хибридни закани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hibridni-zakani/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Mar 2023 07:32:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хибридни закани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hibridni-zakani/ 32 32 Петровска: Хибридните напади се со цел паѓање на Владите, најчесто оние прозападните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-hibridnite-napadi-se-so-tsel-pagane-na-vladite-najchesto-onie-prozapadnite/ Tue, 14 Mar 2023 22:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=619721

Хибридните напади се со цел да се предизвика паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21.

Според неа, очигледно е дека напаѓачот не сака да имаме стабилен и мирен Балкан.

Најчесто целта на хибридните војни или сајбер напади е практично да дојде до пореметување на општественото живеење што впрочем и се случува кога има зачестени напади. Се повеќе и повеќе кога се создава задоволство во едно општество се надополнува со незадоволство на друга сфера. Целта е да се предизвика, најчесто тоа е, паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани, вели Петровска.

https://youtube.com/watch?v=y3hMypXMrPw&feature=shares

The post Петровска: Хибридните напади се со цел паѓање на Владите, најчесто оние прозападните appeared first on Република.

]]>

Хибридните напади се со цел да се предизвика паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21. Според неа, очигледно е дека напаѓачот не сака да имаме стабилен и мирен Балкан.
Најчесто целта на хибридните војни или сајбер напади е практично да дојде до пореметување на општественото живеење што впрочем и се случува кога има зачестени напади. Се повеќе и повеќе кога се создава задоволство во едно општество се надополнува со незадоволство на друга сфера. Целта е да се предизвика, најчесто тоа е, паѓање на Владите, најчесто оние кои се западно ориентирани, вели Петровска.
https://youtube.com/watch?v=y3hMypXMrPw&feature=shares

The post Петровска: Хибридните напади се со цел паѓање на Владите, најчесто оние прозападните appeared first on Република.

]]>
Спасовски: ИП-адресите за лажните дојави водат кон Иран и Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ip-adresite-za-lazhnite-dojavi-vodat-kon-iran-i-rusija/ Mon, 06 Mar 2023 09:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=616343

Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува низ целата територија на земјата, при што беа зафатени околу 120 објекти, не само училиштата. Безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена, но мораше да се постапува според упатствата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски во гостувањето на Телевизија 24, рече дека интензивно се работи на откривање на сторителите, посочувајќи дека од 19 октомври па се до денеска со опфатени повеќе од 520 објекти со лажните дојави.

Неколку случаи беа разрешени. Сега имаме една изолирана група и се работи на случајот. Не станува збор за закани кои се случуваат само во нашата земја туку со истото се соочуваат и земјите од регионот. Во последните денови мејловите се испратени од адреси во Иран и Русија, а уплатите на ВПН услугите се со криптовалути што го отежнува пронаоѓањето, вели Спасовски.

Спасовски вели дека во еден дел станува збор за алгоритам и тоа се оние напади кои стасуваат од надвор. Дојавите од Македонија главно се од малолетници, но за тоа нема сега да се споделуваат информации со јавноста. Групата се истражува за да се обезбедат доказите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zakanuvachite-so-bombi-nema-da-se-gonat-za-terorizam/

Тој додава дека новото упатство прави проценка на ризик, па оттука и отсега па натаму ќе се преземаат мерки, но без да се нарушува образовниот процес во училиштата.

Спасовски, посочи дека е направен оперативен тим од различни институции кои учествуваат со свои експерти и бараат соодветни решенија за да се најде поинаков пристап кон електронските закани, исто така, нагласувајќи дека е донесено ново успатство за постапување и од петокот училиштата функционираат според тоа упатство.

The post Спасовски: ИП-адресите за лажните дојави водат кон Иран и Русија appeared first on Република.

]]>

Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува низ целата територија на земјата, при што беа зафатени околу 120 објекти, не само училиштата. Безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена, но мораше да се постапува според упатствата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спасовски во гостувањето на Телевизија 24, рече дека интензивно се работи на откривање на сторителите, посочувајќи дека од 19 октомври па се до денеска со опфатени повеќе од 520 објекти со лажните дојави.
Неколку случаи беа разрешени. Сега имаме една изолирана група и се работи на случајот. Не станува збор за закани кои се случуваат само во нашата земја туку со истото се соочуваат и земјите од регионот. Во последните денови мејловите се испратени од адреси во Иран и Русија, а уплатите на ВПН услугите се со криптовалути што го отежнува пронаоѓањето, вели Спасовски.
Спасовски вели дека во еден дел станува збор за алгоритам и тоа се оние напади кои стасуваат од надвор. Дојавите од Македонија главно се од малолетници, но за тоа нема сега да се споделуваат информации со јавноста. Групата се истражува за да се обезбедат доказите. https://republika.mk/vesti/makedonija/zakanuvachite-so-bombi-nema-da-se-gonat-za-terorizam/ Тој додава дека новото упатство прави проценка на ризик, па оттука и отсега па натаму ќе се преземаат мерки, но без да се нарушува образовниот процес во училиштата. Спасовски, посочи дека е направен оперативен тим од различни институции кои учествуваат со свои експерти и бараат соодветни решенија за да се најде поинаков пристап кон електронските закани, исто така, нагласувајќи дека е донесено ново успатство за постапување и од петокот училиштата функционираат според тоа упатство.

The post Спасовски: ИП-адресите за лажните дојави водат кон Иран и Русија appeared first on Република.

]]>
По три месеци закани денеска се формираше Оперативен тим за справување со хибридни закани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-tri-meseci-zakani-deneska-se-formirashe-operativen-tim-za-spravuvanje-so-hibridni-zakani/ Mon, 19 Dec 2022 19:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=587799

Безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните, констатираше Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница на состанокот што се одржа денеска по честите дојави за бомби во државава.

На состанокот е донесена одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани.

Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација и координација, како и со меѓународните партнери од безбедносниот сектор со кои постојано работат на размена на информации и искуства во справувањето со хибридните закани, соопштија од Владата по третата седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

Со оперативниот тим за сајбер безбедност и хибридни закани ќе раководи Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи.  Оперативниот тим ќе биде составен од експерти од Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање. Предвидено е по потреба да бидат вклучени и други институции и експерти.

Главни задачи на оперативниот тим ќе бидат стручната процена и препораки, изработка на минимум стандарди и опрема за градење отпорност на секоја институција и зајакнување на комуникацијата со јавноста на дневно ниво. Меѓу другото, донесен е и заклучок со кој се зајакнува комуникацијата со партнерски институции во делот на проценката на отпорност и заштита на системот, велат од Владата.

На состанокот присуствувале првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, министерите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Бујар Османи и за одбрана Славјанка Петровска, директорите на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, раководителот на Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање полковник Ивица Ампов, а како ад-хок присуствувал и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Седницата е свикана на иницијатива на канцеларијата на Советот предводена од секретарот Даниела Илиоска.

Како што информираа претходно МВР,  денеска попладне, на електронските адреси на 15 училишта во Скопје (13 средни и две основни)  е упатена закана за поставена експлозивна направа. Во дел од објектите веќе се завршени проверките и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, аво останатите проверките се во тек.

Седницата на Советот за координација ја најави минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  а по честите дојави за поставени експлозивни направи во училишта, институции, спортски објекти, хотели, станбени комплекси, трговски центри и на Скопскиот аеродром. Во сите случаи беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.

The post По три месеци закани денеска се формираше Оперативен тим за справување со хибридни закани appeared first on Република.

]]>

Безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните, констатираше Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница на состанокот што се одржа денеска по честите дојави за бомби во државава. На состанокот е донесена одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани.
Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација и координација, како и со меѓународните партнери од безбедносниот сектор со кои постојано работат на размена на информации и искуства во справувањето со хибридните закани, соопштија од Владата по третата седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, предводена од премиерот Димитар Ковачевски.
Со оперативниот тим за сајбер безбедност и хибридни закани ќе раководи Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи.  Оперативниот тим ќе биде составен од експерти од Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање. Предвидено е по потреба да бидат вклучени и други институции и експерти.
Главни задачи на оперативниот тим ќе бидат стручната процена и препораки, изработка на минимум стандарди и опрема за градење отпорност на секоја институција и зајакнување на комуникацијата со јавноста на дневно ниво. Меѓу другото, донесен е и заклучок со кој се зајакнува комуникацијата со партнерски институции во делот на проценката на отпорност и заштита на системот, велат од Владата.
На состанокот присуствувале првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, министерите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Бујар Османи и за одбрана Славјанка Петровска, директорите на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, раководителот на Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање полковник Ивица Ампов, а како ад-хок присуствувал и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Седницата е свикана на иницијатива на канцеларијата на Советот предводена од секретарот Даниела Илиоска. Како што информираа претходно МВР,  денеска попладне, на електронските адреси на 15 училишта во Скопје (13 средни и две основни)  е упатена закана за поставена експлозивна направа. Во дел од објектите веќе се завршени проверките и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, аво останатите проверките се во тек. Седницата на Советот за координација ја најави минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  а по честите дојави за поставени експлозивни направи во училишта, институции, спортски објекти, хотели, станбени комплекси, трговски центри и на Скопскиот аеродром. Во сите случаи беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.

The post По три месеци закани денеска се формираше Оперативен тим за справување со хибридни закани appeared first on Република.

]]>
Петровска: Македонија постојано е цел на хибридни закани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-makedonija-postojano-e-cel-na-hibridni-zakani/ Wed, 08 Jun 2022 06:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=512416

Во контекст на хибридните закани, Петровска порача дека е видливо нивно засилување, особено по почетокот на руската агресија врз Украина.

– Хибридните закани беа присутни во Македонија и претходно, но, се разбира дека со започнувањето на руската инвазија врз Украина, и поради ставовите кои Владата на Македонија ги има кон ова прашање, а тоа е јасна осуда и недвосмислена поддршка на Украина во оваа борба, се засилија кон Македонија, кон институциите и се разбира кон одредени министри, политичари, или пак јавни личности кои го изразуваат тој свој став, истакна Петровска.

The post Петровска: Македонија постојано е цел на хибридни закани appeared first on Република.

]]>

Во контекст на хибридните закани, Петровска порача дека е видливо нивно засилување, особено по почетокот на руската агресија врз Украина. – Хибридните закани беа присутни во Македонија и претходно, но, се разбира дека со започнувањето на руската инвазија врз Украина, и поради ставовите кои Владата на Македонија ги има кон ова прашање, а тоа е јасна осуда и недвосмислена поддршка на Украина во оваа борба, се засилија кон Македонија, кон институциите и се разбира кон одредени министри, политичари, или пак јавни личности кои го изразуваат тој свој став, истакна Петровска.

The post Петровска: Македонија постојано е цел на хибридни закани appeared first on Република.

]]>