хозеп борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hozep-borel/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Jul 2022 13:51:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хозеп борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hozep-borel/ 32 32 Борел се пожали што европските медиуми ги пренесуваат изјавите и активностите на Лавров https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-se-pozali-shto-evropskite-mediumi-gi-prenesuvaat-izjavite-i-aktivnostite-na-lavrov/ Wed, 27 Jul 2022 13:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=533832

Шефот на европската дипломатија, Хозеп Бореп, искажи жалби на западниот печат за тоа како ги следи официјалните посети на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, како и изјавите што ги дава.

Лавров оди во Африка за да се обиде да ги убеди Африканците дека европските санкции се виновни за се што се случува... И, целиот западен печат го повторува тоа. Одам во Африка да го кажам спротивното, дека санкциите немаат врска со тоа, но никој не го известува тоа - се пожали Борел.

The post Борел се пожали што европските медиуми ги пренесуваат изјавите и активностите на Лавров appeared first on Република.

]]>

Борел: Санкциите имаат влијание, Русија е зависна од западните технологии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-sankciite-imaat-vlijanie-rusija-e-zavisna-od-zapadnite-tehnologii/ Wed, 06 Jul 2022 09:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=524683

Првиот европски дипломат, Жозеп Борел, во интервју објавено во весникот „Јомиури“, вели дека зависноста на Русија од европската и американската технологија е шест пати поголема од онаа од Кина.

Борел истакнува дека поради тоа, алтернативните кинески производи не можат да ги задоволат потребите на руската економија под санкциите.

Некои можеби се прашуваат дали овие санкции навистина влијаат врз руската економија. Едноставниот одговор е „да“. Русија извезува многу суровини, но мора да увезе многу производи со висока додадена вредност што не ги произведува дома. Што се однесува до напредните технологии, Русија е 45 отсто зависна од Европа и 21 отсто од САД, додека за Кина овој удел е само 11 отсто - вели Борел.

Според него, Кина веќе и нуди на Русија ограничено количество алтернативни производи, особено високотехнолошки производи.

Кина, која многу се потпира на извозот во развиените земји, досега не и понуди на Русија помош за заобиколување на западните санкции. Кинескиот извоз во Русија падна на нивото на извозот во западните земји - вели шефот на европската дипломатија.

The post Борел: Санкциите имаат влијание, Русија е зависна од западните технологии appeared first on Република.

]]>

Првиот европски дипломат, Жозеп Борел, во интервју објавено во весникот „Јомиури“, вели дека зависноста на Русија од европската и американската технологија е шест пати поголема од онаа од Кина. Борел истакнува дека поради тоа, алтернативните кинески производи не можат да ги задоволат потребите на руската економија под санкциите.
Некои можеби се прашуваат дали овие санкции навистина влијаат врз руската економија. Едноставниот одговор е „да“. Русија извезува многу суровини, но мора да увезе многу производи со висока додадена вредност што не ги произведува дома. Што се однесува до напредните технологии, Русија е 45 отсто зависна од Европа и 21 отсто од САД, додека за Кина овој удел е само 11 отсто - вели Борел.
Според него, Кина веќе и нуди на Русија ограничено количество алтернативни производи, особено високотехнолошки производи.
Кина, која многу се потпира на извозот во развиените земји, досега не и понуди на Русија помош за заобиколување на западните санкции. Кинескиот извоз во Русија падна на нивото на извозот во западните земји - вели шефот на европската дипломатија.

The post Борел: Санкциите имаат влијание, Русија е зависна од западните технологии appeared first on Република.

]]>
Уште 500 милиони евра за Украина: Борел ги повика земјите од Г7 на „обединет фронт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-500-milioni-evra-za-ukraina-borel-gi-povika-zemjite-od-g7-na-obedinet-front/ Fri, 13 May 2022 08:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=501761

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел при пристигнувањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г-7 најави дополнителни 500 милиони евра помош за Украина преку Европскиот мировен механизам за купување тешко оружје, тенкови и артилерија.

Ова е седма средба на министрите за надворешни работи на Г-7 од почетокот на кризата во Украина. Рецептот останува ист, поголема поддршка за Украина, вклучително и воена – истакна Борел.

Тој додаде дека со дополнителните 500 милиони евра, помошта за Украина достигна до две милијарди евра.

Борел ја повика Г7 да го засили притисокот врз Русија, да воведе нови санкции, да се обиде да ја изолира на светската сцена и „да создаде обединет фронт за поддршка на Украина“.

The post Уште 500 милиони евра за Украина: Борел ги повика земјите од Г7 на „обединет фронт“ appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел при пристигнувањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г-7 најави дополнителни 500 милиони евра помош за Украина преку Европскиот мировен механизам за купување тешко оружје, тенкови и артилерија.
Ова е седма средба на министрите за надворешни работи на Г-7 од почетокот на кризата во Украина. Рецептот останува ист, поголема поддршка за Украина, вклучително и воена – истакна Борел.
Тој додаде дека со дополнителните 500 милиони евра, помошта за Украина достигна до две милијарди евра. Борел ја повика Г7 да го засили притисокот врз Русија, да воведе нови санкции, да се обиде да ја изолира на светската сцена и „да создаде обединет фронт за поддршка на Украина“.

The post Уште 500 милиони евра за Украина: Борел ги повика земјите од Г7 на „обединет фронт“ appeared first on Република.

]]>
Борел предупредува: ЕУ не треба да го провоцира Путин, затоа што може да нападне членка на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-predupreduva-eu-ne-treba-da-go-provocira-putin-zatoa-shto-moze-da-napadne-chlenka-na-nato/ Sat, 12 Mar 2022 21:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=471916

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Хозеп Борел, предупреди дека земјите-членки на Унијата не треба да го провоцираат рускиот претседател, Владимир Путин, затоа што тој може да ги прошири своите воени активности со напад врз некоја од земјите-членки на НАТО.

Од една страна се обидуваме да ја поддржиме Украина, од друга страна се обидуваме да спречиме голема војна. Никој не треба да го провоцира Путин затоа што може да ги прошири своите воени активности. Може да биде против земја членка на НАТО или некоја друга земја. Има сериозна загриженост за тоа. Путин ќе продолжи да напаѓа, а ние мора да ја изолираме Русија од меѓународната заедница, мора да ја поддржиме Украина - истакна Борел за „Си-ен-ен“ Турк.

Коментирајќи ја апликацијата на Украина за членство во ЕУ, Борел истакна дека процесот за пристапување де факто веќе е почнат.

Украина побара членство и ние веднаш рековме да. Да, велиме дека Украина припаѓа на европското семејство. Ова е очигледен факт и географски и историски. Да, има некои процедури (за членство во ЕУ), но ние го почнавме овој процес - изјави Борел.

The post Борел предупредува: ЕУ не треба да го провоцира Путин, затоа што може да нападне членка на НАТО appeared first on Република.

Борел: ЕУ нема да забрани увоз на енергенси од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-eu-nema-da-zabrani-uvoz-na-energensi-od-rusija/ Tue, 08 Mar 2022 21:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=469817

Европската Унија нема да забрани увоз на енергија од Русија, изјави за „Ал Џезира“ високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хозеп Борел.

Тој ја даде изјавата по најавата на САД за нови санкции против Русија, коишто вклучуваат и забрана за увоз на руски енергенси.

Нема да забраниме увоз на руска енергија. Не го следиме Бајден по ова прашање - изјави Борел.

Тој додаде дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има „партнер на кој не може да смета“.

Борел исто така истакна дека членството на Украина во ЕУ е можно, но нема да се случи преку ноќ.

Тој нагласи дека Украина не претставува закана за Русија, а ЕУ „нема да го турка Киев во војна со Москва“.

The post Борел: ЕУ нема да забрани увоз на енергенси од Русија appeared first on Република.

]]>

Европската Унија нема да забрани увоз на енергија од Русија, изјави за „Ал Џезира“ високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хозеп Борел. Тој ја даде изјавата по најавата на САД за нови санкции против Русија, коишто вклучуваат и забрана за увоз на руски енергенси.
Нема да забраниме увоз на руска енергија. Не го следиме Бајден по ова прашање - изјави Борел.
Тој додаде дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има „партнер на кој не може да смета“. Борел исто така истакна дека членството на Украина во ЕУ е можно, но нема да се случи преку ноќ. Тој нагласи дека Украина не претставува закана за Русија, а ЕУ „нема да го турка Киев во војна со Москва“.