хор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hor/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 07:03:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hor/ 32 32 Првиот и најстар македонски хор од КУД „Стив Наумов“ денеска слави јубилеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prviot-i-najstar-makedonski-hor-od-kud-stiv-naumov-deneska-slavi-jubilej/ Wed, 06 Nov 2024 07:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=834538

На денешен ден во 1944 година во Битола е формиран мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов“, првиот и најстариот македонски хор кој денеска слави јубилеј, осум децении постоење.

Во архивата на друштвото е забележано дека пред 80 години, борците на Седмата македонска ударна бригада-Битолска, два дена по ослободувањето на градот, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и под диригентство на Тодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции, со што официјално почна работата на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“.

Денеска го чествуваме музичкото наследство на Битола и славната историја на КУД „Стив Наумов“. Со 80 години зад себе, нашето културно-уметничко друштво не само што ги одржува традициите на хорското пеење и мандолинскиот оркестар, туку е и расадник на музички таленти. Генерации битолчани, од кои многумина денес уживаат славни музички кариери, биле дел од ова семејство, оставајќи свој белег на македонската и светската музичка сцена. Во чест и благодарност на сите, вечер ќе приредиме изложба и свечена академија, со што заеднички ќе го прославиме големиот јубилеј, изјави за МИА Владимир Христовски, претседател на КУД „Стив Наумов“-Битола.

Културно уметничкото друштво од првиот ден го носи името на легендарниот македонски народен херој Стив Наумов, а во богатата историја добитник е на бројни награди меѓу кои Орден со сребрен венец и плакета потпишана од Јосип Броз - Тито во 1975 година, највисокото македонско признание наградата „11 Октомври“, награда „Глигор Смокварски“, највисокото признание на градот Битола „4 Ноември“ и многу други.

The post Првиот и најстар македонски хор од КУД „Стив Наумов“ денеска слави јубилеј appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1944 година во Битола е формиран мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов“, првиот и најстариот македонски хор кој денеска слави јубилеј, осум децении постоење. Во архивата на друштвото е забележано дека пред 80 години, борците на Седмата македонска ударна бригада-Битолска, два дена по ослободувањето на градот, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и под диригентство на Тодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции, со што официјално почна работата на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“.
Денеска го чествуваме музичкото наследство на Битола и славната историја на КУД „Стив Наумов“. Со 80 години зад себе, нашето културно-уметничко друштво не само што ги одржува традициите на хорското пеење и мандолинскиот оркестар, туку е и расадник на музички таленти. Генерации битолчани, од кои многумина денес уживаат славни музички кариери, биле дел од ова семејство, оставајќи свој белег на македонската и светската музичка сцена. Во чест и благодарност на сите, вечер ќе приредиме изложба и свечена академија, со што заеднички ќе го прославиме големиот јубилеј, изјави за МИА Владимир Христовски, претседател на КУД „Стив Наумов“-Битола.
Културно уметничкото друштво од првиот ден го носи името на легендарниот македонски народен херој Стив Наумов, а во богатата историја добитник е на бројни награди меѓу кои Орден со сребрен венец и плакета потпишана од Јосип Броз - Тито во 1975 година, највисокото македонско признание наградата „11 Октомври“, награда „Глигор Смокварски“, највисокото признание на градот Битола „4 Ноември“ и многу други.

The post Првиот и најстар македонски хор од КУД „Стив Наумов“ денеска слави јубилеј appeared first on Република.

]]>
Концерт на хорот „Кочо Рацин“ во Сули ан https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-horot-kocho-ratsin-vo-suli-an/ Fri, 19 Jul 2024 07:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=798274

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 20.07.2024г. (сабота) со почеток во 20:30ч. во Сули ан ќе се одржи концерт на хорот „Кочо Рацин“ под диригентската палка на Ангелина Спасовска.

На програмата на концертот ќе бидат изведени дела од Драган Шуплевски, Стеван Мокрањац, Антон Арнески, С.М. Гајдов, како и народни композиции.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.Хорот „Кочо Рацин“, формиран во 1946 година, во Горно Врановци, е еден од најстарите хорови во Македонија. Од самото негово формирање, низ одбраниот репертоар и посветената работа, хорот дава значаен придонес во презентирање на македонското музичко творештво, поврзувајки ја традицијата и современоста. Уметничкото водство на хорот, во континуитет е под палката на еминентни имиња на композитори и диригенти од македонската хорска музика, меѓу кои: Трајко Прокопиев, Кирил Спировски, Ѓорѓи Смокварски, Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Драган Шуплевски,Томислав Шопов, Летка Димова Полизова и др. Во своето повеќедецениско постоење, хорот има бројни настапи во земјата и странство, и тоа во: Италија, Полска, Романија, Чехословачка, Унгарија, Холандија, Грција, Србија… Последниве години има забележителни настапи на Меѓународни натпревари и фестивали меѓу кои: „Мокрањчеви дани“ (Србија), „Нишки хорски свечености“ (Србија), „ТЕХО“ (Македонија), Интернационален хорски фестивал „Музика и Море“ (Паралија, Грција). За својата посветена работа во презентирањето на македонското музичко творештво, хорот има добиено и неколку Државни награди: Орден за заслуги на народ – Сребрена Звезда, Наградата „Свети Климент Охридски“, Наградата на Град Скопје – „13 Ноември“. Од настапите на меѓународни фестивали, хорот има добиено: Златна Плакета – „Мокрањчеви денови“, бројни дипломи, плакети, пофалници и признанија.
Од 2023 год. со хорот раководи диригентката Ангелина Спасовска.

Ангелина Спасовска, родена 1999г. во Скопје, своето музичко образование го стекнува на ФМУ – Скопје, при УКИМ, на смер Музичка теорија и педагогија со насока – Хорско диригирање. Студиите успешно ги завршува под менторство на проф. м-р. Сашо Татарчевски. Ангелина Спасовска своето хорско ангажирање го започнува од најрана возраст настапувајки во детскиот хор „Изворче“ во Скопје, а потоа и женскиот хор „Рустико“, под водство на диригентот и педагог, Запро Запров. Таа е долгогодишен активен член во мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ Скопје, во Женскиот Младински Хор при МКЦ Скопје, како и во професионалниот мешан хор „Про Арс“, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски. Во текот на студирањето и потоа, има настапувано на бројни концерти и натпревари за хорска музика во Македонија, како и во Србија, Бугарија, Полска, Унгарија, Косово. Воедно, Ангелина Спасовска, учествува и во проекти на FAMES Studio, за снимање на хорска музика, со хорот „Про Арс“ за светски компании и продуцентски куќи.

Од 2023г., со голем ентузијазам, посветеност и љубов, Ангелина Спасовска успешно ја започнува својата диригентска кариера во мешаниот хор Кочо Рацин, Скопје.

 

The post Концерт на хорот „Кочо Рацин“ во Сули ан appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 20.07.2024г. (сабота) со почеток во 20:30ч. во Сули ан ќе се одржи концерт на хорот „Кочо Рацин“ под диригентската палка на Ангелина Спасовска. На програмата на концертот ќе бидат изведени дела од Драган Шуплевски, Стеван Мокрањац, Антон Арнески, С.М. Гајдов, како и народни композиции. Билетите се во продажба на karti.com.mk.Хорот „Кочо Рацин“, формиран во 1946 година, во Горно Врановци, е еден од најстарите хорови во Македонија. Од самото негово формирање, низ одбраниот репертоар и посветената работа, хорот дава значаен придонес во презентирање на македонското музичко творештво, поврзувајки ја традицијата и современоста. Уметничкото водство на хорот, во континуитет е под палката на еминентни имиња на композитори и диригенти од македонската хорска музика, меѓу кои: Трајко Прокопиев, Кирил Спировски, Ѓорѓи Смокварски, Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Драган Шуплевски,Томислав Шопов, Летка Димова Полизова и др. Во своето повеќедецениско постоење, хорот има бројни настапи во земјата и странство, и тоа во: Италија, Полска, Романија, Чехословачка, Унгарија, Холандија, Грција, Србија… Последниве години има забележителни настапи на Меѓународни натпревари и фестивали меѓу кои: „Мокрањчеви дани“ (Србија), „Нишки хорски свечености“ (Србија), „ТЕХО“ (Македонија), Интернационален хорски фестивал „Музика и Море“ (Паралија, Грција). За својата посветена работа во презентирањето на македонското музичко творештво, хорот има добиено и неколку Државни награди: Орден за заслуги на народ – Сребрена Звезда, Наградата „Свети Климент Охридски“, Наградата на Град Скопје – „13 Ноември“. Од настапите на меѓународни фестивали, хорот има добиено: Златна Плакета – „Мокрањчеви денови“, бројни дипломи, плакети, пофалници и признанија. Од 2023 год. со хорот раководи диригентката Ангелина Спасовска. Ангелина Спасовска, родена 1999г. во Скопје, своето музичко образование го стекнува на ФМУ – Скопје, при УКИМ, на смер Музичка теорија и педагогија со насока – Хорско диригирање. Студиите успешно ги завршува под менторство на проф. м-р. Сашо Татарчевски. Ангелина Спасовска своето хорско ангажирање го започнува од најрана возраст настапувајки во детскиот хор „Изворче“ во Скопје, а потоа и женскиот хор „Рустико“, под водство на диригентот и педагог, Запро Запров. Таа е долгогодишен активен член во мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ Скопје, во Женскиот Младински Хор при МКЦ Скопје, како и во професионалниот мешан хор „Про Арс“, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски. Во текот на студирањето и потоа, има настапувано на бројни концерти и натпревари за хорска музика во Македонија, како и во Србија, Бугарија, Полска, Унгарија, Косово. Воедно, Ангелина Спасовска, учествува и во проекти на FAMES Studio, за снимање на хорска музика, со хорот „Про Арс“ за светски компании и продуцентски куќи. Од 2023г., со голем ентузијазам, посветеност и љубов, Ангелина Спасовска успешно ја започнува својата диригентска кариера во мешаниот хор Кочо Рацин, Скопје.  

The post Концерт на хорот „Кочо Рацин“ во Сули ан appeared first on Република.

]]>
Хорот на ООУ „Кочо Рацин“ освои прво место во Венеција https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/horot-na-oou-kocho-ratsin-osvoi-prvo-mesto-vo-venetsija/ Sun, 02 Jun 2024 08:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=784023

На светскиот куп во фолклор на фестивалот „Соправиста“ во Лидо ди Јесоло, Венеција, хорот на скопското основно училиште „Кочо Рацин“ освои прво место. На натпреварот учествуваа околу 500 натпреварувачи од 12 земји. Наташа Митрова, наставничка по музичко образование, заедно со 7 ученици од хорот изведоа македонски песни во хорска изведба.

„Неверојатно е чувството да се слушне името на својата татковина, Македонија, како победник. Седум мали деца ја направија татковината и своето училиште горди. На сцената настапија Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана“, велат од училиштето.

 

 

Минатогодишната победа во Римини, Италија, беше поттик за нови музички авантури на хорот при ООУ „Кочо Рацин“, додаваат оттаму.

The post Хорот на ООУ „Кочо Рацин“ освои прво место во Венеција appeared first on Република.

]]>

На светскиот куп во фолклор на фестивалот „Соправиста“ во Лидо ди Јесоло, Венеција, хорот на скопското основно училиште „Кочо Рацин“ освои прво место. На натпреварот учествуваа околу 500 натпреварувачи од 12 земји. Наташа Митрова, наставничка по музичко образование, заедно со 7 ученици од хорот изведоа македонски песни во хорска изведба. „Неверојатно е чувството да се слушне името на својата татковина, Македонија, како победник. Седум мали деца ја направија татковината и своето училиште горди. На сцената настапија Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана“, велат од училиштето.
 
 
Минатогодишната победа во Римини, Италија, беше поттик за нови музички авантури на хорот при ООУ „Кочо Рацин“, додаваат оттаму.

The post Хорот на ООУ „Кочо Рацин“ освои прво место во Венеција appeared first on Република.

]]>
Прво место на фестивал во Италија за хорот и оркестарот на скопското основно училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prvo-mesto-na-festival-vo-italija-za-horot-i-orkestarot-na-skopskoto-osnovno-uchilishte-kuzman-josifovski-pitu/ Mon, 31 Oct 2022 10:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=567713

Хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје настапи на Интернационалниот фестивал во Ричоне (Riciione), Римини, Италија, под името „Сите бои на уметноста” и го освои првото место.

На фестивалот настапија 18 натпреварувачи од Литванија, Шри Ланка, Иран, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија, во различни категории.

Македонскиот хор и оркестар под менторство на професорката по музичко во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Вера Ангеловска, се покажа во право светло и ги освои симпатиите и гласовите на жирито.

Со 31 глас од хористите и 9-те членови на оркестарот, настапот на македонската музичка експедиција ги изнуди аплаузите и овациите од преполната сала во „PALAZZO DEL TURISMO” во Riccione (Ричоне), Римини Италија.

Македонскиот училишен хор и оркестар, за разлика од натпреварувачите на другите учесници, го немаше епитетот професионалци, но, сепак покажа дека има квалитет еднаков и подобар од професионалните музичари, што беше пресудно за победа и успех.

Пехарот за 1 -то место ќе остане во трајна сопственост на училиштето, како и оригиналната статуетка од Интернационалниот фестивал, и златните медали на градите на учениците ќе останат да сведочат за овој огромен успех на хорот и оркестарот на ООУ ,,К.Ј. Питу”, како прв и единствен претставник од Македонија на еден ваков светски музички настан, се вели во денешното соопштение.

Покрај хорот и оркестарот, на Фестивалот во категорија „вокални солисти”, македонски преставници беа Лана Алексовска (која го освои 2. место) и Ева Балканова (која беше третопласирана). Овие две ученички, се воедно дел и од победничкиот хор.

https://youtu.be/Isu_RtUgsek

The post Прво место на фестивал во Италија за хорот и оркестарот на скопското основно училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ appeared first on Република.

]]>

Хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје настапи на Интернационалниот фестивал во Ричоне (Riciione), Римини, Италија, под името „Сите бои на уметноста” и го освои првото место. На фестивалот настапија 18 натпреварувачи од Литванија, Шри Ланка, Иран, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија, во различни категории. Македонскиот хор и оркестар под менторство на професорката по музичко во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Вера Ангеловска, се покажа во право светло и ги освои симпатиите и гласовите на жирито. Со 31 глас од хористите и 9-те членови на оркестарот, настапот на македонската музичка експедиција ги изнуди аплаузите и овациите од преполната сала во „PALAZZO DEL TURISMO” во Riccione (Ричоне), Римини Италија. Македонскиот училишен хор и оркестар, за разлика од натпреварувачите на другите учесници, го немаше епитетот професионалци, но, сепак покажа дека има квалитет еднаков и подобар од професионалните музичари, што беше пресудно за победа и успех.
Пехарот за 1 -то место ќе остане во трајна сопственост на училиштето, како и оригиналната статуетка од Интернационалниот фестивал, и златните медали на градите на учениците ќе останат да сведочат за овој огромен успех на хорот и оркестарот на ООУ ,,К.Ј. Питу”, како прв и единствен претставник од Македонија на еден ваков светски музички настан, се вели во денешното соопштение.
Покрај хорот и оркестарот, на Фестивалот во категорија „вокални солисти”, македонски преставници беа Лана Алексовска (која го освои 2. место) и Ева Балканова (која беше третопласирана). Овие две ученички, се воедно дел и од победничкиот хор. https://youtu.be/Isu_RtUgsek

The post Прво место на фестивал во Италија за хорот и оркестарот на скопското основно училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на Женскиот хор ПРО АРС под диригентската палка на Сашо Татарчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-zenskiot-hor-pro-ars-pod-dirigentskata-palka-na-sasho-tatarchevski/ Mon, 11 Apr 2022 07:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=486482

В понеделник, (11 април) во Фоајето на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Концерт на Женскиот хор ПРО АРС под диригентската палка на Сашо Татарчевски
За програмата
На концертот во рамките на „Деновите на македонска музика“, професионалниот камерен хор „Про Арс“ ќе настапи со својата женска секција, претставувајќи ја македонската хорска творечка мисла како една од најекпонираните форми на музички израз на нашите автори преку избор од опусот на композитори од неколку различни творечки генерации. Овој состав на „Про Арс“ на публиката ќе ѝ понуди можност да ужива во креациите на хорски дела од Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Томе Прошев, Димче Николески, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Јане Коџабашија, Томе Манчев и Гоце Гавриловски.

За хорот ПРО АРС
Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од страна диригентот Сашо Татарчевски по негово повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа што укажа на недостатокот од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно би одговорил на потребите на музичката сцена во Македонија.

Предностите на хорот станаа видливи уште во првата година од неговата активност, презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со различна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постоечкото македонско хорско творештво, но и на поттикнувањето на младите автори за пишување нова хорска музика. Во своето десет годишно делување, хорот оствари самостојни концерти со уметничка хорска музика, концерти на „Деновите на македонска музика“ со праизведби на композиции од македонски и странски автори, концерти на реномирани фестивали како Охридско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, соработка со разни фондации и здруженија во реализирање концертни програми со хетерогена жанровска определба. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално-инструментална музика на Македонската филхармонија, настапувајќи не само со местро Татарчевски, туку и со диригенти како Густав Кун, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа и др. Про Арс во последните шест години реализирал огромен број студиски снимки за едукативни програми,  солистички албуми, како и филмска музика за високобуџетни интернационални филмски остварувања во студиото F.A.M.E.S. Од 2017 година хорот ја започна и својата меѓународна афирмација со настапите на престижни сцени во Солун, Софија и Виена.

Во креациите на дела од македонски автори хорот „Про Арс“ музичката критика редовно го истакнува „потенцијалот на хористите за отсликување на тонскиот квалитет на делата, конзистентно мелодиско фразирање и хармонски спој, јасно дефинирање на естетиката и експресијата на музичката партитура“. 

Сашо Татарчевски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје, работејќи со Драган Шуплевски, Фимчо Муратовски и Саша Николовски. Посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург. Настапувал со голем број ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Камерниот оркестар на Битола, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж од Санкт Петерсбург, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“ и други камерни и симфониски состави. Редовно снима со различни ансамбли во студиото F.A.M.E.S.

Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Интерфест“, „Скопско лето“ и многу други, има настапувано и освоено награди со повеќе ансамбли во голем број европски земји. Во моментов работи на ФМУ во Скопје како професор по група предмети од областа на диригирањето, хорот „Драган Шуплевски“ и камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“. Освен тоа, Татарчевски е уметнички раководител на професионалниот хор „Про Арс“ и диригент на Женскиот младински хор при МКЦ. Редовен член е на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на Меѓународниот хорски форум во Струга.

Влезот е на концертот е слободен. 

The post Концерт на Женскиот хор ПРО АРС под диригентската палка на Сашо Татарчевски appeared first on Република.

]]>

В понеделник, (11 април) во Фоајето на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Концерт на Женскиот хор ПРО АРС под диригентската палка на Сашо Татарчевски За програмата На концертот во рамките на „Деновите на македонска музика“, професионалниот камерен хор „Про Арс“ ќе настапи со својата женска секција, претставувајќи ја македонската хорска творечка мисла како една од најекпонираните форми на музички израз на нашите автори преку избор од опусот на композитори од неколку различни творечки генерации. Овој состав на „Про Арс“ на публиката ќе ѝ понуди можност да ужива во креациите на хорски дела од Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Томе Прошев, Димче Николески, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Јане Коџабашија, Томе Манчев и Гоце Гавриловски. За хорот ПРО АРС Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од страна диригентот Сашо Татарчевски по негово повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа што укажа на недостатокот од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно би одговорил на потребите на музичката сцена во Македонија. Предностите на хорот станаа видливи уште во првата година од неговата активност, презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со различна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постоечкото македонско хорско творештво, но и на поттикнувањето на младите автори за пишување нова хорска музика. Во своето десет годишно делување, хорот оствари самостојни концерти со уметничка хорска музика, концерти на „Деновите на македонска музика“ со праизведби на композиции од македонски и странски автори, концерти на реномирани фестивали како Охридско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, соработка со разни фондации и здруженија во реализирање концертни програми со хетерогена жанровска определба. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално-инструментална музика на Македонската филхармонија, настапувајќи не само со местро Татарчевски, туку и со диригенти како Густав Кун, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа и др. Про Арс во последните шест години реализирал огромен број студиски снимки за едукативни програми,  солистички албуми, како и филмска музика за високобуџетни интернационални филмски остварувања во студиото F.A.M.E.S. Од 2017 година хорот ја започна и својата меѓународна афирмација со настапите на престижни сцени во Солун, Софија и Виена. Во креациите на дела од македонски автори хорот „Про Арс“ музичката критика редовно го истакнува „потенцијалот на хористите за отсликување на тонскиот квалитет на делата, конзистентно мелодиско фразирање и хармонски спој, јасно дефинирање на естетиката и експресијата на музичката партитура“.  Сашо Татарчевски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје, работејќи со Драган Шуплевски, Фимчо Муратовски и Саша Николовски. Посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург. Настапувал со голем број ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Камерниот оркестар на Битола, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж од Санкт Петерсбург, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“ и други камерни и симфониски состави. Редовно снима со различни ансамбли во студиото F.A.M.E.S. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Интерфест“, „Скопско лето“ и многу други, има настапувано и освоено награди со повеќе ансамбли во голем број европски земји. Во моментов работи на ФМУ во Скопје како професор по група предмети од областа на диригирањето, хорот „Драган Шуплевски“ и камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“. Освен тоа, Татарчевски е уметнички раководител на професионалниот хор „Про Арс“ и диригент на Женскиот младински хор при МКЦ. Редовен член е на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на Меѓународниот хорски форум во Струга. Влезот е на концертот е слободен. 

The post Концерт на Женскиот хор ПРО АРС под диригентската палка на Сашо Татарчевски appeared first on Република.

]]>