холандија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holandija/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 08:47:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png холандија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/holandija/ 32 32 Украдени дела на Енди Ворхол од галерија во Холандија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ukradeni-dela-na-endi-vorhol-od-galerija-vo-holandija/ Mon, 04 Nov 2024 08:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=833877

Две уметнички дела на американскиот уметник, основачот на поп-културата Енди Ворхол, се украдени оваа недела при кражба во галерија во Холандија, извести BBC.

Инцидентот се случил во петокот вечерта во галеријата MPV во провинцијата Северен Брабант.

Крадците првично зеле четири дела од серијата „Квинс“ на Ворхол, но оставиле две во близината, изјавил сопственикот на галеријата за холандската телевизија NOS.

Ги земале со себе делата кои ја претставуваат покојната кралица Елизабета Втора и данската кралица Маргарета Втора, којашто абдицираше од престолот на почетокот од годинава.

Локалната полиција, која го истражува инциденот, соопшти дека се чини оти имало некаква експлозија и дека галеријата и околните згради биле оштетени. Наведува и дека крадците избегале со автомобил.

Според NOS, два други дела во ситопечат од серијата што ги прикажуваат и холандската кралица Беатрикс и кралицата Нтомби Тфвала од Есватини, очигледно не ги собирало во возилото на крадците.

Четирите уметнички дела биле чувани во галеријата пред саемот за уметност PAN Amsterdam која ќе се одржи во Амстердам кон крајот на овој месец, каде што требаше да се стават на продажба како серија.

Тие се дел од опусот „Reigning Queens“ од 16 ситопечати на четирите кралици кои Ворхол ги направил во 1985 година, две години пред неговата смрт.

 

The post Украдени дела на Енди Ворхол од галерија во Холандија appeared first on Република.

]]>

Две уметнички дела на американскиот уметник, основачот на поп-културата Енди Ворхол, се украдени оваа недела при кражба во галерија во Холандија, извести BBC.

Инцидентот се случил во петокот вечерта во галеријата MPV во провинцијата Северен Брабант.

Крадците првично зеле четири дела од серијата „Квинс“ на Ворхол, но оставиле две во близината, изјавил сопственикот на галеријата за холандската телевизија NOS.

Ги земале со себе делата кои ја претставуваат покојната кралица Елизабета Втора и данската кралица Маргарета Втора, којашто абдицираше од престолот на почетокот од годинава.

Локалната полиција, која го истражува инциденот, соопшти дека се чини оти имало некаква експлозија и дека галеријата и околните згради биле оштетени. Наведува и дека крадците избегале со автомобил.

Според NOS, два други дела во ситопечат од серијата што ги прикажуваат и холандската кралица Беатрикс и кралицата Нтомби Тфвала од Есватини, очигледно не ги собирало во возилото на крадците.

Четирите уметнички дела биле чувани во галеријата пред саемот за уметност PAN Amsterdam која ќе се одржи во Амстердам кон крајот на овој месец, каде што требаше да се стават на продажба како серија.

Тие се дел од опусот „Reigning Queens“ од 16 ситопечати на четирите кралици кои Ворхол ги направил во 1985 година, две години пред неговата смрт.

 

The post Украдени дела на Енди Ворхол од галерија во Холандија appeared first on Република.

]]>
Холандија во фокус на 14. издание на „Здраво Млади“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/holandija-vo-fokus-na-14-izdanie-na-zdravo-mladi/ Fri, 04 Oct 2024 08:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=822481

Во рамките на овогодишното, 14. издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади” што ќе се одржи на 11 октомври во МКЦ, публиката ќе има можност да проследи сеопфатна и богата културна програма која ќе биде реализирана како соработка на Младинскиот културен центар Скопје и Холандската амбасада.

Програмата која има за цел да ја промовира и слави холандската култура, ќе овозможи увид во современата холандска сцена, со разновидна понуда од уметнички активности.

Во рамки на музичката програма, публиката ќе има можност да погледне плејада на млади холандски музички групи и артисти кои со себе носат современ и моќен европски звук. Во МКЦ, ќе настапат иновативните “VELOCITY MADE GOOD”, експлозивното трио “HOUSEPAINTERS”, интензивното нојз трио “TEXOPRINT”, андерграунд дарк- поп сензацијата “SØWT”, кантавторката “EERIE WANDA”, како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа “YUGOFUTURISM”, Кун Хегде или диџеј “VIKENDICA”.

Во соработка со Кинотеката и „Eye Filmmuseum” од Амстердам, публиката ќе има можност да проследи неколку архивски филмови кои се дел од фондот на реномираниот филмски музеј, а се патеписи од Балканот, Македонија и Скопје во периодот од 1912 – 1930 година.

На еден од надворешните ѕидови од институцијата, ќе биде нацртан мурал од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти, Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Предвидена е и специјална работилница за урбана уметност и графити карактери со ХРОМ, НЕЈМ и ФЛИМ, потоа мини саем на холандска литература и вкусување на автентична холандска храна.

Фестивалот е закажан за 11 октомври. Музичката програма на фестивалот започнува во 19 часот, додека останатите активности ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Влезот е слободен.

 

The post Холандија во фокус на 14. издание на „Здраво Млади“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на овогодишното, 14. издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади” што ќе се одржи на 11 октомври во МКЦ, публиката ќе има можност да проследи сеопфатна и богата културна програма која ќе биде реализирана како соработка на Младинскиот културен центар Скопје и Холандската амбасада. Програмата која има за цел да ја промовира и слави холандската култура, ќе овозможи увид во современата холандска сцена, со разновидна понуда од уметнички активности. Во рамки на музичката програма, публиката ќе има можност да погледне плејада на млади холандски музички групи и артисти кои со себе носат современ и моќен европски звук. Во МКЦ, ќе настапат иновативните “VELOCITY MADE GOOD”, експлозивното трио “HOUSEPAINTERS”, интензивното нојз трио “TEXOPRINT”, андерграунд дарк- поп сензацијата “SØWT”, кантавторката “EERIE WANDA”, како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа “YUGOFUTURISM”, Кун Хегде или диџеј “VIKENDICA”. Во соработка со Кинотеката и „Eye Filmmuseum” од Амстердам, публиката ќе има можност да проследи неколку архивски филмови кои се дел од фондот на реномираниот филмски музеј, а се патеписи од Балканот, Македонија и Скопје во периодот од 1912 – 1930 година. На еден од надворешните ѕидови од институцијата, ќе биде нацртан мурал од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти, Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Предвидена е и специјална работилница за урбана уметност и графити карактери со ХРОМ, НЕЈМ и ФЛИМ, потоа мини саем на холандска литература и вкусување на автентична холандска храна. Фестивалот е закажан за 11 октомври. Музичката програма на фестивалот започнува во 19 часот, додека останатите активности ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Влезот е слободен.  

The post Холандија во фокус на 14. издание на „Здраво Млади“ appeared first on Република.

]]>
Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-13-chlena-na-frantsusko-holandska-banda-koi-krevale-vo-vozduh-bankomati-niz-evropa/ Sun, 08 Sep 2024 19:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=814496

француско-холандска криминална банда која ограбувала низ Европ е уапсена од страна на француската полиција во Стразбур. Како што објавија француските медиуми, станува збор за група од 13 мажи кои наводно украле стотици илјади евра. Според француската телевизија BFM бандата била уапсена во петокот наутро кога нејзините членови се вратиле од грабеж на банкомат во Германија.

Осомничените биле на возраст меѓу 25 и 30 години, а според NL Times, полицијата ја следела групата неколку месеци. ЖФранцуските медиуми пишуваат дека бандата оперирала околу 12 пати во Германија и најмалку пет пати во Швајцарија пред да ги префрли своите операции во Франција. Во јули два банкомати биле кренати во воздух во Стразбур и околината.

Полицијата ги поврзала нападите на банкоматите со начинот на дејствување на бандата, при што сторителите секој пат по грабежите брзо се оддалечувале. Се наведува дека најголемиот дел од пленот дошол од Германија, каде што 13 осомничени кревале во воздух најмногу банкомати.

Тоа е затоа што банкоматите чуваат големи суми, бидејќи готовината сè уште е главниот начин на плаќање во Германија.

Холандските медиуми пак пишуваат дека благодарение на заедничката истрага на француската, германската и швајцарската полиција, уапсена е озлогласена меѓународна банда,.

Членовите на бандата најдоцна во вторник ќе бидат изведени пред судија во Нанси. Таму ќе се одлучува дали ќе им биде продолжен притворот.

The post Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа appeared first on Република.

]]>

француско-холандска криминална банда која ограбувала низ Европ е уапсена од страна на француската полиција во Стразбур. Како што објавија француските медиуми, станува збор за група од 13 мажи кои наводно украле стотици илјади евра. Според француската телевизија BFM бандата била уапсена во петокот наутро кога нејзините членови се вратиле од грабеж на банкомат во Германија. Осомничените биле на возраст меѓу 25 и 30 години, а според NL Times, полицијата ја следела групата неколку месеци. ЖФранцуските медиуми пишуваат дека бандата оперирала околу 12 пати во Германија и најмалку пет пати во Швајцарија пред да ги префрли своите операции во Франција. Во јули два банкомати биле кренати во воздух во Стразбур и околината. Полицијата ги поврзала нападите на банкоматите со начинот на дејствување на бандата, при што сторителите секој пат по грабежите брзо се оддалечувале. Се наведува дека најголемиот дел од пленот дошол од Германија, каде што 13 осомничени кревале во воздух најмногу банкомати. Тоа е затоа што банкоматите чуваат големи суми, бидејќи готовината сè уште е главниот начин на плаќање во Германија. Холандските медиуми пак пишуваат дека благодарение на заедничката истрага на француската, германската и швајцарската полиција, уапсена е озлогласена меѓународна банда,. Членовите на бандата најдоцна во вторник ќе бидат изведени пред судија во Нанси. Таму ќе се одлучува дали ќе им биде продолжен притворот.

The post Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа appeared first on Република.

]]>
Холандија ги забрани мобилните телефони и во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-gi-zabrani-mobilnite-telefoni-i-vo-osnovnite-uchilishta/ Mon, 02 Sep 2024 11:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=812301

Националната забрана за мобилни телефони во холандските училишта стапи на сила во понеделникот. На почетокот од оваа година мобилните телефони беа забранети во училниците во средните училишта, а сега со почетокот на новата учебна година оваа мерка е проширена и во основните училишта.

Министерството за образование во Хаг соопшти дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и ја намалуваат нивната способност за концентрирање, што има штетно влијание врз перформансите во учењето.

Телефоните сè уште можат да се користат на час доколку се неопходни за содржината на часот, на пример, кога се учи за медиумските вештини. Учениците можат да користат мобилни телефони и доколку е потребно поради здравствени причини, а училиштата се одговорни за спроведување на забраната на лице место.

И атмосферата се подобрува во училиштата каде мобилните телефони се забранети дури и за време на одморите, објави телевизискиот канал NOS.

„Паузите (меѓу часовите) се посоцијални затоа што учениците во крајна линија почесто да разговараат меѓу себе“, вели истражувачот Лоес Паувелс од Универзитетот Радбауд во Нијмеген.

Забраната на мобилни телефони во училиштата е тема на контроверзна дебата во Холандија. Но, во исто време, многу родители тврдеа дека децата од основно училиште воопшто не треба да имаат паметни телефони, токму поради ризикот од зависност од социјалните мрежи.

Грција и Италија ги забранија мобилните телефони во училниците, додека Германија веќе подолго време дебатира за таков потег.

Една неодамнешна студија на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) препорачува ограничена и одговорна употреба на мобилни телефони во училиштата.

 

The post Холандија ги забрани мобилните телефони и во основните училишта appeared first on Република.

]]>

Националната забрана за мобилни телефони во холандските училишта стапи на сила во понеделникот. На почетокот од оваа година мобилните телефони беа забранети во училниците во средните училишта, а сега со почетокот на новата учебна година оваа мерка е проширена и во основните училишта. Министерството за образование во Хаг соопшти дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и ја намалуваат нивната способност за концентрирање, што има штетно влијание врз перформансите во учењето. Телефоните сè уште можат да се користат на час доколку се неопходни за содржината на часот, на пример, кога се учи за медиумските вештини. Учениците можат да користат мобилни телефони и доколку е потребно поради здравствени причини, а училиштата се одговорни за спроведување на забраната на лице место. И атмосферата се подобрува во училиштата каде мобилните телефони се забранети дури и за време на одморите, објави телевизискиот канал NOS. „Паузите (меѓу часовите) се посоцијални затоа што учениците во крајна линија почесто да разговараат меѓу себе“, вели истражувачот Лоес Паувелс од Универзитетот Радбауд во Нијмеген. Забраната на мобилни телефони во училиштата е тема на контроверзна дебата во Холандија. Но, во исто време, многу родители тврдеа дека децата од основно училиште воопшто не треба да имаат паметни телефони, токму поради ризикот од зависност од социјалните мрежи. Грција и Италија ги забранија мобилните телефони во училниците, додека Германија веќе подолго време дебатира за таков потег. Една неодамнешна студија на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) препорачува ограничена и одговорна употреба на мобилни телефони во училиштата.  

The post Холандија ги забрани мобилните телефони и во основните училишта appeared first on Република.

]]>
Новиот сој на коронавирусот предизвика бран инфекции https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/noviot-soj-na-koronavirusot-predizvika-bran-infektsii/ Mon, 22 Jul 2024 16:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=799290

Новата варијанта на коринаирусот, позната како ФЛИРТ предизвика бран инфекции во Холандиија и покрај летните горештини.

Професорката по вирусологија на Универзитетскиот медицински центар Еразмус во Ротердам, Марион Копманс забележала дека најточниот показател на обемот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води.

Бројот на вирусни честички во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период 2023 или дури 2021 година, кога беше распостранет уште еден сој на коронавирусот, делта, додаде професорката.

Како што таа неведува, актуелниот бран на болеста не се споредува со претходниот. Сепак, како што таа напоменува, нема причини за паника.

Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко, отколку порано. Бројот на хоспитализации во овој момент скоо и да не се зголемува, и покрај големиот број инфекции, вели Копманс и додава дека кашлицата, затнат нос, главоболка и болки во мускулите се меѓу симптомите.

Националниот институт за здравје на Холандија од 8 до 14 јули тестирал 10.300 Холанѓани и било откриено дека 1,3 отсто од нив се заразени со коронавирус.

 

The post Новиот сој на коронавирусот предизвика бран инфекции appeared first on Република.

]]>

Новата варијанта на коринаирусот, позната како ФЛИРТ предизвика бран инфекции во Холандиија и покрај летните горештини. Професорката по вирусологија на Универзитетскиот медицински центар Еразмус во Ротердам, Марион Копманс забележала дека најточниот показател на обемот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води. Бројот на вирусни честички во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период 2023 или дури 2021 година, кога беше распостранет уште еден сој на коронавирусот, делта, додаде професорката. Како што таа неведува, актуелниот бран на болеста не се споредува со претходниот. Сепак, како што таа напоменува, нема причини за паника. Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко, отколку порано. Бројот на хоспитализации во овој момент скоо и да не се зголемува, и покрај големиот број инфекции, вели Копманс и додава дека кашлицата, затнат нос, главоболка и болки во мускулите се меѓу симптомите. Националниот институт за здравје на Холандија од 8 до 14 јули тестирал 10.300 Холанѓани и било откриено дека 1,3 отсто од нив се заразени со коронавирус.  

The post Новиот сој на коронавирусот предизвика бран инфекции appeared first on Република.

]]>
Холандија без одлагање ќе испрати борбени авиони Ф-16 во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-bez-odlagane-ke-isprati-borbeni-avioni-f-16-vo-ukraina/ Sun, 07 Jul 2024 19:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=794343

Новиот министер за надворешни работи на Холандија, Каспар Велдкамп, денеска во Киев соопшти дека неговата земја „без одлагање“ ќе почне со испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина.

Украина верува дека овие напредни авиони од американско производство ќе ѝ помогнат да стекне воздушна супериорност над Русија и со тоа подобро да ги заштити своите трупи и градови од секојдневно бомбардирање.

Велдкамп, кој е министер од минатиот месец, рече дека Холандија е подготвена да ги испрати авионите откако минатата недела беа доделени потребните дозволи за извоз, но не прецизираше датум за испорака на сите 24 ветени борбени авиони.

- Сега кога добивме одобрение за првите Ф-16, тие ќе бидат испорачани без одлагање, изјави Велдкамп пред новинарите во Киев.

The post Холандија без одлагање ќе испрати борбени авиони Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>

Новиот министер за надворешни работи на Холандија, Каспар Велдкамп, денеска во Киев соопшти дека неговата земја „без одлагање“ ќе почне со испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина. Украина верува дека овие напредни авиони од американско производство ќе ѝ помогнат да стекне воздушна супериорност над Русија и со тоа подобро да ги заштити своите трупи и градови од секојдневно бомбардирање. Велдкамп, кој е министер од минатиот месец, рече дека Холандија е подготвена да ги испрати авионите откако минатата недела беа доделени потребните дозволи за извоз, но не прецизираше датум за испорака на сите 24 ветени борбени авиони.
- Сега кога добивме одобрение за првите Ф-16, тие ќе бидат испорачани без одлагање, изјави Велдкамп пред новинарите во Киев.

The post Холандија без одлагање ќе испрати борбени авиони Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>
Заврши турската бајка https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zavrshi-turskata-bajka/ Sat, 06 Jul 2024 20:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=794146

Неверојатен пресврт на Холандија  за пласман во полуфиналето на Европското првенство .Со одличен центаршут на Дамфрис во 75-тата минута, на него налета Гакпо и  го испрати зад Гунок!. А се почна во 35. минута кога Турција поведе  со 1:0, Самет Акајдин погоди со глава по фантастичен центаршут на Ѓулер.

Во 70. минута - 1:1, Холандија се врати! Стефан Де Вриј скокна фантастично, Ганок не можеше да направи ништо.

Во полуфиналето Холандија во вторник ќе игра против Англија. Каков дуел ќе биде тоа.

The post Заврши турската бајка appeared first on Република.

]]>

Неверојатен пресврт на Холандија  за пласман во полуфиналето на Европското првенство .Со одличен центаршут на Дамфрис во 75-тата минута, на него налета Гакпо и  го испрати зад Гунок!. А се почна во 35. минута кога Турција поведе  со 1:0, Самет Акајдин погоди со глава по фантастичен центаршут на Ѓулер. Во 70. минута - 1:1, Холандија се врати! Стефан Де Вриј скокна фантастично, Ганок не можеше да направи ништо. Во полуфиналето Холандија во вторник ќе игра против Англија. Каков дуел ќе биде тоа.

The post Заврши турската бајка appeared first on Република.

]]>
Победнички старт на Холандија на ЕУРО2024 https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pobednichki-start-na-holandija-na-euro2024/ Sun, 16 Jun 2024 15:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=788174

Фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска со 2:1 (1:1) во воведниот натпревар од групата Д на Европското фудбалско првенство во Германија.

Холандија до победата дојде со пресврт откако Букса ја донесе Полска во водство во 16 минута.

Резултатот го израмни Гакпо во 29 минута, а победата на Холандија ѝ ја донесе резервистот Вегхорст во 83 минута.

Воведното коло во групата Д ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Франција и Австрија.

The post Победнички старт на Холандија на ЕУРО2024 appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска со 2:1 (1:1) во воведниот натпревар од групата Д на Европското фудбалско првенство во Германија. Холандија до победата дојде со пресврт откако Букса ја донесе Полска во водство во 16 минута. Резултатот го израмни Гакпо во 29 минута, а победата на Холандија ѝ ја донесе резервистот Вегхорст во 83 минута. Воведното коло во групата Д ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Франција и Австрија.

The post Победнички старт на Холандија на ЕУРО2024 appeared first on Република.

]]>
Вилдерс објави дека е постигнат договор за коалициска влада во Холандија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vilders-objavi-deka-e-postignat-dogovor-za-koalitsiska-vlada-vo-holandija/ Thu, 16 May 2024 08:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=778680

Холандскиот политичар Герт Вилдерс синоќа објави дека е постигнат договор за формирање на десничарска коалициска влада речиси шест месеци по изборната победа на неговата партија, но и дека тој нема да биде премиер.

„Имаме договор меѓу преговарачите“, рече Вилдерс, кој уште во март се откажа од намерата да биде премиер, наведувајќи ги наводите дека е „исламофоб и противник на ЕУ“.

Договорот е постигнат меѓу четири партии – Партијата за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс, про-земјоделската партија БББ, либералната партија ВВД и новата партија против корупцијата НСЦ.

Се уште не е познато кој ќе ја предводи десничарската владејачка коалиција која ќе го замени Марк Руте. Руте е кандидат за функцијата генерален секретар на НАТО.

The post Вилдерс објави дека е постигнат договор за коалициска влада во Холандија appeared first on Република.

]]>

Холандскиот политичар Герт Вилдерс синоќа објави дека е постигнат договор за формирање на десничарска коалициска влада речиси шест месеци по изборната победа на неговата партија, но и дека тој нема да биде премиер. „Имаме договор меѓу преговарачите“, рече Вилдерс, кој уште во март се откажа од намерата да биде премиер, наведувајќи ги наводите дека е „исламофоб и противник на ЕУ“. Договорот е постигнат меѓу четири партии – Партијата за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс, про-земјоделската партија БББ, либералната партија ВВД и новата партија против корупцијата НСЦ. Се уште не е познато кој ќе ја предводи десничарската владејачка коалиција која ќе го замени Марк Руте. Руте е кандидат за функцијата генерален секретар на НАТО.

The post Вилдерс објави дека е постигнат договор за коалициска влада во Холандија appeared first on Република.

]]>
Еден финалист помалку: Холандија дисквалификувана од Евровизија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/eden-finalist-pomalku-holandija-diskvalifikuvana-od-evrovizija/ Sat, 11 May 2024 11:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=777029

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одлучи претставникот на Холандија, Јост Клајн, да не учествува во финалето на овогодишниот избор за песна на Евровизија. Одлуката уследи по инцидентот што се случи по настапот на Клајн во полуфиналето, што резултираше со жалба од жена член на продукциската екипа и истрага од шведската полиција.

ЕБУ нагласи дека во инцидентот немало други изведувачи или членови на делегацијата и дека има политика на нулта толеранција кон несоодветното однесување на настанот.

Во соопштението се наведува дека однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се сметало за прекршување на правилата за натпреварување.

Сакаме јасно да појасниме дека, спротивно на некои медиумски пишувања и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не учествувале други изведувачи или членови на делегацијата.

Имаме политика на нулта толеранција за несоодветно однесување на нашиот настан и сме посветени на обезбедување безбедна и сигурна работна средина за целиот персонал на Конкурсот.

Во светло на ова, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за прекршување на правилата за натпреварување.

Only 1% Of Viewers Had The Guts To Finish This Movie
ZESTRADAR
Големото финале на 68. Избор за песна на Евровизија сега ќе продолжи со 25 учесници – стои во најавата.

Одлуката за дисквалификување на Јост Клајн предизвика различни реакции кај фановите на Евровизија, но и кај другите учесници на натпреварот.

The post Еден финалист помалку: Холандија дисквалификувана од Евровизија appeared first on Република.

]]>

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одлучи претставникот на Холандија, Јост Клајн, да не учествува во финалето на овогодишниот избор за песна на Евровизија. Одлуката уследи по инцидентот што се случи по настапот на Клајн во полуфиналето, што резултираше со жалба од жена член на продукциската екипа и истрага од шведската полиција. ЕБУ нагласи дека во инцидентот немало други изведувачи или членови на делегацијата и дека има политика на нулта толеранција кон несоодветното однесување на настанот. Во соопштението се наведува дека однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се сметало за прекршување на правилата за натпреварување. Сакаме јасно да појасниме дека, спротивно на некои медиумски пишувања и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не учествувале други изведувачи или членови на делегацијата. Имаме политика на нулта толеранција за несоодветно однесување на нашиот настан и сме посветени на обезбедување безбедна и сигурна работна средина за целиот персонал на Конкурсот. Во светло на ова, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за прекршување на правилата за натпреварување. Only 1% Of Viewers Had The Guts To Finish This Movie ZESTRADAR Големото финале на 68. Избор за песна на Евровизија сега ќе продолжи со 25 учесници – стои во најавата. Одлуката за дисквалификување на Јост Клајн предизвика различни реакции кај фановите на Евровизија, но и кај другите учесници на натпреварот.

The post Еден финалист помалку: Холандија дисквалификувана од Евровизија appeared first on Република.

]]>
Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stanbena-kriza-vo-holandija-zema-zamav-parking-prostor-vo-amsterdam-dostigna-495-000-evra/ Sun, 05 May 2024 08:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=774414

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените енормно се зголемија поради тешката станбена криза.

Местото ставено на оглас за 495.000 евра е со површина од 18 квадратни метри и, според агенцијата за недвижности „J. Heule“, се наоѓа во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија“. Исто така може да се изнајми за 750 евра месечно.

Огласот ја шокираше Холандија, која е погодена од тешка станбена криза. Бараната цена на паркингот е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра.

Покрај скокот на цените, холандски РТЛ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.

The post Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра appeared first on Република.

]]>

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените енормно се зголемија поради тешката станбена криза. Местото ставено на оглас за 495.000 евра е со површина од 18 квадратни метри и, според агенцијата за недвижности „J. Heule“, се наоѓа во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија“. Исто така може да се изнајми за 750 евра месечно. Огласот ја шокираше Холандија, која е погодена од тешка станбена криза. Бараната цена на паркингот е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра. Покрај скокот на цените, холандски РТЛ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.

The post Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра appeared first on Република.

]]>
Повозрасен човек среде ноќ повикал полиција и побарал да го изнесат од мртовечницата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/povozrasen-chovek-srede-nok-povikal-politsija-i-pobaral-da-go-iznesat-od-mrtovechnitsata/ Sat, 20 Apr 2024 10:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=768356

Холандската полиција неодамна објави интересна приказна на Инстаграм, која може да послужи како инспирација за филм.

Се почнало кога диспечерот на ноќната смена добил повик од повозрасен човек. Со исплашен глас тој побарал да го изнесат од мртовечница!

Полиција, како да ви помогнеме“, рекол диспечерот.

Човекот од другата страна на линијата одговорил:

Заклучен сум“.

Изненадениот службеник продолжил со прашања:

Велиш дека си заклучен? Знаеш ли каде си?“.

Полицискиот службеник за момент помислил дека разговара со личност која боледува од деменција, што не би било првпат.

Да, знам каде сум. Гледам во таблата, пишува мртовечница“, рекол непознатиот маж.

Тој дал и адреса која се покажала како точна.

Диспечерот наведува дека низ главата му поминале секакви работи, особено сликата на постар човек кој бос седи во мртовечницата, покрај отворен ковчег.

Господине, знаете ли како стигнавте таму“, било следното прашање.

По некое време дошол одговорот:

Да... Дојдов да се поздравам со мојот починат пријател и мислам дека заспав“.

Диспечерот му рекол на човекот да не се грижи и дека ќе повика помош. Потоа стапил во контакт со погребалното претпријатие и побарал од ноќниот чувар да ги отвори просториите што е можно побрзо.

Имало многу луди повици за време на ноќната смена, но овој никогаш нема да го заборавам“, рекол полицаецот.

The post Повозрасен човек среде ноќ повикал полиција и побарал да го изнесат од мртовечницата appeared first on Република.

]]>

Холандската полиција неодамна објави интересна приказна на Инстаграм, која може да послужи како инспирација за филм. Се почнало кога диспечерот на ноќната смена добил повик од повозрасен човек. Со исплашен глас тој побарал да го изнесат од мртовечница!
Полиција, како да ви помогнеме“, рекол диспечерот.
Човекот од другата страна на линијата одговорил:
Заклучен сум“.
Изненадениот службеник продолжил со прашања:
Велиш дека си заклучен? Знаеш ли каде си?“.
Полицискиот службеник за момент помислил дека разговара со личност која боледува од деменција, што не би било првпат.
Да, знам каде сум. Гледам во таблата, пишува мртовечница“, рекол непознатиот маж.
Тој дал и адреса која се покажала како точна. Диспечерот наведува дека низ главата му поминале секакви работи, особено сликата на постар човек кој бос седи во мртовечницата, покрај отворен ковчег.
Господине, знаете ли како стигнавте таму“, било следното прашање.
По некое време дошол одговорот:
Да... Дојдов да се поздравам со мојот починат пријател и мислам дека заспав“.
Диспечерот му рекол на човекот да не се грижи и дека ќе повика помош. Потоа стапил во контакт со погребалното претпријатие и побарал од ноќниот чувар да ги отвори просториите што е можно побрзо.
Имало многу луди повици за време на ноќната смена, но овој никогаш нема да го заборавам“, рекол полицаецот.

The post Повозрасен човек среде ноќ повикал полиција и побарал да го изнесат од мртовечницата appeared first on Република.

]]>
Холандија ќе испорача 24 борбени авиони Ф-16 за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-ke-isporacha-24-borbeni-avioni-f-16-za-ukraina/ Sat, 06 Apr 2024 19:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=763241

Холандската министерка за одбрана, Каиса Олонгрен, изјави дека Холандија ќе и обезбеди на Украина вкупно 24 борбени авиони Ф-16.

Севкупно, на Украина ќе и обезбедиме 24 борбени авиони Ф-16. Тие ќе и бидат предадени на Украина штом се е подготвено. Овој момент зависи од обуката на украинските пилоти и техничари, како и, се разбира, од инфраструктурата, нагласи Олонгрен.

Според неа, овој трансфер е заеднички напор со Украина, како и со Данска, САД и други земји.

Тешко е, комплицирано е, но ќе се случи. Нашата коалиција се надева дека ова лето ќе можеме да почнеме со испорака на борбени авиони Ф-16, прво од Данска, а потоа и од Холандија, додаде Олонгрен.

Холандија има намера да ја изврши првата испорака на Ф-16 во Украина во втората половина на оваа година, забележуваат украинските медиуми.

The post Холандија ќе испорача 24 борбени авиони Ф-16 за Украина appeared first on Република.

]]>

Холандската министерка за одбрана, Каиса Олонгрен, изјави дека Холандија ќе и обезбеди на Украина вкупно 24 борбени авиони Ф-16.
Севкупно, на Украина ќе и обезбедиме 24 борбени авиони Ф-16. Тие ќе и бидат предадени на Украина штом се е подготвено. Овој момент зависи од обуката на украинските пилоти и техничари, како и, се разбира, од инфраструктурата, нагласи Олонгрен.
Според неа, овој трансфер е заеднички напор со Украина, како и со Данска, САД и други земји.
Тешко е, комплицирано е, но ќе се случи. Нашата коалиција се надева дека ова лето ќе можеме да почнеме со испорака на борбени авиони Ф-16, прво од Данска, а потоа и од Холандија, додаде Олонгрен.
Холандија има намера да ја изврши првата испорака на Ф-16 во Украина во втората половина на оваа година, забележуваат украинските медиуми.

The post Холандија ќе испорача 24 борбени авиони Ф-16 за Украина appeared first on Република.

]]>
Холандија ќе распореди американски систем за воздушна одбрана „Патриот“ во Литванија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-ke-rasporedi-amerikanski-sistem-za-vozdushna-odbrana-patriot-vo-litvanija/ Tue, 02 Apr 2024 19:12:29 +0000 https://republika.mk/?p=761446

Холандија ќе распореди американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Литванија, соопшти денеска холандскиот премиер Марк Руте за време на средбата во Вилнус со литванскиот претседател Гитанас Науседа.

„Границите на Литванија се исто така граници на ЕУ и НАТО, што ги прави наши граници и ние ќе ги заштитиме“, додаде Руте.

Литванскиот претседател ја поздрави оваа одлука и ја дефинира како важна фаза во имплементацијата на европскиот модел за противвоздушна одбрана на принципот на ротација во регионот на Балтичкото Море.

Литванското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека распоредувањето на системот „Патриот“ ќе трае неколку недели.

The post Холандија ќе распореди американски систем за воздушна одбрана „Патриот“ во Литванија appeared first on Република.

]]>

Холандија ќе распореди американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Литванија, соопшти денеска холандскиот премиер Марк Руте за време на средбата во Вилнус со литванскиот претседател Гитанас Науседа. „Границите на Литванија се исто така граници на ЕУ и НАТО, што ги прави наши граници и ние ќе ги заштитиме“, додаде Руте. Литванскиот претседател ја поздрави оваа одлука и ја дефинира како важна фаза во имплементацијата на европскиот модел за противвоздушна одбрана на принципот на ротација во регионот на Балтичкото Море. Литванското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека распоредувањето на системот „Патриот“ ќе трае неколку недели.

The post Холандија ќе распореди американски систем за воздушна одбрана „Патриот“ во Литванија appeared first on Република.

]]>
Заложничката криза во Холандија заврши: Приведен е маскиран маж https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zalozhnichkata-kriza-vo-holandija-zavrshi-priveden-e-maskiran-mazh/ Sat, 30 Mar 2024 12:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=760362

Заложничката криза која траеше од рано утро заврши во источниот холандски град Еде.

Вооружен киднапер киднапирал неколку вработени во кафуле. Прво пушти тројца од нив, а потоа маскиран со рацете во воздух го напушти кафулето. Полицијата веднаш го приведе, а дека кризата е минато потврди и градоначалникот на Еде.

Веднаш по добиените информации за киднапирањето, полицијата евакуираше 150 домови и побара од граѓаните да се држат настрана од областа. Кажаа дека нема индикации оти мотивот на киднаперот е терористизам.

Околу 11:30 часот полицијата соопшти дека тројцата заложници се ослободени, а околу 12:30 часот од кафулето излегло маскирано лице, на кое полицијата веднаш му ставила лисици и го привела. Подоцна беше потврдено дека се работи за киднаперот, чии мотиви се уште не се познати.

The post Заложничката криза во Холандија заврши: Приведен е маскиран маж appeared first on Република.

]]>

Заложничката криза која траеше од рано утро заврши во источниот холандски град Еде. Вооружен киднапер киднапирал неколку вработени во кафуле. Прво пушти тројца од нив, а потоа маскиран со рацете во воздух го напушти кафулето. Полицијата веднаш го приведе, а дека кризата е минато потврди и градоначалникот на Еде. Веднаш по добиените информации за киднапирањето, полицијата евакуираше 150 домови и побара од граѓаните да се држат настрана од областа. Кажаа дека нема индикации оти мотивот на киднаперот е терористизам. Околу 11:30 часот полицијата соопшти дека тројцата заложници се ослободени, а околу 12:30 часот од кафулето излегло маскирано лице, на кое полицијата веднаш му ставила лисици и го привела. Подоцна беше потврдено дека се работи за киднаперот, чии мотиви се уште не се познати.

The post Заложничката криза во Холандија заврши: Приведен е маскиран маж appeared first on Република.

]]>
Холандија купува артилерија од Чешка за да ја испрати во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-kupuva-artilerija-od-cheshka-za-da-ja-isprati-vo-ukraina/ Mon, 11 Mar 2024 20:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=753791

Холандија купила девет самоодни топови ДИТА од 155 мм од Чешка со цел да ги испрати во Украина.

Максималниот опсег на пукање на самоодната хаубица е 39-40 км, максималната брзина на стрелање е 5-6 гранати во минута, а капацитетот на муниција е 40. Екипажот на ова артилериско орудие е само две лица.

На Украина и треба ова оружје. Затоа Холандија неодамна нарача девет такви хаубици за Украина“, се вели во соопштението на холандското Министерство за одбрана.

Учеството на Холандија во воената поддршка за Украина во последно време значително се зголемува, особено ако се земе предвид фактот дека премиерот на таа земја, Марк Руте, е еден од најголемите кандидати да стане следниот генерален секретар на НАТО.

The post Холандија купува артилерија од Чешка за да ја испрати во Украина appeared first on Република.

]]>

Холандија купила девет самоодни топови ДИТА од 155 мм од Чешка со цел да ги испрати во Украина. Максималниот опсег на пукање на самоодната хаубица е 39-40 км, максималната брзина на стрелање е 5-6 гранати во минута, а капацитетот на муниција е 40. Екипажот на ова артилериско орудие е само две лица.
На Украина и треба ова оружје. Затоа Холандија неодамна нарача девет такви хаубици за Украина“, се вели во соопштението на холандското Министерство за одбрана.
Учеството на Холандија во воената поддршка за Украина во последно време значително се зголемува, особено ако се земе предвид фактот дека премиерот на таа земја, Марк Руте, е еден од најголемите кандидати да стане следниот генерален секретар на НАТО.

The post Холандија купува артилерија од Чешка за да ја испрати во Украина appeared first on Република.

]]>
Холандија ќе им наплаќа на украинските бегалци по 350 евра за сметки и храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-ke-im-naplaka-na-ukrainskite-begaltsi-po-350-evra-za-smetki-i-hrana/ Mon, 11 Mar 2024 18:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=753763

Холандската влада има намера да ги натера украинските бегалци кои имаат вработување, да плаќаат 350 евра месечно. Ваквата идеја ја изнела државниот секретар за азил, Ерик ван дер Бург, во писмо испратено до Парламентот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Ван дер Бург смета дека воведувањето на оваа идеја ќе понуди решение за прашањето за наоѓање станови за украинските бегалци поддржани од општините.

Според неговиот предлог, вработените возрасни Украинци ќе плаќаат по 105 евра по лице за гас, вода и струја, а исто така ќе треба да плаќаат 242,48 евра по возрасен месечно за храна.

The post Холандија ќе им наплаќа на украинските бегалци по 350 евра за сметки и храна appeared first on Република.

]]>

Холандската влада има намера да ги натера украинските бегалци кои имаат вработување, да плаќаат 350 евра месечно. Ваквата идеја ја изнела државниот секретар за азил, Ерик ван дер Бург, во писмо испратено до Парламентот. Како што пренесуваат локалните медиуми, Ван дер Бург смета дека воведувањето на оваа идеја ќе понуди решение за прашањето за наоѓање станови за украинските бегалци поддржани од општините. Според неговиот предлог, вработените возрасни Украинци ќе плаќаат по 105 евра по лице за гас, вода и струја, а исто така ќе треба да плаќаат 242,48 евра по возрасен месечно за храна.

The post Холандија ќе им наплаќа на украинските бегалци по 350 евра за сметки и храна appeared first on Република.

]]>
Холандија е лидер во соларната енергија во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-e-lider-vo-solarnata-energija-vo-evropa/ Sun, 10 Mar 2024 10:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=753235

Холандија произвела повеќе од својата електрична енергија од соларни фарми од која било друга голема европска економија во 2023 година, а исто така е единствената голема европска економија која го врати производството на електрична енергија на претходните максимални нивоа.

Минатата година, за прв пат, чисти извори (главно соларни и ветерни електрани) произвеле повеќе од половина од електричната енергија во земјата. Сончевите централи имаат удел од 17% од вкупното количество произведена енергија, што е рекорд за земјата. За споредба, во Шпанија овој удел е 16,7%, иако потенцијалот за производство на електрична енергија од сонцето е за 50% поголем од тој на Холандија.

Во 2023 година, Холандија произвела 121,43 терават часови електрична енергија, што е многу блиску до претходниот производствен врв од 212,96 терават часови забележан во 2020 година.

Овој раст е во спротивност со трендот низ Европа - во Германија, Франција, Италија и Шпанија производството е под претходните рекорди. Причината е ниската потрошувачка од страна на претпријатијата и домаќинствата, како и високите нивоа на инфлација.

Производството на електрична енергија од соларни постројки изнесувало 20,6 терават часови, а од ветерни централи 29,1 терават часови.

Една од причините за растот на производството на електрична енергија од сонцето се фотоволтаиците на покривите на станбените згради. Панелите сега се вообичаена глетка на покривите на зградите, автобуските постојки, паркинзите, па дури и црквите изградени со субвенции од холандската влада.

The post Холандија е лидер во соларната енергија во Европа appeared first on Република.

]]>

Холандија произвела повеќе од својата електрична енергија од соларни фарми од која било друга голема европска економија во 2023 година, а исто така е единствената голема европска економија која го врати производството на електрична енергија на претходните максимални нивоа. Минатата година, за прв пат, чисти извори (главно соларни и ветерни електрани) произвеле повеќе од половина од електричната енергија во земјата. Сончевите централи имаат удел од 17% од вкупното количество произведена енергија, што е рекорд за земјата. За споредба, во Шпанија овој удел е 16,7%, иако потенцијалот за производство на електрична енергија од сонцето е за 50% поголем од тој на Холандија. Во 2023 година, Холандија произвела 121,43 терават часови електрична енергија, што е многу блиску до претходниот производствен врв од 212,96 терават часови забележан во 2020 година. Овој раст е во спротивност со трендот низ Европа - во Германија, Франција, Италија и Шпанија производството е под претходните рекорди. Причината е ниската потрошувачка од страна на претпријатијата и домаќинствата, како и високите нивоа на инфлација. Производството на електрична енергија од соларни постројки изнесувало 20,6 терават часови, а од ветерни централи 29,1 терават часови. Една од причините за растот на производството на електрична енергија од сонцето се фотоволтаиците на покривите на станбените згради. Панелите сега се вообичаена глетка на покривите на зградите, автобуските постојки, паркинзите, па дури и црквите изградени со субвенции од холандската влада.

The post Холандија е лидер во соларната енергија во Европа appeared first on Република.

]]>
Водечкиот производител на чипови во светот сака да ја напушти Холандија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vodechkiot-proizvoditel-na-chipovi-vo-svetot-saka-da-ja-napushti-holandija/ Sun, 10 Mar 2024 07:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=753060

Холандија презема итни чекори за да спречи компанијата „АСМЛ“ да се пресели во странство.

Со таа цел, холандската влада формирала специјална работна група, со кодно име „Бетовен“, за да го спречи водечкиот светски производител на опрема за чипови, „АСМЛ Холдинг“ да се пресели во страство ја напушти земјата поради неповолните економски услови, објави „Блумберг“.

Работната група има задача да ги реши се поголемите проблеми за „АСМЛК“, вклучувајќи тешкотии во привлекувањето странска работна сила, проблеми со снабдувањето со електрична енергија на фабриката на компанијата, ограничувања на емисиите на азот и построги даночни закони. Дополнително на тоа, „АСМЛ“ беше принудена да ги поддржи американските санкции против Кина.

„Блумберг“ забележува дека поради несогласувања со властите околу оданочувањето, два гиганти, нафтениот „Шел“ и производителот на стоки за широка потрошувачка „Унилевер“ (познат по „Магнат“, „Рексона“, „Доместос“, „Кнор“ и многу други брендови) ја напуштиле земјата и се префрлиле во Велика Британија.

Во третиот квартал од 2023 година, обемот на нарачките на производителот на опрема за чипови се намалила за 42% на квартално ниво.

The post Водечкиот производител на чипови во светот сака да ја напушти Холандија appeared first on Република.

]]>

Холандија презема итни чекори за да спречи компанијата „АСМЛ“ да се пресели во странство. Со таа цел, холандската влада формирала специјална работна група, со кодно име „Бетовен“, за да го спречи водечкиот светски производител на опрема за чипови, „АСМЛ Холдинг“ да се пресели во страство ја напушти земјата поради неповолните економски услови, објави „Блумберг“. Работната група има задача да ги реши се поголемите проблеми за „АСМЛК“, вклучувајќи тешкотии во привлекувањето странска работна сила, проблеми со снабдувањето со електрична енергија на фабриката на компанијата, ограничувања на емисиите на азот и построги даночни закони. Дополнително на тоа, „АСМЛ“ беше принудена да ги поддржи американските санкции против Кина. „Блумберг“ забележува дека поради несогласувања со властите околу оданочувањето, два гиганти, нафтениот „Шел“ и производителот на стоки за широка потрошувачка „Унилевер“ (познат по „Магнат“, „Рексона“, „Доместос“, „Кнор“ и многу други брендови) ја напуштиле земјата и се префрлиле во Велика Британија. Во третиот квартал од 2023 година, обемот на нарачките на производителот на опрема за чипови се намалила за 42% на квартално ниво.

The post Водечкиот производител на чипови во светот сака да ја напушти Холандија appeared first on Република.

]]>
Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rekorden-broj-tinejdheri-vo-holandija-imaat-problemi-so-zakonot/ Fri, 16 Feb 2024 10:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=744803

Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот, покажуваат податоците на Статистичкиот завод на Холандија.

Како што е наведено, во 2022 година, повеќе од 17.000 малолетници на возраст меѓу 12 и 18 години биле осомничени за кривично дело, од кои 11.000 за првпат.

Во 2022 година, 83 отсто од повеќе од 4.000 осомничени девојки го прекршиле законот за првпат, во споредба со 72 отсто во 2014 година.

Шеесет отсто од речиси 13.000 осомничени момчиња во 2022 година првпат извршиле прекршок, во споредба со 53 отсто во 2014 година.

Тинејџерите кои првпат извршиле кривично дело најмногу се осомничени за кражби, а потоа најсомнителни случаи се напади и јавно насилство.

Три четвртини од осомничените се момчиња и тие претставуваат 96 отсто од вкупниот број малолетници кои повеќе пати го прекршиле законот.

The post Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот appeared first on Република.

]]>

Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот, покажуваат податоците на Статистичкиот завод на Холандија. Како што е наведено, во 2022 година, повеќе од 17.000 малолетници на возраст меѓу 12 и 18 години биле осомничени за кривично дело, од кои 11.000 за првпат. Во 2022 година, 83 отсто од повеќе од 4.000 осомничени девојки го прекршиле законот за првпат, во споредба со 72 отсто во 2014 година. Шеесет отсто од речиси 13.000 осомничени момчиња во 2022 година првпат извршиле прекршок, во споредба со 53 отсто во 2014 година. Тинејџерите кои првпат извршиле кривично дело најмногу се осомничени за кражби, а потоа најсомнителни случаи се напади и јавно насилство. Три четвртини од осомничените се момчиња и тие претставуваат 96 отсто од вкупниот број малолетници кои повеќе пати го прекршиле законот.

The post Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот appeared first on Република.

]]>