=794383

Манифестацијата „Градско, храна, вино и традиција“ по повод Павловден- патронот на Градско и оваа година ќе се одбележи во срцето на Македонија.

Организаторите на програмата најавуваат богата музичка програма. Љубителите на храната и виното, но и добрата забава на 12 јули со почеток во 20.30 часот ќе ги забавуваат Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски. На шеталиштето присутните ќе можат да дегустираат квалитетни вина од десетина врвни винарии од Винскиот пат кој поминува низ Градско.

Манифестацијата ќе ја води водителката Маријана Станојковска.

The post Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски за Павловден во Градско appeared first on Република.

]]>

Манифестацијата „Градско, храна, вино и традиција“ по повод Павловден- патронот на Градско и оваа година ќе се одбележи во срцето на Македонија. Организаторите на програмата најавуваат богата музичка програма. Љубителите на храната и виното, но и добрата забава на 12 јули со почеток во 20.30 часот ќе ги забавуваат Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски. На шеталиштето присутните ќе можат да дегустираат квалитетни вина од десетина врвни винарии од Винскиот пат кој поминува низ Градско. Манифестацијата ќе ја води водителката Маријана Станојковска.

The post Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски за Павловден во Градско appeared first on Република.

]]>
Храна што го подобрува животот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hrana-shto-go-podobruva-zhivotot/ Sat, 29 Jun 2024 19:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=791961

Не е тајна дека влакната се исклучително здрави. Освен што помагаат во спречување на рак и кардиоваскуларни болести, тие се способни да ги врзат нездравите материи присутни во храната.

Според лекарите, најдобро за телото е да јадете круши, тиква, сливи, лук, аспарагус, зелка, спанаќ и семки од лен. Сите наведени намирници се богати со растителни влакна, а нивното дејство прво ќе го доживееме преку подобрено варење.

Покрај горенаведените намирници, лушпите од псилиум се уште еден извор на растворливи диететски влакна. Докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол, што е важно за превенција од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем. Освен влакна кои помагаат во нормализирање на работата на цревата, псилиумот содржи и несварливи јаглехидрати кои позитивно влијаат на микрофлората, пишува магазинот „Health“.

Според сегашните упатства, на жените им требаат 25 грама влакна дневно, што е еквивалентно на седум јаболка или 12 чаши брокула. На мажите им се препорачуваат 38 грама влакна дневно.

Влакната помагаат и во губење на тежината

Влакната се варат побавно, така што ќе ве држат сити подолго време. Колку сте посити и позадоволни после оброк, толку е помала веројатноста да посегнете по грицки. Друг плус е тоа што овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се богати со растителни влакна, односно храна која сочинува здрава исхрана.

Не претерувајте

Ако внесувате премногу влакна, може да почувствувате гасови, надуеност и варење. Ако вообичаено не консумирате многу влакна, кога ќе одлучите да ги вклучите во вашата исхрана, правете го тоа постепено и следете како се чувствувате. Се разбира, пијте многу вода за да ги олесните стомачните тегоби од зголемувањето на дневниот внес на влакна.

The post Храна што го подобрува животот appeared first on Република.

]]>

Не е тајна дека влакната се исклучително здрави. Освен што помагаат во спречување на рак и кардиоваскуларни болести, тие се способни да ги врзат нездравите материи присутни во храната. Според лекарите, најдобро за телото е да јадете круши, тиква, сливи, лук, аспарагус, зелка, спанаќ и семки од лен. Сите наведени намирници се богати со растителни влакна, а нивното дејство прво ќе го доживееме преку подобрено варење.
Покрај горенаведените намирници, лушпите од псилиум се уште еден извор на растворливи диететски влакна. Докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол, што е важно за превенција од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем. Освен влакна кои помагаат во нормализирање на работата на цревата, псилиумот содржи и несварливи јаглехидрати кои позитивно влијаат на микрофлората, пишува магазинот „Health“.
Според сегашните упатства, на жените им требаат 25 грама влакна дневно, што е еквивалентно на седум јаболка или 12 чаши брокула. На мажите им се препорачуваат 38 грама влакна дневно. Влакната помагаат и во губење на тежината Влакната се варат побавно, така што ќе ве држат сити подолго време. Колку сте посити и позадоволни после оброк, толку е помала веројатноста да посегнете по грицки. Друг плус е тоа што овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се богати со растителни влакна, односно храна која сочинува здрава исхрана. Не претерувајте Ако внесувате премногу влакна, може да почувствувате гасови, надуеност и варење. Ако вообичаено не консумирате многу влакна, кога ќе одлучите да ги вклучите во вашата исхрана, правете го тоа постепено и следете како се чувствувате. Се разбира, пијте многу вода за да ги олесните стомачните тегоби од зголемувањето на дневниот внес на влакна.

The post Храна што го подобрува животот appeared first on Република.

]]>
СЗО: Голем број Европејци умираат поради ултра-обработена храна, тутун и алкохол https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-golem-broj-evropejtsi-umiraat-poradi-ultra-obrabotena-hrana-tutun-i-alkohol/ Wed, 12 Jun 2024 12:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=786943

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), 2,7 милиони луѓе годишно умираат низ Европа од ултра-обработена храна (UPF), алкохол, тутун и фосилни горива.

Експертите велат дека моќните индустрии го поттикнуваат лошото здравје и прераната смрт со мешање во владините политики и напорите за намалување на случаите на рак, срцеви заболувања и дијабетес.

Во новиот извештај, СЗО повикува на „строга регулатива за намалување на моќта на индустријата“ и ги повикува владите да иницираат здравствени политики кои индустријата редовно ги „предизвикува, одложува, слабее или запира“.

СЗО објави дека „повеќе од 7.400 луѓе умираат секој ден“ во Европа од штетни производи и практики „промовирани од комерцијалната индустрија“.

„Овие комерцијални производи се одговорни за 24 проценти од сите смртни случаи, вклучително и високата смртност од кардиоваскуларни болести (51,4 проценти) и рак (46,4 проценти)“, соопшти СЗО.

Во извештајот се наведува дека индустриите за тутун, алкохол, ултра-преработена храна и гориво се целосно или делумно одговорни за 2,7 милиони смртни случаи годишно во Европа.

Во меѓувреме, глобалната слика покажува дека тутунот, UPF, фосилните горива и алкохолот предизвикуваат 19 милиони смртни случаи годишно, или 34 отсто од сите смртни случаи.

По анализата на податоците, СЗО соопшти дека 1,15 милиони смртни случаи годишно во Европа се предизвикани од пушење, 426.857 од алкохол, 117.290 од исхрана богата со преработено месо и 252.187 од исхрана богата со сол.

Овие бројки дури и не ги вклучуваат смртните случаи предизвикани од дебелина, висок крвен притисок, висок шеќер во крвта или висок холестерол, сето тоа поврзано со нездрава исхрана, се вели во извештајот.

Извештајот ги повикува владите да ги препознаат тактиките што ги користи индустријата, како што се обвинување поединци, маркетинг, ширење дезинформации, промоции на социјалните мрежи, лобирање и „поткопување на науката“, како што е финансирање на истражувања кои ги унапредуваат нивните цели.

The post СЗО: Голем број Европејци умираат поради ултра-обработена храна, тутун и алкохол appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), 2,7 милиони луѓе годишно умираат низ Европа од ултра-обработена храна (UPF), алкохол, тутун и фосилни горива. Експертите велат дека моќните индустрии го поттикнуваат лошото здравје и прераната смрт со мешање во владините политики и напорите за намалување на случаите на рак, срцеви заболувања и дијабетес. Во новиот извештај, СЗО повикува на „строга регулатива за намалување на моќта на индустријата“ и ги повикува владите да иницираат здравствени политики кои индустријата редовно ги „предизвикува, одложува, слабее или запира“. СЗО објави дека „повеќе од 7.400 луѓе умираат секој ден“ во Европа од штетни производи и практики „промовирани од комерцијалната индустрија“. „Овие комерцијални производи се одговорни за 24 проценти од сите смртни случаи, вклучително и високата смртност од кардиоваскуларни болести (51,4 проценти) и рак (46,4 проценти)“, соопшти СЗО. Во извештајот се наведува дека индустриите за тутун, алкохол, ултра-преработена храна и гориво се целосно или делумно одговорни за 2,7 милиони смртни случаи годишно во Европа. Во меѓувреме, глобалната слика покажува дека тутунот, UPF, фосилните горива и алкохолот предизвикуваат 19 милиони смртни случаи годишно, или 34 отсто од сите смртни случаи. По анализата на податоците, СЗО соопшти дека 1,15 милиони смртни случаи годишно во Европа се предизвикани од пушење, 426.857 од алкохол, 117.290 од исхрана богата со преработено месо и 252.187 од исхрана богата со сол. Овие бројки дури и не ги вклучуваат смртните случаи предизвикани од дебелина, висок крвен притисок, висок шеќер во крвта или висок холестерол, сето тоа поврзано со нездрава исхрана, се вели во извештајот. Извештајот ги повикува владите да ги препознаат тактиките што ги користи индустријата, како што се обвинување поединци, маркетинг, ширење дезинформации, промоции на социјалните мрежи, лобирање и „поткопување на науката“, како што е финансирање на истражувања кои ги унапредуваат нивните цели.

The post СЗО: Голем број Европејци умираат поради ултра-обработена храна, тутун и алкохол appeared first on Република.

]]>
Ценовник на црниот пазар на храна во Газа: Пилешки копани чинат 200 долари, сирење 50, цигара на парче 20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tsenovnik-na-tsrniot-pazar-na-hrana-vo-gaza-pileshki-kopani-chinat-200-dolari-sirene-50-tsigara-na-parche-20/ Tue, 11 Jun 2024 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=786410

Состојбата во Газа и недостикот на храна е алармантна.Од почетокот на операцијата на Израел  стана тешко да се планира испораката на помош.Залихите со храна веќе се намалуваат.

Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош Мартин Грифитс предупреди дека постои ризик од глад во Газа бидејќи е тешко да се планира испораката на помош од почетокот на операцијата на Израел во Рафах.

„Залихите со храна кои веќе беа во јужниот дел на Газа исчезнуваат. Мислам дека речиси ништо не остана“, изјави Грифитс за Ројтерс во Женева, додавајќи дека хуманитарната операција на ОН е „целосно закочена“.

Ова го отвори црниот пазар на храна па така килограм пилешки копани го плаќаат 200 долари, сирење 50, а едно чоколадо се плаќа и 10 долари.Има недостик и на цигари па така може да се најде цигара на парче за 20 долари.

The post Ценовник на црниот пазар на храна во Газа: Пилешки копани чинат 200 долари, сирење 50, цигара на парче 20 appeared first on Република.

]]>

Состојбата во Газа и недостикот на храна е алармантна.Од почетокот на операцијата на Израел  стана тешко да се планира испораката на помош.Залихите со храна веќе се намалуваат. Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош Мартин Грифитс предупреди дека постои ризик од глад во Газа бидејќи е тешко да се планира испораката на помош од почетокот на операцијата на Израел во Рафах.
„Залихите со храна кои веќе беа во јужниот дел на Газа исчезнуваат. Мислам дека речиси ништо не остана“, изјави Грифитс за Ројтерс во Женева, додавајќи дека хуманитарната операција на ОН е „целосно закочена“.
Ова го отвори црниот пазар на храна па така килограм пилешки копани го плаќаат 200 долари, сирење 50, а едно чоколадо се плаќа и 10 долари.Има недостик и на цигари па така може да се најде цигара на парче за 20 долари.

The post Ценовник на црниот пазар на храна во Газа: Пилешки копани чинат 200 долари, сирење 50, цигара на парче 20 appeared first on Република.

]]>
Европски контејнер за третокласна стока: Квалитетот на храната во хрватските продавници е катастрофален https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/evropski-kontejner-za-tretoklasna-stoka-kvalitetot-na-hranata-vo-hrvatskite-prodavnitsi-e-katastrofalen/ Mon, 03 Jun 2024 10:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=784353

Во петокот и саботата, тајни купувачи посетија 22 продавници и месарници во Загреб и неговата околина, каде што купуваа разни стоки, како што се овошје и зеленчук, како и месни производи.

Во неделата објавија дека резултатите од квалитетот се „катастрофални“ и дека Хрватска станува „европски контејнер за стоки од трета класа“.

Активистите на Граѓанската иницијатива „Квалитетна и безбедна храна на Хрватска“ во редовно работно време ги посетија сите поголеми трговски синџири и независни продавници, а пред медиумите изложија дел од купеното – расипано овошје и зеленчук, во расипана состојба и смрдеа, како и спакувани месни производи небезбедни за консумирање.

Во сите 22 продавници пронајдени се производи со поминат рок кои не требало да бидат на полиците, голем број производи имале сомнителен изглед или нивните цени не одговарале на она што потрошувачите требало да го платат на касата – рече Јосип Келеман на прес-конференцијата, еден од активистите и советник во редакцијата „Ало инспекторе“.

Попустите во одредени трговски синџири се однесуваат на расипана, нејадлива храна, дури и со термичка обработка, рече Келемен, велејќи дека тајните купувачи имаат сметки и снимки од сѐ.

Кампањата ја спроведоа, вели тој, бидејќи имаат исклучително голем број поплаки од потрошувачите за квалитетот и безбедноста на храната, за промотивните цени и истекувањето на рокот на траење на производот.

Одговорноста за ставање на вакви производи на полиците, посочува, е на трговците на мало како и на раководството на подружницата, кое требало да изврши надзор и да каже дека не се пушта во продажба.

Освен ако не е во договор со менаџментот на одделни трговски синџири, а имаме изјави од поранешни и сегашни вработени во одделни трговски синџири каде што раководството им наредува на трговците да го стават на продажба, иако не треба, предупреди Келемен, пренесува Пословни дневник.

Акцијата е спроведена во соработка со Граѓанската иницијатива „Квалитетна и безбедна храна на Хрватска“, Хрватската партија на пензионери, со присуство на тимот од „Ало, инспектори“, а за заклучоците ќе ги пријават до Државниот инспекторат и Хрватската агенција за земјоделство и храна.

Се вели дека храната е огледало на нашето здравје. Дали она што е зад мојот грб е огледало на нашето здравје, праша експертот за заштита на потрошувачи и член на ХСУ Ема Цули, исто така кандидат на изборите за ЕУ. Хрватска мораше да донесе строги регулативи на ЕУ во областа на заштитата и здравјето на потрошувачите, но нивното спроведување не е добро.

Ќе се залагаме Хрватска да не стане контејнер со третокласна храна, со сомнителен квалитет, која е штетна за нашето здравје, за здравјето на луѓето со понизок социјален статус, за пензионерите, но и за мајките и децата, рече Цули.

Таа изјави и дека основачите на трговски центри и супермаркети во земјите членки на ЕУ сигурно не продаваат такви производи бидејќи плаќаат високи казни.

The post Европски контејнер за третокласна стока: Квалитетот на храната во хрватските продавници е катастрофален appeared first on Република.

]]>

Во петокот и саботата, тајни купувачи посетија 22 продавници и месарници во Загреб и неговата околина, каде што купуваа разни стоки, како што се овошје и зеленчук, како и месни производи. Во неделата објавија дека резултатите од квалитетот се „катастрофални“ и дека Хрватска станува „европски контејнер за стоки од трета класа“. Активистите на Граѓанската иницијатива „Квалитетна и безбедна храна на Хрватска“ во редовно работно време ги посетија сите поголеми трговски синџири и независни продавници, а пред медиумите изложија дел од купеното – расипано овошје и зеленчук, во расипана состојба и смрдеа, како и спакувани месни производи небезбедни за консумирање. Во сите 22 продавници пронајдени се производи со поминат рок кои не требало да бидат на полиците, голем број производи имале сомнителен изглед или нивните цени не одговарале на она што потрошувачите требало да го платат на касата – рече Јосип Келеман на прес-конференцијата, еден од активистите и советник во редакцијата „Ало инспекторе“. Попустите во одредени трговски синџири се однесуваат на расипана, нејадлива храна, дури и со термичка обработка, рече Келемен, велејќи дека тајните купувачи имаат сметки и снимки од сѐ. Кампањата ја спроведоа, вели тој, бидејќи имаат исклучително голем број поплаки од потрошувачите за квалитетот и безбедноста на храната, за промотивните цени и истекувањето на рокот на траење на производот. Одговорноста за ставање на вакви производи на полиците, посочува, е на трговците на мало како и на раководството на подружницата, кое требало да изврши надзор и да каже дека не се пушта во продажба. Освен ако не е во договор со менаџментот на одделни трговски синџири, а имаме изјави од поранешни и сегашни вработени во одделни трговски синџири каде што раководството им наредува на трговците да го стават на продажба, иако не треба, предупреди Келемен, пренесува Пословни дневник. Акцијата е спроведена во соработка со Граѓанската иницијатива „Квалитетна и безбедна храна на Хрватска“, Хрватската партија на пензионери, со присуство на тимот од „Ало, инспектори“, а за заклучоците ќе ги пријават до Државниот инспекторат и Хрватската агенција за земјоделство и храна. Се вели дека храната е огледало на нашето здравје. Дали она што е зад мојот грб е огледало на нашето здравје, праша експертот за заштита на потрошувачи и член на ХСУ Ема Цули, исто така кандидат на изборите за ЕУ. Хрватска мораше да донесе строги регулативи на ЕУ во областа на заштитата и здравјето на потрошувачите, но нивното спроведување не е добро. Ќе се залагаме Хрватска да не стане контејнер со третокласна храна, со сомнителен квалитет, која е штетна за нашето здравје, за здравјето на луѓето со понизок социјален статус, за пензионерите, но и за мајките и децата, рече Цули. Таа изјави и дека основачите на трговски центри и супермаркети во земјите членки на ЕУ сигурно не продаваат такви производи бидејќи плаќаат високи казни.

The post Европски контејнер за третокласна стока: Квалитетот на храната во хрватските продавници е катастрофален appeared first on Република.

]]>