хотели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hoteli/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Aug 2023 12:54:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хотели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hoteli/ 32 32 Огромно зголемување на цените на хотелите за време на Олимпијадата во Париз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ogromno-zgolemuvane-na-tsenite-na-hotelite-za-vreme-na-olimpijadata-vo-pariz/ Mon, 14 Aug 2023 13:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=672039

Цените на хотелските услуги за време на Олимписките игри во Париз, 2024 година се неверојатно зголемени, а сместувањето во некои делови е покачено и до 10 пати.

За термините на Олимпијадата во Париз, 20 отсто од хотелите се веќе изнајмени, а резервациите главно се плаќаат однапред, без можност за поврат. Хотелите добиваат сѐ почести барања за резервации пред Олимписките игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август следната година. Раководствата на хотелите во француската престолнина во тоа видоа можност и барем десеткратно ги зголемија цените на собите за тој период.

Имено, капацитетите за сместување каде што ноќевање во јули и август годинава чини околу 200 евра, ги покачија цените за истите месеци в година на околу 2.000 евра за ноќевање.

Во Марсеј, за споредба цените на хотелските сместувања се зголемени четирипати, а во Лион и до седум пати. Иако поради превисоките цени се испратени многу поплаки до надлежните, властите сѐ уште не излегле со решение за овој проблем поволно и задоволително за сите.

The post Огромно зголемување на цените на хотелите за време на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Цените на хотелските услуги за време на Олимписките игри во Париз, 2024 година се неверојатно зголемени, а сместувањето во некои делови е покачено и до 10 пати. За термините на Олимпијадата во Париз, 20 отсто од хотелите се веќе изнајмени, а резервациите главно се плаќаат однапред, без можност за поврат. Хотелите добиваат сѐ почести барања за резервации пред Олимписките игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август следната година. Раководствата на хотелите во француската престолнина во тоа видоа можност и барем десеткратно ги зголемија цените на собите за тој период. Имено, капацитетите за сместување каде што ноќевање во јули и август годинава чини околу 200 евра, ги покачија цените за истите месеци в година на околу 2.000 евра за ноќевање. Во Марсеј, за споредба цените на хотелските сместувања се зголемени четирипати, а во Лион и до седум пати. Иако поради превисоките цени се испратени многу поплаки до надлежните, властите сѐ уште не излегле со решение за овој проблем поволно и задоволително за сите.

The post Огромно зголемување на цените на хотелите за време на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Во Маџир Маало се предвидува изградба на 48 хотели и 50 згради, новиот ДУП е готов, се чека усвојување од Советот на општина Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-madhir-maalo-se-predviduva-izgradba-na-48-hoteli-i-50-zgradi-noviot-dup-e-gotov-se-cheka-usvojuvane-od-sovetot-na-opshtina-tsentar/ Sun, 12 Feb 2023 10:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=607962

Во скопско Маџир Маало ќе можат да се градат 48 хотели, 50-тина згради и два деловни објекти, предвидува новиот Детален урбанистички план Градска четврт И 05 – Маџир Маало 2. Во планот сега е зацртана и маркичка за градинка и зелени површини кои ги немаше со претходниот ДУП донесен во 2012.

Планот кој почна да се прави уште при мораториумот во општина Центар за време на минатата локална власт, конечно е изработен и беше презентиран на последната седница на Општина Центар одржана пред 10 дена. По барање на советниците не се гласаше за оваа точка и се предложи да се одлучува за неа на некоја од наредните седници.

Според ДУП-от, максималната висина на објектите е приземје, 5 ката плус поткровје. Придобивките од овој план како што велат од Општина Центар се тие што максимално е заштитено државното земјиште, односно на најголемата парцела каде било предвидено да се гради деловен објект сега е нацртана градинка. На сите сообраќајници се предвидени велосипедски патеки, оставен е простор меѓу зградите, а исто така извршено е поместување на сообраќајниците кои минуваат низ парцелите на граѓаните со што околу 50 имоти на граѓаните се спасени, односно не влегуваат во трасите на новите булевари кои се предвидени со ГУП-от.

Граѓаните на јавните презентации имаа најмногу забелешки токму на намената која ја добиле. Не сакаат хотели туку згради. Исто така барале и поголема катност на објектите и бришење на булеварот Крушевска република, пишува СДК.мк.

Повеќе на СДК.мк

The post Во Маџир Маало се предвидува изградба на 48 хотели и 50 згради, новиот ДУП е готов, се чека усвојување од Советот на општина Центар appeared first on Република.

]]>

Во скопско Маџир Маало ќе можат да се градат 48 хотели, 50-тина згради и два деловни објекти, предвидува новиот Детален урбанистички план Градска четврт И 05 – Маџир Маало 2. Во планот сега е зацртана и маркичка за градинка и зелени површини кои ги немаше со претходниот ДУП донесен во 2012. Планот кој почна да се прави уште при мораториумот во општина Центар за време на минатата локална власт, конечно е изработен и беше презентиран на последната седница на Општина Центар одржана пред 10 дена. По барање на советниците не се гласаше за оваа точка и се предложи да се одлучува за неа на некоја од наредните седници. Според ДУП-от, максималната висина на објектите е приземје, 5 ката плус поткровје. Придобивките од овој план како што велат од Општина Центар се тие што максимално е заштитено државното земјиште, односно на најголемата парцела каде било предвидено да се гради деловен објект сега е нацртана градинка. На сите сообраќајници се предвидени велосипедски патеки, оставен е простор меѓу зградите, а исто така извршено е поместување на сообраќајниците кои минуваат низ парцелите на граѓаните со што околу 50 имоти на граѓаните се спасени, односно не влегуваат во трасите на новите булевари кои се предвидени со ГУП-от. Граѓаните на јавните презентации имаа најмногу забелешки токму на намената која ја добиле. Не сакаат хотели туку згради. Исто така барале и поголема катност на објектите и бришење на булеварот Крушевска република, пишува СДК.мк. Повеќе на СДК.мк

The post Во Маџир Маало се предвидува изградба на 48 хотели и 50 згради, новиот ДУП е готов, се чека усвојување од Советот на општина Центар appeared first on Република.

]]>
Високите сметки за струја и трошоците причина за затворање на поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/visokite-smetki-za-struja-i-troshotsite-prichina-za-zatvorane-na-pogolemite-hotelski-kapatsiteti-na-ohridsko-strushkoto-krajbrezhje/ Mon, 06 Feb 2023 14:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=605547

Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработнете во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70 проценти плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.

Една од причините, кои доведоа до ставање клуч на врата од јануари до средината на март, според него, се високите сметки за електрична енергија и трошоците во месеците кога интересот за хотелските услуги е минимален.

Сите вработени се на платен список. Повеќето користат годишен одмор, земаат цела плата, ќе влезат некој ден во минус кој ќе го одработат понатаму. Се работи за вработени кои работеле многу години во секторот, информира Блажески.

Повтoрно отворање најави за средината на март, кога почнува сезоната на семинари, а потоа од април се очекуваат и првите туристи од Полска, Холандија….

Интересот за летување на охридското крајбрежје, посочи дека е ист како и претходните години, но очекува подобра туристичка сезона од минатата, кога имаше ковид- пандемија.

Интересот е како минатите години. Договорите со странските тур-оператори остануваат, нема видливо зголемување. Со оглед на сите поскапувања, во енергијата, храната и се останато и цените на сместувачките капацитети, остануваме како поефтина дестинација од соседството, истакна Блажески.

The post Високите сметки за струја и трошоците причина за затворање на поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје appeared first on Република.

]]>

Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработнете во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70 проценти плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески. Една од причините, кои доведоа до ставање клуч на врата од јануари до средината на март, според него, се високите сметки за електрична енергија и трошоците во месеците кога интересот за хотелските услуги е минимален.
Сите вработени се на платен список. Повеќето користат годишен одмор, земаат цела плата, ќе влезат некој ден во минус кој ќе го одработат понатаму. Се работи за вработени кои работеле многу години во секторот, информира Блажески.
Повтoрно отворање најави за средината на март, кога почнува сезоната на семинари, а потоа од април се очекуваат и првите туристи од Полска, Холандија…. Интересот за летување на охридското крајбрежје, посочи дека е ист како и претходните години, но очекува подобра туристичка сезона од минатата, кога имаше ковид- пандемија.
Интересот е како минатите години. Договорите со странските тур-оператори остануваат, нема видливо зголемување. Со оглед на сите поскапувања, во енергијата, храната и се останато и цените на сместувачките капацитети, остануваме како поефтина дестинација од соседството, истакна Блажески.

The post Високите сметки за струја и трошоците причина за затворање на поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје appeared first on Република.

]]>
Странски туристи ги откажуваат аранжманите за летување во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stranski-turisti-gi-otkazuvaat-aranzmanite-za-letuvanje-vo-makedonija/ Wed, 23 Mar 2022 20:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=477375

Полски тур оператори ги откажале аранжманите за летување во Македонија, а холандски туристи го одложиле доаѓањето во земјва за еден месец, информира претседателот на Здружението на хотелиерски и угостителски бизниси ХОТАМ, Крсте Блажески. Тој вели дека споредбено со годините пред пандемијата, за најмалку 50 отсто се намалени посетите на странски гости во Охридско-струшкиот регион.

Блажески очекува уште една тешка година за македонскиот туризам.

Странските гости нема да ги имаме во толкав број само поради ситуацијата во Украина. Веќе имаме намалување на бројот на туристи од Полска, а гостите од Холандија кои требаше да ги почнат аранжманите на 1 мај, ги откажаа за во јуни. За други странски гости и кружни тури, евентуално една тура може да има од Турција, но генерално ќе биде тешка година, вели Блажески во разговор за НоваТВ.

Според него, бројот на домашни и регионални туристи ќе се намали и поради економската криза, растот на цените и инфлацијата.

Со растот на цените се намалува куповната моќ на граѓаните, а тоа пак ја  намалува и можноста за уплата на аранжмани во хотелите. Економската криза покажува дека секојдневно се соочуваме со поскапувања на разни производи и едноставно не остануваат средства за одмори. Туристите, посебно од државите на Балканот, ќе се свртат кон малку поефтини одмори, пред се во приватно сместување“, вели Блажески.

Хотелиерите не кријат дека цените за хотелско сместување годинава ќе се покачат за најмалку 20 проценти. Новите пресметки, велат, ќе се должат на зголемените цени за електрична енергија, покачувањето на нафтата и зголемувањето на цените на прехранбените производи, кои секако влијаат на трошоците кои на крајот на денот ги имаат хотелиерите.

Со договорите кои ги имаме, во последната година цената на енергијата е поскапена од 50 па дури до 100 проценти. Основните продукти за прехрана се исто така поскапени за 50-тина отсто, платите за вработените се веќе покачени, па сето ова ќе предизвика и раст на цената за хотелско сместување најмалку за 20 до 30 проценти и не само кај нас, ваквата практика ќе биде секаде иста“, вели Блажески.

Дејноста е на колена, тврди Блажески и додава дека во вкупно 30 месеци во корона пандемија, секторот туризам во Македонија имал едвај шест до седум работни месеци. Најголемиот дел од времето капацитетите беа затворени или работеа под строги рестрикции. За помош од државата не се надеваат.

Доставивме барање до Владата, за финансиска помош уште пред Нова година, но до сега имаме добиено само одговор дека нашето барање се разгледува. Значи за 20 месеци ние имавме само трошоци. Помошта што ја добивме од државата, во вид на некои антиковид мерки, на дел од хотелиерите им беше побарана назад со образложение дека не инвестирале во дејноста“, додава Блажески и вели оти после уште една економски тешка година во најмала рака ќе има отпуштање на работници во туристичката дејност.

ХОТАМ веќе доставиле до Владата и листа на достапни објекти за прием на бегалци од Украина во охридско-струшкиот регион. На располагање се 30 отсто од капацитетите или близу 3000 хотелски соби со 5000 до 6000 легла. Заедно со приватните сместувачки капацитети понудиле сместување за подолг престој за околу 10.000 украински бегалци.

The post Странски туристи ги откажуваат аранжманите за летување во Македонија appeared first on Република.