холидеј ин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holidej-in/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Dec 2022 12:02:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png холидеј ин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holidej-in/ 32 32 Прегазена девојка во сообраќајниот метеж во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pregazena-devojka-vo-soobrakjajniot-metez-vo-centar/ Fri, 09 Dec 2022 12:02:32 +0000 https://republika.mk/?p=583687

Вчера во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Кочо Рацин“, бул.„Кузман Јосифоски – Питу“ и Кеј „13 Ноември“, патничко возило „форд фјужн“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(63) од Скопје, удрило во С.М.(24) од Крива Паланка.

Во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Станува збор за крстосницата кај хотелот „Холидеј ин“, каде до вчера неколкукратно беше зголемен сообраќајниот метеж поради блокираните крстосници кај „Црвен крст“ и кај „Мавровка“. Дополнително, тука има и стојалиште за таксисти, а во тек се и градежните работи околу висококатниците, како и асфалтирањето на улицата кај „Веро Џамбо“.

The post Прегазена девојка во сообраќајниот метеж во Центар appeared first on Република.

]]>

Вчера во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Кочо Рацин“, бул.„Кузман Јосифоски – Питу“ и Кеј „13 Ноември“, патничко возило „форд фјужн“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(63) од Скопје, удрило во С.М.(24) од Крива Паланка. Во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Станува збор за крстосницата кај хотелот „Холидеј ин“, каде до вчера неколкукратно беше зголемен сообраќајниот метеж поради блокираните крстосници кај „Црвен крст“ и кај „Мавровка“. Дополнително, тука има и стојалиште за таксисти, а во тек се и градежните работи околу висококатниците, како и асфалтирањето на улицата кај „Веро Џамбо“.

The post Прегазена девојка во сообраќајниот метеж во Центар appeared first on Република.

]]>
Општина Центар: Планот е законски, „Шанса за Центар“ да не манипулира https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-centar-planot-e-zakonski-shansa-za-centar-da-ne-manipulira/ Thu, 06 Oct 2022 13:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=558026

Општина Центар реагира на објавата на граѓанската иницијатива и советничка група во Советот на општината, Шанса за Центар, која на социјалните мрежи објави дека Општина Центар има издадено одобрение за втора зграда спроти хотелот „Холидеј Ин“ и истото важи за „незаконски план“, вест која беше преземена од неколку медиуми.

За тоа дали одредена постапка е законска или не, надлежен е единствено судот и судските органи. Ниеден суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на било кој начин не смеат да се спроведуваат. Оттаму, законска обврска на општината е да ги спроведува и постапките предвидени со законите за градба.

Ваквите неточни и тенденциозни информации пласирани во јавноста имаат за цел очигледно да наштетат на угледот на општината. Апелираме „Шанса за Центар“ да се воздржат од ваквите постапки и да не ги дезинформираат граѓаните. Општина Центар работи целосно согласно законите како за сите постапки како во урбанизмот, така и во останатите области.

The post Општина Центар: Планот е законски, „Шанса за Центар“ да не манипулира appeared first on Република.

]]>

Општина Центар реагира на објавата на граѓанската иницијатива и советничка група во Советот на општината, Шанса за Центар, која на социјалните мрежи објави дека Општина Центар има издадено одобрение за втора зграда спроти хотелот „Холидеј Ин“ и истото важи за „незаконски план“, вест која беше преземена од неколку медиуми. За тоа дали одредена постапка е законска или не, надлежен е единствено судот и судските органи. Ниеден суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на било кој начин не смеат да се спроведуваат. Оттаму, законска обврска на општината е да ги спроведува и постапките предвидени со законите за градба. Ваквите неточни и тенденциозни информации пласирани во јавноста имаат за цел очигледно да наштетат на угледот на општината. Апелираме „Шанса за Центар“ да се воздржат од ваквите постапки и да не ги дезинформираат граѓаните. Општина Центар работи целосно согласно законите како за сите постапки како во урбанизмот, така и во останатите области.

The post Општина Центар: Планот е законски, „Шанса за Центар“ да не манипулира appeared first on Република.

]]>
Уште една зграда ќе никне спроти „Холидеј Ин“, Општина Центар издаде дозвола за градба https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ushte-edna-zgrada-kje-nikne-sproti-holidej-in-opshtina-centar-izdade-dozvola-za-gradba/ Thu, 06 Oct 2022 10:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=557948

Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издадоа дозвола за градење на втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште, спроти „Холидеј Ин“.

Известувањето е објавено во дневните весници.

Од Шанса за центар велат:

„И повторно ќе речат ‘сѐ е по закон’ или ‘моравме бидејќи беше доставено барање за градба’, иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно НЕЗАКОНСКИ.

Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичко планирање е НЕЗАКОНСКИ и таков план НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПРОВЕДУВА.

Но, Градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти!

Без разлика што општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар со кој општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот план.

The post Уште една зграда ќе никне спроти „Холидеј Ин“, Општина Центар издаде дозвола за градба appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издадоа дозвола за градење на втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште, спроти „Холидеј Ин“. Известувањето е објавено во дневните весници. Од Шанса за центар велат:
„И повторно ќе речат ‘сѐ е по закон’ или ‘моравме бидејќи беше доставено барање за градба’, иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно НЕЗАКОНСКИ. Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичко планирање е НЕЗАКОНСКИ и таков план НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПРОВЕДУВА. Но, Градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти! Без разлика што општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар со кој општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот план.

The post Уште една зграда ќе никне спроти „Холидеј Ин“, Општина Центар издаде дозвола за градба appeared first on Република.

]]>
Дали „Треска“ ќе стане новиот Холидеј Ин ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/ Wed, 23 Mar 2022 16:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=477270

Шанса за Центар ги повика граѓаните да бидат будни бидејќи, според нив, можни се несакани случувања поврзани со градежните активности на просторот на фабриката Треска.

-Добивме одредени неофицијални информации дека во следните месеци ќе се случи решавање и спроведување на спорниот план за Буњаковец кој го опфаќа и подрачјето на фабриката Треска на начин што ќе ги обезбеди интересите на поединци и инвеститори, но нема да се заштити јавниот интерес. Во обид да превенираме и со време да ја информираме јавноста сакаме да ги посочиме следниве точки и да поставиме неколку прашања за кои до денеска немаме добиено официјален одговор:

• Резултатите од идејните решенија од конкурсот за фабриката Треска сѐ уште не се јавно обелоденети. Иако Општината вети, чекаме изложба повеќе од 6 месеци за да ги видиме понудените и наградени решенија. Градоначалникот одбива соработка и со Партиципативното тело за урбанизам кое го бара објавувањето и ветената изложба.

• Шанса за Центар повеќе месеци бара податоци за состојбата и третманот на државното земјиште на овој потег. Дали е продадено или не? Дали се дооформуваат парцели или не по стариот план, непочитувајќи ги конкурсните решенија? Да потсетиме – повеќе од 47 отсто од земјиштето е државно и не смее да се случи тајна продажба и дооформување на парцели по закони кои не го штитат јавниот интерес ниту граѓаните. Промените на Законот за урбанистичко планирање не влијаеа на промена на планирањето во интерес на заедницата, ниту успеаја да ги разбудат институциите за запирање на штетните планови од 2012 година.

• Јавно прашуваме зошто по 5 години законите и уредбите за дооформување парцели во сооднос имаш 30% си докупуваш 70% сѐ уште не се променети, или се распродава имот во Центар во четири очи за багателни цени. Зошто системот за продажба на државно земјиште нема никаква транспарентност за јавноста? Зошто легализацијата се дозволува и се спроведува полесно отколку справувањето со дивоградбите, а за тоа никој не одговара?

Ги повикуваме сите институции, невладини организации и оние кои треба да го заштитат јавниот интерес и интересот на државата да го следат случајот околу Треска за да не ни се повтори ситуација како кај Холидеј ин, Нова Македонија и други места низ центарот на градот. Бараме општината да одговори на следните 3 прашања:

1.Дали и колку државно земјиште е продадено или е во фаза на продажба на овој потег во последната година.
2. Кога најпосле ќе ги видиме решенијата од конкурсот за Треска.
3. Дали градоначалникот свесно ги занемарува и работи спротивно од одлуката на претходниот Совет и во договор со малкумина е спремен да направи штета за многумина?

На средина на 2022 година ние не смееме да си дозволиме реализација на планови од 2012 покажувајќи немоќ. Последиците од тие планови се видливи и не придонесоа за поубав град за неговите жители туку за обезличување, нагрдување, бетонизација, губење зеленило, интензивен сообраќај, топлотни острова, неотпорност на климатски промени. Сите заедно имаме обврска да не ги повторуваме научените грешки. Ги повикуваме и граѓаните активно да се вклучат и будно да следат како се менува градот, а со тоа се менува и нашиот живот и секојдневие. Само активни граѓани можат да придонесат за демократско општество, стои во реакцијата на Шанса за Центар.

The post Дали „Треска“ ќе стане новиот Холидеј Ин ? appeared first on Република.

]]>

Шанса за Центар ги повика граѓаните да бидат будни бидејќи, според нив, можни се несакани случувања поврзани со градежните активности на просторот на фабриката Треска. -Добивме одредени неофицијални информации дека во следните месеци ќе се случи решавање и спроведување на спорниот план за Буњаковец кој го опфаќа и подрачјето на фабриката Треска на начин што ќе ги обезбеди интересите на поединци и инвеститори, но нема да се заштити јавниот интерес. Во обид да превенираме и со време да ја информираме јавноста сакаме да ги посочиме следниве точки и да поставиме неколку прашања за кои до денеска немаме добиено официјален одговор: • Резултатите од идејните решенија од конкурсот за фабриката Треска сѐ уште не се јавно обелоденети. Иако Општината вети, чекаме изложба повеќе од 6 месеци за да ги видиме понудените и наградени решенија. Градоначалникот одбива соработка и со Партиципативното тело за урбанизам кое го бара објавувањето и ветената изложба. • Шанса за Центар повеќе месеци бара податоци за состојбата и третманот на државното земјиште на овој потег. Дали е продадено или не? Дали се дооформуваат парцели или не по стариот план, непочитувајќи ги конкурсните решенија? Да потсетиме – повеќе од 47 отсто од земјиштето е државно и не смее да се случи тајна продажба и дооформување на парцели по закони кои не го штитат јавниот интерес ниту граѓаните. Промените на Законот за урбанистичко планирање не влијаеа на промена на планирањето во интерес на заедницата, ниту успеаја да ги разбудат институциите за запирање на штетните планови од 2012 година. • Јавно прашуваме зошто по 5 години законите и уредбите за дооформување парцели во сооднос имаш 30% си докупуваш 70% сѐ уште не се променети, или се распродава имот во Центар во четири очи за багателни цени. Зошто системот за продажба на државно земјиште нема никаква транспарентност за јавноста? Зошто легализацијата се дозволува и се спроведува полесно отколку справувањето со дивоградбите, а за тоа никој не одговара? Ги повикуваме сите институции, невладини организации и оние кои треба да го заштитат јавниот интерес и интересот на државата да го следат случајот околу Треска за да не ни се повтори ситуација како кај Холидеј ин, Нова Македонија и други места низ центарот на градот. Бараме општината да одговори на следните 3 прашања: 1.Дали и колку државно земјиште е продадено или е во фаза на продажба на овој потег во последната година. 2. Кога најпосле ќе ги видиме решенијата од конкурсот за Треска. 3. Дали градоначалникот свесно ги занемарува и работи спротивно од одлуката на претходниот Совет и во договор со малкумина е спремен да направи штета за многумина? На средина на 2022 година ние не смееме да си дозволиме реализација на планови од 2012 покажувајќи немоќ. Последиците од тие планови се видливи и не придонесоа за поубав град за неговите жители туку за обезличување, нагрдување, бетонизација, губење зеленило, интензивен сообраќај, топлотни острова, неотпорност на климатски промени. Сите заедно имаме обврска да не ги повторуваме научените грешки. Ги повикуваме и граѓаните активно да се вклучат и будно да следат како се менува градот, а со тоа се менува и нашиот живот и секојдневие. Само активни граѓани можат да придонесат за демократско општество, стои во реакцијата на Шанса за Центар.

The post Дали „Треска“ ќе стане новиот Холидеј Ин ? appeared first on Република.

]]>
Иако тече постапка во Обвинителството: Се „шминка“ градбата спроти „Холидеј Ин“  https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/iako-teche-postapka-vo-obvinitelstvoto-se-shminka-gradbata-sproti-holidej-in/ Sat, 05 Mar 2022 13:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=468176

Општина Центар одобрила нов идеен проект за објектот спроти „Холидеј Ин“ иако Јавното обвинителството сè уште води предистражна постапка за овој случај. На овој простор е планирана изградба на висококатници според детален урбанистички план (ДУП) што неколкукратно ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план (ГУП). Архитекти бараат суспензија на планот за да се корегираат недостатоците, објави самопрашај.мк.

Општината сега е со став дека такво нешто може да и‘ нанесе финансиска штета на локалната самоуправа.

По анализа на законските одредби со кои е предвидена суспензија на урбанистички планови, утврдено е дека таквата „алатка“ ја поставува Општината во позиција на неизвесност во однос на исходот од процесот и неможност за проценка колку ќе ја чини таквиот чекор, бидејќи Законот за урбанистичко планирање општо предвидува дека Општината би ги плаќала евентуалните штети коишто ќе настанат од неспроведување на планот за време од неговата суспензија доколку не се донесе нов план во предвидениот рок, кој што е реално премногу кус. Не е пропишана методологија за проценката на штети од неспроведување на план, велат од Општина Центар.

Целиот текст на линкот

The post Иако тече постапка во Обвинителството: Се „шминка“ градбата спроти „Холидеј Ин“  appeared first on Република.

]]>

Општина Центар одобрила нов идеен проект за објектот спроти „Холидеј Ин“ иако Јавното обвинителството сè уште води предистражна постапка за овој случај. На овој простор е планирана изградба на висококатници според детален урбанистички план (ДУП) што неколкукратно ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план (ГУП). Архитекти бараат суспензија на планот за да се корегираат недостатоците, објави самопрашај.мк. Општината сега е со став дека такво нешто може да и‘ нанесе финансиска штета на локалната самоуправа. По анализа на законските одредби со кои е предвидена суспензија на урбанистички планови, утврдено е дека таквата „алатка“ ја поставува Општината во позиција на неизвесност во однос на исходот од процесот и неможност за проценка колку ќе ја чини таквиот чекор, бидејќи Законот за урбанистичко планирање општо предвидува дека Општината би ги плаќала евентуалните штети коишто ќе настанат од неспроведување на планот за време од неговата суспензија доколку не се донесе нов план во предвидениот рок, кој што е реално премногу кус. Не е пропишана методологија за проценката на штети од неспроведување на план, велат од Општина Центар. Целиот текст на линкот

The post Иако тече постапка во Обвинителството: Се „шминка“ градбата спроти „Холидеј Ин“  appeared first on Република.

]]>
На местото на паркингот кај Холидеј Ин веќе се отцртуваат контурите на првата висококатница https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-mestoto-na-parkingot-kaj-holidej-in-vekje-se-otcrtuvaat-konturite-na-prvata-visokokatnica/ Tue, 22 Feb 2022 19:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=462154

Во големата дупка на местото на паркингот кај Холидеј Ин веќе се отцртуваат контурите на првата висококатница. Зградата полека се гради, а револтот на скопјани не стивнува. Граѓаните велат дека метрополата е натрупана со згради, наместо облакодери, сакаат зеленило.

После бурните реакции во јавноста и до сега неодговорени клучни прашања на експертите – кој дозволи бетонирање во срцето на градот, во ноември минатата година бизнисменот Зоран Антиќ и МПЦ преку заедничка фирма започнаа со изградба на еден од објектите.

Барање за Референдум, аларм од Антикорупциска за можен криминал, критики од архитекти и планери, сомнежи за злоупотреба на службената положба на претходни градоначалници на Општина Центар – ова се само дел од преписките кои му претходеа на градењето на висококатниците на паркингот наспроти ГТЦ. Деталниот урбанистички план Ц08 предвидува најпрво три згради од 16, 20 и 22 ката.

Веќе тече изградбата на висококатниците, овде на паркингот спроти Холидеј ин. Овој проект предизвика низа реакции, позитивни и негативни, од стручната фела но и од јавноста. Овде би требало да се изградат 400 станови а би живееле до 1300 луѓе.

Темата за висококатниците кај Холидеј ин се актуелизираше во април минатата година, извесно време откако Уставниот суд го укина Мораториумот на Деталниот урбанистички план донесен од 2012 година кој според реакциите, не бил во согласност со Генералниот. Тогаш Антикорупциска поднесе и пријава до Јавното обвинителство поради сомнеж за злоупотреба на службена положба на поранешни градоначалници. Во целиот тој период, експерти но и дел од советниците во Град Скопје бараа, за судбината на оваа парцела, граѓаните да одлучат на Референдум, но тогашните градоначалници на Скопје и Општина Центар – Шилегов и Богдановиќ  сметаа дека немало законска основа за такво нешто, иако Законот е јасен дека може да се распише Референдум во такви услови.  Општина Центар минатата година изготви и Елаборат за суспензија на планот согласно ингеренциите на поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ, но истиот Елаборат беше одбиен од Министерството за транспорт и врски. Ова беше уште една олеснителна околност за инвеститорите кои имаа исплатено и комуналии за една од трите висококатници, која во моментов е во изградба. Инвеститорот се закануваше и со тужби ако планот би се суспендирал.

Според идејното решение, површината на градбата ќе изнесува нешто повеќе од 13 000 квадратни метри, со масимална висина од 180 метри. Планирано е да има зелени површини на сите нивоа од 3520 квадратни метри.

The post На местото на паркингот кај Холидеј Ин веќе се отцртуваат контурите на првата висококатница appeared first on Република.

]]>

Во големата дупка на местото на паркингот кај Холидеј Ин веќе се отцртуваат контурите на првата висококатница. Зградата полека се гради, а револтот на скопјани не стивнува. Граѓаните велат дека метрополата е натрупана со згради, наместо облакодери, сакаат зеленило. После бурните реакции во јавноста и до сега неодговорени клучни прашања на експертите – кој дозволи бетонирање во срцето на градот, во ноември минатата година бизнисменот Зоран Антиќ и МПЦ преку заедничка фирма започнаа со изградба на еден од објектите. Барање за Референдум, аларм од Антикорупциска за можен криминал, критики од архитекти и планери, сомнежи за злоупотреба на службената положба на претходни градоначалници на Општина Центар – ова се само дел од преписките кои му претходеа на градењето на висококатниците на паркингот наспроти ГТЦ. Деталниот урбанистички план Ц08 предвидува најпрво три згради од 16, 20 и 22 ката. Веќе тече изградбата на висококатниците, овде на паркингот спроти Холидеј ин. Овој проект предизвика низа реакции, позитивни и негативни, од стручната фела но и од јавноста. Овде би требало да се изградат 400 станови а би живееле до 1300 луѓе. Темата за висококатниците кај Холидеј ин се актуелизираше во април минатата година, извесно време откако Уставниот суд го укина Мораториумот на Деталниот урбанистички план донесен од 2012 година кој според реакциите, не бил во согласност со Генералниот. Тогаш Антикорупциска поднесе и пријава до Јавното обвинителство поради сомнеж за злоупотреба на службена положба на поранешни градоначалници. Во целиот тој период, експерти но и дел од советниците во Град Скопје бараа, за судбината на оваа парцела, граѓаните да одлучат на Референдум, но тогашните градоначалници на Скопје и Општина Центар – Шилегов и Богдановиќ  сметаа дека немало законска основа за такво нешто, иако Законот е јасен дека може да се распише Референдум во такви услови.  Општина Центар минатата година изготви и Елаборат за суспензија на планот согласно ингеренциите на поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ, но истиот Елаборат беше одбиен од Министерството за транспорт и врски. Ова беше уште една олеснителна околност за инвеститорите кои имаа исплатено и комуналии за една од трите висококатници, која во моментов е во изградба. Инвеститорот се закануваше и со тужби ако планот би се суспендирал. Според идејното решение, површината на градбата ќе изнесува нешто повеќе од 13 000 квадратни метри, со масимална висина од 180 метри. Планирано е да има зелени површини на сите нивоа од 3520 квадратни метри.

The post На местото на паркингот кај Холидеј Ин веќе се отцртуваат контурите на првата висококатница appeared first on Република.

]]>