Хозе Луис Лозано Гарсија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hoze-luis-lozano-garsija/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 18:28:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хозе Луис Лозано Гарсија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hoze-luis-lozano-garsija/ 32 32 Шпанскиот амбасадор нѐ утеши дека и други земји може да ни стават вето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shpanskiot-ambasador-n-uteshi-deka-i-drugi-zemji-mozhe-da-ni-stavat-veto/ Sun, 24 Dec 2023 18:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=726233

Ја поддржуваме Македонија во нејзиното барање и определба да биде полноправна членка на Европската Унија, вели шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Прашан дали уставните измени за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав се гаранција дека Бугарија нема да поставува дополнителни услови за блокирање на евроинтеграцискиот процес на државава, одговара дека не е исклучена можноста дека во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција.

-Назад во јули 2022 година, заклучоците беа усвоени врз основа на Договорот за пријателство и ова е дел од процес. А тој процес можам да кажам со задоволство дека преговорите беа отворени во јули 2022 година. За да продолжат постои јасен услов, а тоа е промена на Уставот и има потреба од тоа. Дали тоа ќе значи крај на пречките? Не сакам да пратам песимистичка порака, напротив. Она што ние го кажуваме, но и другите ЕУ инстанци, од земјите членки е дека кога сте во процесот, за да се свика Втората меѓувладина конференција, треба да го исполните тој услов, односно да се усвојат уставните измени и тогаш работите ќе добијат друга насока. Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Што ќе значи ова? Дали ова ќе биде последна пречка? Можеби ќе има многу други пречки, вели амбасадорот Гарсија.

Тој истакнува дека е важно што скрининг процесот заврши прилично успешно. - Нема да ги цитирам локалните изјави, туку пристапот на Брисел. Подготовките за да станете полноправна членка се високо оценети. Нема да дебатирам за тоа, бидејќи Европската комисија ги има деталите. Значи, состојбата е јасна. Втората меѓувладина конференција ќе се одржи веднаш откако ќе се донесат уставните измени, наведува амбасадорот

The post Шпанскиот амбасадор нѐ утеши дека и други земји може да ни стават вето appeared first on Република.

]]>

Ја поддржуваме Македонија во нејзиното барање и определба да биде полноправна членка на Европската Унија, вели шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Прашан дали уставните измени за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав се гаранција дека Бугарија нема да поставува дополнителни услови за блокирање на евроинтеграцискиот процес на државава, одговара дека не е исклучена можноста дека во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција.
-Назад во јули 2022 година, заклучоците беа усвоени врз основа на Договорот за пријателство и ова е дел од процес. А тој процес можам да кажам со задоволство дека преговорите беа отворени во јули 2022 година. За да продолжат постои јасен услов, а тоа е промена на Уставот и има потреба од тоа. Дали тоа ќе значи крај на пречките? Не сакам да пратам песимистичка порака, напротив. Она што ние го кажуваме, но и другите ЕУ инстанци, од земјите членки е дека кога сте во процесот, за да се свика Втората меѓувладина конференција, треба да го исполните тој услов, односно да се усвојат уставните измени и тогаш работите ќе добијат друга насока. Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Што ќе значи ова? Дали ова ќе биде последна пречка? Можеби ќе има многу други пречки, вели амбасадорот Гарсија.
Тој истакнува дека е важно што скрининг процесот заврши прилично успешно. - Нема да ги цитирам локалните изјави, туку пристапот на Брисел. Подготовките за да станете полноправна членка се високо оценети. Нема да дебатирам за тоа, бидејќи Европската комисија ги има деталите. Значи, состојбата е јасна. Втората меѓувладина конференција ќе се одржи веднаш откако ќе се донесат уставните измени, наведува амбасадорот

The post Шпанскиот амбасадор нѐ утеши дека и други земји може да ни стават вето appeared first on Република.

]]>
Шамбевски: Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на вакви настани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shambevski-zamislete-vo-shpanija-ambasador-na-druga-zemja-da-nastapuva-na-vakvi-nastani/ Thu, 31 Aug 2023 06:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=677437

Секој дипломат, особено високи дипломати како во случајов шпанскиот амбасадор во Македонија, мора да биде свесен и за перцепцијата и имиџот кои ги остава за него и неговата земја, во земјата домаќин, потенцира поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски, реагирајќи на обраќањето на Хозе Луиз Лозано Гарсија на првата трибина „ЕУ за македонската економија“ од кампањата на власта „Ние сме Европа“, која почна синоќа.

Особено треба да е свесен за ова кога решил да настапува на настан кој не е ништо друго, иако формално организиран од Владата, освен маскирана партиска активност на една владеачка партија, дизајниран да го поларизира општеството. Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на такви настани на кои се клевети опозицијата, па и 80% од населението кое не се согласува со одредена политика на Владата. Притоа истиот настан да е под сериозен сомнеж за корупција...
Верувам, незамисливо Ви е… ама амбасадоре бидете свесен дека, иако овде еве се случи, немојте да мислите дека е прифатливо тоа што се случи и дека му правите услуга на имиџот на кралството кое го претставувате.
Јас, колега, во ваков случај, најискрено, професионално би се засрамил, макар и да имам формално оправдување за мојот настап, порача Шамбевски.

The post Шамбевски: Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на вакви настани appeared first on Република.

]]>

Секој дипломат, особено високи дипломати како во случајов шпанскиот амбасадор во Македонија, мора да биде свесен и за перцепцијата и имиџот кои ги остава за него и неговата земја, во земјата домаќин, потенцира поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски, реагирајќи на обраќањето на Хозе Луиз Лозано Гарсија на првата трибина „ЕУ за македонската економија“ од кампањата на власта „Ние сме Европа“, која почна синоќа.
Особено треба да е свесен за ова кога решил да настапува на настан кој не е ништо друго, иако формално организиран од Владата, освен маскирана партиска активност на една владеачка партија, дизајниран да го поларизира општеството. Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на такви настани на кои се клевети опозицијата, па и 80% од населението кое не се согласува со одредена политика на Владата. Притоа истиот настан да е под сериозен сомнеж за корупција... Верувам, незамисливо Ви е… ама амбасадоре бидете свесен дека, иако овде еве се случи, немојте да мислите дека е прифатливо тоа што се случи и дека му правите услуга на имиџот на кралството кое го претставувате. Јас, колега, во ваков случај, најискрено, професионално би се засрамил, макар и да имам формално оправдување за мојот настап, порача Шамбевски.

The post Шамбевски: Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на вакви настани appeared first on Република.

]]>
Шаќири-Гарсија: Создаваме квалитетен и инклузивен воспитно-образовен систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-garsija-sozdavame-kvaliteten-i-inkluziven-vospitno-obrazoven-sistem/ Thu, 07 Apr 2022 14:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=484863

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во државава Хосе Луис Лосано Гарсија.

Министерот Шаќири, како што соопшти Министерството за образование и наука, ги нагласи пријателските односи меѓу двете земји и сподели информации за реформските процеси кои се реализираат во ресорното министерство.

Република Македонија цврсто опстојува на европскиот пат и нашите заложби во образованието се создавање на квалитетен и инклузивен воспитно-образовен систем, согласно најдобрите европски искуства. Затоа ни е многу важна конструктивната поддршка и размената на знаења, посочи министерот Шаќири.

Министерот Шаќири рече дека со промените во деветтолетката учениците се насочуваат кон настава што кај нив развива аналитичко и критичко мислење, ја поттикнува креативноста и ги обучува за препознавање вистинити и невистинити информации. Посочи дека основни вредности кон кои упатуваат новите наставни програми се почитувањето на различностите, толеранцијата и мултикултурализмот.

За промените во средното стручно образование, тие, како што се наведува, целат кон потесна врска меѓу училиштата и компаниите, како услов за задоволувување на потребите на пазарот на труд од една страна и можностите за брзо вработување на младите, од друга страна.

Амбасадорот Гарсија кажа дека Шпанија останува сигурен партнер на Република Македонија и ја искажа подготвеноста за континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Двајцата соговорници се согласија дека од заемен интерес е натамошното поттикнување на средби меѓу претставници на двете земји како добра насока за размена на позитивни практики.

The post Шаќири-Гарсија: Создаваме квалитетен и инклузивен воспитно-образовен систем appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во државава Хосе Луис Лосано Гарсија. Министерот Шаќири, како што соопшти Министерството за образование и наука, ги нагласи пријателските односи меѓу двете земји и сподели информации за реформските процеси кои се реализираат во ресорното министерство.
Република Македонија цврсто опстојува на европскиот пат и нашите заложби во образованието се создавање на квалитетен и инклузивен воспитно-образовен систем, согласно најдобрите европски искуства. Затоа ни е многу важна конструктивната поддршка и размената на знаења, посочи министерот Шаќири.
Министерот Шаќири рече дека со промените во деветтолетката учениците се насочуваат кон настава што кај нив развива аналитичко и критичко мислење, ја поттикнува креативноста и ги обучува за препознавање вистинити и невистинити информации. Посочи дека основни вредности кон кои упатуваат новите наставни програми се почитувањето на различностите, толеранцијата и мултикултурализмот. За промените во средното стручно образование, тие, како што се наведува, целат кон потесна врска меѓу училиштата и компаниите, како услов за задоволувување на потребите на пазарот на труд од една страна и можностите за брзо вработување на младите, од друга страна. Амбасадорот Гарсија кажа дека Шпанија останува сигурен партнер на Република Македонија и ја искажа подготвеноста за континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Двајцата соговорници се согласија дека од заемен интерес е натамошното поттикнување на средби меѓу претставници на двете земји како добра насока за размена на позитивни практики.

The post Шаќири-Гарсија: Создаваме квалитетен и инклузивен воспитно-образовен систем appeared first on Република.

]]>
Ахмети на средба со шпанскиот амбасадор добил целосна поддршка од Шпанија за членството во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-na-sredba-so-shpanskiot-ambasador-dobil-celosna-poddrshka-od-shpanija-za-chlenstvoto-vo-eu/ Thu, 03 Feb 2022 14:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=453679

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети оствари средба со шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија, при што изрази подготвеност за блиска соработка.

Како што соопшти прес-службата на ДУИ, на средбата е нагласено долгогодишното пријателство и билатералните односи меѓу двете земји, како и „отворената волја за натамошно продлабочување на соработката во интеграциите, но и на полето на економијата, трговијата итн“.

Тема на дискусија во овој состанок биле и последните политички случувања во земјава, како и преговорите за спорот со Бугарија.

Во однос на Изборниот законик, Ахмети смета дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен, бидејќи за промена на изборниот законик и изборните единици потребен е поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата и дека како прашање треба да се постави на расправа во Собранието - се вели во соопштението.

Тема на разговор меѓу двајцата соговорници бил и ветингот на политичарите, судиите и обвинителите.

Со овој дух на почитување на правосудниот систем и со оваа иницијатива што ја покрена, ДУИ се стреми кон дополнително проширување со единствена цел да се постигне кредибилноста на личностите во сите сфери на животот, бидејќи секој што сака да врши јавна функција мора да го помине процесот на ветингот - наведуваат од партијата.

За време на разговорот, Ахмети го запознал шпанскиот амбасадор Гарсија за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Бугарија, посетите на Скопје и Софија, воспоставувањето дијалог и акциониот план на работните групи и добрата политичка волја за решавање на отворените и прифатени прашања од двете страни.

Двајцата соговорници, заклучиле дека соработката меѓу Македонија и Шпанија треба да продолжи во духот на разбирањето, а поддршката за земјата на патот кон евроинтеграциите не треба да запре, додека не биде постигната конечната цел.

The post Ахмети на средба со шпанскиот амбасадор добил целосна поддршка од Шпанија за членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети оствари средба со шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија, при што изрази подготвеност за блиска соработка. Како што соопшти прес-службата на ДУИ, на средбата е нагласено долгогодишното пријателство и билатералните односи меѓу двете земји, како и „отворената волја за натамошно продлабочување на соработката во интеграциите, но и на полето на економијата, трговијата итн“. Тема на дискусија во овој состанок биле и последните политички случувања во земјава, како и преговорите за спорот со Бугарија. Во однос на Изборниот законик, Ахмети смета дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен, бидејќи за промена на изборниот законик и изборните единици потребен е поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата и дека како прашање треба да се постави на расправа во Собранието - се вели во соопштението. Тема на разговор меѓу двајцата соговорници бил и ветингот на политичарите, судиите и обвинителите.
Со овој дух на почитување на правосудниот систем и со оваа иницијатива што ја покрена, ДУИ се стреми кон дополнително проширување со единствена цел да се постигне кредибилноста на личностите во сите сфери на животот, бидејќи секој што сака да врши јавна функција мора да го помине процесот на ветингот - наведуваат од партијата.
За време на разговорот, Ахмети го запознал шпанскиот амбасадор Гарсија за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Бугарија, посетите на Скопје и Софија, воспоставувањето дијалог и акциониот план на работните групи и добрата политичка волја за решавање на отворените и прифатени прашања од двете страни. Двајцата соговорници, заклучиле дека соработката меѓу Македонија и Шпанија треба да продолжи во духот на разбирањето, а поддршката за земјата на патот кон евроинтеграциите не треба да запре, додека не биде постигната конечната цел.

The post Ахмети на средба со шпанскиот амбасадор добил целосна поддршка од Шпанија за членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>