холокауст на македонските евреи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holokaust-na-makedonskite-evrei/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 08:43:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png холокауст на македонските евреи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holokaust-na-makedonskite-evrei/ 32 32 На денешен ден Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.144 Евреи од Македонија, кои биле однесени во логорот на смртта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-bugarskiot-okupator-pochnal-so-sobirane-na-7-144-evrei-od-makedonija-koi-bile-odneseni-vo-logorot-na-smrtta/ Mon, 11 Mar 2024 08:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=753510

Да не се заборави за никогаш да не се повтори. Македонија им оддава почит на 7.144 Евреи кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани за да се транспортираат на пат кон концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле.

За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена.

Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот фашистички логор „Треблинка“ на територијата на Полска.

Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот.

Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.

 

The post На денешен ден Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.144 Евреи од Македонија, кои биле однесени во логорот на смртта appeared first on Република.

]]>

Да не се заборави за никогаш да не се повтори. Македонија им оддава почит на 7.144 Евреи кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани за да се транспортираат на пат кон концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле. За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена. Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот фашистички логор „Треблинка“ на територијата на Полска. Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот. Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.  

The post На денешен ден Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.144 Евреи од Македонија, кои биле однесени во логорот на смртта appeared first on Република.

]]>