хоргош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/horgosh/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 13:32:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хоргош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/horgosh/ 32 32 „Хоргош 2“: Србија и Унгарија градат нов, најмодерен граничен премин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/horgosh-2-srbija-i-ungarija-gradat-nov-najmoderen-granichen-premin/ Fri, 10 May 2024 12:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=776708

Унгарија и Србија го градат најмодерниот, најголемиот, најбезбедниот и најбрзиот граничен премин во Европа, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
„Патниот премин Реска (Хоргош 2) е исклучително фреквентен.

На сите ни се познати слики од долги колони камиони и автомобили. Не сакаме тоа да биде случај во иднина“, рече тој.

Министерот најави дека српскиот и кинескиот партнер ќе размислат како што поскоро да се изгради нафтовод меѓу Унгарија и Србија, со цел да се зголеми безбедноста на енергетското снабдување на двете земји и на целиот регион, пренесува МТИ.

 

The post „Хоргош 2“: Србија и Унгарија градат нов, најмодерен граничен премин appeared first on Република.

]]>

Унгарија и Србија го градат најмодерниот, најголемиот, најбезбедниот и најбрзиот граничен премин во Европа, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. „Патниот премин Реска (Хоргош 2) е исклучително фреквентен.
На сите ни се познати слики од долги колони камиони и автомобили. Не сакаме тоа да биде случај во иднина“, рече тој.
Министерот најави дека српскиот и кинескиот партнер ќе размислат како што поскоро да се изгради нафтовод меѓу Унгарија и Србија, со цел да се зголеми безбедноста на енергетското снабдување на двете земји и на целиот регион, пренесува МТИ.  

The post „Хоргош 2“: Србија и Унгарија градат нов, најмодерен граничен премин appeared first on Република.

]]>
Пресметка меѓу мигранти на границата на Србија и Унгарија: Тројца убиени, еден ранет https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/presmetka-megu-migranti-na-granitsata-na-srbija-i-ungarija-trojtsa-ubieni-eden-ranet/ Fri, 27 Oct 2023 09:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=695480

Тројца мигранти се убиени во престрелка што се случила рано утринава во напуштени објекти на поранешниот земјоделски имот на Бачка во близина на населеното место Хоргош, потврдија за РТС од Полициската управа во Кикинда.

Хоргош е населба во Војводина, на границата меѓу Србија и Унгарија. Во престрелката е ранет уште еден мигрант, на кој му се укажува лекарска помош.

Иако престрелката се случила надвор од населеното место, граѓаните на Хоргош се вознемирени и од рано утрото на социјалните мрежи пишуваат за пукањето што се слушало во пограничната област.

За жал, доживеавме и Хоргош да е место слично на блискоисточниот фронт! Од 4 часот наутро се пука од автоматско оружје околу селото?! Што уште ќе има?, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи.

На местото на настанот пристигнале јаки полициски сили кои трагаат по сторителите. Известено е и Вишото јавно обвинителство во Суботица.

Телеграф пишува дека станува збор за пресметка на две групи мигранти.

The post Пресметка меѓу мигранти на границата на Србија и Унгарија: Тројца убиени, еден ранет appeared first on Република.

]]>

Тројца мигранти се убиени во престрелка што се случила рано утринава во напуштени објекти на поранешниот земјоделски имот на Бачка во близина на населеното место Хоргош, потврдија за РТС од Полициската управа во Кикинда. Хоргош е населба во Војводина, на границата меѓу Србија и Унгарија. Во престрелката е ранет уште еден мигрант, на кој му се укажува лекарска помош. Иако престрелката се случила надвор од населеното место, граѓаните на Хоргош се вознемирени и од рано утрото на социјалните мрежи пишуваат за пукањето што се слушало во пограничната област. За жал, доживеавме и Хоргош да е место слично на блискоисточниот фронт! Од 4 часот наутро се пука од автоматско оружје околу селото?! Што уште ќе има?, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи. На местото на настанот пристигнале јаки полициски сили кои трагаат по сторителите. Известено е и Вишото јавно обвинителство во Суботица. Телеграф пишува дека станува збор за пресметка на две групи мигранти.

The post Пресметка меѓу мигранти на границата на Србија и Унгарија: Тројца убиени, еден ранет appeared first on Република.

]]>
Средношколци на екскурзија цела ноќ ја поминале на границата на Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srednoshkoltsi-na-ekskurzija-tsela-nok-ja-pominale-na-granitsata-na-ungarija/ Sun, 02 Apr 2023 14:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=626299

Средношколци од Скопје, кои преку училиште заминале на екскуризја во Прага, целата ноќ ја поминале на меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија. Родителите реагирале, по што реагирало и Министерството за надворешни работи, но учениците веќе биле пуштени да поминат.

Веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, МНР преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, информира МНР.

Од Министерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство.

Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: globalsos@mfa.gov.mk ; како и информациите на нашиот веб.

The post Средношколци на екскурзија цела ноќ ја поминале на границата на Унгарија appeared first on Република.

]]>

Средношколци од Скопје, кои преку училиште заминале на екскуризја во Прага, целата ноќ ја поминале на меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија. Родителите реагирале, по што реагирало и Министерството за надворешни работи, но учениците веќе биле пуштени да поминат.
Веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, МНР преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, информира МНР.
Од Министерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство. Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: globalsos@mfa.gov.mk ; како и информациите на нашиот веб.

The post Средношколци на екскурзија цела ноќ ја поминале на границата на Унгарија appeared first on Република.

]]>