хибридни автомобили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hibridni-avtomobili/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Jul 2022 14:57:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хибридни автомобили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hibridni-avtomobili/ 32 32 Германија го намалува државниот финансиски поттик за купување електрични и хибридни автомобили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-go-namaluva-drzavniot-finansiski-pottik-za-kupuvanje-elektrichni-i-hibridni-avtomobili/ Wed, 27 Jul 2022 14:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=533909

Германската Влада планира да го намали поттикот за купување електрични автомобили и да го укине поттикот за купување хибридни електрични автомобили кон крајот на годинава, пренесе Бета.

Владата брзо по стапувањето на должноста во декември најави дека, почнувајќи од 2023 година, ќе издвои поттикнувања само за електрични возила што „докажано имаат позитивен ефект за заштита на климата“.

Моментално, купувачите на електрични автомобили имаат право на поттик до 6.000 евра, а на хибридни, може да добијат до 4.500 евра.

Министерството за економија и клима соопшти дека бројот на електрични автомобили на патиштата брзо расте, а се очекува да ги има околу два милиони годинава.

Според министерот Роберт Хабек, возилата „стануваат сè попопуларни и во блиска иднина веќе нема да им требаат државни субвенции“.

Владата сака да ја постигне целта до 2030 година на патиштата да има најмалку 15 милиони целосно електрични автомобили, со што ќе ги зајакне напорите против климатските промени со ширење на употребата на обновлива енергија.

The post Германија го намалува државниот финансиски поттик за купување електрични и хибридни автомобили appeared first on Република.

]]>

Германската Влада планира да го намали поттикот за купување електрични автомобили и да го укине поттикот за купување хибридни електрични автомобили кон крајот на годинава, пренесе Бета. Владата брзо по стапувањето на должноста во декември најави дека, почнувајќи од 2023 година, ќе издвои поттикнувања само за електрични возила што „докажано имаат позитивен ефект за заштита на климата“. Моментално, купувачите на електрични автомобили имаат право на поттик до 6.000 евра, а на хибридни, може да добијат до 4.500 евра. Министерството за економија и клима соопшти дека бројот на електрични автомобили на патиштата брзо расте, а се очекува да ги има околу два милиони годинава. Според министерот Роберт Хабек, возилата „стануваат сè попопуларни и во блиска иднина веќе нема да им требаат државни субвенции“. Владата сака да ја постигне целта до 2030 година на патиштата да има најмалку 15 милиони целосно електрични автомобили, со што ќе ги зајакне напорите против климатските промени со ширење на употребата на обновлива енергија.

The post Германија го намалува државниот финансиски поттик за купување електрични и хибридни автомобили appeared first on Република.

]]>