холестерол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holesterol/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 15:42:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png холестерол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holesterol/ 32 32 Еликсир го чисти телото од маснотии https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/eliksir-go-chisti-teloto-od-masnotii/ Wed, 29 May 2024 15:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=782868

Мешавина од добри состојки може да направи чуда за вашето тело, а овој пат се фокусираме на покаченото ниво на лошиот холестерол, што за жал го имаат многу луѓе. Главно, нивоата на ЛДЛ холестерол се зголемуваат поради лошата исхрана богата со масти.

Проблемот со покаченото ниво на лошиот холестерол е што по одредено време тој почнува да се лепи на внатрешноста на крвните садови, што предизвикува намалување на нивната еластичност, односно алтеросклероза. Ова може да доведе до срцев удар и мозочен удар.

Напитокот кој ќе ви го претставиме во продолжение се пие пред обилните оброци, особено пред ручекот. Покрај тоа што е добар за намалување на холестеролот, поради големото количество на витамин Ц и пектин, ќе го направи вашето тело здраво, а вашиот имунитет посилен.

СОСТОЈКИ:
Две стебленца магдонос
Еден грејпфрут
Еден магдонос
3 парчиња ѓумбир
1/4 лимон

ПОДГОТОВКА:
Едноставно ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете течност со густа конзистенција. Како што веќе рековме, најдобро е да се пие еден час пред ручек или после оброк, бидејќи ќе помогне во процесот на варење и пренос на добриот и лошиот холестерол.

The post Еликсир го чисти телото од маснотии appeared first on Република.

]]>

Мешавина од добри состојки може да направи чуда за вашето тело, а овој пат се фокусираме на покаченото ниво на лошиот холестерол, што за жал го имаат многу луѓе. Главно, нивоата на ЛДЛ холестерол се зголемуваат поради лошата исхрана богата со масти. Проблемот со покаченото ниво на лошиот холестерол е што по одредено време тој почнува да се лепи на внатрешноста на крвните садови, што предизвикува намалување на нивната еластичност, односно алтеросклероза. Ова може да доведе до срцев удар и мозочен удар. Напитокот кој ќе ви го претставиме во продолжение се пие пред обилните оброци, особено пред ручекот. Покрај тоа што е добар за намалување на холестеролот, поради големото количество на витамин Ц и пектин, ќе го направи вашето тело здраво, а вашиот имунитет посилен. СОСТОЈКИ: Две стебленца магдонос Еден грејпфрут Еден магдонос 3 парчиња ѓумбир 1/4 лимон ПОДГОТОВКА: Едноставно ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете течност со густа конзистенција. Како што веќе рековме, најдобро е да се пие еден час пред ручек или после оброк, бидејќи ќе помогне во процесот на варење и пренос на добриот и лошиот холестерол.

The post Еликсир го чисти телото од маснотии appeared first on Република.

]]>
Знак што укажува на висок холестерол, а се појавува додека јадеме https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/znak-shto-ukazhuva-na-visok-holesterol-a-se-pojavuva-dodeka-jademe/ Thu, 28 Dec 2023 17:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=727618

Најголем број луѓе умираат од кардиоваскуларни болести, а загрижувачки е фактот што вакви здравствени проблеми се појавуваат и кај сè помлади лица. Причините за тоа се бројни: неправилен начин на исхрана како последица на брзото темпо на живот, стрес, недоволен и лош сон, наследен фактор и слично. Токму покачениот холестерол може да ни биде знак дека треба да се погрижиме за нашиот организам.

Доколку ви е покачен холестеролот, тоа може да создаде подлога за развој на бројни кардиоваскуларни болести, кои се карактеризираат со оштетувања на срцето и крвните садови, а можат да доведат до мозочен удар или инфаркт.

Како главни фактори на ризик за појава на кардиоваскуларни болести поврзани со однесувањето, препознаени се:

Консумацијата на тутун
Нездравата исхрана
Физичката неактивност
Претераната консумација на алкохол

Ризичното однесување што ги вклучува овие фактори на ризик доведува до 4 клучни метаболички промени:
Покачување на артерискиот крвен притисок.
Покачување на нивото на шеќер во крвта.
Зголемување на маснотиите во крвта.
Зголемување на телесната маса.
Многу е важно да го контролирате нивото на холестерол во крвта за да не се доведете во ситуација да лекувате последици опасни по живот.

Кога треба да се посомневате дека холестеролот ви е покачен?
Иако понекогаш не е едноставно да се препознаат симптомите, експертите тврдат дека тие, сепак, постојат. Еден од нив се појавува додека јадеме, односно најчесто по јадење. Станува збор за сензација на печење во горниот дел од стомакот, особено откако сте изеле нешто масно или слатко.

Други знаци што можат да укажуваат на покачен холестерол: отекување на долниот дел на нозете и зглобовите, отекување на стапалата или дланките, чувство на тежина во нозете, забрзана работа на срцето, болки во вратот или рамениците.

Извор: Убавина и здравје

The post Знак што укажува на висок холестерол, а се појавува додека јадеме appeared first on Република.

]]>

Најголем број луѓе умираат од кардиоваскуларни болести, а загрижувачки е фактот што вакви здравствени проблеми се појавуваат и кај сè помлади лица. Причините за тоа се бројни: неправилен начин на исхрана како последица на брзото темпо на живот, стрес, недоволен и лош сон, наследен фактор и слично. Токму покачениот холестерол може да ни биде знак дека треба да се погрижиме за нашиот организам. Доколку ви е покачен холестеролот, тоа може да создаде подлога за развој на бројни кардиоваскуларни болести, кои се карактеризираат со оштетувања на срцето и крвните садови, а можат да доведат до мозочен удар или инфаркт. Како главни фактори на ризик за појава на кардиоваскуларни болести поврзани со однесувањето, препознаени се: Консумацијата на тутун Нездравата исхрана Физичката неактивност Претераната консумација на алкохол Ризичното однесување што ги вклучува овие фактори на ризик доведува до 4 клучни метаболички промени: Покачување на артерискиот крвен притисок. Покачување на нивото на шеќер во крвта. Зголемување на маснотиите во крвта. Зголемување на телесната маса. Многу е важно да го контролирате нивото на холестерол во крвта за да не се доведете во ситуација да лекувате последици опасни по живот. Кога треба да се посомневате дека холестеролот ви е покачен? Иако понекогаш не е едноставно да се препознаат симптомите, експертите тврдат дека тие, сепак, постојат. Еден од нив се појавува додека јадеме, односно најчесто по јадење. Станува збор за сензација на печење во горниот дел од стомакот, особено откако сте изеле нешто масно или слатко. Други знаци што можат да укажуваат на покачен холестерол: отекување на долниот дел на нозете и зглобовите, отекување на стапалата или дланките, чувство на тежина во нозете, забрзана работа на срцето, болки во вратот или рамениците.
Извор: Убавина и здравје

The post Знак што укажува на висок холестерол, а се појавува додека јадеме appeared first on Република.

]]>
Како да ги препознаете раните симптоми на висок холестерол https://arhiva3.republika.mk/vesti/kako-da-gi-prepoznaete-ranite-simptomi-na-visok-holesterol/ Tue, 14 Mar 2023 16:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=619653

Зголемениот холестерол е еден од најбитните фактори за развој на болести на срцето и крвните садови. Некои симптоми може да се појават во многу рана фаза, односно откако само што маснотиите ќе почнат да се акумулираат во артериите. Според лекарите, првите знаци на оваа состојба најчесто се јавуваат ноќе.

Избегнувањето третмани против високото ниво холестерол е една од главните причини за насобирањето наслаги во артериите. Тоа е знак за намалување на протокот на крв. Д-р Адам Стејтен вели дека тогаш мускулите и ткивата во телото немаат доволно добро снабдување со крв, што може да резултира со состојба позната како периферна артериска болест.

Тоа е истиот процес што води до срцев удар или мозочен удар, но со оваа состојба примарно се засегнати артериите на нозете, а нешто поретко и рацете, додава д-р Стејтен.

Според Клиниката во Кливленд, првите знаци на висок холестерол кај периферната артериска болест се најчесто болка, грчеви и непријатност во нозете. Најчесто се јавуваат ноќе, нарушувајќи го сонот на човекот.

The post Како да ги препознаете раните симптоми на висок холестерол appeared first on Република.

]]>

Зголемениот холестерол е еден од најбитните фактори за развој на болести на срцето и крвните садови. Некои симптоми може да се појават во многу рана фаза, односно откако само што маснотиите ќе почнат да се акумулираат во артериите. Според лекарите, првите знаци на оваа состојба најчесто се јавуваат ноќе. Избегнувањето третмани против високото ниво холестерол е една од главните причини за насобирањето наслаги во артериите. Тоа е знак за намалување на протокот на крв. Д-р Адам Стејтен вели дека тогаш мускулите и ткивата во телото немаат доволно добро снабдување со крв, што може да резултира со состојба позната како периферна артериска болест.
Тоа е истиот процес што води до срцев удар или мозочен удар, но со оваа состојба примарно се засегнати артериите на нозете, а нешто поретко и рацете, додава д-р Стејтен.
Според Клиниката во Кливленд, првите знаци на висок холестерол кај периферната артериска болест се најчесто болка, грчеви и непријатност во нозете. Најчесто се јавуваат ноќе, нарушувајќи го сонот на човекот.

The post Како да ги препознаете раните симптоми на висок холестерол appeared first on Република.

]]>
Ако имате висок холестерол ќе ви се покаже навечер https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ako-imate-visok-holesterol-ke-vi-se-pokazhe-navecher/ Tue, 14 Mar 2023 07:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=619343

Зголемениот холестерол е еден од најбитните фактори за развој на болести на срцето и крвните садови. Некои симптоми може да се појават во многу рана фаза, односно откако само што маснотиите ќе почнат да се акумулираат во артериите. Според лекарите, првите знаци на оваа состојба најчесто се јавуваат ноќе.

Избегнувањето третмани против високото ниво холестерол е една од главните причини за насобирањето наслаги во артериите. Тоа е знак за намалување на протокот на крв. Д-р Адам Стејтен вели дека тогаш мускулите и ткивата во телото немаат доволно добро снабдување со крв, што може да резултира со состојба позната како периферна артериска болест.

- Тоа е истиот процес што води до срцев удар или мозочен удар, но со оваа состојба примарно се засегнати артериите на нозете, а нешто поретко и рацете, додава д-р Стејтен.

Според Клиниката во Кливленд, првите знаци на висок холестерол кај периферната артериска болест се најчесто болка, грчеви и непријатност во нозете. Најчесто се јавуваат ноќе, нарушувајќи го сонот на човекот.

The post Ако имате висок холестерол ќе ви се покаже навечер appeared first on Република.

Од идната година првачињата во Хрватска ќе се тестираат за покачен холестерол https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-idnata-godina-prvachinjata-vo-hrvatska-kje-se-testiraat-za-pokachen-holesterol/ Tue, 01 Nov 2022 10:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=568217

Од следната учебна година Хрватска ќе воведе скрининг кај училишните деца за фамилијарна хиперхолестеролемија, со што ќе биде меѓу првите земји со ваков скрининг кој го открива зголемениот кардиоваскуларен ризик за децата, но и за нивните најблиски роднини.

На систематскиот преглед за упис во прво одделение во основно училиште ќе се додаде уште еден наод, а тоа е вкупната вредност на холестеролот во крвта“, изјави за Хина академик Давор Миличиќ, претседател на Хрватското кардиолошко друштво.

Наследна, т.н. фамилијарна хиперхолестеролемија подразбира изложеност на патолошки високи концентрации на атероген холестерол уште од раното детство, и затоа пациентите со оваа метаболичка болест имаат десеткратно поголем ризик од предвремени кардиоваскуларни проблеми.

Миличиќ посочува дека ова е многу важен национален проект кој ќе го подобри кардиоваскуларното здравје на многу семејства и ќе спаси многу животи во догледна иднина. Со оглед на тоа што во прво одделение се запишани во просек околу 30.000 деца, се очекува дека ова нарушување би можело да биде дијагностицирано на околу сто деца во една генерација.

The post Од идната година првачињата во Хрватска ќе се тестираат за покачен холестерол appeared first on Република.

]]>

Од следната учебна година Хрватска ќе воведе скрининг кај училишните деца за фамилијарна хиперхолестеролемија, со што ќе биде меѓу првите земји со ваков скрининг кој го открива зголемениот кардиоваскуларен ризик за децата, но и за нивните најблиски роднини. На систематскиот преглед за упис во прво одделение во основно училиште ќе се додаде уште еден наод, а тоа е вкупната вредност на холестеролот во крвта“, изјави за Хина академик Давор Миличиќ, претседател на Хрватското кардиолошко друштво. Наследна, т.н. фамилијарна хиперхолестеролемија подразбира изложеност на патолошки високи концентрации на атероген холестерол уште од раното детство, и затоа пациентите со оваа метаболичка болест имаат десеткратно поголем ризик од предвремени кардиоваскуларни проблеми. Миличиќ посочува дека ова е многу важен национален проект кој ќе го подобри кардиоваскуларното здравје на многу семејства и ќе спаси многу животи во догледна иднина. Со оглед на тоа што во прво одделение се запишани во просек околу 30.000 деца, се очекува дека ова нарушување би можело да биде дијагностицирано на околу сто деца во една генерација.  

The post Од идната година првачињата во Хрватска ќе се тестираат за покачен холестерол appeared first on Република.

]]>