Хибридниот тероризам на хибридниот режим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hibridniot-terorizam-na-hibridniot-rezhim/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Mar 2023 22:34:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хибридниот тероризам на хибридниот режим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hibridniot-terorizam-na-hibridniot-rezhim/ 32 32 Хибридниот тероризам на хибридниот режим https://arhiva3.republika.mk/kolumni/hibridniot-terorizam-na-hibridniot-rezhim/ Wed, 08 Mar 2023 18:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=617456

Петар Поп - Арсов

„Се наоѓаме под интензивен хибриден напад!“ – соопшти Оливер Спасовски на утринското интервју во понеделникот, посветено на лажните дојави за поставени бомби во македонските училишта.

„Не, не е хибриден напад! Станува збор за хибридни закани! Едно се хибридни закани, а друго се хибридните напади!“ – се предомисли Оливер во продолжение на интервјуто. Малку ги измеша термините „сајбер напади“ и „хибридни закани“, но нема врска, разбираме што сакаше да ни каже министерот. Не мора тој да ги владее сите термини. Млад е, ќе научи. Само шест-седум години е министер за внатрешни.

„Нападите доаѓаат од Русија, Иран и од малолетници“ – нѐ информираше министерот Спасовски за сознанијата до кои дошле МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации и останатите релевантни институции, кои како оперативен тим на владата сите заедно се борат против напаѓачите.

„До сега во пет случаи се откриени и фатени малолетници кон кои е поведена постапка“ – рече Оливер. Русите и Иранците уште не се фатени, но веќе е изолирана поголема група на сторители кои оперативниот тим само што не ги фатил. Да бидеме коректни, првата реченицата е парафраза на нешто што беше кажано од министерот, додека она за Русите и Иранците тој не го кажа во таква форма, но се наметнува како заклучок од она што тој претходно ни го соопшти.
„Малолетниците се процесоирани и во соработка со Обвинителството ќе бидат превземени сите понатамошни чекори“, но во секој случај не може да бидат гонети за тероризам... затоа што се малолетни. Но, Русите и Иранците нека му ја мислат, нема да ја имаат таа привилегија! Тоа е вториот заклучок од интервјуто на Спасовски со кое сакаше да ја утеши нацијата.

Спасовски рече и дека не сака да го политизира проблемот со лажните дојави за бомби, но за секој случај посочи дека претставници на некоја политичка партија (не кажа која) постојано ги критикувале постапките и мерките кои што ги преземала оваа влада, МВР и оперативниот тим. „Тоа фрла веќе некаков друг сомнеж во целиот овој процес“ – вели Спасовски, но сепак тој не сака сето ова да се политизира. Не сака, но покрај Русите, Иранците и оние најопасните, малолетниците, Спасовски посочи нов осомничен, „некоја политичка партија“. Но, тој сепак сака да остане коректен и не му е намерата да го политизира проблемот. Таман работа.

Замислете, човекот кој што е најповикан да ја реши мистеријата со лажните дојави за поставени бомби, човекот кој што до сега требаше да го затвори случајот, демонстрираше класично политизирање на ова безбедносно прашање посочувајќи странски држави и домашни политички партии како осомничени за ваквите хибридни напади. И малолетниците, нив да не ги заборавиме, тие се најопасни. Според Оливер, тука нема политизирање, нема воопшто. Чист професионализам.

Неколку дена претходно, неговиот шеф, Ковачевски, воопшто „не политизираше“ кога нѐ извести дека новите електронски адреси на училиштата веднаш дошле во рацете на „хибридните заканувачи“, благодарение на кртови од внатре. Адреси кои се наоѓале на заштитен сервер на Министерството за образование биле доставени до осомничените заканувачи. Значи сега имаме осомничени за доставување на електронските адреси до осомничените за дојавување на лажни бомби.

Станува комплицирано за следење.

За едно сум сигурен, малолетниците отпаѓаат како осомничени дека ги пробиле електронските адреси затоа што не се вработени во МОН. Не можат да бидат внатрешни кртови. Русите и Иранците исто така отпаѓаат бидејќи се надворешни елементи. Остануваат претставниците на онаа, „некоја“ политичка партија чии што кртови растур ги направија Ковачевски и Спасовски. Тие сироти уште не можат да ги откријат и покрај формираниот оперативен тим помогнат од сите релевантни институции.

Навистина трагично! Целата нација е тероризирана од лажните дојави за поставени бомби, родителите и учениците се под стрес и постојан притисок, а Ковачевски и Спасовски без никаков резултат, без никаков срам и чувство за одговорност излегуваат во јавноста без да ни соопштат веродостојна информација која ќе има здраворазумска логика и ќе нѐ увери во нивната намера дека навистина сакаат да го решат случајот и не сакаат да политизираат.

Интересен е податокот што по интервјуто на Спасовски дадено во понеделникот, нема дојава за бомби овие неколку дена. Значи ли тоа дека Русите, Иранците, малолетниците и оние од „некоја“ политичка партија се исплашија од јавниот настап на Спасовски и се изнапикаа по разно разни дупки за да не бидат откриени? Да не се случеше она убиството на нарко мафијашите или да не ги видовме оние спектакуларни дриблинзи, забивања, хет-трик и трипл-дабл остварувања на министрите во владата на Ковачевски од партијата ДУИ, ќе умревме од досада. Ќе немаше со што да се преокупира вниманието на овој народ и ќе мораше да мислиме на сопствените проблеми и сиромаштија.

Вака, во само неколку дена ни беше овозможена несекојдневна спектакуларна забава во рамките на која можевме да го видиме контрастот меѓу расположените, разиграните и безгрижните министри на ДУИ наспроти загрижените лица на родителите, дедовците и бабите кои ги земаат сопствените деца од училиштата по дојавите за бомби. Ковачевски како премиер, треба да води грижа и за едните и за другите. Едните да ги дисциплинира, другите да ги успокои. Но тоа е, батали, нема полза од него.

Во приказнава се поставува клучното прашање, на кого му одговара состојбата со хибридните закани?

Индикацијата дека заканите доаќаат од Русија или од Иран некако се несериозни. Спасовски информираше дека вакви дојави имало и во САД, Германија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Нов Зеланд. Русите да се занимаваат со Американците или со Гернманците, некако и ќе разберам, особено во контекст на војната во Украина. Но, да се занимаваат со останатите земји посочени од Спасовски, особено со Македонија, некако нема логика. Нити сме некој сериозен фактор кој што воено или политички ги загрозува, ниту пак имаме некој сериозен придонес во рамките на НАТО. Од друга страна, Србија сè уште се нема дистанцирано од Русија и затоа не гледам причина зошто Македонија и Србија би биле ставени во ист пакет од страна на Русија за да бидат хибридно третирани.

Понатаму. Ако се работеше за „некоја“ политичка партија која ја осомничи Спасовски, таа партија до сега ќе беше распната на столбот на срамот, а нејзините претставници кои би биле директо инволвирани во овој случај ќе беа судени за тероризам. Толку за оваа група осомничени.

Малолетниците не можат да бидат судени за тероризам, но затоа можат да кажат кој „чичко“ ги стимулирал да праќаат лажни дојави. Спасовски овде има конкретни информации и треба да ги сподели со јавноста. Неговото молчење и таинственост се сомнителни и нѐ водат кон заклучок дека тој ги знае „чичковците“ кои ги менторираат малолетните терористи или пак е толку неспособен што веќе шест месеци го дриблаат деца. Барем да го дриблаа кариоките од ДУИ, ќе го разберевме човекот.

Од друга страна, бројните афери што ги има владата на СДСМ, притисокот што ни го наметна за уставните измени, отворањето на бугарските клубови со несоодветни имиња, менувањето на коалиционите партнери без додадена политичка вредност изразена во пратенички мандати, економските проблеми, задолжувањето, пропаѓањето на издавањето на еврообврзницата, мултимилионските тендери за градење на автопати по енормно високи цени и многу други промашувања имаат потреба од дефокус. Лажните дојави за бомби во училиштата се прекрасен дефокус кој доаѓа „како нарачан“ од и за оваа влада?! Хибридниот режим има потреба од хибридни закани! Тие меѓусебно се комплементарни и меѓусебно си го продолжуваат сопствениот животен век.

Ако не е така, Спасовски нека ме демантира. Тој ги има сите институционални алатки за да го стори тоа. Нека излезе веднаш со конкретни информации и конкретни решенија за да стави крај на сето ова.

Во спротивно, логиката вели дека тој или е неспособен или е дел од хибридниот театар!

The post Хибридниот тероризам на хибридниот режим appeared first on Република.

]]>

Петар Поп - Арсов

„Се наоѓаме под интензивен хибриден напад!“ – соопшти Оливер Спасовски на утринското интервју во понеделникот, посветено на лажните дојави за поставени бомби во македонските училишта. „Не, не е хибриден напад! Станува збор за хибридни закани! Едно се хибридни закани, а друго се хибридните напади!“ – се предомисли Оливер во продолжение на интервјуто. Малку ги измеша термините „сајбер напади“ и „хибридни закани“, но нема врска, разбираме што сакаше да ни каже министерот. Не мора тој да ги владее сите термини. Млад е, ќе научи. Само шест-седум години е министер за внатрешни. „Нападите доаѓаат од Русија, Иран и од малолетници“ – нѐ информираше министерот Спасовски за сознанијата до кои дошле МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации и останатите релевантни институции, кои како оперативен тим на владата сите заедно се борат против напаѓачите. „До сега во пет случаи се откриени и фатени малолетници кон кои е поведена постапка“ – рече Оливер. Русите и Иранците уште не се фатени, но веќе е изолирана поголема група на сторители кои оперативниот тим само што не ги фатил. Да бидеме коректни, првата реченицата е парафраза на нешто што беше кажано од министерот, додека она за Русите и Иранците тој не го кажа во таква форма, но се наметнува како заклучок од она што тој претходно ни го соопшти. „Малолетниците се процесоирани и во соработка со Обвинителството ќе бидат превземени сите понатамошни чекори“, но во секој случај не може да бидат гонети за тероризам... затоа што се малолетни. Но, Русите и Иранците нека му ја мислат, нема да ја имаат таа привилегија! Тоа е вториот заклучок од интервјуто на Спасовски со кое сакаше да ја утеши нацијата. Спасовски рече и дека не сака да го политизира проблемот со лажните дојави за бомби, но за секој случај посочи дека претставници на некоја политичка партија (не кажа која) постојано ги критикувале постапките и мерките кои што ги преземала оваа влада, МВР и оперативниот тим. „Тоа фрла веќе некаков друг сомнеж во целиот овој процес“ – вели Спасовски, но сепак тој не сака сето ова да се политизира. Не сака, но покрај Русите, Иранците и оние најопасните, малолетниците, Спасовски посочи нов осомничен, „некоја политичка партија“. Но, тој сепак сака да остане коректен и не му е намерата да го политизира проблемот. Таман работа. Замислете, човекот кој што е најповикан да ја реши мистеријата со лажните дојави за поставени бомби, човекот кој што до сега требаше да го затвори случајот, демонстрираше класично политизирање на ова безбедносно прашање посочувајќи странски држави и домашни политички партии како осомничени за ваквите хибридни напади. И малолетниците, нив да не ги заборавиме, тие се најопасни. Според Оливер, тука нема политизирање, нема воопшто. Чист професионализам. Неколку дена претходно, неговиот шеф, Ковачевски, воопшто „не политизираше“ кога нѐ извести дека новите електронски адреси на училиштата веднаш дошле во рацете на „хибридните заканувачи“, благодарение на кртови од внатре. Адреси кои се наоѓале на заштитен сервер на Министерството за образование биле доставени до осомничените заканувачи. Значи сега имаме осомничени за доставување на електронските адреси до осомничените за дојавување на лажни бомби. Станува комплицирано за следење. За едно сум сигурен, малолетниците отпаѓаат како осомничени дека ги пробиле електронските адреси затоа што не се вработени во МОН. Не можат да бидат внатрешни кртови. Русите и Иранците исто така отпаѓаат бидејќи се надворешни елементи. Остануваат претставниците на онаа, „некоја“ политичка партија чии што кртови растур ги направија Ковачевски и Спасовски. Тие сироти уште не можат да ги откријат и покрај формираниот оперативен тим помогнат од сите релевантни институции. Навистина трагично! Целата нација е тероризирана од лажните дојави за поставени бомби, родителите и учениците се под стрес и постојан притисок, а Ковачевски и Спасовски без никаков резултат, без никаков срам и чувство за одговорност излегуваат во јавноста без да ни соопштат веродостојна информација која ќе има здраворазумска логика и ќе нѐ увери во нивната намера дека навистина сакаат да го решат случајот и не сакаат да политизираат. Интересен е податокот што по интервјуто на Спасовски дадено во понеделникот, нема дојава за бомби овие неколку дена. Значи ли тоа дека Русите, Иранците, малолетниците и оние од „некоја“ политичка партија се исплашија од јавниот настап на Спасовски и се изнапикаа по разно разни дупки за да не бидат откриени? Да не се случеше она убиството на нарко мафијашите или да не ги видовме оние спектакуларни дриблинзи, забивања, хет-трик и трипл-дабл остварувања на министрите во владата на Ковачевски од партијата ДУИ, ќе умревме од досада. Ќе немаше со што да се преокупира вниманието на овој народ и ќе мораше да мислиме на сопствените проблеми и сиромаштија. Вака, во само неколку дена ни беше овозможена несекојдневна спектакуларна забава во рамките на која можевме да го видиме контрастот меѓу расположените, разиграните и безгрижните министри на ДУИ наспроти загрижените лица на родителите, дедовците и бабите кои ги земаат сопствените деца од училиштата по дојавите за бомби. Ковачевски како премиер, треба да води грижа и за едните и за другите. Едните да ги дисциплинира, другите да ги успокои. Но тоа е, батали, нема полза од него. Во приказнава се поставува клучното прашање, на кого му одговара состојбата со хибридните закани? Индикацијата дека заканите доаќаат од Русија или од Иран некако се несериозни. Спасовски информираше дека вакви дојави имало и во САД, Германија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Нов Зеланд. Русите да се занимаваат со Американците или со Гернманците, некако и ќе разберам, особено во контекст на војната во Украина. Но, да се занимаваат со останатите земји посочени од Спасовски, особено со Македонија, некако нема логика. Нити сме некој сериозен фактор кој што воено или политички ги загрозува, ниту пак имаме некој сериозен придонес во рамките на НАТО. Од друга страна, Србија сè уште се нема дистанцирано од Русија и затоа не гледам причина зошто Македонија и Србија би биле ставени во ист пакет од страна на Русија за да бидат хибридно третирани. Понатаму. Ако се работеше за „некоја“ политичка партија која ја осомничи Спасовски, таа партија до сега ќе беше распната на столбот на срамот, а нејзините претставници кои би биле директо инволвирани во овој случај ќе беа судени за тероризам. Толку за оваа група осомничени. Малолетниците не можат да бидат судени за тероризам, но затоа можат да кажат кој „чичко“ ги стимулирал да праќаат лажни дојави. Спасовски овде има конкретни информации и треба да ги сподели со јавноста. Неговото молчење и таинственост се сомнителни и нѐ водат кон заклучок дека тој ги знае „чичковците“ кои ги менторираат малолетните терористи или пак е толку неспособен што веќе шест месеци го дриблаат деца. Барем да го дриблаа кариоките од ДУИ, ќе го разберевме човекот. Од друга страна, бројните афери што ги има владата на СДСМ, притисокот што ни го наметна за уставните измени, отворањето на бугарските клубови со несоодветни имиња, менувањето на коалиционите партнери без додадена политичка вредност изразена во пратенички мандати, економските проблеми, задолжувањето, пропаѓањето на издавањето на еврообврзницата, мултимилионските тендери за градење на автопати по енормно високи цени и многу други промашувања имаат потреба од дефокус. Лажните дојави за бомби во училиштата се прекрасен дефокус кој доаѓа „како нарачан“ од и за оваа влада?! Хибридниот режим има потреба од хибридни закани! Тие меѓусебно се комплементарни и меѓусебно си го продолжуваат сопствениот животен век. Ако не е така, Спасовски нека ме демантира. Тој ги има сите институционални алатки за да го стори тоа. Нека излезе веднаш со конкретни информации и конкретни решенија за да стави крај на сето ова. Во спротивно, логиката вели дека тој или е неспособен или е дел од хибридниот театар!

The post Хибридниот тероризам на хибридниот режим appeared first on Република.

]]>