холандски турист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holandski-turist/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 06:39:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png холандски турист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holandski-turist/ 32 32 Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/holandski-turist-kasnat-od-zmija-so-itna-pomosh-odnesen-vo-debar-zashto-vo-ohrid-nemale-serum/ Wed, 12 Jun 2024 16:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=786783

Во изминатите неколку дена во Општата болница со проширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи.

„Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли.

Вториот случај, како што посочува, бил вчера, а неофицијално се работи за холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид.

„Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охриската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид“, додава Пашоли.

Според него, имајќи го предвид периодот на појава на змии, навреме се снабдиле со потребниот серум, посака да нема потреба, но, изрази подготвеност да се помогне доколку затреба.

The post Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум appeared first on Република.

]]>

Во изминатите неколку дена во Општата болница со проширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи. „Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли. Вториот случај, како што посочува, бил вчера, а неофицијално се работи за холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид. „Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охриската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид“, додава Пашоли. Според него, имајќи го предвид периодот на појава на змии, навреме се снабдиле со потребниот серум, посака да нема потреба, но, изрази подготвеност да се помогне доколку затреба.

The post Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум appeared first on Република.

]]>