хидраулична рака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hidraulichna-raka/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Nov 2022 09:17:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хидраулична рака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hidraulichna-raka/ 32 32 Ученици од Неготино изработија иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали за чистење на околината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenici-od-negotino-izrabotija-inovativna-hidraulichna-raka-od-reciklirani-materijali-za-chistenje-na-okolinata/ Sat, 05 Nov 2022 09:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=569810

Ученици од Неготино изработија макета на иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали, за да ја одржува околината чиста. Како што информираат од Основното општинско училиште „Гоце Делчев“, учениците својот изум го нарекоа „Гоца“.

Таа има за задача да ја одржува средината еколошки чиста. Направена е од медицински материјали – шприцови, црева од инфузии, шпатули, чепкалки, картон, стеги…

„Гоца“ се движи како природна рака со помош на вода и со управување способна е да ги фати отпадоците на плажата и да ги смести во канта за отпадоци. Системот на кој работи „Гоца“ самиот по себе е еколошки и не ја загадува човековата околина. Воедно, целата макета е изработена од рециклирани материјали. Рачно преработена хартија, картон, лепакот е состав од брашно и вода, песок, искористени празни лименки и чашки, природен камен, стара кантичка и глина. Со нејзината изработка на ваков начин и со вакви материјали, ја заштитуваме околината, велат од училиштето.

Оттаму додаваат дека макетата може да се искористи да го разубави ентериерот и нагласуваат дека таа пренесува и порака, луѓето да воочат дека и од веќе еднаш употребени материјали, може да се направи нешто корисно и убаво за светот.

Од училиштето појаснуваат дека во проектот, учествуваат учениците Иван Колев, Надица Ставрова, Немања Стојановиќ, Веселина Вељанова, Благица Накова, Илина Ставрова, Марија Михајловска и Марија Петков. Ментори се Ѓурѓица Андонова, Тања Петков, Весна Ристова и Пандорка Илкова.

The post Ученици од Неготино изработија иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали за чистење на околината appeared first on Република.

]]>

Ученици од Неготино изработија макета на иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали, за да ја одржува околината чиста. Како што информираат од Основното општинско училиште „Гоце Делчев“, учениците својот изум го нарекоа „Гоца“. Таа има за задача да ја одржува средината еколошки чиста. Направена е од медицински материјали – шприцови, црева од инфузии, шпатули, чепкалки, картон, стеги…
„Гоца“ се движи како природна рака со помош на вода и со управување способна е да ги фати отпадоците на плажата и да ги смести во канта за отпадоци. Системот на кој работи „Гоца“ самиот по себе е еколошки и не ја загадува човековата околина. Воедно, целата макета е изработена од рециклирани материјали. Рачно преработена хартија, картон, лепакот е состав од брашно и вода, песок, искористени празни лименки и чашки, природен камен, стара кантичка и глина. Со нејзината изработка на ваков начин и со вакви материјали, ја заштитуваме околината, велат од училиштето.
Оттаму додаваат дека макетата може да се искористи да го разубави ентериерот и нагласуваат дека таа пренесува и порака, луѓето да воочат дека и од веќе еднаш употребени материјали, може да се направи нешто корисно и убаво за светот. Од училиштето појаснуваат дека во проектот, учествуваат учениците Иван Колев, Надица Ставрова, Немања Стојановиќ, Веселина Вељанова, Благица Накова, Илина Ставрова, Марија Михајловска и Марија Петков. Ментори се Ѓурѓица Андонова, Тања Петков, Весна Ристова и Пандорка Илкова.

The post Ученици од Неготино изработија иновативна хидраулична рака од рециклирани материјали за чистење на околината appeared first on Република.

]]>