Хјуман рајтс воч Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hjuman-rajts-voch/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Oct 2023 08:09:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хјуман рајтс воч Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hjuman-rajts-voch/ 32 32 Хјуман рајтс воч го обвини Западот за лицемерие https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hjuman-rajts-voch-go-obvini-zapadot-za-litsemerie/ Fri, 20 Oct 2023 08:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=693117

Хјуман рајтс воч (ХРВ) ги обвини САД и нивните сојузници за недостаток на критики за акциите на Израел во Појасот Газа, прашувајќи каде се повиците Израел да ги почитува меѓународните норми при нападот врз Газа, како и повиците за одговорност.

Реакцијата од Вашингтон и, со неколку исклучоци, европските престолнини на акциите на Израел во Газа од 7 октомври е пригушена. Каде е јасната осуда на суровото заострување на 16-годишното затворање на Газа што претставува колективна казна, воено злосторство?, рече вчера заменик-директорот на програмата на ХРВ, Том Портеус.

Портеус, исто така, изрази бес поради изјавите на израелските лидери „кои се обидуваат да ја заматат многу важната разлика меѓу цивилите и борците во Газа, иако наредуваат постојано зголемување на бомбардирањето на оваа густо населена територија, претворајќи ги градските блокови и населби во урнатини“.

Каде се јасните и недвосмислени повици Израел да ги почитува меѓународните норми во нападот врз Газа?, праша Портеус.

Тој рече дека барањата на меѓународното хуманитарно право за заштита на цивилите треба да важат за сите.

Портеус се осврна на руската инвазија на Украина, каде што западните земји ја истакнаа важноста од почитување на правилата на вооружениот конфликт во нивните напори да добијат меѓународна поддршка за Украина и да ја изолираат Русија.

Лицемерието и двојните стандарди на западните земји се флагрантни и очигледни, критикуваше Портеус.

Тој нагласи дека ова ризикува да ја поткопа долгогодишната макотрпна работа на хуманитарните групи и групите за човекови права, заедно со некои држави, „за зајакнување и стандардизирање на нормите наменети за заштита на цивилите заглавени во конфликти ширум светот“.

The post Хјуман рајтс воч го обвини Западот за лицемерие appeared first on Република.

]]>

Хјуман рајтс воч (ХРВ) ги обвини САД и нивните сојузници за недостаток на критики за акциите на Израел во Појасот Газа, прашувајќи каде се повиците Израел да ги почитува меѓународните норми при нападот врз Газа, како и повиците за одговорност. Реакцијата од Вашингтон и, со неколку исклучоци, европските престолнини на акциите на Израел во Газа од 7 октомври е пригушена. Каде е јасната осуда на суровото заострување на 16-годишното затворање на Газа што претставува колективна казна, воено злосторство?, рече вчера заменик-директорот на програмата на ХРВ, Том Портеус. Портеус, исто така, изрази бес поради изјавите на израелските лидери „кои се обидуваат да ја заматат многу важната разлика меѓу цивилите и борците во Газа, иако наредуваат постојано зголемување на бомбардирањето на оваа густо населена територија, претворајќи ги градските блокови и населби во урнатини“. Каде се јасните и недвосмислени повици Израел да ги почитува меѓународните норми во нападот врз Газа?, праша Портеус. Тој рече дека барањата на меѓународното хуманитарно право за заштита на цивилите треба да важат за сите. Портеус се осврна на руската инвазија на Украина, каде што западните земји ја истакнаа важноста од почитување на правилата на вооружениот конфликт во нивните напори да добијат меѓународна поддршка за Украина и да ја изолираат Русија. Лицемерието и двојните стандарди на западните земји се флагрантни и очигледни, критикуваше Портеус. Тој нагласи дека ова ризикува да ја поткопа долгогодишната макотрпна работа на хуманитарните групи и групите за човекови права, заедно со некои држави, „за зајакнување и стандардизирање на нормите наменети за заштита на цивилите заглавени во конфликти ширум светот“.

The post Хјуман рајтс воч го обвини Западот за лицемерие appeared first on Република.

]]>
ХРВ со остри критики до ЕК за недоволна заштита на владеењето на правото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hrv-so-ostri-kritiki-do-ek-za-nedovolna-zashtita-na-vladeenjeto-na-pravoto/ Wed, 20 Jul 2022 20:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=531566

Една од највлијателните организации за заштита на човековите права „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ) изнесе сериозни критики кон Европската Комисија за недоволната заштита на владеењето на правото во земјите-членки на Европска Унија, јави дописничката на МИА од Брисел.

ЕК неделава ги објави извештаите за владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ. Овие релативно нови извештаи, последица на нарушувањето на владеењето на правото во земји како Унгарија и Полска, се нова пракса на Комисијата, и содржат препораки до секоја земја.

Препораките се однесуваат на судскиот систем, корупцијата, слободата на медиумите и институционални прашања.

Но, ХРВ оценува дека овие извештаи не се доволни за да се заштити владеењето на правото во ЕУ.

– И покрај сѐ поголеми докази, вклучително и од Агенцијата за темелни права на ЕУ, за заплашувања и мешање во работата на граѓанското општество, овој извештај не го идентификува граѓанското општество како клучна тема, оценува организација за заштита на човековите права.

Најфрапантни, според ХРВ, се случаите на Унгарија и Полска, кои и двете под истрага на ЕК за нарушување на владеењето на правото и човековите права.

– Унгарија и Полска ги добија најбројните препораки, но за жал повеќето препораки се општи и не ја содржат потребната специфичност за да се обезбеди ефикасна имплементација, истакнува ХРВ, која потсетува на нападите врз невладините и граѓанските организации во Унгарија, и за која препораката гласи само „да се отстранат пречките, што ги засегаат организациите од граѓанското општество“.

Што се однесува до препораките на Европската Комисија до Унгарија за враќање на независноста на судството, Хјуман Рајтс Воч истакнува дека тие се послаби од самиот Хелсиншки Комитет на Унгарија. Притоа, ХРВ изразува загриженост што препораките не содржат временски рокови, нема систем на мониторинг, ниту последици доколку не се применат препораките.

ХРВ предупредува дека без одлучност во делот на владеењето на правото во ЕУ, последиците можат да бидат сериозен во однос на репресијата и Европската Комисија треба навремено да ги увиди предупредувањата кога се појавува било каков вид репресија во земјите-членки на ЕУ пред да биде доцна. 

The post ХРВ со остри критики до ЕК за недоволна заштита на владеењето на правото appeared first on Република.

]]>

Една од највлијателните организации за заштита на човековите права „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ) изнесе сериозни критики кон Европската Комисија за недоволната заштита на владеењето на правото во земјите-членки на Европска Унија, јави дописничката на МИА од Брисел. ЕК неделава ги објави извештаите за владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ. Овие релативно нови извештаи, последица на нарушувањето на владеењето на правото во земји како Унгарија и Полска, се нова пракса на Комисијата, и содржат препораки до секоја земја. Препораките се однесуваат на судскиот систем, корупцијата, слободата на медиумите и институционални прашања. Но, ХРВ оценува дека овие извештаи не се доволни за да се заштити владеењето на правото во ЕУ. – И покрај сѐ поголеми докази, вклучително и од Агенцијата за темелни права на ЕУ, за заплашувања и мешање во работата на граѓанското општество, овој извештај не го идентификува граѓанското општество како клучна тема, оценува организација за заштита на човековите права. Најфрапантни, според ХРВ, се случаите на Унгарија и Полска, кои и двете под истрага на ЕК за нарушување на владеењето на правото и човековите права. – Унгарија и Полска ги добија најбројните препораки, но за жал повеќето препораки се општи и не ја содржат потребната специфичност за да се обезбеди ефикасна имплементација, истакнува ХРВ, која потсетува на нападите врз невладините и граѓанските организации во Унгарија, и за која препораката гласи само „да се отстранат пречките, што ги засегаат организациите од граѓанското општество“. Што се однесува до препораките на Европската Комисија до Унгарија за враќање на независноста на судството, Хјуман Рајтс Воч истакнува дека тие се послаби од самиот Хелсиншки Комитет на Унгарија. Притоа, ХРВ изразува загриженост што препораките не содржат временски рокови, нема систем на мониторинг, ниту последици доколку не се применат препораките. ХРВ предупредува дека без одлучност во делот на владеењето на правото во ЕУ, последиците можат да бидат сериозен во однос на репресијата и Европската Комисија треба навремено да ги увиди предупредувањата кога се појавува било каков вид репресија во земјите-членки на ЕУ пред да биде доцна. 

The post ХРВ со остри критики до ЕК за недоволна заштита на владеењето на правото appeared first on Република.

]]>
ХРВ: Украина да не им ги крши човековите права на руските затвореници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hrv-ukraina-da-ne-im-gi-krshi-chovekovite-prava-na-ruskite-zatvorenici/ Thu, 17 Mar 2022 16:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=474487

Хјуман рајтс воч ја повика Украина да ги почитува правата на руските затвореници според Женевската конвенција и да ја прекине практиката на изложување на тие луѓе во јавноста.

„Украинските власти мора да престанат да објавуваат пораки и видеа од заробените руски војници на социјалните мрежи, особено оние кои биле понижувани или загрозени“, се вели во соопштението.

„Ваквиот третман на затворениците ја нарушува заштитата предвидена со Женевските конвенции“ за меѓународното право, според ХРВ.

Украина објави видеоснимки од руски затвореници и ги изложи на новинарите пред кои беа принудени да изразат жалење, а ваквото инструментализирање беше осудено од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој порача дека непријателската војска треба да се третира „достоинствено“.

Организацијата документирала бројни прекршувања на воените прописи и можни воени злосторства за кои одговорност им се припишува на Русите.

The post ХРВ: Украина да не им ги крши човековите права на руските затвореници appeared first on Република.

]]>

Хјуман рајтс воч ја повика Украина да ги почитува правата на руските затвореници според Женевската конвенција и да ја прекине практиката на изложување на тие луѓе во јавноста.
„Украинските власти мора да престанат да објавуваат пораки и видеа од заробените руски војници на социјалните мрежи, особено оние кои биле понижувани или загрозени“, се вели во соопштението. „Ваквиот третман на затворениците ја нарушува заштитата предвидена со Женевските конвенции“ за меѓународното право, според ХРВ.
Украина објави видеоснимки од руски затвореници и ги изложи на новинарите пред кои беа принудени да изразат жалење, а ваквото инструментализирање беше осудено од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој порача дека непријателската војска треба да се третира „достоинствено“. Организацијата документирала бројни прекршувања на воените прописи и можни воени злосторства за кои одговорност им се припишува на Русите.

The post ХРВ: Украина да не им ги крши човековите права на руските затвореници appeared first on Република.

]]>