„Хинкеман“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hinkeman/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 09:43:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Хинкеман“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hinkeman/ 32 32 Прва реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prva-repriza-na-pretstavata-hinkeman-vo-rezhija-i-adaptatsija-na-tamara-stojanoska-vo-mkts/ Fri, 22 Nov 2024 09:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=840716

Во понеделник(25.11) со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар Скопје ќе се изведе првата реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска а во продукција на Театар „Златен Елец“ и Фестивалот МОТ.

Претставата „Хинкеман“ е работена според анти-воената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер чија најголема инспирација бил актуелниот историски контекст и времето во кое создава. Текстот се обидува да ја пренесе духовната ситуација на народот и истовремено бара правда и подобра иднина со цел да се исправи кривата сликата на тогашното општество. Во текстот на Толер се препознаваме и денес, а со тоа треба да се запрашаме дали воопшто нешто се менува во длабочината на човечкото однесување. Овој текст е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. „Хинкеман“ е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние кои се различни на било кој начин, секогаш, во било кој историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата.

 

Хинкеман, нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние кои се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво. Низ неговото патување, се потсетуваме дека секој поединец, без разлика колку е скршен или различен, заслужува достоинство и сочувство. Oва е повик да се изгради општество кое им помага на луѓето наместо да ги турка на маргините – општество каде емпатијата е извор на сила, трансформирајќи ги не само поединците, туку и светот околу нас. – вели режисерката Тамара Стојаноска.

Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски, музиката е на Лука Тошев, дизајнер на рекламен материјал е Бојана Цилевска а фотографиите се на Тамара Малкоска и Александар Ристовски.

 

Оваа копродукциска претстава со фестивалот МОТ е резултат на наградата „Биш“ на Театар „Златен Елец“ за претставата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, која е сеуште активна претстава со вкупно четири награди на различни театарски фестивали.

The post Прва реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во понеделник(25.11) со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар Скопје ќе се изведе првата реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска а во продукција на Театар „Златен Елец“ и Фестивалот МОТ. Претставата „Хинкеман“ е работена според анти-воената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер чија најголема инспирација бил актуелниот историски контекст и времето во кое создава. Текстот се обидува да ја пренесе духовната ситуација на народот и истовремено бара правда и подобра иднина со цел да се исправи кривата сликата на тогашното општество. Во текстот на Толер се препознаваме и денес, а со тоа треба да се запрашаме дали воопшто нешто се менува во длабочината на човечкото однесување. Овој текст е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. „Хинкеман“ е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние кои се различни на било кој начин, секогаш, во било кој историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата.   Хинкеман, нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние кои се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво. Низ неговото патување, се потсетуваме дека секој поединец, без разлика колку е скршен или различен, заслужува достоинство и сочувство. Oва е повик да се изгради општество кое им помага на луѓето наместо да ги турка на маргините – општество каде емпатијата е извор на сила, трансформирајќи ги не само поединците, туку и светот околу нас. – вели режисерката Тамара Стојаноска. Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски, музиката е на Лука Тошев, дизајнер на рекламен материјал е Бојана Цилевска а фотографиите се на Тамара Малкоска и Александар Ристовски.   Оваа копродукциска претстава со фестивалот МОТ е резултат на наградата „Биш“ на Театар „Златен Елец“ за претставата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, која е сеуште активна претстава со вкупно четири награди на различни театарски фестивали.

The post Прва реприза на претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Со претставата „Хинкеман“ во режија на Тамара Стојаноска започнува 49. издание на МОТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-pretstavata-hinkeman-vo-rezhija-na-tamara-stojanoska-zapochnuva-49-izdanie-na-mot/ Fri, 15 Nov 2024 08:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=837965

Со претставата „Хинкеман“, во режија на Тамара Стојаноска на независниот театар „Златен Елец“, вечерва во 20 во Младиониот културен центар (МКЦ) се отвора 49. издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).

„Наградата „Биш“ што ја добивме минатата година на 48.МОТ за претставата „Кенди“ нѝ отвори нови професионални шанси, гостувања на фестивали надвор од државата, запознавање со врвни театарски уметници и секако можност за работење на нова претстава за МОТ оваа година. Многу ми значи и ми е драго што текстот на Ернст Толер и приказната за Јуџин Хинкеман ќе има премиера токму на овој фестивал кој секогаш дава слобода и простор за разговарање на важни општествени теми и различни форми на театарско изразување, изјави режисерката Стојаноска.

Значењето на МОТ за развојот на младите театарски сили и театарскиот живот воопшто, го потврдува и Стојаноска.

Многу од претставите што ги имам гледано на овој фестивал оставиле голем емотивен впечаток кај мене и инспирирана од духот на МОТ и времето во кое живееме се решив да го работам овој текст. Се работи за една приказна која е многу директна, искрена и на моменти сурова, како системот во кој сите ние преживуваме и преку една камерна форма се надеваме дека ќе се доближиме до публиката и ќе ја пренесеме пораката за ширење на емпатија и мир,  вели таа.

Претставата „Хинкеман“ е работена според антивоената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер, која е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Текстот е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние што се различни на кој било начин, секогаш, во кој било историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата. Хинкеман нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние што се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво.

Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски.

МОТ, по вечерашната премиера ќе понуди театарски претстави работилница и мастерклас, кои ќе се одвиваат на сцените на МКЦ, во Албанскиот театар и во приватна куќа од 15 до 21 ноември.

Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ bileti.mkc.mk.

 

The post Со претставата „Хинкеман“ во режија на Тамара Стојаноска започнува 49. издание на МОТ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Хинкеман“, во режија на Тамара Стојаноска на независниот театар „Златен Елец“, вечерва во 20 во Младиониот културен центар (МКЦ) се отвора 49. издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).
„Наградата „Биш“ што ја добивме минатата година на 48.МОТ за претставата „Кенди“ нѝ отвори нови професионални шанси, гостувања на фестивали надвор од државата, запознавање со врвни театарски уметници и секако можност за работење на нова претстава за МОТ оваа година. Многу ми значи и ми е драго што текстот на Ернст Толер и приказната за Јуџин Хинкеман ќе има премиера токму на овој фестивал кој секогаш дава слобода и простор за разговарање на важни општествени теми и различни форми на театарско изразување, изјави режисерката Стојаноска.
Значењето на МОТ за развојот на младите театарски сили и театарскиот живот воопшто, го потврдува и Стојаноска.
Многу од претставите што ги имам гледано на овој фестивал оставиле голем емотивен впечаток кај мене и инспирирана од духот на МОТ и времето во кое живееме се решив да го работам овој текст. Се работи за една приказна која е многу директна, искрена и на моменти сурова, како системот во кој сите ние преживуваме и преку една камерна форма се надеваме дека ќе се доближиме до публиката и ќе ја пренесеме пораката за ширење на емпатија и мир,  вели таа.
Претставата „Хинкеман“ е работена според антивоената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер, која е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Текстот е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние што се различни на кој било начин, секогаш, во кој било историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата. Хинкеман нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние што се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво. Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски. МОТ, по вечерашната премиера ќе понуди театарски претстави работилница и мастерклас, кои ќе се одвиваат на сцените на МКЦ, во Албанскиот театар и во приватна куќа од 15 до 21 ноември. Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ bileti.mkc.mk.  

The post Со претставата „Хинкеман“ во режија на Тамара Стојаноска започнува 49. издание на МОТ appeared first on Република.

]]>