холандски туристи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holandski-turisti/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Jan 2023 15:51:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png холандски туристи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holandski-turisti/ 32 32 Повеќе од 15.000 холандски туристи ќе дојдат во Охрид оваа година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poveke-od-15-000-holandski-turisti-ke-dojdat-vo-ohrid-ovaa-godina/ Thu, 12 Jan 2023 16:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=596308

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) по промоцијаta на интернационалниот саем „Vakantiebeurs Utrecht“, кој се одржува од 12 до 15 јануари во Холандија, соопшти дека околу 15.000 туристи од Холандија оваа година се очекува да пристигнат во Охрид со директни чартер летови преку туроператорот ТУИ.

На првиот ден на манифестацијата, биле промовирани македонските туристички потенцијали во комбинација со македонски вина и храна во организација на АППТ и ТУИ - Холандија.

Потврдени се чартери за средината на мај до Охрид, по четири пати неделно, додека во висока сезона нивниот број ќе биде шест чартери неделно од Холандија и дополнително поставување на Македонија во кружните патувања. Очекувањата на ТУИ - Холандија за 2023 година се приближно 15.000 туристи, што претставува најголема бројка досега, стои во информацијата на фејсбук профилот на АППТ .

Според Агенцијата, интересот за македонскиот туристички пазар е зголемен и нашата дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа.

На презентацијата покрај големиот број туроператори присуствувала и в.д амбасадорката на Македонија во Холандија, Бети Јачева, како и хотелиери и туроепратори од Охрид.

The post Повеќе од 15.000 холандски туристи ќе дојдат во Охрид оваа година appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) по промоцијаta на интернационалниот саем „Vakantiebeurs Utrecht“, кој се одржува од 12 до 15 јануари во Холандија, соопшти дека околу 15.000 туристи од Холандија оваа година се очекува да пристигнат во Охрид со директни чартер летови преку туроператорот ТУИ. На првиот ден на манифестацијата, биле промовирани македонските туристички потенцијали во комбинација со македонски вина и храна во организација на АППТ и ТУИ - Холандија.
Потврдени се чартери за средината на мај до Охрид, по четири пати неделно, додека во висока сезона нивниот број ќе биде шест чартери неделно од Холандија и дополнително поставување на Македонија во кружните патувања. Очекувањата на ТУИ - Холандија за 2023 година се приближно 15.000 туристи, што претставува најголема бројка досега, стои во информацијата на фејсбук профилот на АППТ .
Според Агенцијата, интересот за македонскиот туристички пазар е зголемен и нашата дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа. На презентацијата покрај големиот број туроператори присуствувала и в.д амбасадорката на Македонија во Холандија, Бети Јачева, како и хотелиери и туроепратори од Охрид.

The post Повеќе од 15.000 холандски туристи ќе дојдат во Охрид оваа година appeared first on Република.

]]>