Хисни Исмаили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hisni-ismaili/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 12:49:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хисни Исмаили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hisni-ismaili/ 32 32 Кривична за поранешниот министер Исмаили, го оштетил буџетот за над 500 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-poraneshniot-minister-ismaili-go-oshtetil-budhetot-za-nad-500-iljadi-evra/ Mon, 25 Nov 2024 12:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=841579

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Х.И. поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

Пријавениот Х. И. во својство на службено лице- министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти, се појаснува во соопштението од Финансиската полиција.

Со горенаведените дејствија, се подвлекува, пријавениот Х. И. предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари.

Хусни Исмаили, по професија доктор, беше министер во владата на Зоран Заев во периодот од 26 јуни 2019 до 31 август 2020 година.

The post Кривична за поранешниот министер Исмаили, го оштетил буџетот за над 500 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Х.И. поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.
Пријавениот Х. И. во својство на службено лице- министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти, се појаснува во соопштението од Финансиската полиција.
Со горенаведените дејствија, се подвлекува, пријавениот Х. И. предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари. Хусни Исмаили, по професија доктор, беше министер во владата на Зоран Заев во периодот од 26 јуни 2019 до 31 август 2020 година.

The post Кривична за поранешниот министер Исмаили, го оштетил буџетот за над 500 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Хисни Исмаили е нов потпретседател на Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hisni-ismaili-e-nov-potpretsedatel-na-sobranieto/ Fri, 28 Oct 2022 12:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=566844

Со 62 гласа „за“ Хисни Исмаили од редовите на партијата Алтернатива е избран за потпретседател на Собранието на Република Македонија, во рамки на денешното продолжение на 71.седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери го прекина продолжението на оваа седница и најави дека за нејзиното продолжение пратениците дополнително ќе бидат известени.

Седницата почна со задоцнување од еден час, а на неа не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На дневен ред на оваа седница е и Интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, поднесена од пратеницита од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, пратениците во рамки на оваа седница треба да дискутираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка, Предлог на законот за дополнување на Законот за животната средина, во второ читање, предложените измени на Законот за работните односи, и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, како и за други предлог закони и неколку годишни извештаи за работата на институции за 2021 година.

Претходно, пратениците на продолжение на 88. седница, го изгласаа Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, а Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала на стартот на расправата за изборот на уставните судии.

 

The post Хисни Исмаили е нов потпретседател на Собранието appeared first on Република.

]]>

Со 62 гласа „за“ Хисни Исмаили од редовите на партијата Алтернатива е избран за потпретседател на Собранието на Република Македонија, во рамки на денешното продолжение на 71.седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери го прекина продолжението на оваа седница и најави дека за нејзиното продолжение пратениците дополнително ќе бидат известени. Седницата почна со задоцнување од еден час, а на неа не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. На дневен ред на оваа седница е и Интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, поднесена од пратеницита од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, пратениците во рамки на оваа седница треба да дискутираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка, Предлог на законот за дополнување на Законот за животната средина, во второ читање, предложените измени на Законот за работните односи, и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, како и за други предлог закони и неколку годишни извештаи за работата на институции за 2021 година. Претходно, пратениците на продолжение на 88. седница, го изгласаа Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, а Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала на стартот на расправата за изборот на уставните судии.  

The post Хисни Исмаили е нов потпретседател на Собранието appeared first on Република.

]]>