Хидри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hidri/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Jun 2024 19:53:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хидри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hidri/ 32 32 Бетер од Англичани: Туристи од Казахстан запалија грчки остров https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/beter-od-angichani-turisti-od-kazahstan-zapalija-grchki-ostrov/ Sat, 22 Jun 2024 19:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=789832

Во Грција уапсени се 13 туристи од Казахстан бидејќи со огномет предизвикале пожар на островот Хидри, во Аргосаронскиот залив на Егејското Море, меѓу Атина и Пелопонез.

Одземена е и изнајмената јахта од која во петокот вечерта беше испланиран огнометот, објави вечерва грчката комерцијална РТВ СКАИ.

Според информациите, тие биле уапсени благодарение на извештаите на сведоците и навигацискиот надзор набрзо по избувнувањето на пожарот во боровата шума, на Хидра, каде што паднале ракетите од нивниот огномет. Пожарникарите го изгаснале пожарот истата вечер.

Уапсените Казахстанци во недела наутро по итна, задолжителна постапка ќе бидат изведени пред кривичниот обвинител во Пиреја.

Хидра е една од главните точки на туризмот за богатата клиентела во Грција, особено наутичкиот туризам. Името го добила затоа што има невообичаено голем број на извори на вода, а е многу пошумена. За да се зачува природата, на островот нема моторни возила. Плажите на островот се меѓу светски познатите плажи.

The post Бетер од Англичани: Туристи од Казахстан запалија грчки остров appeared first on Република.

]]>

Во Грција уапсени се 13 туристи од Казахстан бидејќи со огномет предизвикале пожар на островот Хидри, во Аргосаронскиот залив на Егејското Море, меѓу Атина и Пелопонез. Одземена е и изнајмената јахта од која во петокот вечерта беше испланиран огнометот, објави вечерва грчката комерцијална РТВ СКАИ. Според информациите, тие биле уапсени благодарение на извештаите на сведоците и навигацискиот надзор набрзо по избувнувањето на пожарот во боровата шума, на Хидра, каде што паднале ракетите од нивниот огномет. Пожарникарите го изгаснале пожарот истата вечер. Уапсените Казахстанци во недела наутро по итна, задолжителна постапка ќе бидат изведени пред кривичниот обвинител во Пиреја. Хидра е една од главните точки на туризмот за богатата клиентела во Грција, особено наутичкиот туризам. Името го добила затоа што има невообичаено голем број на извори на вода, а е многу пошумена. За да се зачува природата, на островот нема моторни возила. Плажите на островот се меѓу светски познатите плажи.

The post Бетер од Англичани: Туристи од Казахстан запалија грчки остров appeared first on Република.

]]>