химара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/himara/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Aug 2024 12:44:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png химара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/himara/ 32 32 Во Химара се бира нов градоначалник Грк, откако осудениот замина да биде европратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-himara-se-bira-nov-gradonachalnik-grk-otkako-osudeniot-zamina-da-bide-evropratenik/ Sun, 04 Aug 2024 13:16:30 +0000 https://republika.mk/?p=803248

Во албанското приморско гратче, Химара, денеска се спроведуваат делумни избори за градоначалник, каде граѓаните со право на глас треба да изберат кој од двајцата кандидати ќе биде на чело на општината во следните три години.

Во трката за градоначалник се Вангел Таво, кандидат  на владејачката Социјалистичка партија и Петраќ Ѓикурија, од опозициската коалиција „Заедно победуваме“. Таво е познато лице од политиката, додека Ѓикурија е емигрант кој се вратил од САД, и  во своето родно место Дримада има свој бизнис.

Иако и двајцата се припадници на грчкото малцинство, на кое му прпаѓаат и поголемиот процент од жителите на оваа општина,  Ѓикурија ја има подршката од Партијата за заштита на човековите права, која е дел од опозициската коалиција како и друштвото „Омонија“ и двата субјекта на грчкото малцинство.

Во единствениот избирачки список се запишани 23.074 лица со право на глас,  се гласа на 34 избирачки места а според Централната изборна комисија до пладне излезеноста е над 17 отсто. Излезеноста се смета за ниска, поради најавите дека голем број Албански Грци, кои живеат и работат во Грција ќе дојдат да гласаат.

Делумните избори се спроведуваат откако Фреди Белери, не даде заклетва во превидениот рок со изборниот законик. Тој на ланските локални избори,  одржани на 14 мај,  беше реизбран за градоначалник иако два дена пред изборите, беше уапсен и беше во притвор под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (360 евра во тоа време) за да купи осум гласови. Потоа беше осуден со две години затворска казна.
Има двојно државјанство и освои место во Европскиот парламент, претставувајќи ја владејачката конзервативна партија Нова демократија, на изборите за ЕУ, одржани во јуни. Беше ослободен неколку дена за да може да даде заклетва.

На сите судски сеанси ги отфрлаше обвиненијата, официјална Атина го опиша неговото притворање како политички мотивирано и од самиот почеток на случајот односите меѓу двете земји се заладени. Грција ја повика албанската влада да го запре судењето, а потоа бараше да биде целосно ослободен, условувајќи ја со евроинтегративниот пат.

The post Во Химара се бира нов градоначалник Грк, откако осудениот замина да биде европратеник appeared first on Република.

]]>

Во албанското приморско гратче, Химара, денеска се спроведуваат делумни избори за градоначалник, каде граѓаните со право на глас треба да изберат кој од двајцата кандидати ќе биде на чело на општината во следните три години. Во трката за градоначалник се Вангел Таво, кандидат  на владејачката Социјалистичка партија и Петраќ Ѓикурија, од опозициската коалиција „Заедно победуваме“. Таво е познато лице од политиката, додека Ѓикурија е емигрант кој се вратил од САД, и  во своето родно место Дримада има свој бизнис. Иако и двајцата се припадници на грчкото малцинство, на кое му прпаѓаат и поголемиот процент од жителите на оваа општина,  Ѓикурија ја има подршката од Партијата за заштита на човековите права, која е дел од опозициската коалиција како и друштвото „Омонија“ и двата субјекта на грчкото малцинство. Во единствениот избирачки список се запишани 23.074 лица со право на глас,  се гласа на 34 избирачки места а според Централната изборна комисија до пладне излезеноста е над 17 отсто. Излезеноста се смета за ниска, поради најавите дека голем број Албански Грци, кои живеат и работат во Грција ќе дојдат да гласаат. Делумните избори се спроведуваат откако Фреди Белери, не даде заклетва во превидениот рок со изборниот законик. Тој на ланските локални избори,  одржани на 14 мај,  беше реизбран за градоначалник иако два дена пред изборите, беше уапсен и беше во притвор под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (360 евра во тоа време) за да купи осум гласови. Потоа беше осуден со две години затворска казна. Има двојно државјанство и освои место во Европскиот парламент, претставувајќи ја владејачката конзервативна партија Нова демократија, на изборите за ЕУ, одржани во јуни. Беше ослободен неколку дена за да може да даде заклетва. На сите судски сеанси ги отфрлаше обвиненијата, официјална Атина го опиша неговото притворање како политички мотивирано и од самиот почеток на случајот односите меѓу двете земји се заладени. Грција ја повика албанската влада да го запре судењето, а потоа бараше да биде целосно ослободен, условувајќи ја со евроинтегративниот пат.

The post Во Химара се бира нов градоначалник Грк, откако осудениот замина да биде европратеник appeared first on Република.

]]>
Мицотакис се сретна со градоначалникот во Албанија кој од затвор стана европратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-se-sretna-so-gradonachalnikot-vo-albanija-koj-od-zatvor-stana-evropratenik/ Mon, 15 Jul 2024 13:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=797098

Откако доби петдневна дозвола за излез од албанскиот затвор за да положи свечена заклетва како нов европратеник, градоначалникот на Химара, осуден на затворска казна Фреди Белери денеска во Атина се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој воедно беше и иницијатор за вклучување на Белери во кандидатската листа на Нова демократија за европските избори, јави дописничката на МИА од Атина.

Белери претпладневно од Тирана пристигна во Атина, а пред да замине за Стразбур за утрешната седница, беше примен од Мицотакис во премиерската палата.

-Многу ми е драго што се чини дека ѝ се ближи крајот на оваа голема перипетија. Беше сторено она што се подразбира, доби дозвола за да можеш да ги извршуваш своите должности и да положиш заклетва. Се надевам дека многу скоро конечно ќе излезеш од затвор, за да се затвори ова болно поглавје за сите нас, за да продолжиме понатаму и да гледаме напред, рече Мицотакис на почетокот на средбата.

Ја изрази поддршката за грчкото малцинство во Албанија, истакнувајќи дека Тирана треба, без отстапки, да ги почитува своите европски обврски.

Белери, му се заблагодари на Мицотакис за поддршката, како и за довербата што ја добил да биде дел од кандидатите од Нова демократија.

-Сметам дека владеењето на правото, правото на избор и да бидеш избран не е нешто што се подразбира во државата во која живееме. Сакам да помогнам во ова. Да му помогнам на грчкото национално малцинство да остане во јадрата на своите предци, но и оваа држава да се приближи и да стане членка на европското семејство, рече Белери.

Како што вчера објави МИА, албанските власти му одобрија на Белери да отпатува во Франција за да учествува на инаугуративната седница на Европскиот парламент како грчки европратеник.

Фреди Белери (52), припадник на грчкото малцинство во Албанија, отслужува двегодишна затворска казна за купување гласови пред неговиот избор во мај 2023 година за градоначалник на Химара во јужна Албанија.

The post Мицотакис се сретна со градоначалникот во Албанија кој од затвор стана европратеник appeared first on Република.

]]>

Откако доби петдневна дозвола за излез од албанскиот затвор за да положи свечена заклетва како нов европратеник, градоначалникот на Химара, осуден на затворска казна Фреди Белери денеска во Атина се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој воедно беше и иницијатор за вклучување на Белери во кандидатската листа на Нова демократија за европските избори, јави дописничката на МИА од Атина. Белери претпладневно од Тирана пристигна во Атина, а пред да замине за Стразбур за утрешната седница, беше примен од Мицотакис во премиерската палата.
-Многу ми е драго што се чини дека ѝ се ближи крајот на оваа голема перипетија. Беше сторено она што се подразбира, доби дозвола за да можеш да ги извршуваш своите должности и да положиш заклетва. Се надевам дека многу скоро конечно ќе излезеш од затвор, за да се затвори ова болно поглавје за сите нас, за да продолжиме понатаму и да гледаме напред, рече Мицотакис на почетокот на средбата.
Ја изрази поддршката за грчкото малцинство во Албанија, истакнувајќи дека Тирана треба, без отстапки, да ги почитува своите европски обврски. Белери, му се заблагодари на Мицотакис за поддршката, како и за довербата што ја добил да биде дел од кандидатите од Нова демократија.
-Сметам дека владеењето на правото, правото на избор и да бидеш избран не е нешто што се подразбира во државата во која живееме. Сакам да помогнам во ова. Да му помогнам на грчкото национално малцинство да остане во јадрата на своите предци, но и оваа држава да се приближи и да стане членка на европското семејство, рече Белери.
Како што вчера објави МИА, албанските власти му одобрија на Белери да отпатува во Франција за да учествува на инаугуративната седница на Европскиот парламент како грчки европратеник. Фреди Белери (52), припадник на грчкото малцинство во Албанија, отслужува двегодишна затворска казна за купување гласови пред неговиот избор во мај 2023 година за градоначалник на Химара во јужна Албанија.

The post Мицотакис се сретна со градоначалникот во Албанија кој од затвор стана европратеник appeared first on Република.

]]>
Дали Грција ќе стави вето на Албанија? Одземен мандатот на грчкиот градоначалник на Химара https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dali-grtsija-ke-stavi-veto-na-albanija-odzemen-mandatot-na-grchkiot-gradonachalnik-na-himara/ Fri, 05 Jul 2024 15:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=793872

Денешната одлука на Централната изборна комисија на Албанија да му се одземе мандатот на Фреди Белери, без воопшто да положи заклетва како градоначалник на Химара, претставува новопојавена практика и претходно одреден исход на процесот со многу прашалници во однос на основните принципи на владеењето на правото, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението по одлуката на ЦИК за Белери, кој воедно е и избран европратеник од Нова демократија, од грчкото МНР велат дека „Грција навреме ја изрази својата силна загриженост за одземањето на презумцијата на невиност, за интегритетот на доказниот процес, за забраната да положи заклетва, за изречената непропорционална казна, како и за фактот дека со општина Химара веќе една година управуваат неовластени лица“.

Дополнително уште еднаш посочуваат дека албанските власти имаат обврската да ги преземат сите неопходни мерки за веднаш да му овозможат на Белери да учествува во работата на Европскиот почнувајќи од седницата на 16 јули во Стразбур.

Белери (52) на ланските локални избори, одржани на 14 мај, беше реизбран за градоначалник на Химара, 240 километри јужно од главниот град Тирана. Два дена пред изборите, беше уапсен под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (360 евра во тоа време) за да купи осум гласови, од кога е во притвор, поради што и не положи заклетва.

Албанскиот специјален апелациски суд на 25 минатиот месец на Белери, кој е припадник на грчкото малцинство, му ја потврди двегодишната затворска казна

The post Дали Грција ќе стави вето на Албанија? Одземен мандатот на грчкиот градоначалник на Химара appeared first on Република.

]]>

Денешната одлука на Централната изборна комисија на Албанија да му се одземе мандатот на Фреди Белери, без воопшто да положи заклетва како градоначалник на Химара, претставува новопојавена практика и претходно одреден исход на процесот со многу прашалници во однос на основните принципи на владеењето на правото, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението по одлуката на ЦИК за Белери, кој воедно е и избран европратеник од Нова демократија, од грчкото МНР велат дека „Грција навреме ја изрази својата силна загриженост за одземањето на презумцијата на невиност, за интегритетот на доказниот процес, за забраната да положи заклетва, за изречената непропорционална казна, како и за фактот дека со општина Химара веќе една година управуваат неовластени лица“. Дополнително уште еднаш посочуваат дека албанските власти имаат обврската да ги преземат сите неопходни мерки за веднаш да му овозможат на Белери да учествува во работата на Европскиот почнувајќи од седницата на 16 јули во Стразбур. Белери (52) на ланските локални избори, одржани на 14 мај, беше реизбран за градоначалник на Химара, 240 километри јужно од главниот град Тирана. Два дена пред изборите, беше уапсен под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (360 евра во тоа време) за да купи осум гласови, од кога е во притвор, поради што и не положи заклетва. Албанскиот специјален апелациски суд на 25 минатиот месец на Белери, кој е припадник на грчкото малцинство, му ја потврди двегодишната затворска казна

The post Дали Грција ќе стави вето на Албанија? Одземен мандатот на грчкиот градоначалник на Химара appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се разгледува жалбата на градоначалникот поради кој Албанија доби вето од Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/utre-ke-se-razgleduva-zhalbata-na-gradonachalnikot-poradi-koj-albanija-dobi-veto-od-grtsija/ Thu, 13 Jun 2024 10:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=787166

Утре ќе биде разгледана жалбата поднесена од Фреди Белерис против првата судска одлука по која тој ќе биде осуден.

Ова е особено важно бидејќи Белерис покрај тоа што е  градоначалник на  Химара тој стана и европратеник. Како нов пратеник треба  да положи заклетва со останатите европратеници на 16 јули.

Случајот „Белерис“ беше повод за првото вето од Грција за Албанија.

 

The post Утре ќе се разгледува жалбата на градоначалникот поради кој Албанија доби вето од Грција appeared first on Република.

]]>

Утре ќе биде разгледана жалбата поднесена од Фреди Белерис против првата судска одлука по која тој ќе биде осуден. Ова е особено важно бидејќи Белерис покрај тоа што е  градоначалник на  Химара тој стана и европратеник. Како нов пратеник треба  да положи заклетва со останатите европратеници на 16 јули. Случајот „Белерис“ беше повод за првото вето од Грција за Албанија.  

The post Утре ќе се разгледува жалбата на градоначалникот поради кој Албанија доби вето од Грција appeared first on Република.

]]>
Грчкиот градоначалник поради кој Албанија доби вето од Грција стана европратении од партијата на Мицотакис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkiot-gradonachalnik-poradi-koj-albanija-dobi-veto-od-grtsija-stana-evropratenii-od-partijata-na-mitsotakis/ Mon, 10 Jun 2024 07:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=786047

Уапсениот градоначалник на јужната албанска општина Химара, Фреди Белери, кој беше предложен за европратеник од владејачката партија Нова демократија во Грција, доби место во Европскиот парламент, јавува Euronews Албанија.

Според податоците на албанските медиуми Белери е на третото место по гласови во партијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според Еуроњуз Албанија, тој треба да биде меѓу седумте европратеници кои ќе ја претставуваат „Нова демократија“ во Европскиот парламент.

Фреди Белери, кој е етнички Грк, беше уапсен два дена пред локалните избори во Албанија на 14 мај 2023 година, под обвинение за купување гласови. Во март годинава беше осуден на две години затвор. Од грчка страна ја доведоа во прашање правичноста на судскиот процес против него и јасно ставија до знаење дека тоа може да ја загрози европската интеграција на Албанија.

По изборот за европратеник, Белери им се заблагодари на Грците кои „го почестија со својот глас“ и ја опиша веста како „победа на светлината над темнината“.

Белери додава дека војната е добиена благодарение на гордоста и патриотизмот на Грците.

Во пораката до поддржувачите, тој подвлекува дека гласот на грчкото малцинството во Албанија сега ќе биде уште посилен

The post Грчкиот градоначалник поради кој Албанија доби вето од Грција стана европратении од партијата на Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Уапсениот градоначалник на јужната албанска општина Химара, Фреди Белери, кој беше предложен за европратеник од владејачката партија Нова демократија во Грција, доби место во Европскиот парламент, јавува Euronews Албанија. Според податоците на албанските медиуми Белери е на третото место по гласови во партијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според Еуроњуз Албанија, тој треба да биде меѓу седумте европратеници кои ќе ја претставуваат „Нова демократија“ во Европскиот парламент. Фреди Белери, кој е етнички Грк, беше уапсен два дена пред локалните избори во Албанија на 14 мај 2023 година, под обвинение за купување гласови. Во март годинава беше осуден на две години затвор. Од грчка страна ја доведоа во прашање правичноста на судскиот процес против него и јасно ставија до знаење дека тоа може да ја загрози европската интеграција на Албанија. По изборот за европратеник, Белери им се заблагодари на Грците кои „го почестија со својот глас“ и ја опиша веста како „победа на светлината над темнината“. Белери додава дека војната е добиена благодарение на гордоста и патриотизмот на Грците. Во пораката до поддржувачите, тој подвлекува дека гласот на грчкото малцинството во Албанија сега ќе биде уште посилен

The post Грчкиот градоначалник поради кој Албанија доби вето од Грција стана европратении од партијата на Мицотакис appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Албанија: Шеф на полиција со глисер усмрти седумгодишно девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-albanija-shef-na-policija-so-gliser-usmrti-sedumgodishno-devojche/ Sat, 06 Aug 2022 05:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=537275

Арјан Тасе, поранешен началник на градската полиција на Химара на југот на Албанија, е обвинет за убиството на 7-годишната Јонада Авдија, што се случи во вторникот на плажата Потами во Химара.

Седумгодишното девојче загинало откако Тасе ја удрил со чамец додека седела на морскиот брег. Тасе тврди дека изгубил контрола над возилото, но очевидци тврдат дека вршел опасни маневри и дека се возел преблиску до брегот.

Авдија летувала со семејството на плажата Потами.

Дојде со голема брзина кон мене и неа. Нурнав, а чамецот директно удри во ќерка ми, изјави Бледар Авдија, татко на 7-годишната Јонада, по несреќата.

„Блиц“ пишува дека Тасе се степал со таткото по инцидентот на плажата. На социјалните мрежи е објавено видео на кое наводно може да се види физичка пресметка меѓу нив двајца.

Авдија за локалните медиуми изјавил дека тој и неговата ќерка биле на плажата Потами тој ден кога видел бел глисер со две лица како доаѓа кон него со голема брзина. Вели успеал да нурне за да го избегн, но чамецот потоа со дел од моторот удрил во неговата ќерка.

Полицијата соопшти дека 7-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди при ударот од пропелерот на моторот и дека починало на лице место.

Инспекторите велат дека Тасе ги однел членовите на неговото семејство од Порто Палермо на плажата Потами.

Тасе првично беше обвинет за убиство од небрежност, но обвинението на крајот беше отфрлено и потоа беше обвинет за тешко убиство.

Отпуштени се 15 полицајци кои тој ден ја чувале плажата.

Тасе требаше да се појави на суд во петок.

Поради смртта на девојчето избувнаа протести, а десетина демонстранти се судрија и со полицијата во главниот град Тирана.

The post Трагедија во Албанија: Шеф на полиција со глисер усмрти седумгодишно девојче appeared first on Република.

]]>

Арјан Тасе, поранешен началник на градската полиција на Химара на југот на Албанија, е обвинет за убиството на 7-годишната Јонада Авдија, што се случи во вторникот на плажата Потами во Химара. Седумгодишното девојче загинало откако Тасе ја удрил со чамец додека седела на морскиот брег. Тасе тврди дека изгубил контрола над возилото, но очевидци тврдат дека вршел опасни маневри и дека се возел преблиску до брегот. Авдија летувала со семејството на плажата Потами.
Дојде со голема брзина кон мене и неа. Нурнав, а чамецот директно удри во ќерка ми, изјави Бледар Авдија, татко на 7-годишната Јонада, по несреќата.
„Блиц“ пишува дека Тасе се степал со таткото по инцидентот на плажата. На социјалните мрежи е објавено видео на кое наводно може да се види физичка пресметка меѓу нив двајца. Авдија за локалните медиуми изјавил дека тој и неговата ќерка биле на плажата Потами тој ден кога видел бел глисер со две лица како доаѓа кон него со голема брзина. Вели успеал да нурне за да го избегн, но чамецот потоа со дел од моторот удрил во неговата ќерка. Полицијата соопшти дека 7-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди при ударот од пропелерот на моторот и дека починало на лице место. Инспекторите велат дека Тасе ги однел членовите на неговото семејство од Порто Палермо на плажата Потами. Тасе првично беше обвинет за убиство од небрежност, но обвинението на крајот беше отфрлено и потоа беше обвинет за тешко убиство. Отпуштени се 15 полицајци кои тој ден ја чувале плажата. Тасе требаше да се појави на суд во петок. Поради смртта на девојчето избувнаа протести, а десетина демонстранти се судрија и со полицијата во главниот град Тирана.

The post Трагедија во Албанија: Шеф на полиција со глисер усмрти седумгодишно девојче appeared first on Република.

]]>