Херцог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hercog/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 09:05:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Херцог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hercog/ 32 32 Маск ќе се сретне со претседателот на Израел, Херцог https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mask-ke-se-sretne-so-pretsedatelot-na-izrael-hertsog/ Mon, 27 Nov 2023 09:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=716599

Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа Икс, Илон Маск денеска во Ерусалим ќе разговара со израелскиот претседател Исак Херцог за борбата против антисемитизмот на интернет, соопшти Кабинетот на шефот на израелската држава.

На средбата, што ќе се одржи попладне ќе учествуваат и претставници на семејствата на заложниците, кои ги држи Хамас.

Маск е во Ерусалим на четвртиот, последен ден од примирјето меѓу Израел и Хамас.

Минатата недела Белата куќа го обвини Маск дека „жалосно ја промовира антисемитска и расистичка омраза“ во една од неговите објави на неговата социјална мрежа Икс.

Маск, одговорајќи на објавата на еден корисник, кој напиша дека Евреите поттикнуваат „омраза против белците“ објави „Ја кажавте правата вистина“.

Белата куќа оцени дека со тоа Маск само ја повторува популарната теорија на заговор на бели националисти дека Евреите имаат таен план да ја поттикнат илегалната миграција во западните земји со цел да го поткопаат белото мнозинство.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во септември се сретна со Маск во Сан Франциско.

Се надевам дека ќе најдете капацитет да ставите крај на антисемитизмот (на мрежата Икс) или да го намалите колку што е можно во границите на слободата на говорот, му рекол Нетанјаху тогаш на Маск.

The post Маск ќе се сретне со претседателот на Израел, Херцог appeared first on Република.

]]>

Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа Икс, Илон Маск денеска во Ерусалим ќе разговара со израелскиот претседател Исак Херцог за борбата против антисемитизмот на интернет, соопшти Кабинетот на шефот на израелската држава. На средбата, што ќе се одржи попладне ќе учествуваат и претставници на семејствата на заложниците, кои ги држи Хамас. Маск е во Ерусалим на четвртиот, последен ден од примирјето меѓу Израел и Хамас. Минатата недела Белата куќа го обвини Маск дека „жалосно ја промовира антисемитска и расистичка омраза“ во една од неговите објави на неговата социјална мрежа Икс. Маск, одговорајќи на објавата на еден корисник, кој напиша дека Евреите поттикнуваат „омраза против белците“ објави „Ја кажавте правата вистина“. Белата куќа оцени дека со тоа Маск само ја повторува популарната теорија на заговор на бели националисти дека Евреите имаат таен план да ја поттикнат илегалната миграција во западните земји со цел да го поткопаат белото мнозинство. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во септември се сретна со Маск во Сан Франциско. Се надевам дека ќе најдете капацитет да ставите крај на антисемитизмот (на мрежата Икс) или да го намалите колку што е можно во границите на слободата на говорот, му рекол Нетанјаху тогаш на Маск.

The post Маск ќе се сретне со претседателот на Израел, Херцог appeared first on Република.

]]>