хирурзи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hirurzi/ За подобро да се разбереме Sat, 11 May 2024 10:19:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хирурзи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hirurzi/ 32 32 Да се намали чекањето за лекување: Хирурзите од ТОАРИЛУЦ планираат да направат Спинален центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-se-namali-chekaneto-za-lekuvane-hirurzite-od-toariluts-planiraat-da-napravat-spinalen-tsentar/ Sat, 11 May 2024 10:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=777019

Хирурзите кои работиме спинална патологија и скршеници на рбетниот столб имаме амбиција да направиме посебна Клиника во рамки на ТОАРИЛУЦ каде со постојните ресурси ќе овозможиме лекување на болестите на рбетниот столб со што ќе се намали листата на чекање за дегенеративните проблеми на 'рбетниот столб како кај повозрасната популација, така и кај помладата, како и кај децата со сколиози.
Иако даваме максимални напори не може да се згрижат сите кои имаат потреба со оглед дека на Клиниката за трауматологија се третираат пациенти со сите видови скршеници.
Во рамки на Спиналниот центар кој планираме да го направиме на нашата Клиника ќе биде и физикалната терапија за вакви пациенти со ваков инвалидитет, со оглед дека рехабилитацијата е клучна во овој сегмент, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Да се намали чекањето за лекување: Хирурзите од ТОАРИЛУЦ планираат да направат Спинален центар appeared first on Република.

]]>

Хирурзите кои работиме спинална патологија и скршеници на рбетниот столб имаме амбиција да направиме посебна Клиника во рамки на ТОАРИЛУЦ каде со постојните ресурси ќе овозможиме лекување на болестите на рбетниот столб со што ќе се намали листата на чекање за дегенеративните проблеми на 'рбетниот столб како кај повозрасната популација, така и кај помладата, како и кај децата со сколиози. Иако даваме максимални напори не може да се згрижат сите кои имаат потреба со оглед дека на Клиниката за трауматологија се третираат пациенти со сите видови скршеници. Во рамки на Спиналниот центар кој планираме да го направиме на нашата Клиника ќе биде и физикалната терапија за вакви пациенти со ваков инвалидитет, со оглед дека рехабилитацијата е клучна во овој сегмент, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Да се намали чекањето за лекување: Хирурзите од ТОАРИЛУЦ планираат да направат Спинален центар appeared first on Република.

]]>
Хирурзи од Клинички: Што се случува на хируршките клиники со основните лекови, антибиотиците и опојните дроги? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hirurzi-od-klinichki-shto-se-sluchuva-na-hirurshkite-kliniki-so-osnovnite-lekovi-antibiotitsite-i-opojnite-drogi/ Fri, 09 Feb 2024 07:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=742025

Група хирурзи од хируршките клиники во комлексот „Мајка Тереза“ се обратија со допис до нашата редакција со кој алармираат дека на хируршките клиники недостасуваат основни лекови и ова претставува сериозен проблем во секојдевната работа. Исто така, согласно информациите со кои хирурзите располагаат, на хируршките клиники во последниве три до четири години нема евиденција и следливост на антибиотиците и опојните дроги, како и основните средства.

Во нивниот допис јавно прашуваат што се случува на хирургија со основните средства, антибиотиците и опојните дроги?

Дали некој води евиденција за нив или и тука како на онкологија нема евиденција кој и како ги користи?

Дали на хируршките клиники се води инспекција за интрахоспиталните инфекции, дали се пријавуваат и дали воопшто и кои мерки се преземени за справување со состојбата?

Дали се точни наводите дека опојни дроги што се наменети и треба да се користат за наши пациенти по непознати канали завршуваат на црниот пазар или во Косово?

Колку контроли се извршени од Министерството за здравство, МАЛМЕД, Фондот за здравствено осигурување и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за нивно користење?

Овие прашања ги упатуваат јавно хирурзите до надлежните институции.

Тие посочуваат дека не се согласуваат со начинот на менаџирање во овој сегмент и сметаат дека непрофесионално и со пропусти истото се спроведува.

За крај хирурзите во својот допис додаваат дека има огромен недостиг на медицински сестри и овој недостиг значително влијае на работата, а од друга страна секојдневно има вработување на несуштински кадар - административен, наместо да се зајакнуваат клиниките со медицински кадар.

Па, се поставува прашањето што навистина се случува на Хирургија и дали на повидок и тука имаме „нова Онкологија“?

The post Хирурзи од Клинички: Што се случува на хируршките клиники со основните лекови, антибиотиците и опојните дроги? appeared first on Република.

]]>

Група хирурзи од хируршките клиники во комлексот „Мајка Тереза“ се обратија со допис до нашата редакција со кој алармираат дека на хируршките клиники недостасуваат основни лекови и ова претставува сериозен проблем во секојдевната работа. Исто така, согласно информациите со кои хирурзите располагаат, на хируршките клиники во последниве три до четири години нема евиденција и следливост на антибиотиците и опојните дроги, како и основните средства. Во нивниот допис јавно прашуваат што се случува на хирургија со основните средства, антибиотиците и опојните дроги?
Дали некој води евиденција за нив или и тука како на онкологија нема евиденција кој и како ги користи? Дали на хируршките клиники се води инспекција за интрахоспиталните инфекции, дали се пријавуваат и дали воопшто и кои мерки се преземени за справување со состојбата? Дали се точни наводите дека опојни дроги што се наменети и треба да се користат за наши пациенти по непознати канали завршуваат на црниот пазар или во Косово? Колку контроли се извршени од Министерството за здравство, МАЛМЕД, Фондот за здравствено осигурување и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за нивно користење?
Овие прашања ги упатуваат јавно хирурзите до надлежните институции. Тие посочуваат дека не се согласуваат со начинот на менаџирање во овој сегмент и сметаат дека непрофесионално и со пропусти истото се спроведува. За крај хирурзите во својот допис додаваат дека има огромен недостиг на медицински сестри и овој недостиг значително влијае на работата, а од друга страна секојдневно има вработување на несуштински кадар - административен, наместо да се зајакнуваат клиниките со медицински кадар. Па, се поставува прашањето што навистина се случува на Хирургија и дали на повидок и тука имаме „нова Онкологија“?

The post Хирурзи од Клинички: Што се случува на хируршките клиники со основните лекови, антибиотиците и опојните дроги? appeared first on Република.

]]>
Првпат во светот хирурзи успеаја да му го вратат видот на слеп човек https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-svetot-hirurzi-uspeaja-da-mu-go-vratat-vidot-na-slep-chovek/ Mon, 27 Mar 2023 08:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=624098

Поради ретка болест која целосно му ја уништила рожницата и површината на окото, 83-годишникот го изгубил видот пред 30 години на едното, а пред десет години на другото. Благодарение на специфична трансплантација на дел од едното око на местото на другото, лекарите од болницата „Молинете“ во Торино успеале да му го вратат видот!

Тимот хирурзи беше предводен од професорот Микеле Реибалди и директорот на очната клиника „Молинете“ и претседател на италијанското здружение за корнеа и матични клетки Винченцо Сарникола. Тој објасни дека не е можно да се врати видот на левото око, но остатокот е површно добро сочуван. Трансплантацијата на неговиот дел на десното око му овозможила на мажот повторно да гледа, а операцијата траела четири часа.

Новината е што ја проширивме трансплантацијата на рожницата на целото око, на конјунктивалното склерално ткиво, кое игра фундаментална улога во тоа колку ќе биде успешна трансплантацијата во одредени услови. Око кое е слепо сепак има функционални аспекти. Во последните дваесет години границите на трансплантацијата се поместени и направивме огромни чекори, а Италија има водечка улога во светот, објасни проф. Сарникола.

Само две недели подоцна, пациентот може да препознае луѓе, предмети и што е најважно – да се движи самостојно. Левото око е реконструирано за естетски цели благодарение на донорското ткиво, а лекарите нагласуваат дека никогаш нема да ги заборават првите зборови на пациентот по операцијата.

Кога се разбудив и повторно почнав да го гледам обликот на моите прсти, како да сум се преродил, биле првите зборови на пациентот кој живее во Торино.

Во последните неколку години му беа извршени две традиционални трансплантации на десното око, кои, за жал, не вродија со плод, па беше донесена одлука за прв пат во светот да се изврши операција „автотрансплантација“ од лево на десно око. Една третина од левото око била „автотрансплантирана“ на десното око, кое на овој начин било реконструирано и на пациентот му се вратил видот. Лекарите се надеваат дека, со оглед на тоа што трансплантацијата е направена со помош на сопствениот „материјал“ на пациентот, нема да дојде до отфрлање.

The post Првпат во светот хирурзи успеаја да му го вратат видот на слеп човек appeared first on Република.

]]>

Поради ретка болест која целосно му ја уништила рожницата и површината на окото, 83-годишникот го изгубил видот пред 30 години на едното, а пред десет години на другото. Благодарение на специфична трансплантација на дел од едното око на местото на другото, лекарите од болницата „Молинете“ во Торино успеале да му го вратат видот! Тимот хирурзи беше предводен од професорот Микеле Реибалди и директорот на очната клиника „Молинете“ и претседател на италијанското здружение за корнеа и матични клетки Винченцо Сарникола. Тој објасни дека не е можно да се врати видот на левото око, но остатокот е површно добро сочуван. Трансплантацијата на неговиот дел на десното око му овозможила на мажот повторно да гледа, а операцијата траела четири часа.