хоспитализирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hospitalizirani/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Aug 2024 12:57:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хоспитализирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hospitalizirani/ 32 32 Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hospitalizirani-ushte-tri-litsa-so-golema-kashlitsa-vkupno-981-sluchaj/ Mon, 05 Aug 2024 12:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=803561

Нови 25 случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица, се пријавени во државава од 26 јули до 1 август. Од нив, три се хоспитализирани, наведуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен попладнево.

Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје - 13, а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и од Тетово. Возраста на заболените се движи од два месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 17 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани и тројца се вакцинирани согласно возраст, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 1 август, во државава биле регистрирани вкупно 981 случај на голема кашлица, со инциденца од 53,4/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 450 лица се од машки, а 531 од женски пол.

Од вкупниот број заболени - 981, кај 974 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина е во асимптоматска форма.

Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје, Куманово и на Тетово.

Од 18 јануари до 1 август, дадени се вкупно 62.184 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

The post Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај appeared first on Република.

]]>

Нови 25 случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица, се пријавени во државава од 26 јули до 1 август. Од нив, три се хоспитализирани, наведуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен попладнево.
Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје - 13, а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и од Тетово. Возраста на заболените се движи од два месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 17 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани и тројца се вакцинирани согласно возраст, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 1 август, во државава биле регистрирани вкупно 981 случај на голема кашлица, со инциденца од 53,4/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата по пол покажува дека 450 лица се од машки, а 531 од женски пол. Од вкупниот број заболени - 981, кај 974 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина е во асимптоматска форма. Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје, Куманово и на Тетово. Од 18 јануари до 1 август, дадени се вкупно 62.184 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

The post Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај appeared first on Република.

]]>
Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени во државава https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hospitalizirani-ushte-osum-litsa-so-golema-kashlitsa-vkupno-905-zaboleni-vo-drzhavava/ Mon, 15 Jul 2024 13:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=797091

Од 5 до 11 јули евидентирани се 48 нови случаи на голема кашлица што е зголемување од 54,8 отсто во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, осум се хоспитализирани. Заклучно со 11 јули, во државава се регистрирани вкупно 905 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај што денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите случаи се пријавени во Скопје - 30, осум случаи во Куманово, три во Тетово, по два случаи во Кратово, Гостивар и Битола и еден случај од Прилеп.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 70 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години.

Во однос на вакциналниот статус на заболените, 33 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, деветмина се комплетно вакцинирани и шестмина се вакцинирани согласно возраст, појаснуваат од ИЈЗ.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 417 лица се од машки, а 488 од женски пол.

Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територија на Скопје, Куманово и Тетово.

Од 18 јануари до 11 јули, дадени се вкупно 58.964 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

The post Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени во државава appeared first on Република.

]]>

Од 5 до 11 јули евидентирани се 48 нови случаи на голема кашлица што е зголемување од 54,8 отсто во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, осум се хоспитализирани. Заклучно со 11 јули, во државава се регистрирани вкупно 905 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај што денеска го објави Институтот за јавно здравје. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите случаи се пријавени во Скопје - 30, осум случаи во Куманово, три во Тетово, по два случаи во Кратово, Гостивар и Битола и еден случај од Прилеп. Возраста на заболените се движи од еден месец до 70 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години.
Во однос на вакциналниот статус на заболените, 33 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, деветмина се комплетно вакцинирани и шестмина се вакцинирани согласно возраст, појаснуваат од ИЈЗ.
Дистрибуцијата по пол покажува дека 417 лица се од машки, а 488 од женски пол. Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територија на Скопје, Куманово и Тетово. Од 18 јануари до 11 јули, дадени се вкупно 58.964 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

The post Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени во државава appeared first on Република.

]]>
Хоспитализирани уште девет лица со голема кашлица, вкупно 399 случаи во државата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hospitalizirani-ushte-devet-litsa-so-golema-kashlitsa-vkupno-399-sluchai-vo-drzhavata/ Fri, 05 Apr 2024 16:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=762749

Пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица во периодот од 29 март до вчера, со намалување од 21,9 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 34, а пријавени се случаи и во Битола – седум, Тетово – пет и по еден случај во Гостивар, Кратово, Велес и во Гевгелија. Возраста на заболените се движи од еден месец до 52 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите 50 случаи, девет се хоспитализирани, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се комплетно вакцинирани, шест се вакцинирани согласно возраста и 28 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.

– Заклучно со 4 април, во државава се регистрирани вкупно 399 случаи на голема кашлица, со инциденца од 21,7/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 317 или 79,7 проценти со зафаќање на шестнаесет различни општини. Во однос на возрасната дистрибуција, заболените лица се на возраст од еден месец до 78 години. Дистрибуцијата по пол покажува дека 197 лица се од машки пол, а 202 од женски, односот на машки-женски е 1:1,03, наведуваат од ИЈЗ.

Во однос на вакциналниот статус, 206 лица или 51,6 отсто од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Комплетно вакцинирани или вакцинирани согласно возраста се 160 лица, а за 33 случаи вакциналниот статус е непознат.

Од заболените, хоспитализирани се 58 лица или 14,5 отсто, и тоа 49 или 84,5 проценти од нив на возраст до четири години. Најголем број од случаите – 41 или 70,7 отсто се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле.

– Согласно Правилникот за критериуми за дефинирање на случаи на заразни болести (Службен весник бр.19/2018), од вкупниот број пријавени случаи – 399, на голема кашлица, 398 се класифицирани како потврдени случаи – лабораториски конфирмирани, а еден случај е класифициран како веројатен – има епидемиолошка врска со лабораториски потврден случај. Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 70 случаи, појаснуваат од ИЈЗ.

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од службите за вакцинација – Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 15.845 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 9.798 или 61,8 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 5.213 или 53,2 отсто. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 10.865 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент – 6.411 или 59,0 отсто од вакцинираните деца примиле прва, втора и трета доза на примовакцинација. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза, или ревакцинација – прва, втора ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 4 април изнесува 20.663, додаваат од ИЈЗ.

Кога станува збор за Македонија – без Скопје, и број на вакцинирани лица од 18 јануари до 4 април, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 8.192 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 4.517 или 55,1 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 2.338 или 51,8 проценти. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 12.365 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент – 6.229 или 50,4 отсто од вакцинираните примиле прва и втора доза на ревакцина. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза, или ревакцинација – прва, втора ревакцина, во периодот од 18 јануари до 4 април изнесува 16.882, појаснуваат од ИЈЗ.

Во тек се две епидемии, пријавени на територијата на Скопје и на Куманово.

The post Хоспитализирани уште девет лица со голема кашлица, вкупно 399 случаи во државата appeared first on Република.

]]>

Пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица во периодот од 29 март до вчера, со намалување од 21,9 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 34, а пријавени се случаи и во Битола – седум, Тетово – пет и по еден случај во Гостивар, Кратово, Велес и во Гевгелија. Возраста на заболените се движи од еден месец до 52 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите 50 случаи, девет се хоспитализирани, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се комплетно вакцинирани, шест се вакцинирани согласно возраста и 28 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.
– Заклучно со 4 април, во државава се регистрирани вкупно 399 случаи на голема кашлица, со инциденца од 21,7/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 317 или 79,7 проценти со зафаќање на шестнаесет различни општини. Во однос на возрасната дистрибуција, заболените лица се на возраст од еден месец до 78 години. Дистрибуцијата по пол покажува дека 197 лица се од машки пол, а 202 од женски, односот на машки-женски е 1:1,03, наведуваат од ИЈЗ.
Во однос на вакциналниот статус, 206 лица или 51,6 отсто од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Комплетно вакцинирани или вакцинирани согласно возраста се 160 лица, а за 33 случаи вакциналниот статус е непознат. Од заболените, хоспитализирани се 58 лица или 14,5 отсто, и тоа 49 или 84,5 проценти од нив на возраст до четири години. Најголем број од случаите – 41 или 70,7 отсто се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. – Согласно Правилникот за критериуми за дефинирање на случаи на заразни болести (Службен весник бр.19/2018), од вкупниот број пријавени случаи – 399, на голема кашлица, 398 се класифицирани како потврдени случаи – лабораториски конфирмирани, а еден случај е класифициран како веројатен – има епидемиолошка врска со лабораториски потврден случај. Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 70 случаи, појаснуваат од ИЈЗ. Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од службите за вакцинација – Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 15.845 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 9.798 или 61,8 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 5.213 или 53,2 отсто. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 10.865 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент – 6.411 или 59,0 отсто од вакцинираните деца примиле прва, втора и трета доза на примовакцинација. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза, или ревакцинација – прва, втора ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 4 април изнесува 20.663, додаваат од ИЈЗ. Кога станува збор за Македонија – без Скопје, и број на вакцинирани лица од 18 јануари до 4 април, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 8.192 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 4.517 или 55,1 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 2.338 или 51,8 проценти. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 12.365 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент – 6.229 или 50,4 отсто од вакцинираните примиле прва и втора доза на ревакцина. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза, или ревакцинација – прва, втора ревакцина, во периодот од 18 јануари до 4 април изнесува 16.882, појаснуваат од ИЈЗ. Во тек се две епидемии, пријавени на територијата на Скопје и на Куманово.  

The post Хоспитализирани уште девет лица со голема кашлица, вкупно 399 случаи во државата appeared first on Република.

]]>
Хоспитализирани уште четири деца со голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hospitalizirani-ushte-chetiri-detsa-so-golema-kashlitsa/ Fri, 23 Feb 2024 17:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=747557

Во периодот од 16 до 22 февруари, пријавени се 28 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Куманово и во Струга. Од новите 28 случаи, четири случаи се хоспитализирани. Станува збор за три деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен вечерва.

Возраста на заболените се движи до 47 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца под една година и од 10 до 14 години.

Годинава во ИЈЗ се регистрирани вкупно 67 случаи на голема кашлица, со инциденца од 3,6/100 000 жители.

По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - во девет различни општини, пет лица се од Тетово, четири лица живеат во Куманово, во Гостивар - две и едно во Струга.

Заболените лица се на возраст од еден месец до 47 години. Најголем број заболени се деца на возраст до четири години, односно 17 случаи припаѓаат на возрасната група под една година, а 10 се деца на возраст од една до четири години. Првиот пријавен случај е на 5 јануари, а само во последните седум дена се пријавени 28 случаи, со зголемување од 71,8 отсто во однос на претходниот неделен период за пријавување, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 67, 61 случај не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или од последната доза - кај комплетно вакцинираните, поминале просечно повеќе од 11 години од последната примена доза, или нема доказ за вакцинација.

Од заболените, регистрирани се 25 лица со хоспитализација и тоа 20 од нив на возраст до четири години.

Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакцинални пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом - Скопје, од службите за вакцинација - Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 12.639 деца пропуштени за вакцинација.

Oд нив, вакцинирани се 4.142 или 32,8 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина - 1.933 или 46,7 проценти. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 7.792 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 4.792 или 61,5 отсто од вакцинираните деца, примиле I, II или III доза на примовакцинација. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - I,II,III доза или ревакцинација - I,II ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 22 февруари изнесува 11.934, се истакнува во извештајот на ИЈЗ.

Без Скопје, кога станува збор на ниво на држава и број на вакцинирани лица од 18 јануари до 22 февруари, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 6.663 деца пропуштени за вакцинација. Од нив, вакцинирани биле 1.621 или 24,3 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина - 731 или 45,1 процент.

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 6.211 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 2.095 или 33,7 отсто од вакцинираните, примиле II ревакцина на школска возраст. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - I,II,III доза, или ревакцинација - I,II ревакцина, во периодот од 18 јануари до 22 февруари, изнесува 7.832, се додава во извештајот на ИЈЗ.

The post Хоспитализирани уште четири деца со голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 16 до 22 февруари, пријавени се 28 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Куманово и во Струга. Од новите 28 случаи, четири случаи се хоспитализирани. Станува збор за три деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен вечерва. Возраста на заболените се движи до 47 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца под една година и од 10 до 14 години. Годинава во ИЈЗ се регистрирани вкупно 67 случаи на голема кашлица, со инциденца од 3,6/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - во девет различни општини, пет лица се од Тетово, четири лица живеат во Куманово, во Гостивар - две и едно во Струга.
Заболените лица се на возраст од еден месец до 47 години. Најголем број заболени се деца на возраст до четири години, односно 17 случаи припаѓаат на возрасната група под една година, а 10 се деца на возраст од една до четири години. Првиот пријавен случај е на 5 јануари, а само во последните седум дена се пријавени 28 случаи, со зголемување од 71,8 отсто во однос на претходниот неделен период за пријавување, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Од вкупниот број регистрирани случаи - 67, 61 случај не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или од последната доза - кај комплетно вакцинираните, поминале просечно повеќе од 11 години од последната примена доза, или нема доказ за вакцинација. Од заболените, регистрирани се 25 лица со хоспитализација и тоа 20 од нив на возраст до четири години.
Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакцинални пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација, се додава во извештајот на ИЈЗ.
Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом - Скопје, од службите за вакцинација - Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 12.639 деца пропуштени за вакцинација.
Oд нив, вакцинирани се 4.142 или 32,8 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина - 1.933 или 46,7 проценти. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 7.792 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 4.792 или 61,5 отсто од вакцинираните деца, примиле I, II или III доза на примовакцинација. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - I,II,III доза или ревакцинација - I,II ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 22 февруари изнесува 11.934, се истакнува во извештајот на ИЈЗ.
Без Скопје, кога станува збор на ниво на држава и број на вакцинирани лица од 18 јануари до 22 февруари, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 6.663 деца пропуштени за вакцинација. Од нив, вакцинирани биле 1.621 или 24,3 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина - 731 или 45,1 процент.
Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 6.211 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 2.095 или 33,7 отсто од вакцинираните, примиле II ревакцина на школска возраст. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - I,II,III доза, или ревакцинација - I,II ревакцина, во периодот од 18 јануари до 22 февруари, изнесува 7.832, се додава во извештајот на ИЈЗ.

The post Хоспитализирани уште четири деца со голема кашлица appeared first on Република.

]]>
За 65,8 отсто е зголемен бројот на заразени со ковид-19 во однос на минатата недела, но хоспитализирани се само 10 пациенти, велат од Комисијата за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-65-8-otsto-e-zgolemen-brojot-na-zarazeni-so-kovid-19-vo-odnos-na-minatata-nedela-no-hospitalizirani-se-samo-10-pacienti-velat-od-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Wed, 29 Jun 2022 10:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=521064

За 65,8 отсто е зголемен бројот на заразени со ковид-19 во однос на минатата недела, но хоспитализирани се само 10 пациенти, велат од Комисијата за заразни болести. Оттаму додаваат дека нема зголемување на бројот на смртни случаи.

По пауза од два месеци комисијата за заразни болести денеска имаше состанок на кој било констатирано дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%.

Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи.

Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз, велат од Комисијата.

Од комисијата препорачуваат граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.

The post За 65,8 отсто е зголемен бројот на заразени со ковид-19 во однос на минатата недела, но хоспитализирани се само 10 пациенти, велат од Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

За 65,8 отсто е зголемен бројот на заразени со ковид-19 во однос на минатата недела, но хоспитализирани се само 10 пациенти, велат од Комисијата за заразни болести. Оттаму додаваат дека нема зголемување на бројот на смртни случаи. По пауза од два месеци комисијата за заразни болести денеска имаше состанок на кој било констатирано дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%.
Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз, велат од Комисијата.
Од комисијата препорачуваат граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце. Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.  

The post За 65,8 отсто е зголемен бројот на заразени со ковид-19 во однос на минатата недела, но хоспитализирани се само 10 пациенти, велат од Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Вкупно 82 пациенти се лекуваат од ковид-19 во болниците, кај заразените доминира варијнатата омикрон стелт https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vkupno-82-pacienti-se-lekuvaat-od-kovid-19-vo-bolnicite-kaj-zarazenite-dominira-varijnatata-omikron-stelt/ Tue, 29 Mar 2022 06:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=480101

Продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализарани од Ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март.

Тестирани се вкупно 16.074 материјали, а регистрирани сe 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5% помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0% до 14,3%, просечно 10,1%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (60,8%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена се лица над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група од 0-9 години.

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 1,7% помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 268 реинфекции, со намалување од 13,3%.

Евидентирани се 17 смртни случаи, за 13,3% повеќе во однос на претходната недела (n=15). Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, 16 починати се над 60 години, а еден од возрасната група од 50-59 години.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P зÐ ° детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.

Во 5 (5,3%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 90 (94,7%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8% помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка, а еден на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 24 март, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.855, а со трета доза 152.109 лица.

The post Вкупно 82 пациенти се лекуваат од ковид-19 во болниците, кај заразените доминира варијнатата омикрон стелт appeared first on Република.

]]>

Продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализарани од Ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март. Тестирани се вкупно 16.074 материјали, а регистрирани сe 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5% помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0% до 14,3%, просечно 10,1%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (60,8%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена се лица над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група од 0-9 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 1,7% помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 268 реинфекции, со намалување од 13,3%. Евидентирани се 17 смртни случаи, за 13,3% повеќе во однос на претходната недела (n=15). Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, 16 починати се над 60 години, а еден од возрасната група од 50-59 години. Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P зÐ ° детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите. Во 5 (5,3%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 90 (94,7%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8% помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка, а еден на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Заклучно со 24 март, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.855, а со трета доза 152.109 лица.

The post Вкупно 82 пациенти се лекуваат од ковид-19 во болниците, кај заразените доминира варијнатата омикрон стелт appeared first on Република.

]]>
Хоспитализирани 616 ковид пациенти, од нив 199 во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hospitalizirani-616-kovid-pacienti-od-niv-199-vo-skopje/ Sun, 30 Jan 2022 07:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=451395

Во државава вчера беа региистрирани 18.909 активни случаи со Ковид-19, од кои најголем број – 9614 во Скопје. Надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат и да се почитуваат мерките за заштита.

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти,.

Пациенти со Ковид-19 се примаат и во ковид-центрите на клиниките за кожни болести и за неврологија, каде се уште има слободни кревети за пациентите на кои им е потребна хоспитализација. Како што информираат од Министерството за здравство, согласно податоците од инфективните одделенија и ковид – центрите има 616 хоспитализирани пациенти во државава од кои 199 во Скопје.

Што се однесува до состојбата со Ковид-19 во другите земји се уште има зголемување на бројот на активни случаи и на починати.

Бројот на заразени со коронавирус во Русија вчера надмина 100.000 лица, што е најголем број на инфицирани за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Кризниот штаб. Како што објавија руските медиуми, во државата за 24 часа се регистрирани 113.122 случаи, што е последица на ширењето на сојот омикрон. Во Русија за едно деноноќие починаа 668 пациенти, а завчера бројот на смртни случаи од Ковид-19 ја надмина бројката од 700.000 од почетокот на пандемијата.

Австрија, пак, постепено ги олеснува мерките против коронавирусот и покрај големиот број нови инфекции.

Од 5 февруари постојниот полициски час наместо до 22 часот ќе почне на полноќ. Обврската за тестирање или вакцинирање на малопродажниот сектор од 12 февруари се укинува, изјави вчера канцеларот Карл Нехамер.

Во рестораните и кафулињата од 19 февруари ќе може да се влезе со негативен тест, а не само со потврда за вакцинација или прележан Ковид. Како причина за олеснување на мерките се наведува намалениот притисок врз болниците.

Бројките се стабилни и на очекувано добро ниво, рече Нехамер за ситуацијата во болниците и одделите за интензивна нега.

Австриската министерката за туризам Елизабет Костингер рече дека новата регулатива за полициски час треба да се поздрави, бидејќи тоа ќе биде од корист за бизнисите и туристите. Седумдневната стапка на инциденца во Австрија моментно е 2.400 на 100.000 жители. рп/сп/

The post Хоспитализирани 616 ковид пациенти, од нив 199 во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во државава вчера беа региистрирани 18.909 активни случаи со Ковид-19, од кои најголем број – 9614 во Скопје. Надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат и да се почитуваат мерките за заштита. Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти,. Пациенти со Ковид-19 се примаат и во ковид-центрите на клиниките за кожни болести и за неврологија, каде се уште има слободни кревети за пациентите на кои им е потребна хоспитализација. Како што информираат од Министерството за здравство, согласно податоците од инфективните одделенија и ковид – центрите има 616 хоспитализирани пациенти во државава од кои 199 во Скопје. Што се однесува до состојбата со Ковид-19 во другите земји се уште има зголемување на бројот на активни случаи и на починати. Бројот на заразени со коронавирус во Русија вчера надмина 100.000 лица, што е најголем број на инфицирани за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Кризниот штаб. Како што објавија руските медиуми, во државата за 24 часа се регистрирани 113.122 случаи, што е последица на ширењето на сојот омикрон. Во Русија за едно деноноќие починаа 668 пациенти, а завчера бројот на смртни случаи од Ковид-19 ја надмина бројката од 700.000 од почетокот на пандемијата. Австрија, пак, постепено ги олеснува мерките против коронавирусот и покрај големиот број нови инфекции.