хомосексуалци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/homoseksualci/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Apr 2024 14:45:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хомосексуалци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/homoseksualci/ 32 32 „Алфа мажјакот“ Ендру Тејт тврди мажите што имаат секс со жени од задоволство се хомосексуалци https://arhiva3.republika.mk/intima/alfa-mazhjakot-endru-tejt-tvrdi-mazhite-shto-imaat-seks-so-zheni-od-zadovolstvo-se-homoseksualtsi/ Sun, 28 Apr 2024 20:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=771899

Ендру Тејт, познат по контроверзните изјави, смета дека доколку мажите имаат секс со жени поради задоволство, тогаш тие се хомосексуалци

На својата X страница во средат Ендру напиша: „Сексот е за правење деца. Секој маж кој има секс со жени затоа што тоа „е добро чувство“ е геј“

Тој додава и дека сите мажи под 40 години без пет деца најверојатно се хомосексуалци.

Ианку, контроверзниот инфлуенсер во Романија е обвинет за силување, трговија со луѓе и формирање на организирана криминална група за сексуална експлоатација на жени.

 

The post „Алфа мажјакот“ Ендру Тејт тврди мажите што имаат секс со жени од задоволство се хомосексуалци appeared first on Република.

]]>

Ендру Тејт, познат по контроверзните изјави, смета дека доколку мажите имаат секс со жени поради задоволство, тогаш тие се хомосексуалци На својата X страница во средат Ендру напиша: „Сексот е за правење деца. Секој маж кој има секс со жени затоа што тоа „е добро чувство“ е геј“ Тој додава и дека сите мажи под 40 години без пет деца најверојатно се хомосексуалци. Ианку, контроверзниот инфлуенсер во Романија е обвинет за силување, трговија со луѓе и формирање на организирана криминална група за сексуална експлоатација на жени.  

The post „Алфа мажјакот“ Ендру Тејт тврди мажите што имаат секс со жени од задоволство се хомосексуалци appeared first on Република.

]]>
Пастор Филип: Класично подведување на малолетници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pastor-filip-klasichno-podveduvane-na-maloletnitsi/ Thu, 14 Sep 2023 12:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=681948

После сè што сум видел во државава и по светот, мислев дека сум видел доволно, кога утрово наидувам на овие работни листови по предметот Образование за животни вештини, реагира познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-mozhno-da-ste-homoseksualets-poveketo-mentalno-bolni-se-hetero-shto-uchat-srednioshkoltsite-vo-makedonija/

Читајте ги прашањава, апелира тој, видете колку манипулативно се формулирани и насочени кон децата. Класично подведување на малолетници.

Ете вакви и пострашни нешта допрва „се готват“ во кујните на сите тие невладини организации, во соработка со неколку пратенички од Собранието. Според нив, ова се основните животни вештини кои им се потребни на децата и младите. Секако, зашто без ова како поинаку ќе регрутираат деца за својот изопачен и хипер-сексуализиран светоглед?
Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите.
ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!, порача пасторот.

На крај, вели, погледнете ја последната слика, да видите кој е авторот на прашалников.

The post Пастор Филип: Класично подведување на малолетници appeared first on Република.

]]>

После сè што сум видел во државава и по светот, мислев дека сум видел доволно, кога утрово наидувам на овие работни листови по предметот Образование за животни вештини, реагира познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-mozhno-da-ste-homoseksualets-poveketo-mentalno-bolni-se-hetero-shto-uchat-srednioshkoltsite-vo-makedonija/ Читајте ги прашањава, апелира тој, видете колку манипулативно се формулирани и насочени кон децата. Класично подведување на малолетници.
Ете вакви и пострашни нешта допрва „се готват“ во кујните на сите тие невладини организации, во соработка со неколку пратенички од Собранието. Според нив, ова се основните животни вештини кои им се потребни на децата и младите. Секако, зашто без ова како поинаку ќе регрутираат деца за својот изопачен и хипер-сексуализиран светоглед? Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите. ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!, порача пасторот.
На крај, вели, погледнете ја последната слика, да видите кој е авторот на прашалников.

The post Пастор Филип: Класично подведување на малолетници appeared first on Република.

]]>
Во Нигерија задушена хомосексуална венчавка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-nigerija-zadushena-homoseksualna-venchavka/ Tue, 29 Aug 2023 17:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=677092

Полицијата во Нигерија денеска соопшти дека уапсила најмалку 67 лица кои славеле геј венчавка, што е едно од најголемите апсења во земјата во која е забранета хоммосексуалноста.

-Осомничените хомосексуалци беа уапсени во градот Екпан, во јужната држава Делта, околу 2 часот по полноќ во понеделникот, на настан на кој двајцата се венчаа, изјави портпаролот на државната полиција Брајт Едафе.

Полицијата во Делта упаднала во хотелот во Екпан, каде што се одржала геј свадба и првично привеле 200 лица, а по првата истрага, 67 останале во притвор

The post Во Нигерија задушена хомосексуална венчавка appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Нигерија денеска соопшти дека уапсила најмалку 67 лица кои славеле геј венчавка, што е едно од најголемите апсења во земјата во која е забранета хоммосексуалноста.
-Осомничените хомосексуалци беа уапсени во градот Екпан, во јужната држава Делта, околу 2 часот по полноќ во понеделникот, на настан на кој двајцата се венчаа, изјави портпаролот на државната полиција Брајт Едафе.
Полицијата во Делта упаднала во хотелот во Екпан, каде што се одржала геј свадба и првично привеле 200 лица, а по првата истрага, 67 останале во притвор

The post Во Нигерија задушена хомосексуална венчавка appeared first on Република.

]]>
На крстарење по Јадранот љубов ќе бараат самци хомосексуалци од Балканот и Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/na-krstarene-po-jadranot-lubov-ke-baraat-samtsi-homoseksualtsi-od-balkanot-i-evropa/ Sun, 28 May 2023 12:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=644849

Словенската агенција „Аглаја“, прва сертифицирана агенција за спојување на самци на Балканот, следниот месец организира крстарење за хомосексуалци во Далмација.

Како што пренесува „Слободна Далмација“, сопственичката Милена Плешко веќе подолго време помага во запознавање и поврзување на самци во хетеросексуални врски, а сега решила својата понуда да ја прошири и на ЛГБТ заедницата.

https://republika.mk/vesti/balkan/dozvoleni-se-samo-parovi-ima-erotski-rabotilnitsi-i-sobi-za-poslobodna-zabava/

Плешко вели дека услугите што ги нуди се етаблирани низ Европа и дека доста луѓе ги користат за си го најдат својот животен партнер.

Јас лично го познавам секој мој клиент, како и нивниот начин на живот, желбите, очекувањата... Во процесот на создавање на партнерство со друго лице, како експерт ги охрабрувам и ги советувам, помагам и им давам поддршка за спојувањето да успее. Овој модел на спојување се заснова на уникатен спој на психолошки принципи и професионални совети, што ми овозможува прецизно да ги идентификувам вредностите и целите. Со избраниот пристап ги одредувам најсоодветните кандидати кои ги исполнуваат најстрогите барања на клиентот, рече таа.

Крстарењето по Далмација започнува на 10 јуни, а завршува на 17 јуни.

Плешко ветува „фантастичен натпревар по влажни маички“, вечери за брзи состаноци, како и вечер на отворена сцена, каде патниците ќе ги покажат своите таленти преку „танц, песна или некои други сценски вештини“.

Планираме и многу лимбо танцување, како и многу тимски игри во вода како натпревар во најубав скок во вода, но и специјално планирани, таканаречени, капитенски вечери, каде што ќе можете да се танцува и да се вкусат специјалитети и да се ужива во нежната далматинска музика, храна и пијалок, рече таа.

 

The post На крстарење по Јадранот љубов ќе бараат самци хомосексуалци од Балканот и Европа appeared first on Република.

]]>

Словенската агенција „Аглаја“, прва сертифицирана агенција за спојување на самци на Балканот, следниот месец организира крстарење за хомосексуалци во Далмација. Како што пренесува „Слободна Далмација“, сопственичката Милена Плешко веќе подолго време помага во запознавање и поврзување на самци во хетеросексуални врски, а сега решила својата понуда да ја прошири и на ЛГБТ заедницата. https://republika.mk/vesti/balkan/dozvoleni-se-samo-parovi-ima-erotski-rabotilnitsi-i-sobi-za-poslobodna-zabava/ Плешко вели дека услугите што ги нуди се етаблирани низ Европа и дека доста луѓе ги користат за си го најдат својот животен партнер.
Јас лично го познавам секој мој клиент, како и нивниот начин на живот, желбите, очекувањата... Во процесот на создавање на партнерство со друго лице, како експерт ги охрабрувам и ги советувам, помагам и им давам поддршка за спојувањето да успее. Овој модел на спојување се заснова на уникатен спој на психолошки принципи и професионални совети, што ми овозможува прецизно да ги идентификувам вредностите и целите. Со избраниот пристап ги одредувам најсоодветните кандидати кои ги исполнуваат најстрогите барања на клиентот, рече таа.
Крстарењето по Далмација започнува на 10 јуни, а завршува на 17 јуни. Плешко ветува „фантастичен натпревар по влажни маички“, вечери за брзи состаноци, како и вечер на отворена сцена, каде патниците ќе ги покажат своите таленти преку „танц, песна или некои други сценски вештини“.
Планираме и многу лимбо танцување, како и многу тимски игри во вода како натпревар во најубав скок во вода, но и специјално планирани, таканаречени, капитенски вечери, каде што ќе можете да се танцува и да се вкусат специјалитети и да се ужива во нежната далматинска музика, храна и пијалок, рече таа.
 

The post На крстарење по Јадранот љубов ќе бараат самци хомосексуалци од Балканот и Европа appeared first on Република.

]]>
Папа Франциско: Да се биде хомосексуалец не е кривично дело, бог ги сака сите свои деца какви што се https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papa-frantsisko-da-se-bide-homoseksualets-ne-e-krivichno-delo-bog-gi-saka-site-svoi-detsa-kakvi-shto-se/ Wed, 25 Jan 2023 10:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=600775

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско изјави дека законите што ја криминализираат хомосексуалноста се неправедни и оти „бог ги сака сите свои деца онакви какви што се“.

Да се биде хомосексуалец не е злосторство, истакна папата Франциско.

Тој истакна дека католичките бискупи во некои делови од светот сè уште ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата.

Бискупите мора да поминат низ процесот на промени. Тие треба да бидат нежни, како што е бог кон сите нас, посочи папата Франциско.

Тој, зборувајќи за законите со кои се криминализира ЛГБТ популацијата, посочи дека Католичката црква може и треба да работи за да се стави крај на тоа и дека хомосексуалците мора да бидат добредојдени во Католичката црква и почитувани и оти не треба да бидат маргинализирани или дискриминирани.

Тој додаде дека мора да има разлика помеѓу криминал и грев во однос на хомосексуалноста.

Да се биде хомосексуалец не е кривично дело. Прво треба да правиме разлика помеѓу грев и злосторство. Гревот е и недостаток на милост еден кон друг, посочи папата Франциско.

Папата Франциско кога беше надбискуп на Буенос Аирес се залагаше за давање правна заштита на истополовите двојки.

The post Папа Франциско: Да се биде хомосексуалец не е кривично дело, бог ги сака сите свои деца какви што се appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско изјави дека законите што ја криминализираат хомосексуалноста се неправедни и оти „бог ги сака сите свои деца онакви какви што се“. Да се биде хомосексуалец не е злосторство, истакна папата Франциско. Тој истакна дека католичките бискупи во некои делови од светот сè уште ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата. Бискупите мора да поминат низ процесот на промени. Тие треба да бидат нежни, како што е бог кон сите нас, посочи папата Франциско. Тој, зборувајќи за законите со кои се криминализира ЛГБТ популацијата, посочи дека Католичката црква може и треба да работи за да се стави крај на тоа и дека хомосексуалците мора да бидат добредојдени во Католичката црква и почитувани и оти не треба да бидат маргинализирани или дискриминирани. Тој додаде дека мора да има разлика помеѓу криминал и грев во однос на хомосексуалноста. Да се биде хомосексуалец не е кривично дело. Прво треба да правиме разлика помеѓу грев и злосторство. Гревот е и недостаток на милост еден кон друг, посочи папата Франциско. Папата Франциско кога беше надбискуп на Буенос Аирес се залагаше за давање правна заштита на истополовите двојки.

The post Папа Франциско: Да се биде хомосексуалец не е кривично дело, бог ги сака сите свои деца какви што се appeared first on Република.

]]>
Лекарите имаат право да не третираат хомосексуални пациенти, вели израелска министерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lekarite-imaat-pravo-da-ne-tretiraat-homoseksualni-patsienti-veli-izraelska-ministerka/ Tue, 27 Dec 2022 09:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=590422

Министер во Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предложи од религиозни причини да им се дозволи на израелските лекари да одбијат третман на ЛГБТК пациенти.

Новата министерка за национални мисии, Орит Струк од Верската ционистичка партија, контроверзната изјава ја даде при гостување во радио-програма. Таа посочи дека лекарот може да одбие да лекува пациент доколку тоа ги нарушува неговите религиозни убедувања „се додека има доволно други лекари кои можат да ја пружат оваа услуга“.

Таквиот став дополнително ги зајакна стравувањата дека новата влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците во Израел.

Израелскиот претседател, Исак Херцог, ја осуди растечката анти-ЛГБТК реторика во неговата земја.

Расистичките изјави во последните денови против ЛГБТК заедницата и другите делови од јавноста ме прават крајно загрижен - рече Херцог.

Претседателот кој има главно церемонијална функција, додаде дека таквата реторика ги поткопува израелските „демократски и морални вредности“.

Премиерот Нетанјаху ги нарече „неприфатливи“ забелешките на идниот министер и ги отфрли тврдењата дека неговата нова Влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците.

Сепак, критичарите предупредуваат дека Нетанјаху е премногу слаб за ефективно да ги контролира своите ултра-националистички и ултраортодоксни коалициски партнери кои се обидуваат да протуркаат закони што се во согласност со она што тие го сметаат за божествено религиозно наследство, пишува „Гардијан“.

The post Лекарите имаат право да не третираат хомосексуални пациенти, вели израелска министерка appeared first on Република.

]]>

Министер во Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предложи од религиозни причини да им се дозволи на израелските лекари да одбијат третман на ЛГБТК пациенти. Новата министерка за национални мисии, Орит Струк од Верската ционистичка партија, контроверзната изјава ја даде при гостување во радио-програма. Таа посочи дека лекарот може да одбие да лекува пациент доколку тоа ги нарушува неговите религиозни убедувања „се додека има доволно други лекари кои можат да ја пружат оваа услуга“. Таквиот став дополнително ги зајакна стравувањата дека новата влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците во Израел. Израелскиот претседател, Исак Херцог, ја осуди растечката анти-ЛГБТК реторика во неговата земја. Расистичките изјави во последните денови против ЛГБТК заедницата и другите делови од јавноста ме прават крајно загрижен - рече Херцог. Претседателот кој има главно церемонијална функција, додаде дека таквата реторика ги поткопува израелските „демократски и морални вредности“. Премиерот Нетанјаху ги нарече „неприфатливи“ забелешките на идниот министер и ги отфрли тврдењата дека неговата нова Влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците. Сепак, критичарите предупредуваат дека Нетанјаху е премногу слаб за ефективно да ги контролира своите ултра-националистички и ултраортодоксни коалициски партнери кои се обидуваат да протуркаат закони што се во согласност со она што тие го сметаат за божествено религиозно наследство, пишува „Гардијан“.

The post Лекарите имаат право да не третираат хомосексуални пациенти, вели израелска министерка appeared first on Република.

]]>
Норвешката Влада се извини за законот со кој се гонеа хомосексуалците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/norveshkata-vlada-se-izvini-za-zakonot-so-koj-se-gonea-homoseksualcite/ Wed, 20 Apr 2022 15:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=491302

Норвешката Влада денеска официјално се извини за законот укинат во 1972 година со кој беше криминализиран сексуалниот однос меѓу мажите.

Околу 120 луѓе беа уапсени и притворени помеѓу 1902 и 1950 година, според законот укинат 22 години подоцна, на 21 април 1972 година.

Ден пред 50-годишнината, премиерот Јонас Гар Стоере упати официјално извинување од властите поради законот.

– Преку законите, но и мрежата на санкции, ние како народ и општество ставивме до знаење дека не прифаќаме квир љубов. Владата сака да се извини за тоа, рече лидерот на Лабуристите.

– Овој закон уништи многу животи, рече министерката за култура и еднаквост Анет Третебергстуен, која и самата е хомосексуалка.

Норвешка ја декриминализираше хомосексуалноста во 1972 година и им овозможи на истополовите партнери да имаат животно партнерство во 1993 година, како втора земја во светот што го направи тоа, по Данска.

Хомосексуалните бракови беа законски изедначени со хетеросексуалните во 2009 година.

Извор: МИА

The post Норвешката Влада се извини за законот со кој се гонеа хомосексуалците appeared first on Република.

]]>

Норвешката Влада денеска официјално се извини за законот укинат во 1972 година со кој беше криминализиран сексуалниот однос меѓу мажите. Околу 120 луѓе беа уапсени и притворени помеѓу 1902 и 1950 година, според законот укинат 22 години подоцна, на 21 април 1972 година. Ден пред 50-годишнината, премиерот Јонас Гар Стоере упати официјално извинување од властите поради законот.
– Преку законите, но и мрежата на санкции, ние како народ и општество ставивме до знаење дека не прифаќаме квир љубов. Владата сака да се извини за тоа, рече лидерот на Лабуристите.
– Овој закон уништи многу животи, рече министерката за култура и еднаквост Анет Третебергстуен, која и самата е хомосексуалка. Норвешка ја декриминализираше хомосексуалноста во 1972 година и им овозможи на истополовите партнери да имаат животно партнерство во 1993 година, како втора земја во светот што го направи тоа, по Данска. Хомосексуалните бракови беа законски изедначени со хетеросексуалните во 2009 година. Извор: МИА

The post Норвешката Влада се извини за законот со кој се гонеа хомосексуалците appeared first on Република.

]]>
„Трансформацијата“ на хомосексуалци во хетеросексуалци во Франција станува казнива со закон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/transformacijata-na-homoseksualci-vo-heteroseksualci-vo-francija-stanuva-kazniva-so-zakon/ Wed, 26 Jan 2022 22:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=450026

Со усвојувањето на новиот закон во Франција се забранува таканаречената конверзивна терапија.

Казни и затвор се пропишани за сите оние кои користат ненаучни методи во обид да ја променат сексуалната ориентација или родов идентитет на ЛГБТ лицата.

Законот е донесен едногласно, 142 – 0.

Казни се пропишани за надрилекарите кои сакаат да ги „конвертираат“ хомосексуалците во хетеросексуалци.Пратениците оценија дека законот ќе важи за оние кои ја сметаат хомосексуалноста за болест и дека, кога е во прашање хомосексуалноста, нема со што да се лекува. Пропишана е затворска казна до две години и парична казна до 30.000 евра. Доколку се работи за малолетници или други ранливи групи, казната може да биде до три години затвор и 45.000 евра. Законот стапува на сила за 14 дена кога ќе го потпише претседателот Емануел Макрон.

Ваквите терапии веќе се забранети во неколку американски држави и Порторико.

The post „Трансформацијата“ на хомосексуалци во хетеросексуалци во Франција станува казнива со закон appeared first on Република.

]]>

Со усвојувањето на новиот закон во Франција се забранува таканаречената конверзивна терапија. Казни и затвор се пропишани за сите оние кои користат ненаучни методи во обид да ја променат сексуалната ориентација или родов идентитет на ЛГБТ лицата. Законот е донесен едногласно, 142 – 0. Казни се пропишани за надрилекарите кои сакаат да ги „конвертираат“ хомосексуалците во хетеросексуалци.Пратениците оценија дека законот ќе важи за оние кои ја сметаат хомосексуалноста за болест и дека, кога е во прашање хомосексуалноста, нема со што да се лекува. Пропишана е затворска казна до две години и парична казна до 30.000 евра. Доколку се работи за малолетници или други ранливи групи, казната може да биде до три години затвор и 45.000 евра. Законот стапува на сила за 14 дена кога ќе го потпише претседателот Емануел Макрон. Ваквите терапии веќе се забранети во неколку американски држави и Порторико.

The post „Трансформацијата“ на хомосексуалци во хетеросексуалци во Франција станува казнива со закон appeared first on Република.

]]>