храм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hram/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 09:53:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png храм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hram/ 32 32 Осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“ во Општина Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/osveten-novoizgradeniot-tsrkoven-hram-sv-konstantin-i-elena-vo-opshtina-ilinden/ Sun, 29 Oct 2023 17:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=696026

Во Општина Илинден во присуство на голем број верници беше осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“. По тој повод се одржа заедничка Архиерејска литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители.

Како што соопшти Општина Илинден, на архиерејската литургија на новоизградениот црковен храм присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на кој Архиепископот г.г. Стефан му додели Одличие за особен придонес во изградбата на овој црковен храм.

Голем придонес во изградбата на оваа црква даде формираниот Одбор за изградба, кој изминатите години успеа да обезбеди донатори, за денес овој црковен храм изгледа како што имаме можност да го видиме. Како донатори се јавуваат месното население и околните населени места, локалната самоуправа, локалната бизнис заедница како и МПЦ-ОА, се наведува во соопштението.

Од Општината додаваат дека изградбата на оваа црква е почната на 9 јуни 2012 година, кога беше и поставен камен темелник од страна на г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА.

Новоизградениот црковен храм се простира на површина од 400 метри квадратни и висина од 22 метри, дополнуваат од Општината во соопштението.

The post Осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“ во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>

Во Општина Илинден во присуство на голем број верници беше осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“. По тој повод се одржа заедничка Архиерејска литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители. Како што соопшти Општина Илинден, на архиерејската литургија на новоизградениот црковен храм присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на кој Архиепископот г.г. Стефан му додели Одличие за особен придонес во изградбата на овој црковен храм. Голем придонес во изградбата на оваа црква даде формираниот Одбор за изградба, кој изминатите години успеа да обезбеди донатори, за денес овој црковен храм изгледа како што имаме можност да го видиме. Како донатори се јавуваат месното население и околните населени места, локалната самоуправа, локалната бизнис заедница како и МПЦ-ОА, се наведува во соопштението. Од Општината додаваат дека изградбата на оваа црква е почната на 9 јуни 2012 година, кога беше и поставен камен темелник од страна на г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА. Новоизградениот црковен храм се простира на површина од 400 метри квадратни и висина од 22 метри, дополнуваат од Општината во соопштението.

The post Осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“ во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>
Канадски тинејџер издлабил име во храм во Јапонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kanadski-tinejdher-izdlabil-ime-vo-hram-vo-japonija/ Tue, 11 Jul 2023 07:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=659917

Полицијата во Јапонија испрашувала тинејџер од Канада, откако издлабил име на дрвен столб од храм изграден во 8. век.

Се тврди дека на 7 јули, 17-годишникот напишал „Џулијан“ на еден од столбовите во храмовниот комплекс Тошодаиџи Кондо во градот Нара. Храмот е на листата заштитени културни наследства на УНЕСКО и е еден од осумте историски знаменитости на древната престолнина Нара. Златниот тунел, во којшто се наоѓа столбот, се смета за национално богатство на Јапонија.

Момчето им кажало на полициските службеници дека немал намера да ѝ наштети на јапонската култура. Тинејџерот сега е со своите родители, со кои бил и дента.

 Иако тоа не било злонамерно, сепак е тажно и жалосно, изјави еден од монасите за тамошните медиуми.

Според јапонскиот Закон, секој што ќе оштети „важен културен имот“ може да биде осуден на затвор до пет години или парична казна од безмалку 2.000 евра.

Инцидентот во Нара следи по видеото на коешто Бугарин од Велика Британија се потпиша на ѕидот на античкиот Колосеум во Рим. Иван Димитров се соочува со правна постапка откако напишал „Иван + Хејли 23“ на камен од споменикот стар 2.000 години. Тој се извини и рече дека „не знаел колку е стара изградбата“, кога го направил тоа

The post Канадски тинејџер издлабил име во храм во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Јапонија испрашувала тинејџер од Канада, откако издлабил име на дрвен столб од храм изграден во 8. век. Се тврди дека на 7 јули, 17-годишникот напишал „Џулијан“ на еден од столбовите во храмовниот комплекс Тошодаиџи Кондо во градот Нара. Храмот е на листата заштитени културни наследства на УНЕСКО и е еден од осумте историски знаменитости на древната престолнина Нара. Златниот тунел, во којшто се наоѓа столбот, се смета за национално богатство на Јапонија. Момчето им кажало на полициските службеници дека немал намера да ѝ наштети на јапонската култура. Тинејџерот сега е со своите родители, со кои бил и дента.
 Иако тоа не било злонамерно, сепак е тажно и жалосно, изјави еден од монасите за тамошните медиуми.
Според јапонскиот Закон, секој што ќе оштети „важен културен имот“ може да биде осуден на затвор до пет години или парична казна од безмалку 2.000 евра. Инцидентот во Нара следи по видеото на коешто Бугарин од Велика Британија се потпиша на ѕидот на античкиот Колосеум во Рим. Иван Димитров се соочува со правна постапка откако напишал „Иван + Хејли 23“ на камен од споменикот стар 2.000 години. Тој се извини и рече дека „не знаел колку е стара изградбата“, кога го направил тоа

The post Канадски тинејџер издлабил име во храм во Јапонија appeared first on Република.

]]>
Велигденска снимка од соборниот храм во Мариупол од птичја перспектива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/veligdenska-snimka-od-soborniot-hram-vo-mariupol-od-ptichja-perspektiva/ Sun, 24 Apr 2022 11:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=493030

На Велигден, руската агенција РИА објави видео од главниот црковен храм во Мариупол, од птичја перспектива.

Во моментов во храмот, на чии ѕидови има видливи траги од борбите, се собира хуманитарна помош за жителите на украинските региони кои се под контрола на руската армија.

The post Велигденска снимка од соборниот храм во Мариупол од птичја перспектива appeared first on Република.

]]>

На Велигден, руската агенција РИА објави видео од главниот црковен храм во Мариупол, од птичја перспектива. Во моментов во храмот, на чии ѕидови има видливи траги од борбите, се собира хуманитарна помош за жителите на украинските региони кои се под контрола на руската армија.

The post Велигденска снимка од соборниот храм во Мариупол од птичја перспектива appeared first on Република.

]]>