хосеп борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hosep-borel/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Apr 2022 10:50:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хосеп борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hosep-borel/ 32 32 ЕУ дипломатот кој ни вети волја место датум вели дека пченицата може да биде следното економско оружје на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-diplomatot-koj-ni-veti-volja-mesto-datum-veli-deka-pchenicata-moze-da-bide-slednoto-ekonomsko-oruzje-na-rusija/ Tue, 26 Apr 2022 12:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=493739

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел укажа на неопходноста сите држави-членки на ЕУ да се ослободат од енергетската зависност од Москва. Според него, пченицата би можела да биде следното економско оружје на Русија.

Признавајќи дека сè уште не е постигната едногласност меѓу членките по однос прашањето на енергетската зависност од руските ресурси, Борел во изјава дадена за шпански „Ел Паис“ како опција понуди доброволно откажување од фосилните горива.

Тој, исто така, инсистира на продолжување на поддршката во оружје за Киев.

„Излезот од конфликтот мора да се реши на бојното поле“, вели тој, притоа посочувајќи на, како што рече, „неуспехот на иницијалниот обид на Русија за блицкриг“.

„Не успеаја да го заземат Киев. Тие мораа да се повлечат, да ја сменат тактиката и да ги концентрираат силите во Донбас. Засега губат. Украинците ќе мора да платат висока цена: имаат голем број жртви, инфраструктурата е уништена, цивилите бегаат или гинат. Сепак, плановите на Русија пропаднаа. Да видиме како ќе оди следната битка“, вели Борел.

По однос одредени критики и забелешките дека помошта во оружје за Украина само значи продолжување на конфликтот и предизвикување повеќе жртви, Борел вели дека не е прашање само кога ќе заврши војната туку и како.

„Ако престанеме да ја вооружуваме Украина, конфликтот ќе заврши. Но, што тогаш? Не е важно како ќе заврши? Прашањето не е само кога ќе заврши, туку и како“, вели тој.

Во врска со воведувањето нови санкции во однос руската нафта и гас, Борел рече дека има многу опции на маса – оданочување, забрана за увоз или можеби иранскиот систем.

„Многу економисти веруваат дека би било рационално да се зголемат цените на гасот и нафтата, за да се бараат алтернативни извори. Ниту еден од тие предлози не ужива едногласна поддршка. Ова е прашање што треба да го реши Европскиот совет. Ова е политика на високо ниво. Досега не е постигнат договор. Разговараме со сите и вршиме притисок за акција. Кога Германија вели дека нема да има повеќе руска нафта до крајот на годината, тоа е под силен притисок. Но, тоа ќе се случи. Русија ќе ги изгуби парите од продажбата на нафта и гас. Ако успееме да донесеме едногласна одлука, ќе бидам среќен. Инсистирам на ова, изнесувам аргументи, ги проучувам можностите, барам алтернативи“, вели тој.

Според евродипломатот на Европа и недостасува самостојност во многу аспекти, но најважна во моментов е енергетската.

„Многу сме зависни од залихите од личност со која сега имаме многу лоши односи. Јасно е дека за почеток Европа мора да направи напори да стане енергетски независна. Тоа е најважното нешто во моментов. Можеме да бидеме критикувани што не успеавме да го сториме тоа многу порано кога Путин го презеде Крим. Сега ја гледаме вистинската опасност. Сите ја намалуваат потрошувачката и енергетската зависност од Русија, рече тој.

Според шефот на европската дипломатија, светот во иднина ќе биде дополнително поподелен, што ќе резултира со економски шокови. Борел смета дека пченицата ќе стане еден вид оружје.

„Русија веќе вели: Нашата пченица е за пријатели, а кој не е наш пријател нема да ја добие. Ќе се појави нова политичка панорама, со Русија и Кина на едната и Западот на другата страна. И многу земји во развој се наклонети кон една или друга земја зависно околностите. Се сеќавате ли на Студената војна, кога имаше неврзани земји? Сега сме сведоци на оживување на таков феномен“, заклучи Жозеп Борел.

The post ЕУ дипломатот кој ни вети волја место датум вели дека пченицата може да биде следното економско оружје на Русија appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел укажа на неопходноста сите држави-членки на ЕУ да се ослободат од енергетската зависност од Москва. Според него, пченицата би можела да биде следното економско оружје на Русија. Признавајќи дека сè уште не е постигната едногласност меѓу членките по однос прашањето на енергетската зависност од руските ресурси, Борел во изјава дадена за шпански „Ел Паис“ како опција понуди доброволно откажување од фосилните горива. Тој, исто така, инсистира на продолжување на поддршката во оружје за Киев. „Излезот од конфликтот мора да се реши на бојното поле“, вели тој, притоа посочувајќи на, како што рече, „неуспехот на иницијалниот обид на Русија за блицкриг“. „Не успеаја да го заземат Киев. Тие мораа да се повлечат, да ја сменат тактиката и да ги концентрираат силите во Донбас. Засега губат. Украинците ќе мора да платат висока цена: имаат голем број жртви, инфраструктурата е уништена, цивилите бегаат или гинат. Сепак, плановите на Русија пропаднаа. Да видиме како ќе оди следната битка“, вели Борел. По однос одредени критики и забелешките дека помошта во оружје за Украина само значи продолжување на конфликтот и предизвикување повеќе жртви, Борел вели дека не е прашање само кога ќе заврши војната туку и како. „Ако престанеме да ја вооружуваме Украина, конфликтот ќе заврши. Но, што тогаш? Не е важно како ќе заврши? Прашањето не е само кога ќе заврши, туку и како“, вели тој. Во врска со воведувањето нови санкции во однос руската нафта и гас, Борел рече дека има многу опции на маса – оданочување, забрана за увоз или можеби иранскиот систем. „Многу економисти веруваат дека би било рационално да се зголемат цените на гасот и нафтата, за да се бараат алтернативни извори. Ниту еден од тие предлози не ужива едногласна поддршка. Ова е прашање што треба да го реши Европскиот совет. Ова е политика на високо ниво. Досега не е постигнат договор. Разговараме со сите и вршиме притисок за акција. Кога Германија вели дека нема да има повеќе руска нафта до крајот на годината, тоа е под силен притисок. Но, тоа ќе се случи. Русија ќе ги изгуби парите од продажбата на нафта и гас. Ако успееме да донесеме едногласна одлука, ќе бидам среќен. Инсистирам на ова, изнесувам аргументи, ги проучувам можностите, барам алтернативи“, вели тој. Според евродипломатот на Европа и недостасува самостојност во многу аспекти, но најважна во моментов е енергетската.
„Многу сме зависни од залихите од личност со која сега имаме многу лоши односи. Јасно е дека за почеток Европа мора да направи напори да стане енергетски независна. Тоа е најважното нешто во моментов. Можеме да бидеме критикувани што не успеавме да го сториме тоа многу порано кога Путин го презеде Крим. Сега ја гледаме вистинската опасност. Сите ја намалуваат потрошувачката и енергетската зависност од Русија, рече тој.
Според шефот на европската дипломатија, светот во иднина ќе биде дополнително поподелен, што ќе резултира со економски шокови. Борел смета дека пченицата ќе стане еден вид оружје. „Русија веќе вели: Нашата пченица е за пријатели, а кој не е наш пријател нема да ја добие. Ќе се појави нова политичка панорама, со Русија и Кина на едната и Западот на другата страна. И многу земји во развој се наклонети кон една или друга земја зависно околностите. Се сеќавате ли на Студената војна, кога имаше неврзани земји? Сега сме сведоци на оживување на таков феномен“, заклучи Жозеп Борел.

The post ЕУ дипломатот кој ни вети волја место датум вели дека пченицата може да биде следното економско оружје на Русија appeared first on Република.

]]>
EУ дипломатот кој ни вети волја место датум ја критикува Русија за слободата на медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-diplomatot-koj-ni-veti-volja-mesto-datum-ja-kritikuva-rusija-za-slobodata-na-mediumite/ Mon, 28 Mar 2022 18:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=480019

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел смета дека прекинот на работата на рускиот весник Новаја Газета е резултат на систематска пресметка на руските власти со независните медиуми во Русија, вклучително и меѓународните медиуми и социјалните мрежи.

– Оваа медиумска цензура е поврзана со манипулација и дезинформирање на руската јавност од страна на државните медиуми во контекст на неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија против Украина, нагласи Борел.

Во писмена изјава тој вели дека Новаја Газета е новинарска институција чија работа е признаена надвор од Русија и чие име се поврзува со имињата на главниот уредник Дмитриј Муратов, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година и Ана Политковскаја која беше убиена во центарот на Москва во 2006 година, како и пет други новинари на Нова Газета кои со живот платија за нивната храбра работа.

– Европската унија ги пофалува независните медиуми во Русија и индивидуалните новинари кои ги бранат вредностите на демократијата, владеењето на правото и слободата. Оние кои се обидуваат да го информираат рускиот народ за војната што руското раководство ја води против Украина, вклучително и воените злосторства извршени од руската армија, а кои се под истрага на Меѓународниот кривичен суд, наведува Борел.

Тој заклучува дека ЕУ ќе продолжи да се спротивставува на кампањите за дезинформација на Кремљ и да ги поддржува руските независни медиуми и новинари

The post EУ дипломатот кој ни вети волја место датум ја критикува Русија за слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел смета дека прекинот на работата на рускиот весник Новаја Газета е резултат на систематска пресметка на руските власти со независните медиуми во Русија, вклучително и меѓународните медиуми и социјалните мрежи.
– Оваа медиумска цензура е поврзана со манипулација и дезинформирање на руската јавност од страна на државните медиуми во контекст на неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија против Украина, нагласи Борел.
Во писмена изјава тој вели дека Новаја Газета е новинарска институција чија работа е признаена надвор од Русија и чие име се поврзува со имињата на главниот уредник Дмитриј Муратов, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година и Ана Политковскаја која беше убиена во центарот на Москва во 2006 година, како и пет други новинари на Нова Газета кои со живот платија за нивната храбра работа. – Европската унија ги пофалува независните медиуми во Русија и индивидуалните новинари кои ги бранат вредностите на демократијата, владеењето на правото и слободата. Оние кои се обидуваат да го информираат рускиот народ за војната што руското раководство ја води против Украина, вклучително и воените злосторства извршени од руската армија, а кои се под истрага на Меѓународниот кривичен суд, наведува Борел. Тој заклучува дека ЕУ ќе продолжи да се спротивставува на кампањите за дезинформација на Кремљ и да ги поддржува руските независни медиуми и новинари

The post EУ дипломатот кој ни вети волја место датум ја критикува Русија за слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>
Борел пред министерскиот совет во ЕУ: Ситуацијата во Босна и Херцеговина е критична https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borel-pred-ministerskiot-sovet-vo-eu-situacijata-vo-bosna-i-hercegovina-e-kritichna/ Mon, 21 Feb 2022 08:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=461252

Босна и Херцеговина и Украина ќе бидат најгорливите теми на денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ.

Шефот на ЕУ дипломатијата, Хосеп Борел, пред почетокот на состанокот порача дека Босна и Херцеговина ќе биде една од најважните теми за министрите за надворешни работи на ЕУ.

Босна и Херцеговина ќе одземе голем дел од состанокот затоа што националистичката и сепаратистичката реторика расте и го загрозува интегритетот на земјата, министрите треба да донесат одлука како да спречат да се распадне земјата, ситуацијата е критична - изјави Борел утрово за новинарите.

Министрите очекувано ќе зборуваат и за конфликтот помеѓу Русија и Украина.

Лидерите на САД и Русија го прифатија предлогот на францускиот претседател, Емануел Макрон за средба, а Европската Унија и натаму вели дека вложува во дипломатско решение на оваа криза.

Јосеп Борел потврди дека санкциите против Русија се подготвени и можат да бидат активирани доколку биде потребно. За тоа би се свикал вонреден министерски состанок.

По мој предлог санкциите ќе бидат подготвените кога ќе дојде моментот, но работиме тој момент да не дојде - изјави шефот на ЕУ дипломатијата.

The post Борел пред министерскиот совет во ЕУ: Ситуацијата во Босна и Херцеговина е критична appeared first on Република.

]]>

Босна и Херцеговина и Украина ќе бидат најгорливите теми на денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ. Шефот на ЕУ дипломатијата, Хосеп Борел, пред почетокот на состанокот порача дека Босна и Херцеговина ќе биде една од најважните теми за министрите за надворешни работи на ЕУ.
Босна и Херцеговина ќе одземе голем дел од состанокот затоа што националистичката и сепаратистичката реторика расте и го загрозува интегритетот на земјата, министрите треба да донесат одлука како да спречат да се распадне земјата, ситуацијата е критична - изјави Борел утрово за новинарите.
Министрите очекувано ќе зборуваат и за конфликтот помеѓу Русија и Украина. Лидерите на САД и Русија го прифатија предлогот на францускиот претседател, Емануел Макрон за средба, а Европската Унија и натаму вели дека вложува во дипломатско решение на оваа криза. Јосеп Борел потврди дека санкциите против Русија се подготвени и можат да бидат активирани доколку биде потребно. За тоа би се свикал вонреден министерски состанок.
По мој предлог санкциите ќе бидат подготвените кога ќе дојде моментот, но работиме тој момент да не дојде - изјави шефот на ЕУ дипломатијата.

The post Борел пред министерскиот совет во ЕУ: Ситуацијата во Босна и Херцеговина е критична appeared first on Република.

]]>