Хонг Конг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hong-kong/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Dec 2023 09:07:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хонг Конг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hong-kong/ 32 32 Во Хонг Конг почна судењето на демократскиот активист Џими Лаи поради кршење на контроверзниот закон за безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-hong-kong-pochna-sudeneto-na-demokratskiot-aktivist-dhimi-lai-poradi-krshene-na-kontroverzniot-zakon-za-bezbednost/ Mon, 18 Dec 2023 09:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=724213

Утрово во Хонг Конг почна судењето на познатиот издавач и активист за демократија Џими Лаи заради наводно прекршување на контроверзниот закон за безбедност во градот.

Седумдесет и шестгодишната Лаи утринава се појави пред Окружниот суд во Западен Коулун, јавија хонгконшката „South China Morning Post (SCMP) и други медиуми.

Локалните медиуми објавија за долги редици луѓе пред судската зграда во надеж дека ќе добијат место на судењето.

Лаи е основач на продемократскиот хонгкошки весник „Епл дејли“, што беше принуден на затворање откако таблоидот беше цел на властите поради наводно прекршување на Законот за национална безбедност.

Лаи веќе е осуден на две затворски казни и три години веќе е во затвор. Доколку, како што се очекува, и сега во актуелниот судски процес биде прогласен за виновен, тој може да се соочи со доживотна затворска казна.

Законот за безбедност, наметнат од Пекинг во јуни 2020 година по масовните протести за поголема демократија во Хонг Конг, сериозно ги ограничува политичките права на опозицијата, како и на организациите за граѓански права. Законот ги таргетира активистите кои Пекинг ги смета за субверзивни, сепаратистички или терористички.

Во текот на изминатите три години, властите го користеа законот за безбедност и другите закони како изговор за кривично гонење на најмалку 28 новинари и активисти за слобода на печатот во Хонг Конг, наведуваат „Репортери без граници“ (РСФ).

Хонг Конг и беше вратен на Кина на 1 јули 1997 година, но се раководи според принципот „една земја, два системи“ со цел до 2047 година да му се даде на регионот висок степен на автономија.

The post Во Хонг Конг почна судењето на демократскиот активист Џими Лаи поради кршење на контроверзниот закон за безбедност appeared first on Република.

]]>

Утрово во Хонг Конг почна судењето на познатиот издавач и активист за демократија Џими Лаи заради наводно прекршување на контроверзниот закон за безбедност во градот. Седумдесет и шестгодишната Лаи утринава се појави пред Окружниот суд во Западен Коулун, јавија хонгконшката „South China Morning Post (SCMP) и други медиуми. Локалните медиуми објавија за долги редици луѓе пред судската зграда во надеж дека ќе добијат место на судењето. Лаи е основач на продемократскиот хонгкошки весник „Епл дејли“, што беше принуден на затворање откако таблоидот беше цел на властите поради наводно прекршување на Законот за национална безбедност. Лаи веќе е осуден на две затворски казни и три години веќе е во затвор. Доколку, како што се очекува, и сега во актуелниот судски процес биде прогласен за виновен, тој може да се соочи со доживотна затворска казна. Законот за безбедност, наметнат од Пекинг во јуни 2020 година по масовните протести за поголема демократија во Хонг Конг, сериозно ги ограничува политичките права на опозицијата, како и на организациите за граѓански права. Законот ги таргетира активистите кои Пекинг ги смета за субверзивни, сепаратистички или терористички. Во текот на изминатите три години, властите го користеа законот за безбедност и другите закони како изговор за кривично гонење на најмалку 28 новинари и активисти за слобода на печатот во Хонг Конг, наведуваат „Репортери без граници“ (РСФ). Хонг Конг и беше вратен на Кина на 1 јули 1997 година, но се раководи според принципот „една земја, два системи“ со цел до 2047 година да му се даде на регионот висок степен на автономија.

The post Во Хонг Конг почна судењето на демократскиот активист Џими Лаи поради кршење на контроверзниот закон за безбедност appeared first on Република.

]]>
Гореше облакодер во Хонг Конг, се запалија и четири соседни згради https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/goreshe-oblakoder-vo-hong-kong-se-zapalija-i-chetiri-sosedni-zgradi/ Fri, 03 Mar 2023 10:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=615469

Страотен пожар изби во горните катови на една висококатница во трговскиот кварт на Хонг Конг, при што мораше да бидат евакуирани стотици луѓе, меѓу кои 170 деца.

Пожарот избувнал на местото на проектот за обнова на Клубот на морнари во густо населената област Цим Ша Цуи синоќа околу 23 часот по локално време.

Повеќе катови од конструкцијата, вклучително и скелиња, беа во пламен, а запалените остатоци летаа на сите страни.

Локалитетот е опкружен со трговски центар, неколку хотели и некои станбени и деловни објекти.

Жителите на станбена зграда близу до местото на настанот мораа да бидат евакуирани, соопшти полицијата, но нема информации за евентуални жртви или повредени. Полицијата соопшти дека опожарени се и четири соседни згради, но пожарите и таму веднаш биле изгаснати.

The post Гореше облакодер во Хонг Конг, се запалија и четири соседни згради appeared first on Република.

]]>

Страотен пожар изби во горните катови на една висококатница во трговскиот кварт на Хонг Конг, при што мораше да бидат евакуирани стотици луѓе, меѓу кои 170 деца. Пожарот избувнал на местото на проектот за обнова на Клубот на морнари во густо населената област Цим Ша Цуи синоќа околу 23 часот по локално време. Повеќе катови од конструкцијата, вклучително и скелиња, беа во пламен, а запалените остатоци летаа на сите страни. Локалитетот е опкружен со трговски центар, неколку хотели и некои станбени и деловни објекти. Жителите на станбена зграда близу до местото на настанот мораа да бидат евакуирани, соопшти полицијата, но нема информации за евентуални жртви или повредени. Полицијата соопшти дека опожарени се и четири соседни згради, но пожарите и таму веднаш биле изгаснати.

The post Гореше облакодер во Хонг Конг, се запалија и четири соседни згради appeared first on Република.

]]>
Кинескиот претседател во посета на Хонг Конг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kineskiot-pretsedatel-vo-poseta-na-hong-kong/ Sat, 25 Jun 2022 06:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=519499

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Хонг Конг по повод 25-годишнината од враќањето на градот под власта на Пекинг.

Како што јави агенцијата Синхуа, на 1 јули Си ќе присуствува и на церемонијата на инаугурација на новата администрација на Хонг Конг.

Тоа ќе биде прва посета на шефот на кинеската држава надвор од територијата на континентална Кина од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

The post Кинескиот претседател во посета на Хонг Конг appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Хонг Конг по повод 25-годишнината од враќањето на градот под власта на Пекинг. Како што јави агенцијата Синхуа, на 1 јули Си ќе присуствува и на церемонијата на инаугурација на новата администрација на Хонг Конг. Тоа ќе биде прва посета на шефот на кинеската држава надвор од територијата на континентална Кина од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

The post Кинескиот претседател во посета на Хонг Конг appeared first on Република.

]]>
Хонг Конг влегува во петти бран на вирусот: Рекорден број новозаразени, драконските мерки не даваат резултат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hong-kong-vleguva-vo-petti-bran-na-virusot-rekorden-broj-novozarazeni-drakonskite-merki-ne-davaat-rezultat/ Wed, 16 Feb 2022 08:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=459158

Рекордни 4.500 случаи на ковид-19 достигна 7,5 милионскиот Хонг Конг, економското средиште на Кина. Граѓаните се изморени од драконски мерки и „нула-ковид“ стратегијата на претседателот Си Џинпинг кои вклучуваа и убивање животни и над 2.000 хрчаци за да се избегне ширењето на нов петти бран на вирусот, пишува ДејлиМејл. Градот две години е отсечен од светот, 90 отсто од летовите се откажани, а бизнисите пропаѓаат или се селат.

И покрај предупредувањата на Кери Лам, шефицата на градот дека целосен локадун на градот би било неизводливо поради тоа што многу од граѓаните живеат во мали станови, претседателот веќе најавува нови мерки.

Градот мора да ги преземе сите неопходни активности за да се осигураат безбедноста и здравјето на жителите на Хонг Конг – изјавил Си.

Неговата изјава весниците ја толкуваат како предупредување дека претседателот нема да толерира неуспех на нулта-ковид политиките. Си нагласи дека градот мора да ги „мобилизира сите можни сили и ресурси“ за да го заштити здравјето на жителите и да ја одржи социјалната стабилност.

Хонг Конг има околу 7,5 милиони жители, а болниците веќе се преполнети. Најмалку две болници ги сместија пациентите во кревети надвор од нивните влезови. Се наполнија и државните карантински кампови, па владата мораше да ги искористи социјалните станови и 10.000 хотелски соби за да ги сместува и изолира блиските контакти на луѓето кои биле заразени.

 

The post Хонг Конг влегува во петти бран на вирусот: Рекорден број новозаразени, драконските мерки не даваат резултат appeared first on Република.

]]>

Рекордни 4.500 случаи на ковид-19 достигна 7,5 милионскиот Хонг Конг, економското средиште на Кина. Граѓаните се изморени од драконски мерки и „нула-ковид“ стратегијата на претседателот Си Џинпинг кои вклучуваа и убивање животни и над 2.000 хрчаци за да се избегне ширењето на нов петти бран на вирусот, пишува ДејлиМејл. Градот две години е отсечен од светот, 90 отсто од летовите се откажани, а бизнисите пропаѓаат или се селат. И покрај предупредувањата на Кери Лам, шефицата на градот дека целосен локадун на градот би било неизводливо поради тоа што многу од граѓаните живеат во мали станови, претседателот веќе најавува нови мерки.
Градот мора да ги преземе сите неопходни активности за да се осигураат безбедноста и здравјето на жителите на Хонг Конг – изјавил Си.
Неговата изјава весниците ја толкуваат како предупредување дека претседателот нема да толерира неуспех на нулта-ковид политиките. Си нагласи дека градот мора да ги „мобилизира сите можни сили и ресурси“ за да го заштити здравјето на жителите и да ја одржи социјалната стабилност. Хонг Конг има околу 7,5 милиони жители, а болниците веќе се преполнети. Најмалку две болници ги сместија пациентите во кревети надвор од нивните влезови. Се наполнија и државните карантински кампови, па владата мораше да ги искористи социјалните станови и 10.000 хотелски соби за да ги сместува и изолира блиските контакти на луѓето кои биле заразени.  

The post Хонг Конг влегува во петти бран на вирусот: Рекорден број новозаразени, драконските мерки не даваат резултат appeared first on Република.

]]>
Се затвора уште една информативна веб-страница во Хонг Конг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zatvora-ushte-edna-informativna-veb-stranica-vo-hong-kong/ Sun, 02 Jan 2022 17:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=439671

Онлајн медиумот „Ситизен њуз“ за вести од Хонгконг соопшти дека ќе престане со работа, неколку дена откако полицијата изврши рација и уапси седум лица кои работеа на информативниот сајт „Стенд њуз“.

Од „Ситизен њуз“ соопштија дека на 4 јануари ќе престанат да ја ажурираат страницата, а потоа и ќе ја затворат.

Отсекогаш сме ја сакале оваа земја, но во моментов сме беспомошни бидејќи се соочуваме не само со ветер и дожд, туку и со торнада и огромни бранови. Никогаш не ги заборавивме нашите првични намери, но штета е што брзите промени во општеството во изминатите две години и влошувањето на медиумската средина не спречија безгрижно да ги реализираме нашите идеали - се наведува во соопштението на медиумот.

https://twitter.com/hkcnews_com/status/1477666040662437891?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet

„Ситизен њуз“ е трета медиумска куќа која се затвора во изминатите неколку месеци, по престанувањето со работа на „Епл дејли“ и „Стенд њуз“.

The post Се затвора уште една информативна веб-страница во Хонг Конг appeared first on Република.

]]>

Онлајн медиумот „Ситизен њуз“ за вести од Хонгконг соопшти дека ќе престане со работа, неколку дена откако полицијата изврши рација и уапси седум лица кои работеа на информативниот сајт „Стенд њуз“. Од „Ситизен њуз“ соопштија дека на 4 јануари ќе престанат да ја ажурираат страницата, а потоа и ќе ја затворат.
Отсекогаш сме ја сакале оваа земја, но во моментов сме беспомошни бидејќи се соочуваме не само со ветер и дожд, туку и со торнада и огромни бранови. Никогаш не ги заборавивме нашите првични намери, но штета е што брзите промени во општеството во изминатите две години и влошувањето на медиумската средина не спречија безгрижно да ги реализираме нашите идеали - се наведува во соопштението на медиумот.
https://twitter.com/hkcnews_com/status/1477666040662437891?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet „Ситизен њуз“ е трета медиумска куќа која се затвора во изминатите неколку месеци, по престанувањето со работа на „Епл дејли“ и „Стенд њуз“.

The post Се затвора уште една информативна веб-страница во Хонг Конг appeared first on Република.

]]>