ХИВ/Сида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hiv-sida/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Feb 2023 07:28:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ХИВ/Сида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hiv-sida/ 32 32 Германец е петтиот пациент излекуван од ХИВ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/germanets-e-pettiot-patsient-izlekuvan-od-hiv/ Tue, 21 Feb 2023 07:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=611326

Маж (53) од Германија е петтиот пациент во светот излечен од ХИВ вирусот, по трансплантацијата на матични клетки во 2014 година, објавено е вчера во магазинот „Nature Medicine“.

Научниците велат дека тој е петтиот човек кој официјално е излекуван од вирусот кој погодува повеќе од 30 милиони луѓе во светот, објави „Форбс“.

Човекот, кој го нарекуваат „пациент од Дизелдорф“, повеќе нема траги од ХИВ во крвта, додаваат истражувачите и тој престанал да го зема лекот во 2019 година.

Лекарот Бјерн-Ерик Оле Јенсен, кој го лекувал пациентот, рече дека тој сè уште немал траги од ХИВ во 2019 година.

Џенсен рече дека вирусот е „навистина излекуван“ и не е во „долгорочна ремисија“, за време на интервју за ABC News.

Повеќе од 40 милиони луѓе починале од СИДА

Од почетокот на епидемијата во раните осумдесетти, повеќе од 40 милиони луѓе умреле од СИДА.

Првиот човек кој официјално беше излечен од ХИВ во светот беше Тимоти Реј Браун, кого истражувачите го нарекоа „Берлински пациент“ во изјава објавена во 2009 година.

Останатите тројца пациенти се „Лондонски пациент“, „Градот на надежта“ и „Њујорк“ и сите се излекувани во 2022 година.

Сите четворица биле подложени на ист третман – трансплантација на матични клетки, која е процедура со висок ризик, наречена и трансплантација на коскена срцевина, а е една од методите за лекување на различни форми на леукемија.

На примателите им биле дадени матични клетки кои стекнале отпорност на вирусот ХИВ преку мутација која го брише протеинот што вирусот вообичаено го користи за да влезе во клетките.

The post Германец е петтиот пациент излекуван од ХИВ appeared first on Република.

]]>

Маж (53) од Германија е петтиот пациент во светот излечен од ХИВ вирусот, по трансплантацијата на матични клетки во 2014 година, објавено е вчера во магазинот „Nature Medicine“. Научниците велат дека тој е петтиот човек кој официјално е излекуван од вирусот кој погодува повеќе од 30 милиони луѓе во светот, објави „Форбс“. Човекот, кој го нарекуваат „пациент од Дизелдорф“, повеќе нема траги од ХИВ во крвта, додаваат истражувачите и тој престанал да го зема лекот во 2019 година. Лекарот Бјерн-Ерик Оле Јенсен, кој го лекувал пациентот, рече дека тој сè уште немал траги од ХИВ во 2019 година. Џенсен рече дека вирусот е „навистина излекуван“ и не е во „долгорочна ремисија“, за време на интервју за ABC News. Повеќе од 40 милиони луѓе починале од СИДА Од почетокот на епидемијата во раните осумдесетти, повеќе од 40 милиони луѓе умреле од СИДА. Првиот човек кој официјално беше излечен од ХИВ во светот беше Тимоти Реј Браун, кого истражувачите го нарекоа „Берлински пациент“ во изјава објавена во 2009 година. Останатите тројца пациенти се „Лондонски пациент“, „Градот на надежта“ и „Њујорк“ и сите се излекувани во 2022 година. Сите четворица биле подложени на ист третман – трансплантација на матични клетки, која е процедура со висок ризик, наречена и трансплантација на коскена срцевина, а е една од методите за лекување на различни форми на леукемија. На примателите им биле дадени матични клетки кои стекнале отпорност на вирусот ХИВ преку мутација која го брише протеинот што вирусот вообичаено го користи за да влезе во клетките.

The post Германец е петтиот пациент излекуван од ХИВ appeared first on Република.

]]>
Во Македонија досега починале 123 лица од ХИВ/СИДА https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-makedonija-dosega-pochinale-123-lica-od-hiv-sida/ Thu, 01 Dec 2022 08:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=580376

Во Македонија, до 2022 година од ХИВ/СИДА починале 123 лица, а 451 лице живее со вирусот, односно болеста.

Во текот на октомври, согласно податоците објавени од Институтот за јавно здравје, регистрирани се пет нови случаи. Сите пријавени се со ХИВ. Регистриран е и еден смртен случај од ХИВ/СИДА.

За ХИВ/СИДА не постои лек, но постојат лекови што ја успоруваат болеста. Со цел да се заштитите од ХИВ/СИДА потребно е да се практикуваат сигурни сексуални односи со користење на кондом. За да дознаете дали сте позитивни на ХИВ потребно е да се направи тест. Тестот за ХИВ се препорачува да се направи најмалку три месеци, а во некои ситуации и до шест месеци од ризичното однесување.

Од СЗО ги повикуваат глобалните лидери и граѓаните да ги препознаат и да ги решат нееднаквостите што го кочат напредокот во ставањето крај на СИДА-та и да се изедначи пристапот до основните услуги за ХИВ, особено за клучните популации – мажи кои имаат секс со мажи, трансродови лица, луѓе кои користат дроги, сексуални работници, затвореници и мигранти – и нивните партнери.

Според Светската здравствена организација (СЗО), ХИВ и понатаму останува глобален проблем за јавното здравје. Повеќе од два милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО се погодени од ХИВ.

Оценката на СЗО е дека во последните неколку години нема напредок кон постигнување на целите за ХИВ. Намалени се ресурсите, а како резултат на тоа, голем број животи се загрозени.

The post Во Македонија досега починале 123 лица од ХИВ/СИДА appeared first on Република.

]]>

Во Македонија, до 2022 година од ХИВ/СИДА починале 123 лица, а 451 лице живее со вирусот, односно болеста. Во текот на октомври, согласно податоците објавени од Институтот за јавно здравје, регистрирани се пет нови случаи. Сите пријавени се со ХИВ. Регистриран е и еден смртен случај од ХИВ/СИДА. За ХИВ/СИДА не постои лек, но постојат лекови што ја успоруваат болеста. Со цел да се заштитите од ХИВ/СИДА потребно е да се практикуваат сигурни сексуални односи со користење на кондом. За да дознаете дали сте позитивни на ХИВ потребно е да се направи тест. Тестот за ХИВ се препорачува да се направи најмалку три месеци, а во некои ситуации и до шест месеци од ризичното однесување. Од СЗО ги повикуваат глобалните лидери и граѓаните да ги препознаат и да ги решат нееднаквостите што го кочат напредокот во ставањето крај на СИДА-та и да се изедначи пристапот до основните услуги за ХИВ, особено за клучните популации – мажи кои имаат секс со мажи, трансродови лица, луѓе кои користат дроги, сексуални работници, затвореници и мигранти – и нивните партнери. Според Светската здравствена организација (СЗО), ХИВ и понатаму останува глобален проблем за јавното здравје. Повеќе од два милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО се погодени од ХИВ. Оценката на СЗО е дека во последните неколку години нема напредок кон постигнување на целите за ХИВ. Намалени се ресурсите, а како резултат на тоа, голем број животи се загрозени.

The post Во Македонија досега починале 123 лица од ХИВ/СИДА appeared first on Република.

]]>