хиперсонични ракети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hipersonichni-raketi/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 08:26:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хиперсонични ракети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hipersonichni-raketi/ 32 32 Кремљ: Русија ги предупреди САД дека ќе лансира хиперсонична ракета кон Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-rusija-gi-predupredi-sad-deka-ke-lansira-hipersonichna-raketa-kon-ukraina/ Fri, 22 Nov 2024 08:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=840643

Русија ги предупреди САД 30 минути пред да лансира хиперсонична балистичка ракета кон Украина, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Предупредувањето беше испратено автоматски 30 минути пред лансирањето, рече Песков, пренесоа руските агенции.

Според него, Москва одржува „постојана комуникација“ со САД во врска со нуклеарното оружје.

Русија изврши напад со балистички ракети со среден дострел на украински воен објект како одговор на неодамнешните украински напади со западно оружје со долг дострел, рече рускиот претседател Владимир Путин во вчерашното телевизиско обраќање.

Како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел, руските оружени сили денес извршија комбиниран напад на еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина, кажа Путин.

The post Кремљ: Русија ги предупреди САД дека ќе лансира хиперсонична ракета кон Украина appeared first on Република.

]]>

Русија ги предупреди САД 30 минути пред да лансира хиперсонична балистичка ракета кон Украина, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Предупредувањето беше испратено автоматски 30 минути пред лансирањето, рече Песков, пренесоа руските агенции. Според него, Москва одржува „постојана комуникација“ со САД во врска со нуклеарното оружје. Русија изврши напад со балистички ракети со среден дострел на украински воен објект како одговор на неодамнешните украински напади со западно оружје со долг дострел, рече рускиот претседател Владимир Путин во вчерашното телевизиско обраќање. Како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел, руските оружени сили денес извршија комбиниран напад на еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина, кажа Путин.

The post Кремљ: Русија ги предупреди САД дека ќе лансира хиперсонична ракета кон Украина appeared first on Република.

]]>
Кинa успешно тестирала нови хиперсонични ракети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-uspeshno-testirala-novi-hipersonichni-raketi/ Fri, 08 Jul 2022 10:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=525856

Тим инженери од кинескиот Северозападен политехнички универзитет (СПУ) успешно лансирале пробна ракета, со што верификувале неколку нови технологии што ќе се користат на хиперсоничните ракети.

Научниците соопштија дека ракетата наречена „Фејтaјен-1“ е опремена со мотор што согорува керозин и забрзува до хиперсонична брзина без да користи штетно гориво, како што е течен водород.

Технологиите тестирани на оваа ракета може да се користат и за изградба на вселенски бродови, а тоа нуди нови можности за повеќекратна употреба на авиони, ракети и вселенски летала кои можат да летаат и во воздухот и во Вселената.

„Фејтајен“ се нарекуваат и вселенските одела што ќе се користат на новата кинеска вселенска станица.

Ова име се однесува на будистички божици кои летаат на небото, а на современиот кинески јазик тоа значи и летање, но без будистички контекст.

The post Кинa успешно тестирала нови хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>

Тим инженери од кинескиот Северозападен политехнички универзитет (СПУ) успешно лансирале пробна ракета, со што верификувале неколку нови технологии што ќе се користат на хиперсоничните ракети. Научниците соопштија дека ракетата наречена „Фејтaјен-1“ е опремена со мотор што согорува керозин и забрзува до хиперсонична брзина без да користи штетно гориво, како што е течен водород. Технологиите тестирани на оваа ракета може да се користат и за изградба на вселенски бродови, а тоа нуди нови можности за повеќекратна употреба на авиони, ракети и вселенски летала кои можат да летаат и во воздухот и во Вселената. „Фејтајен“ се нарекуваат и вселенските одела што ќе се користат на новата кинеска вселенска станица. Ова име се однесува на будистички божици кои летаат на небото, а на современиот кинески јазик тоа значи и летање, но без будистички контекст.

The post Кинa успешно тестирала нови хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>
Кирби: Нема објаснување за руската употреба на хиперсонични ракети https://arhiva3.republika.mk/vesti/kirbi-nema-objasnuvanje-za-ruskata-upotreba-na-hipersonichni-raketi/ Wed, 23 Mar 2022 08:21:22 +0000 https://republika.mk/?p=476958

САД не разбраа зошто руските вооружени сили одлучија да употребат хиперсонична ракета за време на инвазијата врз Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета.

Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа, рече Кирби.

Нејасно е кои биле нивните намери, додаде портпаролот на Пентагон.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков претходно изјави дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина.

The post Кирби: Нема објаснување за руската употреба на хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>

САД не разбраа зошто руските вооружени сили одлучија да употребат хиперсонична ракета за време на инвазијата врз Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета. Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа, рече Кирби. Нејасно е кои биле нивните намери, додаде портпаролот на Пентагон. Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков претходно изјави дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина.

The post Кирби: Нема објаснување за руската употреба на хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>
На Пентагон не му е јасно зошто руските сили употребиле хиперсонични ракети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-pentagon-ne-mu-e-jasno-zoshto-ruskite-sili-upotrebile-hipersonichni-raketi/ Wed, 23 Mar 2022 07:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=476929

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека САД не разбраат зошто руските вооружени сили одлучиле да употребат хиперсонична ракета за време на воената акција во Украина.

Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета.

Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа. Нејасно е кои биле нивните намери - изјави Кирби.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, претходно соопшти дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина.

The post На Пентагон не му е јасно зошто руските сили употребиле хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека САД не разбраат зошто руските вооружени сили одлучиле да употребат хиперсонична ракета за време на воената акција во Украина. Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета.
Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа. Нејасно е кои биле нивните намери - изјави Кирби.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, претходно соопшти дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина.

The post На Пентагон не му е јасно зошто руските сили употребиле хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>
Крстосувачките и суперсонични ракети Русија ги истрелала од Крим и Црното и Каспиското Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/krstosuvachkite-i-supersonichni-raketi-rusija-gi-istrelala-od-krim-i-crnoto-i-kaspiskoto-more/ Sun, 20 Mar 2022 09:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=475602

Русија ја гаѓаше Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и од Каспиското Море и лансираше суперсонични ракети од воздушниот простор на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека цел на нападите во саботата навечер и денеска наутро е воената инфраструктура на Украина.

Крстосувачки ракети „Калибар“ беа лансирани од Црното Море кон фабрика во градот Нижин, која ги поправа украинските оклопни возила оштетени во борбите, рече Конашенков.

Русија лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Каспиското Море и суперсонични ракети „Кинжал“ од воздушниот простор на Крим за да го уништи складиштето за гориво што го користи украинската армија, додаде Конашенков.

Тоа е складиште за гориво во регионот на Николаев. Според Министерството, уништената цел била „главниот извор на гориво за украинските оклопни возила“ распоредени на југот на земјата.

Русија го погоди и украинскиот воен центар, во кој се сместени странски доброволци во регионот Житомир, 150 километри западно од Киев. Во нападот загинаа повеќе од 100 (украински) специјални сили и странски платеници, соопшти руското МО.

Засега нема потврда од украинска страна ниту од независни извори.

The post Крстосувачките и суперсонични ракети Русија ги истрелала од Крим и Црното и Каспиското Море appeared first on Република.

]]>

Русија ја гаѓаше Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и од Каспиското Море и лансираше суперсонични ракети од воздушниот простор на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека цел на нападите во саботата навечер и денеска наутро е воената инфраструктура на Украина. Крстосувачки ракети „Калибар“ беа лансирани од Црното Море кон фабрика во градот Нижин, која ги поправа украинските оклопни возила оштетени во борбите, рече Конашенков. Русија лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Каспиското Море и суперсонични ракети „Кинжал“ од воздушниот простор на Крим за да го уништи складиштето за гориво што го користи украинската армија, додаде Конашенков. Тоа е складиште за гориво во регионот на Николаев. Според Министерството, уништената цел била „главниот извор на гориво за украинските оклопни возила“ распоредени на југот на земјата. Русија го погоди и украинскиот воен центар, во кој се сместени странски доброволци во регионот Житомир, 150 километри западно од Киев. Во нападот загинаа повеќе од 100 (украински) специјални сили и странски платеници, соопшти руското МО. Засега нема потврда од украинска страна ниту од независни извори.

The post Крстосувачките и суперсонични ракети Русија ги истрелала од Крим и Црното и Каспиското Море appeared first on Република.

]]>