хибридна војна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hibridna-vojna/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Feb 2023 20:01:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хибридна војна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hibridna-vojna/ 32 32 Ковачевски сака да ги направи славни ИТ-инженерите што работат на сајбер нападот во ФЗОМ, или барем еден од нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-saka-da-gi-napravi-slavni-it-inzhenerite-shto-rabotat-na-sajber-napadot-vo-fzom-ili-barem-eden-od-niv/ Sun, 19 Feb 2023 19:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=610780

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за државната агенција МИА, за време на Минхенската безбедносна конференција, меѓу другото, зборуваше и за сајбер нападите со кои се соочуваме изминатиот период. На прашањето дали постои взаемна поврзаност меѓу сајбер нападите, дојавите за бомби, како и нивна евентуална поврзаност со војната во Украина, премиерот одговори:

Апсолутно се поврзани со војната којашто се води во Украина бидејќи пред тоа не постоеа. Второ, хибридната војна којашто се води и вклучува сајбер напади, хакерски напади, дезинформации, практично е нов начин на војување којшто досега не е виден. Тоа има неколку цели: прво да направи блокада на клучни витални системи во држави кои се членки на НАТО, на ЕУ, коишто се западно определени. Второ, да внесе немир кај граѓаните бидејќи се напаѓаат системи коишто опслужувааат голем број на граѓани и трето да направат еден систем на дезинформации во државите коишто на крајот од денот оди во насока и корист само на оние коишто не сакаат да го видат нашиот регион конкретно да биде дел од ЕУ или да биде дел од НАТО, оцени премиерот за МИА. Во интервјуто тој посебно го коментираше нападот врз Фондот за здравство.

„Во случајот со Фондот за здравство работат експерти од нашата држава заедно со експерти на земји членки на НАТО кои се врвни експерти.

Личните податоци на граѓаните, што се однесува на нивните медицински досиеја, тие се заштитени внатре во системите на Фондот, меѓутоа, другите активни системи на софтверите кои се користат се под сајбер напад. Јас го разбирам револтот на здравствените работници.

Прво имаше информации дека немало пари во буџетот. Пари во буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на кој се исплаќаат платите и со оглед на сајбер нападот кој што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови“, изјави премиерот Ковачевски за МИА.

Тој уверува дека и овој проблем ќе се реши.

Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот. Сакам да истакнам нешто друго, а тоа е дека кога беше корона кризата, нашите херои беа докторите и сите ние имавме апсолутно разбирање за нив и сите пофални зборови им ги дававме на начинот со којшто со натчовечки напор со 24 часовна работа се справуваа со кризата и им помагаа на граѓаните. Денес, при овие сајбер напади и при оваа хибридна војна, повторно има луѓе кои 24 часа работат. Тоа се ИТ инженери, коишто работат во институциите. Ние, исто така, имаме формирано и специјален тим во МВР, во којшто учествуваат ИТ инжинери од Агенција за разузнавање и од Агенција за национална безбедност. Тие луѓе имаат имиња и презимиња, но ние не ги знаеме бидејќи никогаш немале можност да бидат дел јавна дискусија од медиуми. Меѓутоа, и тие работат 24 часа на ден. И тие имаат свои семејства кои не ги виделе, и јас ќе се потрудам лично на еден од наредните јубилеи кои нашата држава ги слави, барем еден од нив да биде награден со државна награда во име на сите нив, кои 24 часа работат за да ги заштитат и одблокираат ситемите кои се под сајбер напади“, рече премиерот Ковачевски во интервју за државната агенција МИА, апелирајќи до граѓаните на смиреност.

The post Ковачевски сака да ги направи славни ИТ-инженерите што работат на сајбер нападот во ФЗОМ, или барем еден од нив appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за државната агенција МИА, за време на Минхенската безбедносна конференција, меѓу другото, зборуваше и за сајбер нападите со кои се соочуваме изминатиот период. На прашањето дали постои взаемна поврзаност меѓу сајбер нападите, дојавите за бомби, како и нивна евентуална поврзаност со војната во Украина, премиерот одговори:
Апсолутно се поврзани со војната којашто се води во Украина бидејќи пред тоа не постоеа. Второ, хибридната војна којашто се води и вклучува сајбер напади, хакерски напади, дезинформации, практично е нов начин на војување којшто досега не е виден. Тоа има неколку цели: прво да направи блокада на клучни витални системи во држави кои се членки на НАТО, на ЕУ, коишто се западно определени. Второ, да внесе немир кај граѓаните бидејќи се напаѓаат системи коишто опслужувааат голем број на граѓани и трето да направат еден систем на дезинформации во државите коишто на крајот од денот оди во насока и корист само на оние коишто не сакаат да го видат нашиот регион конкретно да биде дел од ЕУ или да биде дел од НАТО, оцени премиерот за МИА. Во интервјуто тој посебно го коментираше нападот врз Фондот за здравство.
„Во случајот со Фондот за здравство работат експерти од нашата држава заедно со експерти на земји членки на НАТО кои се врвни експерти. Личните податоци на граѓаните, што се однесува на нивните медицински досиеја, тие се заштитени внатре во системите на Фондот, меѓутоа, другите активни системи на софтверите кои се користат се под сајбер напад. Јас го разбирам револтот на здравствените работници. Прво имаше информации дека немало пари во буџетот. Пари во буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на кој се исплаќаат платите и со оглед на сајбер нападот кој што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови“, изјави премиерот Ковачевски за МИА. Тој уверува дека и овој проблем ќе се реши.
Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот. Сакам да истакнам нешто друго, а тоа е дека кога беше корона кризата, нашите херои беа докторите и сите ние имавме апсолутно разбирање за нив и сите пофални зборови им ги дававме на начинот со којшто со натчовечки напор со 24 часовна работа се справуваа со кризата и им помагаа на граѓаните. Денес, при овие сајбер напади и при оваа хибридна војна, повторно има луѓе кои 24 часа работат. Тоа се ИТ инженери, коишто работат во институциите. Ние, исто така, имаме формирано и специјален тим во МВР, во којшто учествуваат ИТ инжинери од Агенција за разузнавање и од Агенција за национална безбедност. Тие луѓе имаат имиња и презимиња, но ние не ги знаеме бидејќи никогаш немале можност да бидат дел јавна дискусија од медиуми. Меѓутоа, и тие работат 24 часа на ден. И тие имаат свои семејства кои не ги виделе, и јас ќе се потрудам лично на еден од наредните јубилеи кои нашата држава ги слави, барем еден од нив да биде награден со државна награда во име на сите нив, кои 24 часа работат за да ги заштитат и одблокираат ситемите кои се под сајбер напади“, рече премиерот Ковачевски во интервју за државната агенција МИА, апелирајќи до граѓаните на смиреност.

The post Ковачевски сака да ги направи славни ИТ-инженерите што работат на сајбер нападот во ФЗОМ, или барем еден од нив appeared first on Република.

]]>
Вулин: Против Србија се води хибридна војна, не казнуваат затоа што не воведовме санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vulin-protiv-srbija-se-vodi-hibridna-vojna-ne-kaznuvaat-zatoa-shto-ne-vovedovme-sankcii-protiv-rusija/ Wed, 20 Apr 2022 06:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=490867

Министерот за внатрешни работи на Србија и лидер на Социјалистичкото движење, Александар Вулин, гостувајќи на ТВ Хепи, истакна дека против Србија се води хибридна војна бидејќи земјата има независна политика.

Се води хибридна војна против Србија, затоа што Србија има независна политика и затоа што не воведовме санкции и нема да воведуваме санкции кон Руската Федерација. Вака не казнуваат. Имаме информации кој стои зад овие напади - изјави Вулин, прашан да ги коментира безбедносните закани и притисокот врз Србија преку извештаите за поставени бомби во авиони, а деновиве и во трговските центри.

Министерот нагласи дека станува збор за чист економски напад.

Кога ќе го затворите трговскиот, додека не проверите се, додека не ги вратите луѓето, целосно сте го изгубиле денот. Никој нема да пазарува во тој трговски центар, ќе избегнува да оди таму. Се прави сериозна економска штета. Тоа е економска војна што се води против нас. Мора да реагираме на секоја најава. Во иднина ќе се трудиме да делуваме попревентивно, да ги прегледаме трговските центри пред да се отворат. Ако видите повеќе полицајци во трговските центри, тоа не е затоа што има проблем, туку затоа што се грижиме за вашата безбедност - им порача министерот на граѓаните.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-ukraina-i-zemja-na-eu-shirat-lazni-dojavi-za-bombi-vo-srpskite-avioni/

Вулин повтори дека ова е хибридна војна што се води против Србија и посочи дека се води и од територијата на ЕУ и од територијата на Украина.

Последниот напад дојде од сервер во Швајцарија. Станува збор за земји чија територија се користи за хибридни напади врз нашата земја. Имаме сознанија кој стои зад овие напади, можеме да докажеме нешто, не можеме да докажеме нешто. Се обративме до тие земји, се обративме до меѓународната заедница да ни помогне и да ни каже за работи кои доаѓаат од нивната територија. Повторувам уште еднаш неколку земји од ЕУ, а особено Украина и последен пат од Швајцарија - вели Вулин.

Министерот Вулин, сепак, истакна дека Србија е безбедна и сигурна земја.

Живејте нормално. Во ова море на нестабилност, Србија е остров на стабилноста - изјави српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин.

The post Вулин: Против Србија се води хибридна војна, не казнуваат затоа што не воведовме санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Србија и лидер на Социјалистичкото движење, Александар Вулин, гостувајќи на ТВ Хепи, истакна дека против Србија се води хибридна војна бидејќи земјата има независна политика.
Се води хибридна војна против Србија, затоа што Србија има независна политика и затоа што не воведовме санкции и нема да воведуваме санкции кон Руската Федерација. Вака не казнуваат. Имаме информации кој стои зад овие напади - изјави Вулин, прашан да ги коментира безбедносните закани и притисокот врз Србија преку извештаите за поставени бомби во авиони, а деновиве и во трговските центри.
Министерот нагласи дека станува збор за чист економски напад.
Кога ќе го затворите трговскиот, додека не проверите се, додека не ги вратите луѓето, целосно сте го изгубиле денот. Никој нема да пазарува во тој трговски центар, ќе избегнува да оди таму. Се прави сериозна економска штета. Тоа е економска војна што се води против нас. Мора да реагираме на секоја најава. Во иднина ќе се трудиме да делуваме попревентивно, да ги прегледаме трговските центри пред да се отворат. Ако видите повеќе полицајци во трговските центри, тоа не е затоа што има проблем, туку затоа што се грижиме за вашата безбедност - им порача министерот на граѓаните.
https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-ukraina-i-zemja-na-eu-shirat-lazni-dojavi-za-bombi-vo-srpskite-avioni/ Вулин повтори дека ова е хибридна војна што се води против Србија и посочи дека се води и од територијата на ЕУ и од територијата на Украина.