Хималаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/himalai/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Oct 2023 13:13:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хималаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/himalai/ 32 32 Најмалку 23 војници исчезнале во силните поплави на Хималаите https://arhiva3.republika.mk/vesti/najmalku-23-vojnitsi-ischeznale-vo-silnite-poplavi-na-himalaite/ Wed, 04 Oct 2023 13:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=687909

Најмалку 23 војници се водат за исчезнати по силните поплави што ја зафатија долината на Хималаите, во североисточна Индија, соопшти индиската армија. Овој далечен планински венец на Хималаите се наоѓа во близина на границата на Индија со Непал. Езерото Лонак се наоѓа во подножјето на глечерот во близина на Кангченџунга, третиот највисок врв во светот.

Поради низводната брана која претходно испушти вода, нивото на реката Тиста е за 4,5 метри повисоко од нормалното. На видео снимка објавена од портпарол на индиската армија се гледа како надојдениот кафен порој се влева во долината обрасната со шума, преминува преку патишта и носи далноводи на својот пат.

Поплавите и свлечиштата се релативно честа појава во Индија и предизвикуваат многу штети, особено за време на сезоната на монсуни, што трае од јуни до септември. Но, до октомври поголемиот дел од монсуните обично завршува. Експертите велат дека климатските промени ги прават овие катастрофи почести и поголеми.

Топењето на глечерите, исто така, го зголемува нивото на реките, а нерегулираната градба во областите подложни на поплави создава дополнителна штета. Хималајските глечери се топат побрзо од кога било поради климатските промени, изложувајќи ги жителите на непредвидливи катастрофи.

The post Најмалку 23 војници исчезнале во силните поплави на Хималаите appeared first on Република.

]]>

Најмалку 23 војници се водат за исчезнати по силните поплави што ја зафатија долината на Хималаите, во североисточна Индија, соопшти индиската армија. Овој далечен планински венец на Хималаите се наоѓа во близина на границата на Индија со Непал. Езерото Лонак се наоѓа во подножјето на глечерот во близина на Кангченџунга, третиот највисок врв во светот. Поради низводната брана која претходно испушти вода, нивото на реката Тиста е за 4,5 метри повисоко од нормалното. На видео снимка објавена од портпарол на индиската армија се гледа како надојдениот кафен порој се влева во долината обрасната со шума, преминува преку патишта и носи далноводи на својот пат. Поплавите и свлечиштата се релативно честа појава во Индија и предизвикуваат многу штети, особено за време на сезоната на монсуни, што трае од јуни до септември. Но, до октомври поголемиот дел од монсуните обично завршува. Експертите велат дека климатските промени ги прават овие катастрофи почести и поголеми. Топењето на глечерите, исто така, го зголемува нивото на реките, а нерегулираната градба во областите подложни на поплави создава дополнителна штета. Хималајските глечери се топат побрзо од кога било поради климатските промени, изложувајќи ги жителите на непредвидливи катастрофи.

The post Најмалку 23 војници исчезнале во силните поплави на Хималаите appeared first on Република.

]]>
Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavina-zatrupa-21-planinar-na-himalaite-2/ Tue, 04 Oct 2022 15:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=557297

Група од 21 планинар исчезна на индиските Хималаи откако ги зароби лавина на северот на Индија, соопштија денес за официјални лица.
На планинскиот врв кој се наоѓа во синџирот Гаготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасителите од снегот извлекоа осум планинари, а за преостанатите 21 планинар уште се трага. Сите исчезнати биле на обука во планинарскиот инсититут, но далеку од местото на лавината, изјави шефот на полициката на Утараканда Ашок Кумар, пренесе АП.

Највисокиот избран службеник на државата Утарканд Пушкар Стинг Дами рече дека националните сили за регирање при катастрофи и индиската војска распоредиле тимови да помогнат во напорите за спасување,пренесе Ројтерс.

Индиските воздухопловни сили распоредиле два хеликоптери во потрага за исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утарканд. Минатата година пукањето на глечери во државата резултираше со бујна поплава во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>

Група од 21 планинар исчезна на индиските Хималаи откако ги зароби лавина на северот на Индија, соопштија денес за официјални лица. На планинскиот врв кој се наоѓа во синџирот Гаготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина. Спасителите од снегот извлекоа осум планинари, а за преостанатите 21 планинар уште се трага. Сите исчезнати биле на обука во планинарскиот инсититут, но далеку од местото на лавината, изјави шефот на полициката на Утараканда Ашок Кумар, пренесе АП. Највисокиот избран службеник на државата Утарканд Пушкар Стинг Дами рече дека националните сили за регирање при катастрофи и индиската војска распоредиле тимови да помогнат во напорите за спасување,пренесе Ројтерс. Индиските воздухопловни сили распоредиле два хеликоптери во потрага за исчезнатите. Лавините се вообичаени во планинските области на Утарканд. Минатата година пукањето на глечери во државата резултираше со бујна поплава во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>
Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lavina-zatrupa-21-planinar-na-himalaite/ Tue, 04 Oct 2022 13:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=557269

Група од 21 планинар се водат за исчезнати на индиските Хималаи кога беа заробени од лавина во северна Индија, соопштија денеска официјални лица.

На планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасувачите од снегот извлекоа осум планинари, а потрагата по преостанатите 21 сè уште трае, изјави началникот на полицијата во Утараханд, Ашок Кумар, пренесува АП.

Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори, објави „Ројтерс“.

Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптера во потрага по исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд. Минатата година пукна глечер, што резултира со поплава, во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

 

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>

Група од 21 планинар се водат за исчезнати на индиските Хималаи кога беа заробени од лавина во северна Индија, соопштија денеска официјални лица. На планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите група од 29 луѓе беше погодена од лавина. Спасувачите од снегот извлекоа осум планинари, а потрагата по преостанатите 21 сè уште трае, изјави началникот на полицијата во Утараханд, Ашок Кумар, пренесува АП. Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори, објави „Ројтерс“. Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптера во потрага по исчезнатите. Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд. Минатата година пукна глечер, што резултира со поплава, во која загинаа повеќе од 200 луѓе.  

The post Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите appeared first on Република.

]]>