херцеговина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hercegovina/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 10:40:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png херцеговина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/hercegovina/ 32 32 Стеќак – мистичен извор за средновековниот живот во Херцеговина https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/stekak-mistichen-izvor-za-srednovekovniot-zhivot-vo-hertsegovina/ Sun, 30 Jun 2024 10:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=792063

Природните феномени и историските локалитети во западниот дел на Херцеговина, областа околу Љубушки, Посушје, Мостар и природниот резерват Блидиње отсекогаш претставувале енигма за жителите на регионот. Една од тие енигми се и древните камени споменици што означуваат гробни места или камените стели со укрсни или гравирани симболи познати како стеќак.

Овие мистични надгробни споменици ги има низ цела Босна и Херцеговина, а ние посетивме два локалитета во Херцеговина. Првиот локалитет е во местото Посушје, каде се наоѓаат највисоките вакви споменици, а вториот во Дуго Поле во природниот парк Блидиње, каде на едно место се наоѓаат 150 стеќци.

Само во областа на Посушје има четириесетина локации со околу илјада стеќци. Овие во самото место Посушје се едни од најмонументалните во цела Босна и Херцеговина, што се гледа од нивната висина и ги има вкупно шест.

Луција Пекас од Општина Посушје појаснува дека стеќак е надгробен споменик, а под него се наоѓаат камени плочи од кои се направени саркофази, кои на себе имаат положен таканаречен „сљеменик“ или камен гребен.

Се претпоставува дека под овие стеќци е закопано благородничко семејство. При истражување на коските пронајдени се четири скелети - на двајца возрасни мажи и две момчиња. Пронајдениот прстен ги сместува овие стеќци во средновековието, односно на крајот од 14-тиот и почетокот на 15 век, раскажува Пекас.

Пекас посочува дека еден од скелетите бил многу висок и се претпоставува дека бил коњаник.

Имаше здрави заби и се претпоставува дека е коњаник бидејќи карлицата покажуваше знаци на многу јавање. По прегледот на забите, се докажа дека се работи за локален жител од овој крај, веројатно од некакво благородно семејство. Се верува дека овде имало уште еден стеќак кој бил отстранет или едноставно времето си го направило своето, вели Пекас.

Старите луѓе велат дека имало обиди тие да се преселат на друго место, додаде таа, но, кога и да се обиделе тоа да го направат, имало многу големо невреме.

По Посушје, се упативме кон природниот парк Блидиње, кој го опфаќа средишниот дел на планинскиот масив на Динаридите, каде покрај многуте природни знаменитости, е Дуго поле, познато по својата некропола која поради разновидноста на облиците и богатството на украси доби статус на Национален споменик на Босна и Херцеговина.

Некрополата на стеќци Дуго Поле е една од шесте некрополи во Паркот на природата Блидиње и е најголемата некропола, бидејќи овде има околу 150 стеќци и гробници.

Во 2016 година оваа некропола беше ставена под заштита на УНЕСКО, посочува Томислав Зеленика, дипломиран исторчар од Блидиње, еден од 20-те преостанати лица кои се уште живеат во областа Блидиње.

Знаеме дека овие надгробни споменици биле подигнати меѓу 12 и 14 век, односно до доаѓањето на османлиската власт и падот на Херцеговина во 1482 година. Интересни се затоа што, на пример, ова е единствената од илјадниците некрополи на просторот на поранешната држава која има и сакрален објект, класична капела каде што свештеникот е свртен со грбот кон луѓето, а со лицето кон олтарот. Таа капела денес е во урнатини, посочува Зеленика.

Што се однесува до стеќците овде, според Зеленика, ги делат на „семењаци“, на плочи и на сандаци.

Овде ги имаме застапено сите три вида стеќци. Најбогатите се украсени со прикази на лов и танцување, од кои можеме да видиме дека ловците биле најбогатата социјална каста на овие простори и во тоа време. На многу стечаци овде наоѓаме приказ на човек на коњ со копје како брка елен во друштво на куче или, подолу, имаме приказ на празнувањето на тој улов, односно на семејството на тој човек што е погребан долу, а кој во животот бил ловец. На неколку стеќци имаме и претстава на меч, од што дознаваме дека под него лежи некој што во негово време бил војник. На 33 стеќци од овие 150 застапен е и симболот на крстот, така што можеме да кажеме дека се работи за христијански надгробни споменици, раскажува Зеленика.

Бројните локалитети со стеќци кои се драгоцен извор на информации за животот, вероисповеста, уметноста и културата на средновековните зедници во Босна и Херцеговина се неизоставна приказна и една од најзначајните обележја на Западна Херцеговина. А да се биде тука, а да не се посети некоја од бројните локалитет со стеќци, е исто и како да не сте биле во Херцеговина.

Оливер Бранковиќ (МИА)

The post Стеќак – мистичен извор за средновековниот живот во Херцеговина appeared first on Република.

]]>

Природните феномени и историските локалитети во западниот дел на Херцеговина, областа околу Љубушки, Посушје, Мостар и природниот резерват Блидиње отсекогаш претставувале енигма за жителите на регионот. Една од тие енигми се и древните камени споменици што означуваат гробни места или камените стели со укрсни или гравирани симболи познати како стеќак. Овие мистични надгробни споменици ги има низ цела Босна и Херцеговина, а ние посетивме два локалитета во Херцеговина. Првиот локалитет е во местото Посушје, каде се наоѓаат највисоките вакви споменици, а вториот во Дуго Поле во природниот парк Блидиње, каде на едно место се наоѓаат 150 стеќци. Само во областа на Посушје има четириесетина локации со околу илјада стеќци. Овие во самото место Посушје се едни од најмонументалните во цела Босна и Херцеговина, што се гледа од нивната висина и ги има вкупно шест. Луција Пекас од Општина Посушје појаснува дека стеќак е надгробен споменик, а под него се наоѓаат камени плочи од кои се направени саркофази, кои на себе имаат положен таканаречен „сљеменик“ или камен гребен.
Се претпоставува дека под овие стеќци е закопано благородничко семејство. При истражување на коските пронајдени се четири скелети - на двајца возрасни мажи и две момчиња. Пронајдениот прстен ги сместува овие стеќци во средновековието, односно на крајот од 14-тиот и почетокот на 15 век, раскажува Пекас.
Пекас посочува дека еден од скелетите бил многу висок и се претпоставува дека бил коњаник.
Имаше здрави заби и се претпоставува дека е коњаник бидејќи карлицата покажуваше знаци на многу јавање. По прегледот на забите, се докажа дека се работи за локален жител од овој крај, веројатно од некакво благородно семејство. Се верува дека овде имало уште еден стеќак кој бил отстранет или едноставно времето си го направило своето, вели Пекас.
Старите луѓе велат дека имало обиди тие да се преселат на друго место, додаде таа, но, кога и да се обиделе тоа да го направат, имало многу големо невреме. По Посушје, се упативме кон природниот парк Блидиње, кој го опфаќа средишниот дел на планинскиот масив на Динаридите, каде покрај многуте природни знаменитости, е Дуго поле, познато по својата некропола која поради разновидноста на облиците и богатството на украси доби статус на Национален споменик на Босна и Херцеговина. Некрополата на стеќци Дуго Поле е една од шесте некрополи во Паркот на природата Блидиње и е најголемата некропола, бидејќи овде има околу 150 стеќци и гробници. Во 2016 година оваа некропола беше ставена под заштита на УНЕСКО, посочува Томислав Зеленика, дипломиран исторчар од Блидиње, еден од 20-те преостанати лица кои се уште живеат во областа Блидиње.
Знаеме дека овие надгробни споменици биле подигнати меѓу 12 и 14 век, односно до доаѓањето на османлиската власт и падот на Херцеговина во 1482 година. Интересни се затоа што, на пример, ова е единствената од илјадниците некрополи на просторот на поранешната држава која има и сакрален објект, класична капела каде што свештеникот е свртен со грбот кон луѓето, а со лицето кон олтарот. Таа капела денес е во урнатини, посочува Зеленика.
Што се однесува до стеќците овде, според Зеленика, ги делат на „семењаци“, на плочи и на сандаци.
Овде ги имаме застапено сите три вида стеќци. Најбогатите се украсени со прикази на лов и танцување, од кои можеме да видиме дека ловците биле најбогатата социјална каста на овие простори и во тоа време. На многу стечаци овде наоѓаме приказ на човек на коњ со копје како брка елен во друштво на куче или, подолу, имаме приказ на празнувањето на тој улов, односно на семејството на тој човек што е погребан долу, а кој во животот бил ловец. На неколку стеќци имаме и претстава на меч, од што дознаваме дека под него лежи некој што во негово време бил војник. На 33 стеќци од овие 150 застапен е и симболот на крстот, така што можеме да кажеме дека се работи за христијански надгробни споменици, раскажува Зеленика.
Бројните локалитети со стеќци кои се драгоцен извор на информации за животот, вероисповеста, уметноста и културата на средновековните зедници во Босна и Херцеговина се неизоставна приказна и една од најзначајните обележја на Западна Херцеговина. А да се биде тука, а да не се посети некоја од бројните локалитет со стеќци, е исто и како да не сте биле во Херцеговина. Оливер Бранковиќ (МИА)

The post Стеќак – мистичен извор за средновековниот живот во Херцеговина appeared first on Република.

]]>
Патување низ Херцеговина: „Оазата во камен“ од Мостар до Љубушки https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/patuvanje-niz-hercegovina-oazata-vo-kamen-od-mostar-do-ljubushki/ Tue, 25 Oct 2022 08:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=565252

Херцеговина е регион во рамки на државата Босна и Херцеговина, за којшто поголемиот број Македонци имаат сознание дека е каменит и пуст регион, го паметат по градот Мостар и стариот камен мост, реката Неретва, можеби и по херцеговскиот тутун и доброто вино.

Сознанието на нас новинарите од сите поранешни Ју држави, дека Херцеговина, особено делот околу градовите Мостар, Чапљина и Љубушки се вистинска „оаза во каменот“, го стекнавме благодарејќи на поканата на Друштвото на туристички новинари на БиХ (ФИЏЕТ), во основање и домаќините Херцеговско-неретванската жупанија и градот Љубушки, раскажува во својата репортаѓа за Херцеговина, новинарот на МИА, Оливер Бранковиќ.

Во продолжение ја пренесуваме репортажата на Бранковиќ во целост.

Јужниот дел на Херцеговине не е добро познат, како на соседните земји, така и на Европа и пошироко. Целта ни беше да ја промениме таа слика и да покажеме, дека ова е простор кој би требало да се посети, на различни начини да се ужива, преку активен одмор со многу приступачни цени. Она што сакавме да покажеме, и во Мостар, и во Почитељ и во Љубушки, што е само дел од она што треба да се посети во Херцеговина, е дека има одлична гастрономска понуда и вина, автохтона органска храна, дека има неоткриени природни убавини и да покажеме дека овој дел има богато културно-историско наследство од римскиот период до денес.

 

Ова подрачје на јужна и западна Херцеговина го избравме за новинарите од Словенија до Македонија, бидејќи мислиме дека е најинтересно и најблиску до овие земји и веруваме дека на овoј начин ќе придонесеме на афирмација на БиХ како туристичко одредиште, ни изјави новинарот Дејан Јазвиќ, еден од оснивачите на Фиџет БиХ.

Нашето откривање на „Оазата во камен“ го почнавме од Сараево, патувајќи кон Херцеговина долж реката Неретва за Мостар, еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина. Мостар е и административно седиште на Херцеговско-неретванската жупанија и се наоѓа и на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Познат е по познатиот Стар мост, изграден во 16 век, кој е урнат за време на војната во 1993 година, за по војната повторно да биде изграден.

Шетајќи низ неговиот центар, која е спој на османлиската и медитеранската културна сфера од сите страни ве опкружуваат траги од богата историја.

Позицијата на Мостар на светските туристички мапи овозможи да има бројни традиционални дуќани, занаети, ресторани, кафулиња, барови, слаткарници со баклави што придонесуваат да вибрира со животот. Понудата е навистина сеопфатна, од едноставни тематски ресторани и традиционални ресторани, до ресторани кои нудат веганска храна и на десетици видови хамбургери кои вклучуваат локални состојки.

Вечерта уживавме опкружени со лозја и фонтани на ресторанот „Романтика“, а на менито беше козјо, кравјо, ливанско сирење, кајмак и херцеговски тенки уштипци и пршута. Потоа одлична телешка рагу чорба, јагнешки печења и десерти, сето тоа придружено со локални вина, од кои особено нè импресионираше Теута од сортата „трњак“.

Одејќи од Мостар на југ понатаму кон Чапљина и Јадранското море, патот не одведе во блискиот Почитељ, каде вреди да се застане.

Тоа мал град-тврдина од 14 век, кој е вклучен во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Почитељ интензивно се гради од втората половина на 16 век преку вкрстување на две архитектонски традиции, на ориенталната и медитеранската и неговото културно богатство е зачувано до наше време преку џамијата на Шишман Ибрахим Паша, Почитељската саат-кула, медресата, амамот, анот, куќата на Гавранкапетановиќ.

Блиску до Почитељ, на реките Неретва и Крупа е паркот на природата Хутово Блато, кој се смета за едно од најголемите места за презимување на птиците во Европа. Во него се регистрирани дури 263 видови птици и 45 видови риби, од кои 13 се ендемски. Забележана е и појавата на Рисот, кој речиси е изсчезнат на Балканот.

Паркот има шест езера и означени пешачки патеки, можни се возење со бродчиња, а има и адреналински парк. Можете да преноќите во хотелот „Парк“, кој се наоѓа во паркот на природата, а меѓу многуте деликатеси што се нудат, ви ги препорачуваме брудетот од јагула и жаби и особено јагула на скара. Вреди да се вкусат и риби од Неретва и дивеч од околните шуми.

Движејќи се низ Херцеговина се упативме западно од Хутово Блато, на 20 км одалченост од Јадранското море, преку Чапљина, а блиску Меѓугорје, кон градот Љубушки.

Природните зелени оази со водопади, богатата историја која датира од античките времиња, извонредните вкусови на природно одгледана храна и вина од автентични сорти на жилавка, блатина и трница го прават Љубушки дестинација што вреди да се посети и престојува.

Љубушкиот регион изобилува со природни убавини, особено со водопади, од кои најпознати се Коќуша и Кравица на реката Требижат. Покрај природните убавини има и богато културно и историско наследство, од кои се музејот и галеријата „Мајка“ во рамките на фрањевскиот манастир на Хумац, тврдината на Херцег Стјепан, римскиот воен логор Бигеште, стеќците и многу други интересни работите, ни истакна директорот на Туристичката заедница на Љубушки, Младен Бебек.

Водопадите во Кравица се вистинска природна оаза, бајковита локација проткаена со убавина и можност за активен туризам. Високи се 27 метри, со воден амфитеатар под слаповите широки 120 метри. До нив можете да допливате, да довеслате или да допловите на некој од чамците што циркулираат по реката Требижат. И на крај да уживате во амбиентот, сфаќајќи од каде доаѓа крилатицата Оаза во Каменот.

 

На околу 20 километри од нив, од другата страна на Љубушки, се наоѓаат водопадите Коќуша. Со поглед кон нив е ресторанот Коќуша, во природен амбиент, што нуди можност за спој на хедонистичко и гастрономско ужување во амбиентот.

Реката Требижат ги поврзува двата водопади и е единствената понорница во Европа, која исчезнува девет пати и повторно извира. Можете да ја гледате и од ресторанот Мост, познат по домашните специјалитети, уштипци, сирење, херцеговската пршута, јагнешко приготвено на најразлични начини, а уживавме и во заборавеното јадење – раштики (дива зелка) со суво месо.

 

По должината на Камените оази околу водопадот, се менуваат визурите на херцеговскиот крш со поглед на големите маслинови градини и лозја.

 

Автохтони херцеговски сорти на грозје и вина се белото Жилавка и црното Блатина, за кои локалните винари имаат освоено бројни меѓународни награди за квалитет. На подрачјето на Западна Херцеговина и Имотска Краина се повеќе се произведуваат и вина со врвен квалитет од сортата Трњак, кои исто освојуваат светски награди. Ние уживавме во одлични херцеговски вина, посетувајќи ја семејната винарија Сушац, чии сопственици произведуваат цела палета на локални производи, секако Жилавката, Блатината и Трњак.

 

Жилавка е автохтона сорта од Херцеговина, од поднебјето на Љубушки и Читлук. Инаку во 80-ите години од минатиот век, овдека дојдоа луѓе од Македонија, земаа садници на Жилавка од тука и се обидоа, а богами и чув дека успешно тоа го направија, да сега и кај вас во Македонија успева сортата Жилавка, вели Јуре Сушац, сопственикот на винаријата Сушац.

Херцеговина е позната и по одгледувањето тутун, а музејот Табак во Љубушки е посветен на него. Заедно со приказната за херцеговската традиција на одгледување тутун поткрепена со бројни документи, богатата колекција на експонати и фотографии, музејот ја раскажува приказната за светските трендови и брендови на тутунот. Во него можете на мир да запалите, да „диваните“ и херцеговска шкија.

Не знаеме кога жителите на Херцеговина почнале да одгледуваат тутун, но дознаме дека на тој простор се живеело, работело и се создавало уште од праисторијата. Меѓу експонатите складирани во најстариот музеј во Босна и Херцеговина – музејот Хумац, кој се наоѓа во рамките на фрањевскиот манастир Св. Анте Падовански, може да се видат траги од камено и бакарно време, антиката и средниот век.

Во музејот се наоѓа и реткиот музејски експонат - Хумачката плочата, напишана на мешавина од глаголицата и старохрватска кирилица – босанчица. Во непосредна близина на музејот се наоѓа галеријата Мајка со околу 250 уметнички дела на постојана изложба, од кои речиси 140 се скулптури.

Над градот Љубушки доминира замок-Кулата на Херцег Стјепан и остатоците од стариот град Љубушки од 15 век. На Љубушки му припаѓа и Хумац, кој бил римски воен логор во време на Цезар, за чие истражување и конзервација ЕУ има доделено 600.000 евра, додека за тврдината на Херцег Стјепан 1.200.000 евра.

Во околината на Љубушки се регистрирани и 214 средновековни надгробни споменици или како во БиХ ги нарекуваат – стеќци.

Ниту еден момент не се двоумев да ја прифатам поканата да бидам домаќин на оваа група угледни новинари од повеќе земји од Источна и Југоисточна Европа кои не почестија со нивната посета и своевидно „оценување“ на Херцеговина со цел да ги пренесат нивните впечатоци многу подалеку од границите на БиХ и овој регион. Тие во Херцеговина, на локации околу Мостар, Чапљина и Љубушки, посетија голем број наши природни, историски, археолошки и гастрономски бисери, а ќе известуваат за престижни списанија, телевизиски и радио емисии за убавините, гастрономската и енолошката понуда и особеностите на нашиот регион. Ќе има за што да пишуваат! Не ја кријам гордоста што ја почувствував додека ги слушав, на последниот ден од нивната турнеја во Херцеговина, ентузијастички зборувајќи за нашата богата традиција, истакна премиерот на Херцеговско-неретванската жупанија, Невенко Херцег, кој додаде дека како поранешен федерален министер за туризам, тој е длабоко свесен за неизмерната вредност на ваквите посети и ваквиот публицитет за препознавање и развој на туристичката понуда.

Од наша страна благодарност, што и ние од Македонија ја откривме „Оазата во камен“ во Херцеговина.

The post Патување низ Херцеговина: „Оазата во камен“ од Мостар до Љубушки appeared first on Република.

]]>

Херцеговина е регион во рамки на државата Босна и Херцеговина, за којшто поголемиот број Македонци имаат сознание дека е каменит и пуст регион, го паметат по градот Мостар и стариот камен мост, реката Неретва, можеби и по херцеговскиот тутун и доброто вино. Сознанието на нас новинарите од сите поранешни Ју држави, дека Херцеговина, особено делот околу градовите Мостар, Чапљина и Љубушки се вистинска „оаза во каменот“, го стекнавме благодарејќи на поканата на Друштвото на туристички новинари на БиХ (ФИЏЕТ), во основање и домаќините Херцеговско-неретванската жупанија и градот Љубушки, раскажува во својата репортаѓа за Херцеговина, новинарот на МИА, Оливер Бранковиќ. Во продолжение ја пренесуваме репортажата на Бранковиќ во целост.
Јужниот дел на Херцеговине не е добро познат, како на соседните земји, така и на Европа и пошироко. Целта ни беше да ја промениме таа слика и да покажеме, дека ова е простор кој би требало да се посети, на различни начини да се ужива, преку активен одмор со многу приступачни цени. Она што сакавме да покажеме, и во Мостар, и во Почитељ и во Љубушки, што е само дел од она што треба да се посети во Херцеговина, е дека има одлична гастрономска понуда и вина, автохтона органска храна, дека има неоткриени природни убавини и да покажеме дека овој дел има богато културно-историско наследство од римскиот период до денес.   Ова подрачје на јужна и западна Херцеговина го избравме за новинарите од Словенија до Македонија, бидејќи мислиме дека е најинтересно и најблиску до овие земји и веруваме дека на овoј начин ќе придонесеме на афирмација на БиХ како туристичко одредиште, ни изјави новинарот Дејан Јазвиќ, еден од оснивачите на Фиџет БиХ.
Нашето откривање на „Оазата во камен“ го почнавме од Сараево, патувајќи кон Херцеговина долж реката Неретва за Мостар, еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина. Мостар е и административно седиште на Херцеговско-неретванската жупанија и се наоѓа и на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Познат е по познатиот Стар мост, изграден во 16 век, кој е урнат за време на војната во 1993 година, за по војната повторно да биде изграден. Шетајќи низ неговиот центар, која е спој на османлиската и медитеранската културна сфера од сите страни ве опкружуваат траги од богата историја. Позицијата на Мостар на светските туристички мапи овозможи да има бројни традиционални дуќани, занаети, ресторани, кафулиња, барови, слаткарници со баклави што придонесуваат да вибрира со животот. Понудата е навистина сеопфатна, од едноставни тематски ресторани и традиционални ресторани, до ресторани кои нудат веганска храна и на десетици видови хамбургери кои вклучуваат локални состојки. Вечерта уживавме опкружени со лозја и фонтани на ресторанот „Романтика“, а на менито беше козјо, кравјо, ливанско сирење, кајмак и херцеговски тенки уштипци и пршута. Потоа одлична телешка рагу чорба, јагнешки печења и десерти, сето тоа придружено со локални вина, од кои особено нè импресионираше Теута од сортата „трњак“. Одејќи од Мостар на југ понатаму кон Чапљина и Јадранското море, патот не одведе во блискиот Почитељ, каде вреди да се застане. Тоа мал град-тврдина од 14 век, кој е вклучен во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Почитељ интензивно се гради од втората половина на 16 век преку вкрстување на две архитектонски традиции, на ориенталната и медитеранската и неговото културно богатство е зачувано до наше време преку џамијата на Шишман Ибрахим Паша, Почитељската саат-кула, медресата, амамот, анот, куќата на Гавранкапетановиќ. Блиску до Почитељ, на реките Неретва и Крупа е паркот на природата Хутово Блато, кој се смета за едно од најголемите места за презимување на птиците во Европа. Во него се регистрирани дури 263 видови птици и 45 видови риби, од кои 13 се ендемски. Забележана е и појавата на Рисот, кој речиси е изсчезнат на Балканот. Паркот има шест езера и означени пешачки патеки, можни се возење со бродчиња, а има и адреналински парк. Можете да преноќите во хотелот „Парк“, кој се наоѓа во паркот на природата, а меѓу многуте деликатеси што се нудат, ви ги препорачуваме брудетот од јагула и жаби и особено јагула на скара. Вреди да се вкусат и риби од Неретва и дивеч од околните шуми. Движејќи се низ Херцеговина се упативме западно од Хутово Блато, на 20 км одалченост од Јадранското море, преку Чапљина, а блиску Меѓугорје, кон градот Љубушки. Природните зелени оази со водопади, богатата историја која датира од античките времиња, извонредните вкусови на природно одгледана храна и вина од автентични сорти на жилавка, блатина и трница го прават Љубушки дестинација што вреди да се посети и престојува.
Љубушкиот регион изобилува со природни убавини, особено со водопади, од кои најпознати се Коќуша и Кравица на реката Требижат. Покрај природните убавини има и богато културно и историско наследство, од кои се музејот и галеријата „Мајка“ во рамките на фрањевскиот манастир на Хумац, тврдината на Херцег Стјепан, римскиот воен логор Бигеште, стеќците и многу други интересни работите, ни истакна директорот на Туристичката заедница на Љубушки, Младен Бебек.
Водопадите во Кравица се вистинска природна оаза, бајковита локација проткаена со убавина и можност за активен туризам. Високи се 27 метри, со воден амфитеатар под слаповите широки 120 метри. До нив можете да допливате, да довеслате или да допловите на некој од чамците што циркулираат по реката Требижат. И на крај да уживате во амбиентот, сфаќајќи од каде доаѓа крилатицата Оаза во Каменот.   На околу 20 километри од нив, од другата страна на Љубушки, се наоѓаат водопадите Коќуша. Со поглед кон нив е ресторанот Коќуша, во природен амбиент, што нуди можност за спој на хедонистичко и гастрономско ужување во амбиентот. Реката Требижат ги поврзува двата водопади и е единствената понорница во Европа, која исчезнува девет пати и повторно извира. Можете да ја гледате и од ресторанот Мост, познат по домашните специјалитети, уштипци, сирење, херцеговската пршута, јагнешко приготвено на најразлични начини, а уживавме и во заборавеното јадење – раштики (дива зелка) со суво месо.   По должината на Камените оази околу водопадот, се менуваат визурите на херцеговскиот крш со поглед на големите маслинови градини и лозја.   Автохтони херцеговски сорти на грозје и вина се белото Жилавка и црното Блатина, за кои локалните винари имаат освоено бројни меѓународни награди за квалитет. На подрачјето на Западна Херцеговина и Имотска Краина се повеќе се произведуваат и вина со врвен квалитет од сортата Трњак, кои исто освојуваат светски награди. Ние уживавме во одлични херцеговски вина, посетувајќи ја семејната винарија Сушац, чии сопственици произведуваат цела палета на локални производи, секако Жилавката, Блатината и Трњак.  
Жилавка е автохтона сорта од Херцеговина, од поднебјето на Љубушки и Читлук. Инаку во 80-ите години од минатиот век, овдека дојдоа луѓе од Македонија, земаа садници на Жилавка од тука и се обидоа, а богами и чув дека успешно тоа го направија, да сега и кај вас во Македонија успева сортата Жилавка, вели Јуре Сушац, сопственикот на винаријата Сушац.
Херцеговина е позната и по одгледувањето тутун, а музејот Табак во Љубушки е посветен на него. Заедно со приказната за херцеговската традиција на одгледување тутун поткрепена со бројни документи, богатата колекција на експонати и фотографии, музејот ја раскажува приказната за светските трендови и брендови на тутунот. Во него можете на мир да запалите, да „диваните“ и херцеговска шкија. Не знаеме кога жителите на Херцеговина почнале да одгледуваат тутун, но дознаме дека на тој простор се живеело, работело и се создавало уште од праисторијата. Меѓу експонатите складирани во најстариот музеј во Босна и Херцеговина – музејот Хумац, кој се наоѓа во рамките на фрањевскиот манастир Св. Анте Падовански, може да се видат траги од камено и бакарно време, антиката и средниот век. Во музејот се наоѓа и реткиот музејски експонат - Хумачката плочата, напишана на мешавина од глаголицата и старохрватска кирилица – босанчица. Во непосредна близина на музејот се наоѓа галеријата Мајка со околу 250 уметнички дела на постојана изложба, од кои речиси 140 се скулптури. Над градот Љубушки доминира замок-Кулата на Херцег Стјепан и остатоците од стариот град Љубушки од 15 век. На Љубушки му припаѓа и Хумац, кој бил римски воен логор во време на Цезар, за чие истражување и конзервација ЕУ има доделено 600.000 евра, додека за тврдината на Херцег Стјепан 1.200.000 евра. Во околината на Љубушки се регистрирани и 214 средновековни надгробни споменици или како во БиХ ги нарекуваат – стеќци.
Ниту еден момент не се двоумев да ја прифатам поканата да бидам домаќин на оваа група угледни новинари од повеќе земји од Источна и Југоисточна Европа кои не почестија со нивната посета и своевидно „оценување“ на Херцеговина со цел да ги пренесат нивните впечатоци многу подалеку од границите на БиХ и овој регион. Тие во Херцеговина, на локации околу Мостар, Чапљина и Љубушки, посетија голем број наши природни, историски, археолошки и гастрономски бисери, а ќе известуваат за престижни списанија, телевизиски и радио емисии за убавините, гастрономската и енолошката понуда и особеностите на нашиот регион. Ќе има за што да пишуваат! Не ја кријам гордоста што ја почувствував додека ги слушав, на последниот ден од нивната турнеја во Херцеговина, ентузијастички зборувајќи за нашата богата традиција, истакна премиерот на Херцеговско-неретванската жупанија, Невенко Херцег, кој додаде дека како поранешен федерален министер за туризам, тој е длабоко свесен за неизмерната вредност на ваквите посети и ваквиот публицитет за препознавање и развој на туристичката понуда.
Од наша страна благодарност, што и ние од Македонија ја откривме „Оазата во камен“ во Херцеговина.

The post Патување низ Херцеговина: „Оазата во камен“ од Мостар до Љубушки appeared first on Република.

]]>