храброст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrabrost/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Jun 2022 11:43:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png храброст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hrabrost/ 32 32 Николоски од Битола: Бугарија да собере храброст и сили и во Луксембург да го тргне ветото за почеток на преговори на Македонија со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-od-bitola-bugarija-da-sobere-hrabrost-i-sili-i-vo-luksemburg-da-go-trgne-vetoto-za-pochetok-na-pregovori-na-makedonija-so-eu/ Sat, 04 Jun 2022 11:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=511040

Денеска во рамки на посетата на Битола, од ВМРО-ДПМНЕ организираме трибина на која што ќе зборуваме за она што можеби е најактуелно во моментов, а тоа е европската перспектива на Македонија, состојбите со европските интеграции, меѓународните односи како тука е неизбежен спорот со Република Бугарија, но и владеењето на правото и борбата со организиран криминал и корупција како два основни темели на кои што се темели напредокот на Македонија, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-За жал Македонија не напредува во изминативе години, и за жал Македонија стои во место. Причините се најмалце две, една секако е ветото кое што Бугарија го става на европските интеграции на Македонија и повикувам еве тука од Битола да Бугарија собере храброст и сили и на следниот самит кој што ќе се одржи за неколку недели во Луксембург да го тргне тоа фамозно вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и Македонија да почне преговори со ЕУ, затоа што тоа пред се го заслужуваат граѓаните на Македонија. Втората причина секако е застојот во реформите, јасни се барањата на европските институции пред се во делот на владеењето на правото, понатака во борбата со организираниот криминал и корупцијата, и во реформите кои што или не се случуваат или назадуваат, сведоци сме сите на состојбата во државата и тука нема ниедно друго решение освен промена на Владата и брзи предвремени парламентарни избори. Секако тоа е надополнето и со економската криза која што се случува во Македонија и националната катастрофа ако сакате. Така што сите овие работи кога ќе се стават во контекст и кога сите овие работи ќе ги видиме, брзи предвремени избори се единствено решение, истакна тој.

Николоски ги повика сите граѓани на Битола, на пелагонискиот регион да се приклучат на 18-ти јуни, на големиот сенароден митинг на кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе побара предвремени избори.

The post Николоски од Битола: Бугарија да собере храброст и сили и во Луксембург да го тргне ветото за почеток на преговори на Македонија со ЕУ appeared first on Република.

]]>