ХИВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hiv/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 15:38:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ХИВ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hiv/ 32 32 Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-septemvri-trojtsa-mazhi-zabolele-od-hiv-a-dvajtsa-od-sida/ Tue, 15 Oct 2024 15:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=827231

Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, бројот на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 680. Од нив 131 лице починало, а 545 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Како што е наведено во билтенот, во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 13 новозаболени лица. Пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, како и по еден случај на сифилис и инфекции со кламидија.

The post Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА appeared first on Република.

]]>

Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, бројот на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 680. Од нив 131 лице починало, а 545 лица живеат со ХИВ/СИДА. Како што е наведено во билтенот, во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 13 новозаболени лица. Пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, како и по еден случај на сифилис и инфекции со кламидија.

The post Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА appeared first on Република.

]]>
Во Куманово регистриран еден нов позитивен на ХИВ/СИДА https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-kumanovo-registriran-eden-nov-pozitiven-na-hiv-sida/ Fri, 01 Dec 2023 17:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=718457

Едно лице е регистрирано како новопозитивен случај на ХИВ/СИДА во Куманово во тековната година, соопштија надлежните од епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје.

Лани и полани исто така беше евидентиран по само еден случај.

Сите кои имаат ризичен однос, оние кои инјектираат дрога, кои се сомневаат, можат да се тестираат анонимно, доверливо во нашето советувалиште. Тестирањето е доброволно и се препорачува за сите засегнати во одделот за микробиологија, вели епидемиологот Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.

Во Куманово од почетокот од 1987 година регистрирани се 29 заболени, од кои пет е се починати.

Постојано обрнуваме внимание на младата популација преку едукација, одржување предавања во сите училишта на на двата јазика, и на македонски и на албански јазик. На овој начин влијаеме на подигање на свеста за вирусот и болеста, вели докторката.

Лицата кои се инфицирани живеат подолго со антивирусната терапија ако навремено се тестираат, особено при сомнителен контакт. Граѓански здруженија во соработка со кумановските лекари изминативе години вршеа теренски тестирања, особено меѓу зависниците од дрога.

Лекарите препорачуваат тестирање за сите оние кои не практикуваат безбедни сексуални односи. Со воведување на антиретровирусната терапија како и со прекспозиционата заштита, периодот на живеење со ХИВ инфекцијата е сè подолг.

ЦЈЗ Куманово располага со доволен број тестови и ги повика сите засгнати доброволно, анонимно да се тестираат.

The post Во Куманово регистриран еден нов позитивен на ХИВ/СИДА appeared first on Република.

]]>

Едно лице е регистрирано како новопозитивен случај на ХИВ/СИДА во Куманово во тековната година, соопштија надлежните од епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје. Лани и полани исто така беше евидентиран по само еден случај.
Сите кои имаат ризичен однос, оние кои инјектираат дрога, кои се сомневаат, можат да се тестираат анонимно, доверливо во нашето советувалиште. Тестирањето е доброволно и се препорачува за сите засегнати во одделот за микробиологија, вели епидемиологот Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.
Во Куманово од почетокот од 1987 година регистрирани се 29 заболени, од кои пет е се починати.
Постојано обрнуваме внимание на младата популација преку едукација, одржување предавања во сите училишта на на двата јазика, и на македонски и на албански јазик. На овој начин влијаеме на подигање на свеста за вирусот и болеста, вели докторката.
Лицата кои се инфицирани живеат подолго со антивирусната терапија ако навремено се тестираат, особено при сомнителен контакт. Граѓански здруженија во соработка со кумановските лекари изминативе години вршеа теренски тестирања, особено меѓу зависниците од дрога. Лекарите препорачуваат тестирање за сите оние кои не практикуваат безбедни сексуални односи. Со воведување на антиретровирусната терапија како и со прекспозиционата заштита, периодот на живеење со ХИВ инфекцијата е сè подолг. ЦЈЗ Куманово располага со доволен број тестови и ги повика сите засгнати доброволно, анонимно да се тестираат.

The post Во Куманово регистриран еден нов позитивен на ХИВ/СИДА appeared first on Република.

]]>
Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besplatni-testirana-za-hiv-i-drugi-seksualno-prenoslivi-bolesti-od-20-do-26-noemvri/ Sun, 19 Nov 2023 13:26:03 +0000 https://republika.mk/?p=703185

На Клиниката за инфективни болести во 2023 година се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, од кои 41 се на редовен антиретровирусен третман. Една третина од овие пациенти се откриени во доцна фаза од болеста, беше соопштено денеска по повод Европската недела на тестирање и месецот на машкото здравје која Инфективната клиника и ХЕРА ќе ја одбележат со кампања „Грижи се за себе“ и со бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември.

Секое трето лице што живее со ХИВ не го знае својот ХИВ-статус зашто луѓето не се тестираат од различни причини. Затоа, целта на кампањата е да се поттикнат и охрабрат мажи и момчиња ако се во ризик или превентивно да се тестираат на ХИВ, без разлика на која популациска група припаѓаат.

Д-р Велимир Савески од Инфективната клиника на прес-конференција денеска рече дека повеќето од новооткриените ХИВ-позитивни во оваа година се мажи и дека, за разлика од други години каде што најчесто биле  мажи кои имаат сексуални односи со мажи, оваа година првпат има тренд на ХИВ-инфекција и кај хетеросексуалната популација.

Д-р Савески и Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, апелираа да се подигне јавната свест и да се надмине табуто за тестирањето за сексуално преносливи болести нагласувајќи дека превенцијата е најдобра и најевтина алатка.

Затоа што постои терапија со која на навремено откриените пациенти им се овозможува нормален живот и просечен животен век ист како и кај ХИВ-негативните лица. Проблем е кога пациентот доаѓа со некаква клиничка слика која можеби не е препознаена на почеток, се тестира, се помислува на ХИВ и тогаш  го откриваме пациентот дека е во доцна фаза од болеста односно во стадиум на СИДА. Тогаш лекувањето е потешко, понекогаш е потребно и болничко  лекување, некогаш пациентите завршуваат на интензивна нега, вели д-р  Савески.

Порача дека грижата за сексуалното и репродуктивно здравје треба да биде  секојдневна и иста како и за здравјето генерално.

Жените и девојчињата се поотворени за оваа тема затоа што системот веќе има воспоставено некаква грижа за нив зашто постојат матични гинеколози што се грижат за женското сексуално и репродуктивно здравје, додека машкото сексуално и репродуктивно здравје се уште е табу, за жал. И тоа еднаш засекогаш веќе треба да се смени и треба да го нормализираме тестирањето за ХИВ и за сексуално преносливите инфекции, истакна Савески.

Тој вели дека на Инфективната клиника тестирањето за ХИВ може да се направи доверливо и секој може да дојде и да се тестира анонимно. Во ХИВ-амбулантата на Инфективна за пациентите има и психолог и социјален работник.

Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА, посочува дека во нивните  младински центри „Сакам да знам“ веќе 17 години е овозможено тестирање за ХИВ и за различни сексуално преносливи болести.  Во центрите се нудат и бесплатни кондоми, контрацепција и брзи бесплатни тестови за ХИВ, а во пакетот услуги што е овозможено во нареднава седмица е бесплатно тестирање и за сифилис, гонореја и кламидија. Препорачливо е претходно да се закаже на телефонскиот број: 3176-950.

Тестовите се брзи, за 20 минути се добиваат резултати кои значат навремена терапија доколку се открие ХИВ-позитивен статус за да превенираме понатаму пренос на ХИВ и други сексуални инфекции, вели Матевска.

Таа нагласува дека треба да се зголемат средствата во буџетите за превенција и дека многу важна е едукацијата.

Едукацијата и подигнување на свесноста е она што можеме дополнително да го направиме, затоа што фактите велат дека 36 отсто од младите кои  се сексуално активни не користат заштита, не користат кондоми. Затоа ни е потребно и сексуално образование уште од најрана возраст. Така ќе влијаеме и на детабуизирање на овие теми, вели Матевска.

Во однос на трендот на ХИВ-позитивни во изминативе години, д-р Савески соопшти дека за време на КОВИД-пандемијата имало стагнација или недоволно откриен број на ХИВ-случаи кога и бројот на тестирања бил очекувано намален зашто Инфективната клиника тогаш беше голем КОВИД-центар.

Во последниве години, како што заминува пандемијата, го имаме веќе бројот од 40-50 случаи годишно коишто се откриваат на Клиниката за инфективни болести и пациентите понатаму се третираат, додаде докторот од Инфективната клиника.

The post Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за инфективни болести во 2023 година се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, од кои 41 се на редовен антиретровирусен третман. Една третина од овие пациенти се откриени во доцна фаза од болеста, беше соопштено денеска по повод Европската недела на тестирање и месецот на машкото здравје која Инфективната клиника и ХЕРА ќе ја одбележат со кампања „Грижи се за себе“ и со бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември. Секое трето лице што живее со ХИВ не го знае својот ХИВ-статус зашто луѓето не се тестираат од различни причини. Затоа, целта на кампањата е да се поттикнат и охрабрат мажи и момчиња ако се во ризик или превентивно да се тестираат на ХИВ, без разлика на која популациска група припаѓаат. Д-р Велимир Савески од Инфективната клиника на прес-конференција денеска рече дека повеќето од новооткриените ХИВ-позитивни во оваа година се мажи и дека, за разлика од други години каде што најчесто биле  мажи кои имаат сексуални односи со мажи, оваа година првпат има тренд на ХИВ-инфекција и кај хетеросексуалната популација. Д-р Савески и Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, апелираа да се подигне јавната свест и да се надмине табуто за тестирањето за сексуално преносливи болести нагласувајќи дека превенцијата е најдобра и најевтина алатка.
Затоа што постои терапија со која на навремено откриените пациенти им се овозможува нормален живот и просечен животен век ист како и кај ХИВ-негативните лица. Проблем е кога пациентот доаѓа со некаква клиничка слика која можеби не е препознаена на почеток, се тестира, се помислува на ХИВ и тогаш  го откриваме пациентот дека е во доцна фаза од болеста односно во стадиум на СИДА. Тогаш лекувањето е потешко, понекогаш е потребно и болничко  лекување, некогаш пациентите завршуваат на интензивна нега, вели д-р  Савески.
Порача дека грижата за сексуалното и репродуктивно здравје треба да биде  секојдневна и иста како и за здравјето генерално.
Жените и девојчињата се поотворени за оваа тема затоа што системот веќе има воспоставено некаква грижа за нив зашто постојат матични гинеколози што се грижат за женското сексуално и репродуктивно здравје, додека машкото сексуално и репродуктивно здравје се уште е табу, за жал. И тоа еднаш засекогаш веќе треба да се смени и треба да го нормализираме тестирањето за ХИВ и за сексуално преносливите инфекции, истакна Савески.
Тој вели дека на Инфективната клиника тестирањето за ХИВ може да се направи доверливо и секој може да дојде и да се тестира анонимно. Во ХИВ-амбулантата на Инфективна за пациентите има и психолог и социјален работник. Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА, посочува дека во нивните  младински центри „Сакам да знам“ веќе 17 години е овозможено тестирање за ХИВ и за различни сексуално преносливи болести.  Во центрите се нудат и бесплатни кондоми, контрацепција и брзи бесплатни тестови за ХИВ, а во пакетот услуги што е овозможено во нареднава седмица е бесплатно тестирање и за сифилис, гонореја и кламидија. Препорачливо е претходно да се закаже на телефонскиот број: 3176-950.
Тестовите се брзи, за 20 минути се добиваат резултати кои значат навремена терапија доколку се открие ХИВ-позитивен статус за да превенираме понатаму пренос на ХИВ и други сексуални инфекции, вели Матевска.
Таа нагласува дека треба да се зголемат средствата во буџетите за превенција и дека многу важна е едукацијата.
Едукацијата и подигнување на свесноста е она што можеме дополнително да го направиме, затоа што фактите велат дека 36 отсто од младите кои  се сексуално активни не користат заштита, не користат кондоми. Затоа ни е потребно и сексуално образование уште од најрана возраст. Така ќе влијаеме и на детабуизирање на овие теми, вели Матевска.
Во однос на трендот на ХИВ-позитивни во изминативе години, д-р Савески соопшти дека за време на КОВИД-пандемијата имало стагнација или недоволно откриен број на ХИВ-случаи кога и бројот на тестирања бил очекувано намален зашто Инфективната клиника тогаш беше голем КОВИД-центар.
Во последниве години, како што заминува пандемијата, го имаме веќе бројот од 40-50 случаи годишно коишто се откриваат на Клиниката за инфективни болести и пациентите понатаму се третираат, додаде докторот од Инфективната клиника.

The post Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември appeared first on Република.

]]>
Германец е петтиот пациент излекуван од ХИВ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/germanets-e-pettiot-patsient-izlekuvan-od-hiv/ Tue, 21 Feb 2023 07:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=611326

Маж (53) од Германија е петтиот пациент во светот излечен од ХИВ вирусот, по трансплантацијата на матични клетки во 2014 година, објавено е вчера во магазинот „Nature Medicine“.

Научниците велат дека тој е петтиот човек кој официјално е излекуван од вирусот кој погодува повеќе од 30 милиони луѓе во светот, објави „Форбс“.

Човекот, кој го нарекуваат „пациент од Дизелдорф“, повеќе нема траги од ХИВ во крвта, додаваат истражувачите и тој престанал да го зема лекот во 2019 година.

Лекарот Бјерн-Ерик Оле Јенсен, кој го лекувал пациентот, рече дека тој сè уште немал траги од ХИВ во 2019 година.

Џенсен рече дека вирусот е „навистина излекуван“ и не е во „долгорочна ремисија“, за време на интервју за ABC News.

Повеќе од 40 милиони луѓе починале од СИДА

Од почетокот на епидемијата во раните осумдесетти, повеќе од 40 милиони луѓе умреле од СИДА.

Првиот човек кој официјално беше излечен од ХИВ во светот беше Тимоти Реј Браун, кого истражувачите го нарекоа „Берлински пациент“ во изјава објавена во 2009 година.

Останатите тројца пациенти се „Лондонски пациент“, „Градот на надежта“ и „Њујорк“ и сите се излекувани во 2022 година.

Сите четворица биле подложени на ист третман – трансплантација на матични клетки, која е процедура со висок ризик, наречена и трансплантација на коскена срцевина, а е една од методите за лекување на различни форми на леукемија.

На примателите им биле дадени матични клетки кои стекнале отпорност на вирусот ХИВ преку мутација која го брише протеинот што вирусот вообичаено го користи за да влезе во клетките.

The post Германец е петтиот пациент излекуван од ХИВ appeared first on Република.

]]>

Маж (53) од Германија е петтиот пациент во светот излечен од ХИВ вирусот, по трансплантацијата на матични клетки во 2014 година, објавено е вчера во магазинот „Nature Medicine“. Научниците велат дека тој е петтиот човек кој официјално е излекуван од вирусот кој погодува повеќе од 30 милиони луѓе во светот, објави „Форбс“. Човекот, кој го нарекуваат „пациент од Дизелдорф“, повеќе нема траги од ХИВ во крвта, додаваат истражувачите и тој престанал да го зема лекот во 2019 година. Лекарот Бјерн-Ерик Оле Јенсен, кој го лекувал пациентот, рече дека тој сè уште немал траги од ХИВ во 2019 година. Џенсен рече дека вирусот е „навистина излекуван“ и не е во „долгорочна ремисија“, за време на интервју за ABC News. Повеќе од 40 милиони луѓе починале од СИДА Од почетокот на епидемијата во раните осумдесетти, повеќе од 40 милиони луѓе умреле од СИДА. Првиот човек кој официјално беше излечен од ХИВ во светот беше Тимоти Реј Браун, кого истражувачите го нарекоа „Берлински пациент“ во изјава објавена во 2009 година. Останатите тројца пациенти се „Лондонски пациент“, „Градот на надежта“ и „Њујорк“ и сите се излекувани во 2022 година. Сите четворица биле подложени на ист третман – трансплантација на матични клетки, која е процедура со висок ризик, наречена и трансплантација на коскена срцевина, а е една од методите за лекување на различни форми на леукемија. На примателите им биле дадени матични клетки кои стекнале отпорност на вирусот ХИВ преку мутација која го брише протеинот што вирусот вообичаено го користи за да влезе во клетките.

The post Германец е петтиот пациент излекуван од ХИВ appeared first on Република.

]]>
Прв случај во светот: Италијанец во исто време е позитивен на ковид-19, ХИВ и мајмунски сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prv-sluchaj-vo-svetot-italijanec-vo-isto-vreme-e-pozitiven-na-kovid-19-hiv-i-majmunski-sipanici/ Wed, 24 Aug 2022 15:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=543748

Во Италија е регистриран првиот случај на пациент кој истовремено е позитивен на коронавирус, мајмунски сипаници и ХИВ.

Станува збор за 36-годишен маж кој девет дена откако се вратил од одмор во Шпанија добил треска, главоболка, болки во грлото, воспаление во препоните и се чувствувал уморен.

Како што пренесува „CNBC, Италијанецот рекол дека за време на престојот во Шпанија имал незаштитен секс со мажи. Три дена по појавата на симптомите, му била дијагностицирана корона.

Неколку часа по позитивниот тест за ковид, Италијанецот доби црвенило на левата рака. По неколку дена, мајмунските сипаници му се прошириле по целото тело, па бил примен во болницата во Катанија.

Во таа клиника на 36-годишникот му биле направени различни тестови кои покажале дека е позитивен на мајмунски сипаници, корона и ХИВ. Негативниот ХИВ тест што го направил пред една година покажува дека 36-годишникот бил заразен со вирусот од неодамна.

По една недела, тој бил пуштен од болница бидејќи се опоравил од ковид и од мајмунски сипаници.

Овој случај покажува како симптомите на мајмунски сипаници и ковид може да се преклопуваат и потврдува дека во случај на коинфекција треба да се испитаат сексуалните навики на пациентот за да се дојде до правилна дијагноза, велат истражувачите од Универзитетот во Катанија во својата извештај.

Истражувачите предупредија дека брисот од грлото на пациентот е сè уште позитивен и по 20 дена, што укажува дека лицето е сè уште заразно.

Со оглед на тоа што ова е прв случај на лице заразено со три вируси, нема доволно докази дека оваа комбинација може да ја влоши состојбата на пациентот, велат оттаму.

The post Прв случај во светот: Италијанец во исто време е позитивен на ковид-19, ХИВ и мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Во Италија е регистриран првиот случај на пациент кој истовремено е позитивен на коронавирус, мајмунски сипаници и ХИВ. Станува збор за 36-годишен маж кој девет дена откако се вратил од одмор во Шпанија добил треска, главоболка, болки во грлото, воспаление во препоните и се чувствувал уморен. Како што пренесува „CNBC, Италијанецот рекол дека за време на престојот во Шпанија имал незаштитен секс со мажи. Три дена по појавата на симптомите, му била дијагностицирана корона. Неколку часа по позитивниот тест за ковид, Италијанецот доби црвенило на левата рака. По неколку дена, мајмунските сипаници му се прошириле по целото тело, па бил примен во болницата во Катанија. Во таа клиника на 36-годишникот му биле направени различни тестови кои покажале дека е позитивен на мајмунски сипаници, корона и ХИВ. Негативниот ХИВ тест што го направил пред една година покажува дека 36-годишникот бил заразен со вирусот од неодамна. По една недела, тој бил пуштен од болница бидејќи се опоравил од ковид и од мајмунски сипаници.
Овој случај покажува како симптомите на мајмунски сипаници и ковид може да се преклопуваат и потврдува дека во случај на коинфекција треба да се испитаат сексуалните навики на пациентот за да се дојде до правилна дијагноза, велат истражувачите од Универзитетот во Катанија во својата извештај.
Истражувачите предупредија дека брисот од грлото на пациентот е сè уште позитивен и по 20 дена, што укажува дека лицето е сè уште заразно.
Со оглед на тоа што ова е прв случај на лице заразено со три вируси, нема доволно докази дека оваа комбинација може да ја влоши состојбата на пациентот, велат оттаму.
 
The post Прв случај во светот: Италијанец во исто време е позитивен на ковид-19, ХИВ и мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Со пресадување коскена срцевина: Во САД регистриран четврти пациент излечен од ХИВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-presaduvanje-koskena-srcevina-vo-sad-registriran-chetvrti-pacient-izlechen-od-hiv/ Sat, 30 Jul 2022 15:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=534978

Американски лекари соопштија дека човек кој живее со ХИВ од 1980-тите е излекуван од болеста. Ова е четврти ваков познат случај ветот.

На 66-годишниот пациент му била трансплантирана коскена срцевина за лекување на леукемија од донатор кој е природно отпорен на вирусот. Мажот, кој не сакал да биде идентификуван, престанал да ги зема лековите за ХИВ.

Тој изјавил дека е исклучително благодарен што вирусот повеќе не е во неговото тело, пренесува „Би-Би-Си“. Човекот е познат како пациент „Град на надежта“, по болницата во која се лекувал во Дуарте, Калифорнија.

Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) го оштетува имунолошкиот систем на телото. Toa може да доведе до СИДА (синдром на стекната имунодефициенција), а телото се бори против инфекцијата.

Кога ми беше дијагностициран ХИВ во 1988 година, како и многу други, мислев дека тоа е смртна казна. Никогаш не мислев дека ќе го доживеам денот кога повеќе нема да имам ХИВ - изјавил излечениот маж.

Сепак, тој не примал терапија поради ХИВ, затоа што на 63-годишна возраст се разболел од леукемија. Медицинскиот тим што го лекувал одлучил дека му е потребна трансплантација на коскена срцевина за да ги замени неговите канцерогени крвни зрнца. Случајно, донаторот на коскена срцевина бил отпорен на ХИВ.

Вирусот на ХИВ навлегува во белите крвни зрнца на телото користејќи микроскопски врати – протеин наречен ЦЦР5. Сепак, некои луѓе, вклучително и донаторот, имаат ЦЦР5 мутации кои го спречуваат ХИВ.

Првиот човек излекуван од ХИВ беше Тимоти Реј Браун, попознат како „Берлинскиот пациент“. Тој беше излекуван во 2011 година.

The post Со пресадување коскена срцевина: Во САД регистриран четврти пациент излечен од ХИВ appeared first on Република.

]]>

Американски лекари соопштија дека човек кој живее со ХИВ од 1980-тите е излекуван од болеста. Ова е четврти ваков познат случај ветот. На 66-годишниот пациент му била трансплантирана коскена срцевина за лекување на леукемија од донатор кој е природно отпорен на вирусот. Мажот, кој не сакал да биде идентификуван, престанал да ги зема лековите за ХИВ. Тој изјавил дека е исклучително благодарен што вирусот повеќе не е во неговото тело, пренесува „Би-Би-Си“. Човекот е познат како пациент „Град на надежта“, по болницата во која се лекувал во Дуарте, Калифорнија. Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) го оштетува имунолошкиот систем на телото. Toa може да доведе до СИДА (синдром на стекната имунодефициенција), а телото се бори против инфекцијата.
Кога ми беше дијагностициран ХИВ во 1988 година, како и многу други, мислев дека тоа е смртна казна. Никогаш не мислев дека ќе го доживеам денот кога повеќе нема да имам ХИВ - изјавил излечениот маж.
Сепак, тој не примал терапија поради ХИВ, затоа што на 63-годишна возраст се разболел од леукемија. Медицинскиот тим што го лекувал одлучил дека му е потребна трансплантација на коскена срцевина за да ги замени неговите канцерогени крвни зрнца. Случајно, донаторот на коскена срцевина бил отпорен на ХИВ. Вирусот на ХИВ навлегува во белите крвни зрнца на телото користејќи микроскопски врати – протеин наречен ЦЦР5. Сепак, некои луѓе, вклучително и донаторот, имаат ЦЦР5 мутации кои го спречуваат ХИВ. Првиот човек излекуван од ХИВ беше Тимоти Реј Браун, попознат како „Берлинскиот пациент“. Тој беше излекуван во 2011 година.

The post Со пресадување коскена срцевина: Во САД регистриран четврти пациент излечен од ХИВ appeared first on Република.

]]>
Во Холандија отриена многу заразна варијанта на ХИВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-holandija-otriena-mnogu-zarazna-varijanta-na-hiv/ Fri, 04 Feb 2022 08:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=453924

Научниците од Оксфорд соопштија за откритието на многу заразната варијанта на ХИВ, која со децении се крие во Холандија и која предизвикува побрзо влошување на имунолошкиот систем.

Анализата на научниците од универзитетот, објавена вчера во списанието „Наука“, покажа дека пациентите заразени со „ВБ варијантата“ имале 3,5 до 5,5 пати повисоки нивоа на вирус во крвта од луѓето инфицирани со другите варијанти, како и брзо влошување на имунолошкиот систем.

Научниците, меѓутоа, сметаат дека нема причина за загриженост бидејќи денеска постојат ефективни современи лекови.

Студијата покажала дека, по започнувањето на лекувањето, луѓето со варијантата „ВБ“ имале слично закрепнување на имунолошкиот систем и преживување како и луѓето со други варијанти на ХИВ.

Според нив, варијантата најверојатно се појавила во доцните 1980-ти и раните 1990-ти во Холандија и дека потоа, околу 2010 година, почнала да се повлекува. Тие исто така истакнуваат дека раното откривање на инфекцијата и лекувањето се клучни.

Нашите наоди ја нагласуваат важноста на препораката на Светската здравствена организација дека лицата изложени на ризик од ХИВ инфекција имаат пристап до редовно тестирање за да се овозможи рана дијагноза, проследено со итен третман, изјави коавторот на студијата Кристофер Фрејзер од Оксфорд.

Истражувањето, исто така, ја потврди теоријата дека вирусите можат да еволуираат и да станат повирулентни, што е широко распространета хипотеза за која не е пронајдена многу потврда во реалниот свет. Делта сојот на коронавирусот е еден таков неодамнешен пример.

The post Во Холандија отриена многу заразна варијанта на ХИВ appeared first on Република.

]]>

Научниците од Оксфорд соопштија за откритието на многу заразната варијанта на ХИВ, која со децении се крие во Холандија и која предизвикува побрзо влошување на имунолошкиот систем. Анализата на научниците од универзитетот, објавена вчера во списанието „Наука“, покажа дека пациентите заразени со „ВБ варијантата“ имале 3,5 до 5,5 пати повисоки нивоа на вирус во крвта од луѓето инфицирани со другите варијанти, како и брзо влошување на имунолошкиот систем. Научниците, меѓутоа, сметаат дека нема причина за загриженост бидејќи денеска постојат ефективни современи лекови. Студијата покажала дека, по започнувањето на лекувањето, луѓето со варијантата „ВБ“ имале слично закрепнување на имунолошкиот систем и преживување како и луѓето со други варијанти на ХИВ. Според нив, варијантата најверојатно се појавила во доцните 1980-ти и раните 1990-ти во Холандија и дека потоа, околу 2010 година, почнала да се повлекува. Тие исто така истакнуваат дека раното откривање на инфекцијата и лекувањето се клучни.