ХПВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hpv/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 14:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ХПВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hpv/ 32 32 Од следниот месец во Македонија ќе пристигне деветовалентната вакцина против ХПВ, ќе може да се вакцинираат и момчиња над 12 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-sledniot-mesets-vo-makedonija-ke-pristigne-devetovalentnata-vaktsina-protiv-hpv-ke-mozhe-da-se-vaktsiniraat-i-momchina-nad-12-godini/ Mon, 15 Apr 2024 14:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=766347

Деветовалентанта вакцина против ХПВ ќе пристигне следниот месец, во мај и на вакциналните пункотиви во Македонија, освен девојчиња, ќе може да ја примаат и момчиња, соопштија денеска министерот за здравство, Илир Демири и националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова.

Тие заедно со специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ.

Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.

Со ова, го следиме примерот на високоразвиените европските здравствени системи и обезбедуваме поголема заштита на младата популација од ХПВ вирусите. Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност - ХПВ вакцината обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита. Оваа вакцина штити од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии, рече Демири.

Вакцината, според Календарот за имунизација, може да ја примат и момчиња и девојчиња на возраст од 12 до 15 години, а ако се задоцни, може најдоцна да се прими до 18 години, т. е. до крајот на средното образование. Ако се прими на возраст од 12 до 15 години, се дава во две дози, а после 15 години во три дози.

Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.

Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е ларциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот, истакна проф. Грозданова.

Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентма вакцина.

Според извештајот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања од ХПВ во земјата изнесува 52, 5 отсто. Покриеност од 100 отсто има само во шест општини: Демир Хисар, Свети Николе, Кочани, Делчево, Кратово и Валандово.

Набавени се 70 илјади дози на деветвалентната ХПВ вакцина за следните три години.

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

The post Од следниот месец во Македонија ќе пристигне деветовалентната вакцина против ХПВ, ќе може да се вакцинираат и момчиња над 12 години appeared first on Република.

]]>

Деветовалентанта вакцина против ХПВ ќе пристигне следниот месец, во мај и на вакциналните пункотиви во Македонија, освен девојчиња, ќе може да ја примаат и момчиња, соопштија денеска министерот за здравство, Илир Демири и националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова. Тие заедно со специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ. Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.
Со ова, го следиме примерот на високоразвиените европските здравствени системи и обезбедуваме поголема заштита на младата популација од ХПВ вирусите. Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност - ХПВ вакцината обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита. Оваа вакцина штити од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии, рече Демири.
Вакцината, според Календарот за имунизација, може да ја примат и момчиња и девојчиња на возраст од 12 до 15 години, а ако се задоцни, може најдоцна да се прими до 18 години, т. е. до крајот на средното образование. Ако се прими на возраст од 12 до 15 години, се дава во две дози, а после 15 години во три дози. Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.
Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е ларциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот, истакна проф. Грозданова.
Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентма вакцина. Според извештајот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања од ХПВ во земјата изнесува 52, 5 отсто. Покриеност од 100 отсто има само во шест општини: Демир Хисар, Свети Николе, Кочани, Делчево, Кратово и Валандово. Набавени се 70 илјади дози на деветвалентната ХПВ вакцина за следните три години. https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

The post Од следниот месец во Македонија ќе пристигне деветовалентната вакцина против ХПВ, ќе може да се вакцинираат и момчиња над 12 години appeared first on Република.

]]>
Сè поголем број жени помлади од 35 години заболуваат од карцином на грлото на матка, на 100 илјади жени – 20 се болни https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-pogolem-broj-zheni-pomladi-od-35-godini-zaboluvaat-od-kartsinom-na-grloto-na-matka-na-100-iljadi-zheni-20-se-bolni/ Wed, 24 Jan 2024 17:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=736399

Во нашата држава има висока инциденца од 20 нови случаи со карцином на грло на матка на 100 илјади жени, споредено со она кон кое треба да се стремиме, два до четири нови случаи на 100 илјади жени. Ова беше кажано на прес-конференцијата на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, во соработка со Здружението на патолози и Македонското здружение за радиологија и онкологија, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката - од 22 до 28 јануари.

Претседателката на Македонската асоцијација за радиологија и онкологија, Виолета Клисаровска рече дека карциномот на грлото на матката е еден сериозен здравствен проблем од повеќе аспекти.

Првиот аспект би биле статистичките податоци. Околу 600 илјади жени на европско глобално ниво заболуваат. Половина од нив, ја губат борбата со болеста. Инциденцата, за жал, покажува една нехомогена дистрибуција, што во најголем дел ги афектира земјите во развој, меѓу кои и нашата земја. Дистрибуцијата е нехомогена и во однос на морталитетот, повторно со највисок морталитет во земјите во развој. Во Македонија, инциденцата се движи некаде на 20 нови случаи на 100 илјади жени што е прилично висока инциденца, ако споредиме со она кон што треба да се стремиме, два до четири случаи нови, на 100 илјади жени, појасни Клисаровска.

Таа додаде дека вториот аспект што ја прави оваа болест прилично сериозна, е возрасното засегање.

Оваа болест ги погодува младите жени во репродуктивната фаза од нивниот живот, со најголемо возрасно засегање, во популацијата од 45 до 50-годишна возраст. Но, клиничката пракса покажува дека има сѐ повеќе случаи, се зголемува процентот и на жени кои се помлади и од 35 години, нагласи Клисаровска.

Таа се осврна и на третиот аспект на сериозност, третманот, очекувањата од третманот, зборувајќи за стадиумите на болеста и нагласувајќи дека е многу важен скринингот, а доколку нема утврдување преку скрининг, барем да се открие болеста во раната фаза, кога е можно и квалитетно стопроцентно излекување.

На новинарско прашање, претседателот на Македонското лекарско друштво и Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Горан Димитров рече дека уште од 2017 година работна група има изготвено протокол, околу тоа како полека треба да се оди кон тоа, ХПВ да биде како примарен скрининг. Тој додаде дека се работи во тој дел и изрази надеж дека тоа ќе се реализира.

Претседателот на Здружението на патолози, Рубенс Јовановиќ се осврна на состојбата изминатите години.

Како патолог, морам да обрнам внимание на тенденцијата последниве години, особено по Ковид-19, за дијагностика добиваме многу напреднати случаи оперативни примероци со многу напреднати карциноми во многу напреднат стадиум. Тоа прво ни троши и персонални и лабораториски дијагностички ресурси. Кога дел од тие средства, само дел од тие средства, би биле соодветно пренаменети во адекватен скрининг, мислам дека тоа многукратно би се исплатило. Не смееме да го гледаме скринингот како трошок, туку повеќе како сигурна инвестиција, што секако се исплаќа на рок од пет до 10 години, додаде тој.

Националниот координатор за имунизација, Александра Грозданова рече дека карциномот на грлото на матката во однос на нивните податоци, што се повеќе или помалку релевантни и во европскиот регион, е втор по својата бројка кај женската популација помеѓу 15 и 45 години, веднаш по карциномот на гради.

Зборуваме за карцином, имаме вакцина. ХПВ вакцината е несомнено едно од откритијата на 21. век. Македонија беше прва земја во регионот во 2008 година што ја воведе оваа вакцина и во континуитет се работи за да се подобри опфатот на истата. Многу ми е драго што морам да истакнам дека се приклучуваме од оваа година на користењето на деветвалентната вакцина. Значи, ќе ја имаме ХПВ деветвалентната вакцина. Дополнително, го проширивме опфатот, односно се надеваме дека ќе го прошириме, со тоа што направивме неколку експертски препораки, што беа прифатени, а тоа е првенствено вакцинацијата на момчињата, што е и тек како многу битен сегмент, имајќи предвид дека тие се всушност трансмитери, но, од друга страна и неретко заболуваат од ХПВ асоцирани други видови карциноми, подвлече Грозданова.

Шефицата на канцеларијата на УНФПА, Афродита Шаља изрази надеж оти покрај оваа недела, иако таа е посебно посветена на превенција на ракот на грлото на матката, дека секој ден, 365 дена во годината, ќе се успее да се влијае.

Специјалната претставничка на СЗО за Македонија, Ане Јохансен истакна дека многу е важно свеста да се подига и да се шири.

Навистина е тажно што ги имаме сите алатки на располагање, а сепак таа останува една од најчестите болести што ги засегаат жените, порача Јохансен.

The post Сè поголем број жени помлади од 35 години заболуваат од карцином на грлото на матка, на 100 илјади жени – 20 се болни appeared first on Република.

]]>

Во нашата држава има висока инциденца од 20 нови случаи со карцином на грло на матка на 100 илјади жени, споредено со она кон кое треба да се стремиме, два до четири нови случаи на 100 илјади жени. Ова беше кажано на прес-конференцијата на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, во соработка со Здружението на патолози и Македонското здружение за радиологија и онкологија, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката - од 22 до 28 јануари. Претседателката на Македонската асоцијација за радиологија и онкологија, Виолета Клисаровска рече дека карциномот на грлото на матката е еден сериозен здравствен проблем од повеќе аспекти.
Првиот аспект би биле статистичките податоци. Околу 600 илјади жени на европско глобално ниво заболуваат. Половина од нив, ја губат борбата со болеста. Инциденцата, за жал, покажува една нехомогена дистрибуција, што во најголем дел ги афектира земјите во развој, меѓу кои и нашата земја. Дистрибуцијата е нехомогена и во однос на морталитетот, повторно со највисок морталитет во земјите во развој. Во Македонија, инциденцата се движи некаде на 20 нови случаи на 100 илјади жени што е прилично висока инциденца, ако споредиме со она кон што треба да се стремиме, два до четири случаи нови, на 100 илјади жени, појасни Клисаровска.
Таа додаде дека вториот аспект што ја прави оваа болест прилично сериозна, е возрасното засегање.
Оваа болест ги погодува младите жени во репродуктивната фаза од нивниот живот, со најголемо возрасно засегање, во популацијата од 45 до 50-годишна возраст. Но, клиничката пракса покажува дека има сѐ повеќе случаи, се зголемува процентот и на жени кои се помлади и од 35 години, нагласи Клисаровска.
Таа се осврна и на третиот аспект на сериозност, третманот, очекувањата од третманот, зборувајќи за стадиумите на болеста и нагласувајќи дека е многу важен скринингот, а доколку нема утврдување преку скрининг, барем да се открие болеста во раната фаза, кога е можно и квалитетно стопроцентно излекување. На новинарско прашање, претседателот на Македонското лекарско друштво и Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Горан Димитров рече дека уште од 2017 година работна група има изготвено протокол, околу тоа како полека треба да се оди кон тоа, ХПВ да биде како примарен скрининг. Тој додаде дека се работи во тој дел и изрази надеж дека тоа ќе се реализира. Претседателот на Здружението на патолози, Рубенс Јовановиќ се осврна на состојбата изминатите години.
Како патолог, морам да обрнам внимание на тенденцијата последниве години, особено по Ковид-19, за дијагностика добиваме многу напреднати случаи оперативни примероци со многу напреднати карциноми во многу напреднат стадиум. Тоа прво ни троши и персонални и лабораториски дијагностички ресурси. Кога дел од тие средства, само дел од тие средства, би биле соодветно пренаменети во адекватен скрининг, мислам дека тоа многукратно би се исплатило. Не смееме да го гледаме скринингот како трошок, туку повеќе како сигурна инвестиција, што секако се исплаќа на рок од пет до 10 години, додаде тој.
Националниот координатор за имунизација, Александра Грозданова рече дека карциномот на грлото на матката во однос на нивните податоци, што се повеќе или помалку релевантни и во европскиот регион, е втор по својата бројка кај женската популација помеѓу 15 и 45 години, веднаш по карциномот на гради.
Зборуваме за карцином, имаме вакцина. ХПВ вакцината е несомнено едно од откритијата на 21. век. Македонија беше прва земја во регионот во 2008 година што ја воведе оваа вакцина и во континуитет се работи за да се подобри опфатот на истата. Многу ми е драго што морам да истакнам дека се приклучуваме од оваа година на користењето на деветвалентната вакцина. Значи, ќе ја имаме ХПВ деветвалентната вакцина. Дополнително, го проширивме опфатот, односно се надеваме дека ќе го прошириме, со тоа што направивме неколку експертски препораки, што беа прифатени, а тоа е првенствено вакцинацијата на момчињата, што е и тек како многу битен сегмент, имајќи предвид дека тие се всушност трансмитери, но, од друга страна и неретко заболуваат од ХПВ асоцирани други видови карциноми, подвлече Грозданова.
Шефицата на канцеларијата на УНФПА, Афродита Шаља изрази надеж оти покрај оваа недела, иако таа е посебно посветена на превенција на ракот на грлото на матката, дека секој ден, 365 дена во годината, ќе се успее да се влијае. Специјалната претставничка на СЗО за Македонија, Ане Јохансен истакна дека многу е важно свеста да се подига и да се шири.