хор Менада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hor-menada/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 07:46:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хор Менада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hor-menada/ 32 32 Концерт на женскиот хор „Менада“ во Истанбул по повод 11 Октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-zhenskiot-hor-menada-vo-istanbul-po-povod-11-oktomvri/ Wed, 09 Oct 2024 07:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=824437

По повод државниот празник „11 октомври – Денот на македонското востание“, реномираниот хор „Менада“ од Тетово ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.

Настанот ќе и понуди на истанбулската публика ретка можност да ја доживее уметноста на овој традиционален македонски ансамбл.

Основана во 1981 година од маестро проф. д-р Ивица Зориќ, кој продолжува да го води хорот до денес, Менада изгради истакната репутација на меѓународната сцена. Познати како „Светски македонски хорски музички амбасадори“, хорот се состои од талентирани женски гласови кои изведуваат обемен и разновиден репертоар. Со повеќе од 500 дела кои опфаќаат ренесансни, класични и современи композиции, како и изведби на македонски музички фолклор, духовни дела и евергрин композиции, Менада прерасна во симбол на богатата хорска традиција на Македонија, се посочува за хорот.

Во текот на својата историја, хорот има добиено бројни престижни награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали, натпревари и концертни турнеи.

За настапот во Истанбул, што ќе се одржи утревечер, Менада ќе претстави програма со духовна музика, како и изведба на популарни македонски народни песни, спојувајќи ги светите и традиционалните елементи на начин кој ќе ја отслика богатата културно - музичка ризница на земјава.

Како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар во Истанбул, концертот има за цел да ги промовира силните културни врски меѓу Македонија и Турција, обезбедувајќи промоција на македонската уметност и наследство во странство, стои во најавата од Македонскиот културен центар во Истанбул.

The post Концерт на женскиот хор „Менада“ во Истанбул по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

По повод државниот празник „11 октомври – Денот на македонското востание“, реномираниот хор „Менада“ од Тетово ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија. Настанот ќе и понуди на истанбулската публика ретка можност да ја доживее уметноста на овој традиционален македонски ансамбл.
Основана во 1981 година од маестро проф. д-р Ивица Зориќ, кој продолжува да го води хорот до денес, Менада изгради истакната репутација на меѓународната сцена. Познати како „Светски македонски хорски музички амбасадори“, хорот се состои од талентирани женски гласови кои изведуваат обемен и разновиден репертоар. Со повеќе од 500 дела кои опфаќаат ренесансни, класични и современи композиции, како и изведби на македонски музички фолклор, духовни дела и евергрин композиции, Менада прерасна во симбол на богатата хорска традиција на Македонија, се посочува за хорот.
Во текот на својата историја, хорот има добиено бројни престижни награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали, натпревари и концертни турнеи. За настапот во Истанбул, што ќе се одржи утревечер, Менада ќе претстави програма со духовна музика, како и изведба на популарни македонски народни песни, спојувајќи ги светите и традиционалните елементи на начин кој ќе ја отслика богатата културно - музичка ризница на земјава.
Како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар во Истанбул, концертот има за цел да ги промовира силните културни врски меѓу Македонија и Турција, обезбедувајќи промоција на македонската уметност и наследство во странство, стои во најавата од Македонскиот културен центар во Истанбул.

The post Концерт на женскиот хор „Менада“ во Истанбул по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/horot-menada-odrzha-veligdenski-kontsert-vo-ohrid-se-nadevam-deka-sekoj-ponese-pozitivna-misla-od-kontsertot-veli-maestro-zorik/ Wed, 01 May 2024 12:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=773005

Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.

Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку византиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.

Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.

Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

The post Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ appeared first on Република.

]]>

Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово. Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.
Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку византиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.
Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.
Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

The post Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ appeared first on Република.

]]>
Велигденски концерт со женскиот хор „Менада“ вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/veligdenski-kontsert-so-zhenskiot-hor-menada-vecherva-vo-tsrkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/ Tue, 30 Apr 2024 07:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=772059

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада“ од Тетово под диригенската палка на професор Ивица Зориќ.

„Со овој концерт заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули- 20 август. Имавме прекрасни концерти преку цела година со кои ја потврдивме големината на долгогодишното опстојување на оваа најзначајна културно-сценска манифестација“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Женскиот хор „Менада“ , предводен од диригентот проф. д-р Ивица Зориќ е еден од најрепрезантитивните хорови од нашата земја. Со своето четиридецениско делување тој прерасна во еден од стожерите во развојот и опстојувањето на хорската уметност кај нас.

Хорот „Менада“ е основан 1981 година во Тетово и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска акапела и вокално-инструментална музика. Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во Македонија, поранешна Југославија и Европа, за што сведочат бројните настапи на фестивали, конкурси и концертни турнеи во Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска, Португалија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Бугарија,Турција, Германија, Грција, Словенија, Австрија,Белгија, Косово.....

Професорот Ивица Зориќ дипломира, магистрира и докторира на ФМУ во Скопје, како прв Доктор од областа на интерпретација во Република Македонија. Во 1977 година го основа детскиот хор „Лале", а во 1981 година го основа и женскиот младински хор „Менада" во Тетово. На репертоарот со хоровите со кои работи поставил повеќе од 500 композиции од различни стилови и епохи на 18 јазици. Во македонската и меѓународната културна јавност познат е пред сè како реномиран хорски диригент. Со хоровите „Лале" и „Менада" има остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Како диригент со хоровите настапувал на фестивали, концертни турнеи и конкурси во 17 земји каде освојува бројни награди и признанија вклучувајќи ја и наградата за најуспешен диригент на фестивалот во Хајновка (Полска) во 1999 година. Ивица Зориќ е претседател на управниот одбор на Меѓународниот хорски фестивал „ТЕХО”. Иницијатор е и основач на Балканскиот Хорски Форум во Тетово во 1998 година во кој членуваат претставници од Р. Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија. Член е на Европската хорска асоцијација со седиште во Белгија како претставник на Р. Македонија во музичкиот комитет. Во 1979 година ја добива „19 Ноемвриската" награда на Тетово, во 1982 година наградата „Кирил Пејчиновиќ", во 2005 највисоката државна награда на Р. Македонија „11 Октомври" и во 2007 година наградата на Здружението на музички педагози за „Повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија".

Велигденскиот концерт ќе се одржи на 30 април во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 20 часот. Билетите по цена од 200 денари можат да се набават во Дирекцијата на НУ „Охридско лето“.

 

The post Велигденски концерт со женскиот хор „Менада“ вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада“ од Тетово под диригенската палка на професор Ивица Зориќ. „Со овој концерт заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули- 20 август. Имавме прекрасни концерти преку цела година со кои ја потврдивме големината на долгогодишното опстојување на оваа најзначајна културно-сценска манифестација“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ. Женскиот хор „Менада“ , предводен од диригентот проф. д-р Ивица Зориќ е еден од најрепрезантитивните хорови од нашата земја. Со своето четиридецениско делување тој прерасна во еден од стожерите во развојот и опстојувањето на хорската уметност кај нас. Хорот „Менада“ е основан 1981 година во Тетово и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска акапела и вокално-инструментална музика. Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во Македонија, поранешна Југославија и Европа, за што сведочат бројните настапи на фестивали, конкурси и концертни турнеи во Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска, Португалија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Бугарија,Турција, Германија, Грција, Словенија, Австрија,Белгија, Косово..... Професорот Ивица Зориќ дипломира, магистрира и докторира на ФМУ во Скопје, како прв Доктор од областа на интерпретација во Република Македонија. Во 1977 година го основа детскиот хор „Лале", а во 1981 година го основа и женскиот младински хор „Менада" во Тетово. На репертоарот со хоровите со кои работи поставил повеќе од 500 композиции од различни стилови и епохи на 18 јазици. Во македонската и меѓународната културна јавност познат е пред сè како реномиран хорски диригент. Со хоровите „Лале" и „Менада" има остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Како диригент со хоровите настапувал на фестивали, концертни турнеи и конкурси во 17 земји каде освојува бројни награди и признанија вклучувајќи ја и наградата за најуспешен диригент на фестивалот во Хајновка (Полска) во 1999 година. Ивица Зориќ е претседател на управниот одбор на Меѓународниот хорски фестивал „ТЕХО”. Иницијатор е и основач на Балканскиот Хорски Форум во Тетово во 1998 година во кој членуваат претставници од Р. Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија. Член е на Европската хорска асоцијација со седиште во Белгија како претставник на Р. Македонија во музичкиот комитет. Во 1979 година ја добива „19 Ноемвриската" награда на Тетово, во 1982 година наградата „Кирил Пејчиновиќ", во 2005 највисоката државна награда на Р. Македонија „11 Октомври" и во 2007 година наградата на Здружението на музички педагози за „Повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија". Велигденскиот концерт ќе се одржи на 30 април во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 20 часот. Билетите по цена од 200 денари можат да се набават во Дирекцијата на НУ „Охридско лето“.  

The post Велигденски концерт со женскиот хор „Менада“ вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>