хируршки сали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hirurshki-sali/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 11:47:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хируршки сали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hirurshki-sali/ 32 32 До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-dekemvri-poteshkite-operatsii-mesto-vo-klinichki-ke-se-pravat-vo-8-mi-septemvri-i-vo-sv-naum-ohridski/ Fri, 26 Jul 2024 11:31:52 +0000 https://republika.mk/?p=800490

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено беше најдено откога во мај годинава се појави смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Министерот за здравство Арбен Таравари очекува дека дотогаш целосно ќе заврши процедурата за нова компресорска станица по нов оглас, кој ќе го распише Министерството за здравство по неуспешниот тендер на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје.

На последната седница на Владата помина информацијата обврската за набавка на компресорската станица во Клиничкиот центар да ја преземе Министерството за здравство. Се надевам што побргу да почне процедурата. Ќе одиме преку јавна набавка, да биде транспарентно. Очекувам тоа да заврши за три-четири месеци. Со надворешни компресори во Клиничкиот центар ќе се работи до ноември или декември додека се постави нова компресорска станица. До тогаш ќе направиме уште едно усогласување со ’8 Септември’ и со ’Св. Наум Охридски’ одредени потешки случаи, за кои нема услови, да се сработат во овие две болници, кои и досега работат добро, но можеби ќе побараме малку поголем ангажман од нив, рече министерот Таравари.

Ако и на овој тендер нема заинтересирани, министерот Таравари најави дека компанијата што ќе ја набави, ќе ја монтира и ќе ја пушти во употреба новата компресорска станица ќе ја избере преку директен договор.

Хируршките сали на Клиничкиот центар беа затворени на 22 мај година. Министерот за здравство во тогашната техничка влада, Илир Демири, извести дека примероци од гасот веднаш биле испратени на анализа во Германија, која треба да покаже зошто има лоша миризба, но цели два месеца подоцна анализата ја нема. Сегашниот министер Таравари вели дека сѐ уште не добил резултати од анализата.

The post До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“ appeared first on Република.

]]>

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено беше најдено откога во мај годинава се појави смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Министерот за здравство Арбен Таравари очекува дека дотогаш целосно ќе заврши процедурата за нова компресорска станица по нов оглас, кој ќе го распише Министерството за здравство по неуспешниот тендер на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје.
На последната седница на Владата помина информацијата обврската за набавка на компресорската станица во Клиничкиот центар да ја преземе Министерството за здравство. Се надевам што побргу да почне процедурата. Ќе одиме преку јавна набавка, да биде транспарентно. Очекувам тоа да заврши за три-четири месеци. Со надворешни компресори во Клиничкиот центар ќе се работи до ноември или декември додека се постави нова компресорска станица. До тогаш ќе направиме уште едно усогласување со ’8 Септември’ и со ’Св. Наум Охридски’ одредени потешки случаи, за кои нема услови, да се сработат во овие две болници, кои и досега работат добро, но можеби ќе побараме малку поголем ангажман од нив, рече министерот Таравари.
Ако и на овој тендер нема заинтересирани, министерот Таравари најави дека компанијата што ќе ја набави, ќе ја монтира и ќе ја пушти во употреба новата компресорска станица ќе ја избере преку директен договор. Хируршките сали на Клиничкиот центар беа затворени на 22 мај година. Министерот за здравство во тогашната техничка влада, Илир Демири, извести дека примероци од гасот веднаш биле испратени на анализа во Германија, која треба да покаже зошто има лоша миризба, но цели два месеца подоцна анализата ја нема. Сегашниот министер Таравари вели дека сѐ уште не добил резултати од анализата.

The post До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“ appeared first on Република.

]]>
Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники, не пристигнала ниту една понуда https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/propadna-tenderot-za-nova-kompresorska-stanitsa-na-hirurshkite-kliniki-ne-pristignala-nitu-edna-ponuda/ Wed, 17 Jul 2024 06:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=797539

Поништена е постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух за операционите сали на хируршките клиники бидејќи не пристигнала ниту една понуда, информираа за МИА од Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје.

Станува збор за проблемот со компресорите во некои хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје. Претставници на германска фирма беа во посета со цел да извршат испитување.

Согласно роковите определени во Оперативниот план доставен до Владата на Република Македонија, на ден 28.06.2024 година на страната на ЕСЈН беше објавена поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи – набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух, оглас број 10891/2024. Крајниот рок за доставување на понуди беше 15.07.2024 година до 11:00 часот. Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ“, појаснуваат оттаму.

Во тендерската документација била предвидена задолжителна посета на локација заради важноста на самата набавка за здравјето и безбедноста на пациентите.

Посета на локација побараа три економски оператори и на истите им беше овозможено посета на локација. За нас од непознати причини, до денот на отворање не е пристигната ниту една понуда, додаваат надлежните.

Тие денеска донеле одлука за поништување на постапката, за што биле информирани Владата и Министерството за здравство. Побарани биле натамошни насоки за постапување.

Во мај, се бараше во што е дефектот и од каде се шири непријатна миризба во некои операциони сали. Определен временски период, пациенти се препраќаа и во ГОБ „8 Септември“ и на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Министерот за здравство Арбен Таравари на 1 јули изјави дека веќе е објавен тендер за компресорите за хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека доколку е потребно ќе се обиде да се најде начин за реновирање и на салите во болницата „8 Септември“.

Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме, ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клиничкиот центар – изјави министерот на средба со новинарите.

Прашан околу реновирање на хируршките сали на ГОБ „8 Септември“, тој кажа дека таму не бил, но, оти слушнал оти салите не се во добра состојба.

Дефинитивно и во Клинички центар јас кога бев во салите, навистина не изгледаат добри. Во „8 Септември“ не сум бил да ги видам салите, меѓутоа ми кажуваат дека и таму не се во добра состојба. Меѓутоа, морам да се консултирам и со финансии да видиме како стоиме со финансиски средства. Ако добијам дозвола, јас се надевам дека што побргу што можам, не можам да кажам рок сега, бидејќи ми треба да видам што се можностите. На Клинички центар ќе се обидам што побргу и на „8 Септември“ доколку имаме начин некако да се менаџира плаќањето во неколку години ќе инсистирам и таму да завршиме или да започнеме со реновирање – одговори Таравари.

The post Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники, не пристигнала ниту една понуда appeared first on Република.

]]>

Поништена е постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух за операционите сали на хируршките клиники бидејќи не пристигнала ниту една понуда, информираа за МИА од Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје. Станува збор за проблемот со компресорите во некои хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје. Претставници на германска фирма беа во посета со цел да извршат испитување.
Согласно роковите определени во Оперативниот план доставен до Владата на Република Македонија, на ден 28.06.2024 година на страната на ЕСЈН беше објавена поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи – набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух, оглас број 10891/2024. Крајниот рок за доставување на понуди беше 15.07.2024 година до 11:00 часот. Проценетата вредност на постапката беше 18.644.068 денари без ДДВ“, појаснуваат оттаму.
Во тендерската документација била предвидена задолжителна посета на локација заради важноста на самата набавка за здравјето и безбедноста на пациентите.
Посета на локација побараа три економски оператори и на истите им беше овозможено посета на локација. За нас од непознати причини, до денот на отворање не е пристигната ниту една понуда, додаваат надлежните.
Тие денеска донеле одлука за поништување на постапката, за што биле информирани Владата и Министерството за здравство. Побарани биле натамошни насоки за постапување. Во мај, се бараше во што е дефектот и од каде се шири непријатна миризба во некои операциони сали. Определен временски период, пациенти се препраќаа и во ГОБ „8 Септември“ и на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Министерот за здравство Арбен Таравари на 1 јули изјави дека веќе е објавен тендер за компресорите за хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека доколку е потребно ќе се обиде да се најде начин за реновирање и на салите во болницата „8 Септември“.
Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме, ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клиничкиот центар – изјави министерот на средба со новинарите.
Прашан околу реновирање на хируршките сали на ГОБ „8 Септември“, тој кажа дека таму не бил, но, оти слушнал оти салите не се во добра состојба.
Дефинитивно и во Клинички центар јас кога бев во салите, навистина не изгледаат добри. Во „8 Септември“ не сум бил да ги видам салите, меѓутоа ми кажуваат дека и таму не се во добра состојба. Меѓутоа, морам да се консултирам и со финансии да видиме како стоиме со финансиски средства. Ако добијам дозвола, јас се надевам дека што побргу што можам, не можам да кажам рок сега, бидејќи ми треба да видам што се можностите. На Клинички центар ќе се обидам што побргу и на „8 Септември“ доколку имаме начин некако да се менаџира плаќањето во неколку години ќе инсистирам и таму да завршиме или да започнеме со реновирање – одговори Таравари.
 
The post Пропадна тендерот за нова компресорска станица на хируршките клиники, не пристигнала ниту една понуда appeared first on Република.

]]>
До петок одлука како ќе се реши проблемот со компресорите за хируршките сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-petok-odluka-kako-ke-se-reshi-problemot-so-kompresorite-za-hirurshkite-sali/ Mon, 24 Jun 2024 12:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=790272

Новиот министер за здравство Арбен Таравари денеска по примопредавањето на функцијата ги посети хируршките клиники во Клиничкиот центар, со цел увид во дисфункционалноста на компресорите во салите. По посетата на салите, тој изјави дека деновиве ќе добие извештај од направените испитувања и се надева дека до петок ќе донесе дефинитивна одлука како ќе се реши проблемот - дали ќе може да се поправи постоечкиот или ќе се инсталира нов систем.

Денеска разговарав речиси со сите директори и со директори на општи служби. Тие кажуваат дека во некои операциони сали воопшто нема никаков мирис. Во одредени сали, посебно во абдоменална хирургија постои одреден мирис и затоа анестезиолозите не дозволуваат да функционира со централниот компресивен систем.Очекувам деновиве, утре или задутре, да добијам извештај од испитувањата што се направени и да видиме како побргу да го решиме проблемот. Ми требаат неколку дена за да донесам дефинитивна одлука - дали ќе одиме на брзо решавање на проблемот со отворање на нова набавка и веднаш инсталирање на комплетно нов систем или ќе може ова да се поправи, рече Таравари.

Прашан како сега се одвива оперативниот програм и дали е зголемен бројот на операции, Таравари одговори дека бројот на операции е редуциран, но потенцираше дека не треба да се избрзува со изнаоѓање на решение и дека треба внимателно да се работи бидејќи станува збор за човечки животи.

Дефинитивно е редуциран бројот на операции, многу е помал за разлика од тогаш кога работел централниот компресивен систем, меѓутоа се функционира. Затоа велам, се уште немаме долгорочно и сигурно решение. Затоа, не треба да се брза, се работи за човечки животи. Подобро да бидеме внимателни и да најдеме што побргу долгорочно решение, бидејќи сепак огромен број на пациенти со сериозни болести се лекуваат тука, рече Таравари, додавајќи дека следните денови приоритет ќе му биде решавањето на овој проблем.

На прашањето дали доколку се оди со воведување на нов систем, истиот ќе биде готов до крајот на декември како што беше најавено, Таравари рече дека според стручните служби, за нов систем се потребни минимум шест месеци, но дека најпрвин ќе извршат увид дали може постоечкиот систем да се поправи.

Прашан дали е информиран дека надворешниот компресор откажал за време на две операции, кај едно дете и кај еден пациент со карцином и дали знае како завршиле тие хируршки интервенции, Таравари одговори дека нема такви информации.

The post До петок одлука како ќе се реши проблемот со компресорите за хируршките сали appeared first on Република.

]]>

Новиот министер за здравство Арбен Таравари денеска по примопредавањето на функцијата ги посети хируршките клиники во Клиничкиот центар, со цел увид во дисфункционалноста на компресорите во салите. По посетата на салите, тој изјави дека деновиве ќе добие извештај од направените испитувања и се надева дека до петок ќе донесе дефинитивна одлука како ќе се реши проблемот - дали ќе може да се поправи постоечкиот или ќе се инсталира нов систем.
Денеска разговарав речиси со сите директори и со директори на општи служби. Тие кажуваат дека во некои операциони сали воопшто нема никаков мирис. Во одредени сали, посебно во абдоменална хирургија постои одреден мирис и затоа анестезиолозите не дозволуваат да функционира со централниот компресивен систем.Очекувам деновиве, утре или задутре, да добијам извештај од испитувањата што се направени и да видиме како побргу да го решиме проблемот. Ми требаат неколку дена за да донесам дефинитивна одлука - дали ќе одиме на брзо решавање на проблемот со отворање на нова набавка и веднаш инсталирање на комплетно нов систем или ќе може ова да се поправи, рече Таравари.
Прашан како сега се одвива оперативниот програм и дали е зголемен бројот на операции, Таравари одговори дека бројот на операции е редуциран, но потенцираше дека не треба да се избрзува со изнаоѓање на решение и дека треба внимателно да се работи бидејќи станува збор за човечки животи.
Дефинитивно е редуциран бројот на операции, многу е помал за разлика од тогаш кога работел централниот компресивен систем, меѓутоа се функционира. Затоа велам, се уште немаме долгорочно и сигурно решение. Затоа, не треба да се брза, се работи за човечки животи. Подобро да бидеме внимателни и да најдеме што побргу долгорочно решение, бидејќи сепак огромен број на пациенти со сериозни болести се лекуваат тука, рече Таравари, додавајќи дека следните денови приоритет ќе му биде решавањето на овој проблем.
На прашањето дали доколку се оди со воведување на нов систем, истиот ќе биде готов до крајот на декември како што беше најавено, Таравари рече дека според стручните служби, за нов систем се потребни минимум шест месеци, но дека најпрвин ќе извршат увид дали може постоечкиот систем да се поправи. Прашан дали е информиран дека надворешниот компресор откажал за време на две операции, кај едно дете и кај еден пациент со карцином и дали знае како завршиле тие хируршки интервенции, Таравари одговори дека нема такви информации.

The post До петок одлука како ќе се реши проблемот со компресорите за хируршките сали appeared first on Република.

]]>
На листата на чекање моментно има околу 50-60 пациенти, вели д-р Шабани од Клиниката за урологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-listata-na-chekane-momentno-ima-okolu-50-60-patsienti-veli-d-r-shabani-od-klinikata-za-urologija/ Fri, 07 Jun 2024 19:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=785617

Од средата е почнато со помали интервенции кои траат пократко и засега не е забележан никаков проблем во смисла со будење и постоперативен третман на пациентите, изјави хирургот уролог Башким Шабани во врска со проблемот со компримираниот воздух и кислородот што ги затвори хируршките сали на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма д-р Шабани рече дека засега се наоѓа привремено решение, но тоа не е трајно.

По три недели се враќаме во некаква нормала, од средата почнавме со неколку хируршки интервенции, ќе видиме како ќе биде понатаму, рече Шабани.

Според него, листата на чекање ќе се зголемува и поради претстојните годишни одмори.

На листата на чекање моментно има околу 50-60 пациенти. Јас како хирург имам три-четири зафати, цела Урологија конкретно има околу 40 зафати неделно... Здравствениот систем во Македонија, за жал, е централизиран и најголемиот дел од хируршките интервенции се прават во Скопје, истакна Шабани.

Додаде дека во моментот не може да се направи план како да се решава листата на чекање, бидејќи за техничкиот проблем со работа на салите е најдено „некое привремено решение“.

Како ќе биде не знаеме. Се наоѓаме во време на промена на влади, можеби и тоа малку влијае, меѓутоа мислам дека треба да се постапи за што побрзо решавање на тој проблем, рече хирургот уролог.

The post На листата на чекање моментно има околу 50-60 пациенти, вели д-р Шабани од Клиниката за урологија appeared first on Република.

]]>

Од средата е почнато со помали интервенции кои траат пократко и засега не е забележан никаков проблем во смисла со будење и постоперативен третман на пациентите, изјави хирургот уролог Башким Шабани во врска со проблемот со компримираниот воздух и кислородот што ги затвори хируршките сали на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма д-р Шабани рече дека засега се наоѓа привремено решение, но тоа не е трајно.
По три недели се враќаме во некаква нормала, од средата почнавме со неколку хируршки интервенции, ќе видиме како ќе биде понатаму, рече Шабани.
Според него, листата на чекање ќе се зголемува и поради претстојните годишни одмори.
На листата на чекање моментно има околу 50-60 пациенти. Јас како хирург имам три-четири зафати, цела Урологија конкретно има околу 40 зафати неделно... Здравствениот систем во Македонија, за жал, е централизиран и најголемиот дел од хируршките интервенции се прават во Скопје, истакна Шабани.
Додаде дека во моментот не може да се направи план како да се решава листата на чекање, бидејќи за техничкиот проблем со работа на салите е најдено „некое привремено решение“.
Како ќе биде не знаеме. Се наоѓаме во време на промена на влади, можеби и тоа малку влијае, меѓутоа мислам дека треба да се постапи за што побрзо решавање на тој проблем, рече хирургот уролог.

The post На листата на чекање моментно има околу 50-60 пациенти, вели д-р Шабани од Клиниката за урологија appeared first on Република.

]]>
Тригодишно дете место на операција пратено дома во гипс поради хаосот на Клиники https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/trigodishno-dete-mesto-na-operatsija-prateno-doma-vo-gips-poradi-haosot-na-kliniki/ Mon, 03 Jun 2024 19:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=784488

Тригодишно дете со скршена бутна коска, наместо операција си замина дома со гипс. Од Гостивар пред два дена го донеле на хируршките клиники со Брза Помош. Бидејќи не работи оперативниот блок лекарите им рекле на родителите да пробаат со гипсирана нога со надеж дека ќе му помине без интервенција.

Збореа дека во Велес треба да се направи операција со тим на доктори од тука, но бидејќи има сега гипс ќе видиме дали ќе помине, ако не во петок операција, вели мајка на тригодишно дете.

Малото момче од Гостивар е едно од многуте пациенти кои трпат стресови и нервози поради одложени операции. Пред хируршките клиники имале и син чиј татко од внатрешноста веќе три недели чека за операција со малигна болест. Еднаш биле дома, повторно се вратиле вчера но незнае кога неговиот родител кој досега на двапати го подготвувале за операција ќе влезе во сала.

Освен за најитни случаи во сали со компресори од надвор, на хирургија веќе 17 дена нема оперативен програм и стотици пациенти за хронични операции имаат одложени и пролонгирани термини. Директорите досега не излегоа во јавност, а за смрдеата во хируршкиот блок од заеднички служби топката ја префрлаат на клиниките.

Во меѓувреме, иако избран за пратеник во новиот состав, Илир Демири од „Европскиот фронт“ на ДУИ, противзакононски одбива да даде оставка од функцијата - министер за здравство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ke-gi-kazni-dhaferi-i-demiri-do-500-evra-ako-ne-se-otkazhat-od-dvojnite-funktsii/

The post Тригодишно дете место на операција пратено дома во гипс поради хаосот на Клиники appeared first on Република.

]]>

Тригодишно дете со скршена бутна коска, наместо операција си замина дома со гипс. Од Гостивар пред два дена го донеле на хируршките клиники со Брза Помош. Бидејќи не работи оперативниот блок лекарите им рекле на родителите да пробаат со гипсирана нога со надеж дека ќе му помине без интервенција.
Збореа дека во Велес треба да се направи операција со тим на доктори од тука, но бидејќи има сега гипс ќе видиме дали ќе помине, ако не во петок операција, вели мајка на тригодишно дете.
Малото момче од Гостивар е едно од многуте пациенти кои трпат стресови и нервози поради одложени операции. Пред хируршките клиники имале и син чиј татко од внатрешноста веќе три недели чека за операција со малигна болест. Еднаш биле дома, повторно се вратиле вчера но незнае кога неговиот родител кој досега на двапати го подготвувале за операција ќе влезе во сала. Освен за најитни случаи во сали со компресори од надвор, на хирургија веќе 17 дена нема оперативен програм и стотици пациенти за хронични операции имаат одложени и пролонгирани термини. Директорите досега не излегоа во јавност, а за смрдеата во хируршкиот блок од заеднички служби топката ја префрлаат на клиниките. Во меѓувреме, иако избран за пратеник во новиот состав, Илир Демири од „Европскиот фронт“ на ДУИ, противзакононски одбива да даде оставка од функцијата - министер за здравство. https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ke-gi-kazni-dhaferi-i-demiri-do-500-evra-ako-ne-se-otkazhat-od-dvojnite-funktsii/

The post Тригодишно дете место на операција пратено дома во гипс поради хаосот на Клиники appeared first on Република.

]]>
Со надворешни компресори и кислородни боци ќе се решава проблемот со хируршките сали на Клинички центар, почнуваат да се инсталираат во понеделник https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/so-nadvoreshni-kompresori-i-kislorodni-botsi-ke-se-reshava-problemot-so-hirurshkite-sali-na-klinichki-tsentar-pochnuvaat-da-se-instaliraat-vo-ponedelnik/ Sat, 01 Jun 2024 15:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=783904

Од понеделник почнува да се инсталираат надворешни компресори за да се вратат во функција хирушките сали а како дел од предоното решение на места ќе се оди и со поставување на кислородни боци кои ќе се менуваат на одреден временски период.

Ова како и засилувањето на персоналот на ГОБ 8 септемви и градската болница се преодните решенија кои ги побарале медицинските деиректори на хирушките клиники за да се нормализира работатат на хиршките оделенија до целосно решавање на проблемот, информираат од министрството за здравство за Канал 5.

Повеќе од две недели не работат хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје. Затворени се бидејќи се шири непријатна миризба.

The post Со надворешни компресори и кислородни боци ќе се решава проблемот со хируршките сали на Клинички центар, почнуваат да се инсталираат во понеделник appeared first on Република.

]]>

Од понеделник почнува да се инсталираат надворешни компресори за да се вратат во функција хирушките сали а како дел од предоното решение на места ќе се оди и со поставување на кислородни боци кои ќе се менуваат на одреден временски период. Ова како и засилувањето на персоналот на ГОБ 8 септемви и градската болница се преодните решенија кои ги побарале медицинските деиректори на хирушките клиники за да се нормализира работатат на хиршките оделенија до целосно решавање на проблемот, информираат од министрството за здравство за Канал 5. Повеќе од две недели не работат хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје. Затворени се бидејќи се шири непријатна миризба.  

The post Со надворешни компресори и кислородни боци ќе се решава проблемот со хируршките сали на Клинички центар, почнуваат да се инсталираат во понеделник appeared first on Република.

]]>
Ги чекаме анализите од Германија: Демири објасни зошто биле затворени хируршките сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gi-chekame-analizite-od-germanija-demiri-objasni-zoshto-bile-zatvoreni-hirurshkite-sali/ Mon, 27 May 2024 10:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=782034

Некаде пред 30 години се градени салите и тогаш е поставена инсталацијата за снабдување со кислород. Точно 30 години е компресорската станица. Пред месец дена имаше хаварија во станицата кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување и влезе масло во тие цевки, по што компресорот е надвор од употреба. Клиниката за хирургија функционираше со два компресори кои поминаа технички преглед од две независни институции - информира министерот за здравство, Илир Демири за ситуацијата со затворените хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје.

Додаде дека побарал од менаџерите на Центарот да поднесат барање, за да можат да се сервисираат компресорите.

Пред девет дена се случи истиот проблем и се појавува лоша миризба во мрежата на кислород и компромиран воздух. Повторно ги повикавме независните фирми кои спроведоа испитување. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, побаравме од странска компанија и денес се испратени мостри во Германија. Од двете независни компании со лаборатории не виделе никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорките станици - рече министерот на прес-конференција со медиумите.

Демири обелодени дека постигнале договор за алтернативно решение – да се оперираат само итни случаи, односно дистрибуцијата на пациенти да биде за неврохируршки потреби во Градската болница, додека за другите интервенции во болницата „8-ми Септември“. Министерот истакна и дека набавени се шест компресори и можат да послужат за итни и неодложени интервенции и за пациентите кои се на КАРИЛ.

Бидејќи е необјасниво, побарав од Обвинителството да спроведе истрага и да се пронајде причината за проблемот. Додека не заврши испитувањето од Германија и не дојдат анализите, Клиничкиот центар ќе се послужи со надворешни компресори, кажа Демири пред новинарите.

The post Ги чекаме анализите од Германија: Демири објасни зошто биле затворени хируршките сали appeared first on Република.

]]>

Некаде пред 30 години се градени салите и тогаш е поставена инсталацијата за снабдување со кислород. Точно 30 години е компресорската станица. Пред месец дена имаше хаварија во станицата кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување и влезе масло во тие цевки, по што компресорот е надвор од употреба. Клиниката за хирургија функционираше со два компресори кои поминаа технички преглед од две независни институции - информира министерот за здравство, Илир Демири за ситуацијата со затворените хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје.
Додаде дека побарал од менаџерите на Центарот да поднесат барање, за да можат да се сервисираат компресорите.
Пред девет дена се случи истиот проблем и се појавува лоша миризба во мрежата на кислород и компромиран воздух. Повторно ги повикавме независните фирми кои спроведоа испитување. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, побаравме од странска компанија и денес се испратени мостри во Германија. Од двете независни компании со лаборатории не виделе никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорките станици - рече министерот на прес-конференција со медиумите.
Демири обелодени дека постигнале договор за алтернативно решение – да се оперираат само итни случаи, односно дистрибуцијата на пациенти да биде за неврохируршки потреби во Градската болница, додека за другите интервенции во болницата „8-ми Септември“. Министерот истакна и дека набавени се шест компресори и можат да послужат за итни и неодложени интервенции и за пациентите кои се на КАРИЛ. Бидејќи е необјасниво, побарав од Обвинителството да спроведе истрага и да се пронајде причината за проблемот. Додека не заврши испитувањето од Германија и не дојдат анализите, Клиничкиот центар ќе се послужи со надворешни компресори, кажа Демири пред новинарите.

The post Ги чекаме анализите од Германија: Демири објасни зошто биле затворени хируршките сали appeared first on Република.

]]>
Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poveke-od-edna-nedela-ne-rabotat-hirurshkite-sali-na-klinichki/ Mon, 27 May 2024 05:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=781891

Јавен обвинител ќе ја испитува ситуацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ која настана со затворањето на хируршките сали, кои повеќе од една недела не работат. Во меѓувреме, од Mинистерството за здравство за овој проблем се уште немаат став, додека за денеска закажаа прес-конференција на министерот Илир Демири, но без најава на која тема.

Од ОЈО Скопје вчера за МИА информираа дека Министерството за здравство пратило известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело.

Како што објавија дел од медиумите, веќе е сослушан претставник на Министерстовтото за здравство, а од денеска информации со Обвинителството ќе споделат и директорите на клиниките.

За состојбите на клинички центар викендов на прес-конференција реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој рече дека цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, како и дека во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-dali-prichina-za-haosot-na-hirurgija-e-sistemot-za-komprimiraniot-vozduh-ili-ima-bakterija-mrsa/

Дали Кома центарот и КАРИЛ функционираат и дали пациенти се приклучени на истиот систем за воздух, заради кој пак систем се затворени салите за операции на трауматологија? Ако системот за компримираниот воздух се користи за пациентите во Кома центарот и КАРИЛ, зошто не би бил добар за операциските сали, и обратно, ако салите се затворени заради системот за воздух, зошто работи кај пациенти во Кома центарот и КАРИЛ? Дали причината за затворање на салите навистина е системот за воздух и климатизацијата, за што цела недела нема зафат за надминување на проблемот или се работи за сосема нешто друго? Дали тоа друго можеби е појава на бактеријата МРСА? Дали има вонредна контрола за хигиена на одделот траума? Дали брисевите од салите се негативни? Дали има интрахоспитални инфекции кај секој втор пациент на оваа клиника? Зошто истовремено со ЈО, Министерството за здравство не почне со решавање на проблемот? СДС и ДУИ се толку преокупирани со себе и одењето во опозиција, до толку што најфреквентната клиника ја претворија во руина, рече Стоилковски.

Во исто време, поради ситуацијата со хируршките сали на Клинички центар, во ГОБ „8 Септември“ и Градската општа болница - Хирургија „Св Наум Охридски“, ги прифаќаат итните пациенти не само од Скопје, туку и од другите градови, со што ги одложуваат веќе закажаните операции.

The post Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител ќе ја испитува ситуацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ која настана со затворањето на хируршките сали, кои повеќе од една недела не работат. Во меѓувреме, од Mинистерството за здравство за овој проблем се уште немаат став, додека за денеска закажаа прес-конференција на министерот Илир Демири, но без најава на која тема. Од ОЈО Скопје вчера за МИА информираа дека Министерството за здравство пратило известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело. Како што објавија дел од медиумите, веќе е сослушан претставник на Министерстовтото за здравство, а од денеска информации со Обвинителството ќе споделат и директорите на клиниките. За состојбите на клинички центар викендов на прес-конференција реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој рече дека цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, како и дека во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-dali-prichina-za-haosot-na-hirurgija-e-sistemot-za-komprimiraniot-vozduh-ili-ima-bakterija-mrsa/  
Дали Кома центарот и КАРИЛ функционираат и дали пациенти се приклучени на истиот систем за воздух, заради кој пак систем се затворени салите за операции на трауматологија? Ако системот за компримираниот воздух се користи за пациентите во Кома центарот и КАРИЛ, зошто не би бил добар за операциските сали, и обратно, ако салите се затворени заради системот за воздух, зошто работи кај пациенти во Кома центарот и КАРИЛ? Дали причината за затворање на салите навистина е системот за воздух и климатизацијата, за што цела недела нема зафат за надминување на проблемот или се работи за сосема нешто друго? Дали тоа друго можеби е појава на бактеријата МРСА? Дали има вонредна контрола за хигиена на одделот траума? Дали брисевите од салите се негативни? Дали има интрахоспитални инфекции кај секој втор пациент на оваа клиника? Зошто истовремено со ЈО, Министерството за здравство не почне со решавање на проблемот? СДС и ДУИ се толку преокупирани со себе и одењето во опозиција, до толку што најфреквентната клиника ја претворија во руина, рече Стоилковски.
Во исто време, поради ситуацијата со хируршките сали на Клинички центар, во ГОБ „8 Септември“ и Градската општа болница - Хирургија „Св Наум Охридски“, ги прифаќаат итните пациенти не само од Скопје, туку и од другите градови, со што ги одложуваат веќе закажаните операции.

The post Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички appeared first on Република.

]]>
Пет дена хируршките сали во Клиничкиот центар не работат, ќе се отворат откако ќе се открие од каде се шири непријатна миризба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-dena-hirurshkite-sali-vo-klinichkiot-tsentar-ne-rabotat-ke-se-otvorat-otkako-ke-se-otkrie-od-kade-se-shiri-neprijatna-mirizba/ Wed, 22 May 2024 13:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=780877

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил увид во хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но Инспекторатот, како што денеска изјави директорката Рената Младеновска, не е надлежен да постапува по ова прашање, па затоа го информирале министерот за здравство дека салите се затворени до решавање на проблемот.

Младеновска изрази надеж дека утре хируршките сали на Клиничкиот центар ќе бидат отворени.

Се надевам дека во текот на утрешниот ден би требало да има отворање на хируршките сали, доколку се открие каде лежи проблемот, односно каде е дефектот и од каде се шири непријатна миризба, изјави Младеновска, одговарајќи на новинарско прашање дека пет дена не се прават операции во овие сали.

Посочи дека имале состаноци со министерот за здравство и со директорите на хируршкиот блок и дека министерот издал налог за вонреден инспекциски надзор.

- Вчера бевме на сите хируршки клиники во целиот хируршки блок. Ние не можеме да постапуваме во однос на оваа проблематика, од причина што само проверивме дека на сите хируршки оддели има централен довод на гасови. Бидејќи не сме надлежна институција, само го информиравме за фактичката состојба, а тоа е дека салите сѐ уште се затворени до решавање на проблемот, појасни директорката на ДСЗИ.

Од Министерството за здравство вчера најавија дека хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Како што изјавија, проблемот со компримираниот воздух бил надминат и сервисирањето било успешно завршено.

Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”, информираа од Министерството за здравство.

The post Пет дена хируршките сали во Клиничкиот центар не работат, ќе се отворат откако ќе се открие од каде се шири непријатна миризба appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил увид во хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје, но Инспекторатот, како што денеска изјави директорката Рената Младеновска, не е надлежен да постапува по ова прашање, па затоа го информирале министерот за здравство дека салите се затворени до решавање на проблемот. Младеновска изрази надеж дека утре хируршките сали на Клиничкиот центар ќе бидат отворени.
Се надевам дека во текот на утрешниот ден би требало да има отворање на хируршките сали, доколку се открие каде лежи проблемот, односно каде е дефектот и од каде се шири непријатна миризба, изјави Младеновска, одговарајќи на новинарско прашање дека пет дена не се прават операции во овие сали.
Посочи дека имале состаноци со министерот за здравство и со директорите на хируршкиот блок и дека министерот издал налог за вонреден инспекциски надзор.
- Вчера бевме на сите хируршки клиники во целиот хируршки блок. Ние не можеме да постапуваме во однос на оваа проблематика, од причина што само проверивме дека на сите хируршки оддели има централен довод на гасови. Бидејќи не сме надлежна институција, само го информиравме за фактичката состојба, а тоа е дека салите сѐ уште се затворени до решавање на проблемот, појасни директорката на ДСЗИ.
Од Министерството за здравство вчера најавија дека хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Како што изјавија, проблемот со компримираниот воздух бил надминат и сервисирањето било успешно завршено.
Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”, информираа од Министерството за здравство.
 
The post Пет дена хируршките сали во Клиничкиот центар не работат, ќе се отворат откако ќе се открие од каде се шири непријатна миризба appeared first on Република.

]]>
Поради дефект на еден од компресорите два дена беа одложени елективните операции, но не и итните случаи, велат од Министертвото за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-defekt-na-eden-od-kompresorite-dva-dena-bea-odlozheni-elektivnite-operatsii-no-ne-i-itnite-sluchai-velat-od-ministertvoto-za-zdravstvo/ Thu, 11 Apr 2024 10:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=764914

Поради дефект на еден од компресорите два дена беа одложени елективните операции, но не и итните случаи за операција на пациенти, велат од Министертвото за здравство, откако Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ објави дека три дена се затворени сите хируршки сали на Клиниката за хирургија, не се одржуваат неопходни операции за итни и животозагрожувачки пациенти.

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар. Се работи за дефект на еден од компресорите поради што многу инструменти зависат од притисок кој го генерираат пумпите, затоа два дена елективната програма (операции кои не се итни, ), а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект. Во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 Септември“, ТОАРИЛУЦ, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ кадешто е постигнато усогласување и во тек е усвојување план како ќе се одвива кохортацијата на пациенти кога ќе почне реновирањето на КАРИЛ, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство додваат дека компресорската станица требала да биде променета уште пред три години.

Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар и брзо ќе се пристапи кон промена на сите компресори кои се дотраени, велат од МЗ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kolaps-na-zdravstvoto-tri-dena-se-zatvoreni-site-hirurshki-sali-na-hirurgija-vo-klinichki-tsentar/

The post Поради дефект на еден од компресорите два дена беа одложени елективните операции, но не и итните случаи, велат од Министертвото за здравство appeared first on Република.