ХОББ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hobb/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 14:10:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ХОББ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hobb/ 32 32 Најмалку 100 илјади граѓани во Македонија боледуваат од ХОББ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/najmalku-100-iljadi-gragani-vo-makedonija-boleduvaat-od-hobb/ Mon, 18 Nov 2024 14:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=839233

Повеќето граѓани не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест. Бесплатни прегледи од стручни лица се вршат денеска по повод Денот на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) во „Сити мол“ во Скопје, каде граѓаните може да се тестираат и доколку биде потребно, да добијат препорака да се јават за дополнително испитување.

Доцент доктор Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза - Скопје, појасни дека ако се земат предвид светски статистики, во нашата држава би имало минимум 100.000 заболени лица.

Овој ден го користиме за прославување на ХОББ. Всушност, сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за оваа болест. За жал, оваа болест е многу честа во Македонија. Најглавна причина за ова е пушењето. Македонија е меѓу првите три земји во Европа по користење цигари и се смета дека 45 отсто од адултната популација во Македонија се пушачи. За жал и самите пациенти не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест, т.е. имаат симптоми, ама или не ги препознаваат или ги игнорираат, а тоа го знаеме бидејќи немаме толкав број пациенти кои доаѓаат на прегледи, а во консултации со Фондот за здравство, не се ни издаваат толкав број лекови што би требало да ги примаат овие пациенти, појасни Каркински.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека има ХОББ дијагнози во детска возраст, но, генерално, тоа се мажи над 40 години пушачи.

Тој ја спомна кашлицата како карактеристичен симптом што се игнорира.

Прво кашлицата, особено пушачите, сите кашлаат, а никој не доаѓа на преглед. Веќе кога ќе осетат глад за воздух или кога ќе почнат да им „свират“ градите, кога не ќе можат да излезат до надвор, кога ќе им биде тешко да се качуваат по скали, веќе тогаш доаѓаат на прегледи, но, веќе таа болест е напредната. За жал, белите дробови неповратно се уништени, нагласи директорот.

Тој одговори потврдно на прашањето дали аерозагадувањето влијае врз лицата со оваа болест.

Апсолутно. Аерозагадувањето влијае и кај здравите и кај болни. Само кај здравите не прави толку голем проблем, додека кај пациентите кои веќе имаат хронична опструктивна белодробна болест, бидејќи тоа е хронично воспаление, тоа е како сол на рана да му ставате, појасни Каркински.

Затоа, додаде има голем број влошувања, прегледи, хоспитализации во текот на зимата.

Според него, главен лек е прекинот на пушење, па после доаѓале лековите.

Доцент доктор Зорица Нановиќ, претседателка на Здружението на пневмофтизиолози на Република Македонија, појасни дека граѓаните денеска имаат можност да бидат прегледани од стручни лица и доколку биде потребно, ќе им се даде препорака да се јават за дополнително испитување.

Тимот од доктори, од медицински сестри и од студенти, денеска врши проценка, прелиминарна ориентациска, на дишната функција, на белодробната функција, со пулсоксиметрија ја одредуваме концентрацијата, односно од процентуално содржината на кислород во крвта и како скрининг метода, одредување на врвниот експираторен проток. Оние лица кои ќе имаат отстапувања во вредностите според таблиците што се предвидени за нив, за пол, за возраст и за висина, ќе добијат препорака на писмено да се јават во некои од пулмолошките институции, првенствено во Институтот, за натамошна проценка на белодробната функција, појасни Нановиќ.

Досега, како што кажа, неколку граѓани добиле препорака да се јават дополнително за спирометрија како референтна метода за дијагностицирање на ХОББ.

The post Најмалку 100 илјади граѓани во Македонија боледуваат од ХОББ appeared first on Република.

]]>

Повеќето граѓани не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест. Бесплатни прегледи од стручни лица се вршат денеска по повод Денот на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) во „Сити мол“ во Скопје, каде граѓаните може да се тестираат и доколку биде потребно, да добијат препорака да се јават за дополнително испитување. Доцент доктор Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза - Скопје, појасни дека ако се земат предвид светски статистики, во нашата држава би имало минимум 100.000 заболени лица.
Овој ден го користиме за прославување на ХОББ. Всушност, сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за оваа болест. За жал, оваа болест е многу честа во Македонија. Најглавна причина за ова е пушењето. Македонија е меѓу првите три земји во Европа по користење цигари и се смета дека 45 отсто од адултната популација во Македонија се пушачи. За жал и самите пациенти не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест, т.е. имаат симптоми, ама или не ги препознаваат или ги игнорираат, а тоа го знаеме бидејќи немаме толкав број пациенти кои доаѓаат на прегледи, а во консултации со Фондот за здравство, не се ни издаваат толкав број лекови што би требало да ги примаат овие пациенти, појасни Каркински.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека има ХОББ дијагнози во детска возраст, но, генерално, тоа се мажи над 40 години пушачи. Тој ја спомна кашлицата како карактеристичен симптом што се игнорира.
Прво кашлицата, особено пушачите, сите кашлаат, а никој не доаѓа на преглед. Веќе кога ќе осетат глад за воздух или кога ќе почнат да им „свират“ градите, кога не ќе можат да излезат до надвор, кога ќе им биде тешко да се качуваат по скали, веќе тогаш доаѓаат на прегледи, но, веќе таа болест е напредната. За жал, белите дробови неповратно се уништени, нагласи директорот.
Тој одговори потврдно на прашањето дали аерозагадувањето влијае врз лицата со оваа болест.
Апсолутно. Аерозагадувањето влијае и кај здравите и кај болни. Само кај здравите не прави толку голем проблем, додека кај пациентите кои веќе имаат хронична опструктивна белодробна болест, бидејќи тоа е хронично воспаление, тоа е како сол на рана да му ставате, појасни Каркински.
Затоа, додаде има голем број влошувања, прегледи, хоспитализации во текот на зимата. Според него, главен лек е прекинот на пушење, па после доаѓале лековите. Доцент доктор Зорица Нановиќ, претседателка на Здружението на пневмофтизиолози на Република Македонија, појасни дека граѓаните денеска имаат можност да бидат прегледани од стручни лица и доколку биде потребно, ќе им се даде препорака да се јават за дополнително испитување.
Тимот од доктори, од медицински сестри и од студенти, денеска врши проценка, прелиминарна ориентациска, на дишната функција, на белодробната функција, со пулсоксиметрија ја одредуваме концентрацијата, односно од процентуално содржината на кислород во крвта и како скрининг метода, одредување на врвниот експираторен проток. Оние лица кои ќе имаат отстапувања во вредностите според таблиците што се предвидени за нив, за пол, за возраст и за висина, ќе добијат препорака на писмено да се јават во некои од пулмолошките институции, првенствено во Институтот, за натамошна проценка на белодробната функција, појасни Нановиќ.
Досега, како што кажа, неколку граѓани добиле препорака да се јават дополнително за спирометрија како референтна метода за дијагностицирање на ХОББ.

The post Најмалку 100 илјади граѓани во Македонија боледуваат од ХОББ appeared first on Република.

]]>
Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-lekari-ke-mozhe-da-prepishuvaat-terapija-za-visok-pritisok-dijabetes-astma-hobb-i-hipotiroidizam/ Mon, 21 Aug 2023 12:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=674202

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.

Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.

На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.

Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.

Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.

На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.

Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.

Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.

Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин.

Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.
Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.
На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.
Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.
Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.
На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.
Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.
Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.
Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин. Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.  