хлор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hlor/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 18:07:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хлор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hlor/ 32 32 Во Србија шест деца се затруле со хлор во воден парк https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-srbija-shest-detsa-se-zatrule-so-hlor-vo-voden-park/ Fri, 28 Jun 2024 18:07:01 +0000 https://republika.mk/?p=791673

Во детската болница во Нови Сад вчера се примени шест деца, од кои пет се задржани на лекување со полесна клиничка слика.

Се претпоставува дека децата се затруле со хлор во воден парк.

Полицијата во Нови Сад потврди дека пристигнала пријава за труење со хлор, но не наведе повеќе детали.

The post Во Србија шест деца се затруле со хлор во воден парк appeared first on Република.

]]>

Во детската болница во Нови Сад вчера се примени шест деца, од кои пет се задржани на лекување со полесна клиничка слика. Се претпоставува дека децата се затруле со хлор во воден парк. Полицијата во Нови Сад потврди дека пристигнала пријава за труење со хлор, но не наведе повеќе детали.  

The post Во Србија шест деца се затруле со хлор во воден парк appeared first on Република.

]]>
Труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро, седум лица завршија во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/truene-so-hlor-vo-hotel-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-sedum-litsa-zavrshija-vo-bolnitsa/ Sat, 09 Dec 2023 11:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=721245

Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница поради знаци на труење со хлор.

Од СВР Охрид информираат дека вчера во 19:55 часот е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.

-Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, информираат од полицијата.

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.

Се работи на расчистување на случајот.

The post Труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро, седум лица завршија во болница appeared first on Република.

]]>

Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница поради знаци на труење со хлор. Од СВР Охрид информираат дека вчера во 19:55 часот е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор. -Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, информираат од полицијата. За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот.

The post Труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро, седум лица завршија во болница appeared first on Република.

]]>
Доставувачот по грешка истурил киселина наместо хлор во термалната бања во Хрватска, повредени 16 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dostavuvachot-po-greshka-isturil-kiselina-namesto-hlor-vo-termalnata-banja-vo-hrvatska-povredeni-16-lica/ Sat, 20 Aug 2022 08:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=542247

Грешка на добавувачот на хемикалии е причината за инцидентот во бањата Тухељски Топлице на северот од Хрватска, во близина на границата со Словенија. Во инцидентот повредени се најмалку 16 луѓе откако вдишале испарена хемикалија.

Директорот на бањата Тухељ изјавил дека инцидентот се случил по грешка на добавувачот на хлор за прочистување на водата во бањските базени, кој наместо хлор истурил киселина.

Околу 18 часот добавувачот на хемикалии достави натриум хиперхлорид кој се користи за обработка на базенската вода и се чува во машинскиот оддел на базенот. За време на испораката, добавувачот направил грешка и во резервоарот истурил киселина (PH-). Предизвикана е хемиска реакција во воздухот, а загадениот воздух се прошири кон сауните и велнес центарот. Ситуацијата не беше предизвикана од базенската вода туку од киселината. Пристапено е по протоколи за такви инциденти и беше изведена евакуација за неколку минути по откривањето, изјавил директорот Васја Чрерник за „Вечерњи лист“.

Хрватските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил вчера попладне, а евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија, како и вработените.

Повредените главно се жалат на проблеми со дишењето. 14 луѓе се згрижени во Општата болница Забок, а двајца се префрлени на лекување во Загреб.

Директорот на болницата Забок, Тихомир Ванчина изјавил дека еден од повредените е примен на одделението за интензивна нега. Имал тешкотии во дишењето и превентивно е хиспитализиран на тоа одделение. Од другите пациенти, двајца се на кислородна поддршка.

Покрај морскиот туризам, во северозападниот дел на Хрватска се повеќе се вложува и во бањскиот туризам, а Тухељске Топлице е посетувана и од голем број странски туристи.

The post Доставувачот по грешка истурил киселина наместо хлор во термалната бања во Хрватска, повредени 16 лица appeared first on Република.

]]>

Грешка на добавувачот на хемикалии е причината за инцидентот во бањата Тухељски Топлице на северот од Хрватска, во близина на границата со Словенија. Во инцидентот повредени се најмалку 16 луѓе откако вдишале испарена хемикалија. Директорот на бањата Тухељ изјавил дека инцидентот се случил по грешка на добавувачот на хлор за прочистување на водата во бањските базени, кој наместо хлор истурил киселина.
Околу 18 часот добавувачот на хемикалии достави натриум хиперхлорид кој се користи за обработка на базенската вода и се чува во машинскиот оддел на базенот. За време на испораката, добавувачот направил грешка и во резервоарот истурил киселина (PH-). Предизвикана е хемиска реакција во воздухот, а загадениот воздух се прошири кон сауните и велнес центарот. Ситуацијата не беше предизвикана од базенската вода туку од киселината. Пристапено е по протоколи за такви инциденти и беше изведена евакуација за неколку минути по откривањето, изјавил директорот Васја Чрерник за „Вечерњи лист“.
Хрватските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил вчера попладне, а евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија, како и вработените. Повредените главно се жалат на проблеми со дишењето. 14 луѓе се згрижени во Општата болница Забок, а двајца се префрлени на лекување во Загреб. Директорот на болницата Забок, Тихомир Ванчина изјавил дека еден од повредените е примен на одделението за интензивна нега. Имал тешкотии во дишењето и превентивно е хиспитализиран на тоа одделение. Од другите пациенти, двајца се на кислородна поддршка. Покрај морскиот туризам, во северозападниот дел на Хрватска се повеќе се вложува и во бањскиот туризам, а Тухељске Топлице е посетувана и од голем број странски туристи.

The post Доставувачот по грешка истурил киселина наместо хлор во термалната бања во Хрватска, повредени 16 лица appeared first on Република.

]]>
Конашенков: Украинските сили планираат да разнесат склад со хлор за да ја обвинат Русија за цивилни жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/konashenkov-ukrainskite-sili-planiraat-da-raznesat-sklad-so-hlor-za-da-ja-obvinat-rusija-za-civilni-zrtvi/ Sun, 10 Apr 2022 10:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=486022

Руското Министерство за одбрана предупреди дека Киев подготвува провокација во регионот Харков.

Како што изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, во градот Первомајски е миниран склад со 120 тони хлор, со намера да се крене во воздух, а Русија да биде обвинета за цивилни жртви.

Според потврдени информации, во градот Первомајски, во областа Харков, украинските специјални служби подготвуваат голема провокација со употреба на отров. Припадниците на Украинската безбедносна служба минираа складиште со 120 тони хлор во областа на фабриката „Химпром“ - изјави Конашенков на брифинг со новинарите.

Генерал Конашенков прецизираше дека планот е да се разнесе магацинот и да се обвини Русија за предизвикување хемиска катастрофа што би резултирала со смрт на цивили.

The post Конашенков: Украинските сили планираат да разнесат склад со хлор за да ја обвинат Русија за цивилни жртви appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана предупреди дека Киев подготвува провокација во регионот Харков. Како што изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, во градот Первомајски е миниран склад со 120 тони хлор, со намера да се крене во воздух, а Русија да биде обвинета за цивилни жртви.